Удобност во BMW X5

УСОГЛАСЕН СО ВАШИТЕ ПОТРЕБИ.

Удобност во BMW X5.

УСОГЛАСЕН СО ВАШИТЕ ПОТРЕБИ.

Удобност во BMW X5.

УСОГЛАСЕН СО ВАШИТЕ ПОТРЕБИ.Удобност во BMW X5.

Задоволството при возење е прашање на удобност. Во BMW X5, во секој миг може да уживате во најголема удобност, совршена музика и најдобра забава.

ФУНКЦИОНАЛНОСТ.

Голем простор за патници и за многу багаж: Транспортот на тешки и големи предмети не е проблем во BMW X5, благодарение на различните практични решенија за заштеда на простор.
И однатре и однадвор, BMW X5 е исклучително разновиден. На пример, со дводелна задна врата: горниот дел се подига високо и овозможува помали и полесни предмети да се товарат и извадат. Кога е отворен, долниот дел претставува практична платформа за товарање на којашто може да ги ставите предметите пред да ги товарите.
Куката за влечење не само што може да влече товар од 2.7 и 3.5 т (во зависност од вградениот мотор), туку, исто така, нуди високо ниво на сигурност. Контролниот систем за стабилност на приколката препознава кога приколката опасно се наведнува и ја активира сопирачката на автомобилот кој влече и на приколката за брзо да се поврати стабилноста.
Сестраноста е присутна и во внатрешноста на возилото. Задните седишта може да се превиткаат во однос 40:20:40 и да осигураат најголем расположлив простор за патници и багаж. Опцискиот пакет за складирање багаж ја подобрува практичноста на возилото со многу интелигентни решенија за складирање мали и големи предмети. Овде е опфатена и преграда за сместување очила, како и куки, мрежи и водилки со отвори во багажниот простор.

Загарантиран фактор за задоволство

УДОБНОСТ.

Загарантиран фактор за задоволство: удобност и функции во BMW X5.

УДОБНОСТ.

Загарантиран фактор за задоволство: удобност и функции во BMW X5.

ВРВЕН САРАУНД СИСТЕМ ANG & OLUFSEN.

Опремен со новиот систем за обработка на сигнал Dirac Dimensions, врвниот сараунд систем Bang & Olufsen обезбедува создавање врвен звук.
Во автомобилот вградени се 16 звучници со музичка снага од 1.200 вати, вклучувајќи централен звучник на носечката инструмент плоча што автоматски се извлекува. Овој звучник е средно-тонска единица што се карактеризира со Acoustic Lens технологија за најдобар звук на сите седишта.
Може да одберете помеѓу две поставки за звук: ,,Studio” за беспрекорен автентичен звук и ,,Expanded” за субјективно ширење на акустичниот простор. Светлата на капаците на посебните звучници придонесуваат на интегрирано аудиовизуелно доживување.
Врвниот сараунд аудиосистем Bang & Olufsen е достапен само со ТВ функција или со навигацискиот систем Professional.

МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ИНСТРУМЕНТ ДИСПЛЕЈ.

Мултифункцискиот инструмент дисплеј со технологија на црна плоча и дијагонала на екранот од 10.25 инчи обезбедува многу импресивна визуелизација на доживувањето при возење.
Истовремено, му помага на возачот да го насочи вниманието на патот што претстои со прикажување на релевантните информации и да спречи попречување на вниманието.
На инструмент таблата може да се прикажат три различни режими и нивните специфични карактеристики, секој има своја шема на бои и графички стил: Comfort, ECO PRO и Sport режими. Додека Comfort режимот е задолжен за класичен изглед на инструментите, во ECO PRO режимот доминираат сини тонови на дисплејот каде новите EfficientDynamics и Bonus Range дисплеи му помагаат на возачот да оствари поефикасен начин на возење. Sport режимот се препознава по црвените тонови и опфаќа информации за перформансите.
На мултифункцискиот инструмент дисплеј може да се прикажат навигациски информации, меѓу кои и совети за помош за предвидување на рутата, како и листи од забавните и телефонските функции.

СЕДИШТА.

Без оглед на тоа каде седите во BMW X5 возилото, Вие секогаш ќе бидете на најдобрите места, благодарение на подигнатата позиција за седење во предниот дел од возилото и неброени можности во задниот дел.
Возачот и патникот на предното седиште во BMW X5 може да уживаат не само со X типично подигната седечка позиција, туку и во опциските удобни седишта. Горниот дел од потпирачот за грб, ширината на потпирачот, потпората за бедрата и висината на потпирачот за глава може електрично да се приспособат за да се намали напнатоста и уморот и да се зголеми општата удобност при седење.
Задните седишта може да се превиткаат во размер 40:20:40, во согласност со бројот на патници и колку парчиња багаж треба да се транспортира. Просторот за багаж може да се зголеми до раскошни 1,870 литри.
Опциските удобни седишта во задниот ред имаат удобни навлаки и тие посебно може да се приспособуваат на неколку начини. На пример, аголот на наведнување на потпирачот за грб на двете надворешни седишта може да се постави на шест различни позиции и опфаќа вкупен опсег од 10 степени. Удобните седишта може, исто така, да се поместат 80 милиметри нанапред или наназад во размер од 60:40. Ова овозможува поголем простор за колената или багажен простор, доколку е потребно. Задниот потпирач за грб може, исто така, целосно да се превитка во однос 40:20:40.
Уште поголема флексибилност нуди третиот ред седишта кои се состојат од две седишта што можат посебно да се превиткаат и што се свртени во насока на возењето.

СИСТЕМ ЗА ЗАБАВА ЗА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА PROFESSIONAL.

Систем за забава за задните седишта Professional

СИСТЕМ ЗА ЗАБАВА ЗА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА PROFESSIONAL.

Најдобра забава.

На задните седишта на BMW X5 се гарантира најдобра забава без оглед на должината на патот, со помош на опцискиот систем за забава на задните седишта Professional.
Опремата се состои од два посебни екрани во боја од 9.2 инчи, на кои може да им се менува накосувањето, и DVD погон. Во зависност под вградената опрема, патниците може далечински да ги контролираат функциите за ТВ, радиото, DVD разменувачот, навигацијата (независно од возачот) и , со ConnectedDrive, интернетот. Вградени се приклучоци за MP3 плеери и конзоли за игри. За да се спречи одвлекување на вниманието на возачот поради звуците од задниот дел, може да се поврзат безжични слушалки.

BMW СЕРВИСЕН ПАКЕТ.

BMW сервисен пакет

BMW СЕРВИСЕН ПАКЕТ.

Пакет услуги и сервиси за Вас.

BMW сервисниот пакет е првиот чекор кон неограничено задоволство при возење. Станува збор за сервисен пакет кој ги опфаќа сите главни услуги и работи на одржување.
BMW сервисниот пакет ги опфаќа сите редовни сервиси и одржување во текот на определен период на време или помината километража, а може да се искористат во целиот свет. Ова опфаќа: промена и надополнување моторно масло (потребно е: редовно одржување во некој од овластените BMW овластените сервиси), сервис на микрофилтерот, филтерот за гориво, филтерот за воздух и свеќички, промена на течноста на сопирачката, проверка на автомобилот и други услуги во согласност со сервисната книшка.