xLine и опрема за BMW X4

СЕСТРАН КАРАКТЕР.

xLine и опрема за BMW X4.

СЕСТРАН КАРАКТЕР.

xLine и опрема за BMW X4.

Штом ќе се појави BMW X4, патот се претвора во негова сцена. И неговите перформанси стануваат ваша претстава. Адаптирајте ја личноста на вашиот автомобил за да одговара на вашите потреби и желби. Сакате повеќе да ги нагласите Х гените? Или да го истакнете динамичниот аспект на BMW X4? Со xLine, М спорт пакетот и оригиналните BMW додатоци, режисерската столица е ваша.  

СЕСТРАН КАРАКТЕР. xLine и опрема за BMW X4.

Штом ќе се појави BMW X4, патот се претвора во негова сцена. И неговите перформанси стануваат ваша претстава. Адаптирајте ја личноста на вашиот автомобил за да одговара на вашите потреби и желби. Сакате повеќе да ги нагласите Х гените? Или да го истакнете динамичниот аспект на BMW X4? Со xLine, М спорт пакетот и оригиналните BMW додатоци, режисерската столица е ваша.  

xLINE.

Со пакетот опрема xLine, можете да го зацврстите Х карактерот на вашиот BMW X4. Дизајнерските елементи како што е заштита на подвозјето со теренски изглед, тркала од лесни легури во двобоен дизајн и кожниот тапацир создаваат впечаток кој е подеднакво моќен и ексклузивен.

  • Надворешност

    • BMW полукружна маска со ексклузивно дизајнирани вертикални прачки во брусен алуминиум
    • Преден браник со специфични дизајнерски елементи и заштитни делови за картерот во брусен алуминиум
    • 18-инчни тркала од лесни легури со Y краци тип 607, алтернативно 19-инчни тркала од лесни легури со Y краци тип 608 со различна димензија на гуми, достапни и други видови тркала
    • Рамки на страничните прозорци и вдлабнатини во прозорецот во брусен алуминиум, Б носач и Ц носач во црна боја со висок сјај
    • Заштитник за картерот, задниот дел од брусен алуминиум
    • Рамка на издувната цевка од брусен алуминиум
    • Прагови од брусен алуминиум

  • Внатрешност

    • Алуминиумски прагови на вратата со натпис „BMW xLine“
    • Седишта во комбинација на платно и кожа „Carve“ во килибар/црна боја со контрастни силно црвени пораби, седишта во кожа „Nevada“ во бела, кафена или црна боја (секое од нив со апликација и отпечатоци на наслоните за глава) или кожа „Nevada“ во беж, темно кафена или светло сива боја
    • Спортски кожен управувач
    • Клуч со детали од брусен алуминиум
    • Внатрешни декорации и лајсни во темно бакарна боја со висок сјај, внатрешни декорации и лајсни од чисто дрво антрацит „Fineline“, светол или темен орев – секоја со бисерно хромирани детали или детали во брусен алуминиум со надолжно избрусени рабови
    • Газишта на праговите од нерѓосувачки челик

М СПОРТ ПАКЕТ.

Богат избор на компоненти во М Спорт пакетот додаваат уште поголема динамика како на надворешноста така и на внатрешноста на BMW X4. Тие вклучуваат карбон црн металик завршен слој на боја, надворешни елементи во боја на каросеријата или М кожниот спортски управувач со мултифункциски копчиња.  

  • Надворешност

    • М аеродинамичен пакет со предната маска, праговите, рамка на калникот и рамките во боја на каросеријата, задната маска и додатокот на дифузорот на задниот браник во металик темно сива боја
    • 18-инчни тркала од лесни легури со краци во облик на ѕвезда тип 368, како алтернатива 19-инчни тркала од лесни легури со двојни краци тип 622 со разни димензии на гуми или 20-инчни тркала од лесни легури со двојни краци тип 310 со разни димензии на гуми
    • Спортски поставено потпирање, како алтернатива стандардно потпирање или електрична контола на потпирањето
    • Детали изведени во BMW Individual Shadow Line или како алтернатива BMW Individual Exterior Line со брусен алуминиум
    • М лого од страните на возилото
    • Каросерија во ексклузивна металик „Carbon“ црна боја, достапни се и други бои на каросерија
    • Газишта на праговите во нерѓосувачки челик  

  • Внатрешност

    • М газиште на праговите, М потпирач за стапалата на возачот
    • Спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во комбинација на платно и кожа „Pearlpoint“ антрацит, достапен и друг вид тапацир
    • М кожен управувач со мултифункционални копчиња
    • BMW Individual антрацитно покривно обложување
    • Алуминиумски надолжно брусени декоративни лајсни во внатрешноста, достапни и други украсни лајсни
    • Пократка рачка на менувачот со лого М
    • Клуч со сини детали

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ.

Со оригиналните BMW додатоци, можете да го нагласите индивидуалниот стил на вашиот BMW X4. Можете исто така да ја зголемите неговата разновидност и флексибилност. Тука можете да најдете избор на висококвалитетни и практични производи.  

  • 21-инчни BMW M Performance тркала од лесни легури

    Ковани 21-инчни BMW M Performance тркала од лесни легури со двојни краци тип 599М импресионираат со нивниот двобоен изглед во мат црна боја и исполирани површини. Тие исто така имаат и М лого во четири бои. Целиот комплет тркала има ран-флет гуми.  

  • 20-инчни тркала од лесни легури со Y краци тип 542

    Пресонизирајте го вашиот BMW X4 – на пример, со 20-инчни тркала од лесни легури со Y краци тип 542 со ран-флет гуми. Совршениот изглед со координирани две бои на тркала е особено привлечен.  

  • Држач за Apple iPad системот за патување и комфор

    iPad (прва, втора, трета и четврта генерација) може лесно и брзо да се поврзе со базата на системот за патување и комфор со користење на држачот и повторно да се извади само со допирање на едно копче. Позициите кои се регулираат им овозможуваат на патниците на задните седишта, на пример, да читаат удобно, да се опуштат со видео забава или да комуницираат преку интернет (на пр. поврзани со BMW Car Hotspot). Благодарение на интегрираната потпора во задниот дел, држачот може лесно да се користи и надвор од возилото.

  • Држач за телефоните iPhone 5 со BMW Click & Drive

    Специјално дизајниран од BMW, овој безбеден држач за смарт телефони може хомогено да се интегрира во внатрешноста на вашиот BMW. Тој лесно се закачува за ветробранското стакло и веднаш може да се користи, во хоризонтална или вертикална положба. Целосното решение содржи се што ви е потребно за да го зацврстите и наполните вашиот смарт телефон внатре во возилото.
    Доколку не сакате да го користите 12-волтниот полнач во возилото, достапен е посебен комплет за инсталација без видливи кабли.

  • Таблет DVD систем со инфрацрвени стерео слушалки

    Овој ДВД систем се состои од два преносни монитори од седум инча и два држача кои може да се прицврстат на наслоните за глава. ДВД системот може лесно да се поврзе со 12-волтниот приклучок во возилото. ДВД плеерот, кој е интегриран во еден од мониторите, репродуцира ДВД дискови и фото и аудио дискови (вклучувајќи MP3 формати). Покрај тоа, може да се репродуцираат музички датотеки и JPG слики од USB уреди и мемориски картички.
    Аудио репродукцијата доаѓа од вградените звучници во мониторот или, на пример, од инфрацрвените слушалки од BMW. Тие се специјално дизајнирани за BMW DVD системите и нудат индивидуално регулирање на јачината на звукот, исклучителен звук и одличен комфор при носење.

  • Патосници за сите годишни времиња од текстил

    Отпорни на нечистотии и водоотпорни, овие патосници со црна боја се испорачуваат во комплет за предниот и задниот дел од кабината.  

  • Торба за скии и даска за скијање

    Торбата за скии и даска за скијање овозможува лесно да може да се превезуваат до четири пара скии или три даски за скијање без да го извалкате автомобилот. Торбата може лесно да се извади од возилото и да се користи засебно.