ДОВОЛНИ СЕ САМО НЕКОЛКУ СЕКУНДИ ЗА ДА ОСТАВИТЕ ВПЕЧАТОК.

BMW TwinPower Turbo мотори кај BMW X4.

Доволно е само едно притискање на копчето за стартување за да ја почувствувате неограничената енергија на BMW X4. Импресивните перформанси и исклучителната ефикасност се интегрален дел на сите BMW TwinPower Turbo мотори. Клучот за овој успех е фамилијата на мотори BMW EfficientDynamics, која ги комбинира најновите технологии на инјектирање и целосно варијабилната контрола на перформансите со иновативната технологија на турбополнач. Резултат е: врвни перформанси и неверојатно ниска потрошувачка на гориво и вредности на емисиите.

M Performance Twinpower Turbo линиски 6-цилиндричен бензински мотор

M PERFORMANCE TWINPOWER TURBO ЛИНИСКИ 6-ЦИЛИНДРИЧЕН БЕНЗИНСКИ МОТОР.

M Performance TwinPower Turbo линискииот 6-цилиндричен бензински мотор се карактеризира со супериорна испорака на снага, непречена работа и исклучителни перформанси. Моќниот 3-литарки мотор произведува спортски звук благодарение на издувниот систем со оптимизиран звук со иновативниот концепт на клапна. Овој мотор го комбинира целосно варијабилниот систем на отворање на вентилите Velvetronic вклучувајќи го Double-VANOS, високо-прецизното инјектирање и TwinScroll турбополначот за оптимално полнење на цилиндарите. Резултатот е: најголема снага од 265kW (360 hp) и максимален вртежен момент од 465 Nm. Ова значи дека турбо бензинскиот мотор овозможува автомобилот да забрза од 0 до 100 км/час за неверојатни 4.9 секунди и ја постигнува максималната брзина од 250 км/час. Благодарение на различните интелигентни технолошки иновации, потрошувачката на гориво опаѓа до комбинирана вредност од само 8.6 литри на 100 км со CO2 емисии од само 199 g/км. Импресивна ефикасност, спакувана со снага и директна реакција дури и при ниски брзини – овој победнички погонски склоп ќе го одушеви возачот на секое M Performance возило. Сите бројки се определени во согласност со EU циклусот на тестирање и зависат од избраните димензии на гуми.

  • BMW X4 M40i
BMW Twinpower Turbo бензински мотори

BMW TWINPOWER TURBO БЕНЗИНСКИ МОТОРИ.

Последната генерација бензински мотори BMW TwinPower Turbo се карактеризираат со извонредно испорачување агилна снага и одлична реакција, дури и при ниски вртежи на моторот. . Истовремено тие се поефикасни, со мали емисии и подобри перформанси од претходниците. Овие иновативни мотори ги комбинираат најновите технологии на инјектирање гориво и целосно варијабилната контрола на вентилите, вклучувајќи Double-VANOS со врвна технологија на турбополнач и претставуваат пресвртница во развојната стратегија на BMW EfficientDynamics. Резултатот е посебно ефикасен погонски склоп кој дополнително ги нагласува легендарните можности на BMW моторите. BMW TwinPower Turbo линискиот 6-цилиндричен бензински мотор е повеќекратен добитник на наградата Мотор на годината кој секогаш одново ја потврдува неговата светка репутација на динамична испорака на снага, исклучително непречена работа и импресивна ефикасност. Моторите од палетата на BMW EfficientDynamics се опремени со технолошки концепт што се докажа како исклучително успешен и се вградува во скоро секој бензински мотор.

  • BMW xDrive35i
  • BMW xDrive28i
  • BMW xDrive20i
BMW Twinpower Turbo дизел мотори

BMW TWINPOWER TURBO ДИЗЕЛ МОТОРИ.

Новата генерација на дизел мотори BMW TwinPower Turbo е доказ на доследната примена на BMW EfficientDynamics филозофијата, која врвната снага и перформансите ги комбинира со ниската потрошувачка на гориво. Дизел моторите се познати по нивната одлична реакција и агилна испорака на снага во сите брзини, како и по нивната ниска потрошувачка на гориво. Тие се познати по нивната неверојатна ефикасност и динамика, многу ниски емисии и мал внатрешен отпор, а сето тоа гарантира најголемо задоволство при возењето. Новите дизел мотори од програмата BMW EfficientDynamics се карактеризираат со лесна алуминиумска конструкција и еден, два, или три турбополначи со променлива турбинска геометрија. Сите ја имаат и најновата технологија на директно инјектирање гориво со заеднички вод CommonRail, што гарантира најдобро согорување и со тоа дополнително ја намалува потрошувачката на гориво и CO2 емисиите.

  • BMW xDrive35d
  • BMW xDrive30d
  • BMW xDrive20d