BMW X5

РЕЗУЛТАТ НА НАПРЕДОК.

BMW X5.

РЕЗУЛТАТ НА НАПРЕДОК.

BMW X5.

РЕЗУЛТАТ НА НАПРЕДОК.BMW X5.

Максимална снага во kW (hp) при 1/мин (50i)

330 (450)/5,500–6,000

Комбинирана потрошувачка во л/100км (50i)

9.7–9.6

СО2 емисии во г/км (50i)

226–224

Капацитет на багажен простор во л

650–1,870

Во својата трета генерација, BMW X5 уште еднаш ги надминува сопствените стандарди – како спортско активно возило (SAV) кое нуди исклучителен луксиз во сите области во кои има најголеми барања. Ова е загарантирано со широка палета на интелигентни технологии кои ја подобруваат ефикасноста, динамиката на возење, комфорот и разнообразноста и ги издигнува на едно повисоко ниво – како на патиштата така и надвор од нив.

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО BMW X5

Динамика на возење.

Динамиката на возење на BMW X5 ви гарантира задоволство во возењето секој пат кога ќе седнете зад управувачот – со секое вртење и во секој свијок и при сите брзини. Системите за помош на возачот гарантираат совршен контакт со површината на возење, без оглед дали се остри свијоци, стрмни надолнини или при големи брзини.

Комфор.

При возење, секогаш се поставува прашањето на комфорот. Во BMW X5, можете да уживате во врвен комфор при седење, во врвна музика и во најдобра забава.

Дизајн.

Силните карактери веднаш се препознаваат. Од првиот момент кога ќе го погледнете, BMW X5 го привлекува вашето внимание – и го задржува. И откако ќе влезете во него, уживате во секој километар во кабина со висок квалитет. Издигнатата положба на седење, на пример, ви дава одличен преглед на патот пред вас – и на висококвалитетните материјали во внатрешноста.