Дизајнот на BMW X5

МОЌЕН И ЕЛОКВЕНТЕН.

Дизајнот на BMW X5.

МОЌЕН И ЕЛОКВЕНТЕН.

Дизајнот на BMW X5.

Силните карактери веднаш се препознаваат. Од првиот момент кога ќе го погледнете, BMW X5 го привлекува вашето внимание – и го задржува. И откако ќе влезете во него, уживате во секој километар во кабина со висок квалитет. Издигнатата положба на седење, на пример, ви дава одличен преглед на патот пред вас – и на висококвалитетните материјали во внатрешноста.

МОЌЕН И ЕЛОКВЕНТЕН.Дизајнот на BMW X5.

Силните карактери веднаш се препознаваат. Од првиот момент кога ќе го погледнете, BMW X5 го привлекува вашето внимание – и го задржува. И откако ќе влезете во него, уживате во секој километар во кабина со висок квалитет. Издигнатата положба на седење, на пример, ви дава одличен преглед на патот пред вас – и на висококвалитетните материјали во внатрешноста.

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН.

Со своите динамични, високи пропорции, третата генерација BMW X5 веднаш се препознава како BMW X модел. Сепак, тој има и неколку дизајнерски карактеристики кои дополнително го истакнуваат неговиот маестрален изглед и неспоредливата разноликост.
Еден важен елемент на оптимизираниот дизајн е фокусот на аеродинамиката. Благодарение на привлечните елементи на предниот дел, на задниот дел и од страните, формата и функцијата се идеално комбинирани: големи отвори за воздух, воздушната завеса во предниот дел од браникот и новите реконструирани „жабри“ на предните калници го заокружуваат спортскиот карактер на BMW X5 – и, во исто време, помагаат да се намали потрошувачката на горивото и СО2 емисиите.
Аеродинамиката продолжува и во задниот дел. Воздушното крило на Д-носачот не само што прави автомобилот да изгледа поширок, туку го подобрува и протокот на воздухот.
На предниот дел, рамниот, широк дизајн на BMW полукружната маска, му дава на BMW X5 една импозантна спортска нота. Полукружната маска и предните светла се одлично искомбинирани и создаваат впечаток на една целина и го истакнуваат широкиот траг на возилото. Во исто време, краткото растојание меѓу А носачот и предната оска го префрлува визуелниот фокус на автомобилот уште понапред, со што се нагласува погонот на четири тркала на возилото.

Ексклузивна елеганција

ДИЗАЈН.

Совршена комбинација на исклучителна динамика, величествен спортски дух и ексклузивна елеганција: дизајнот на BMW X5.

ДИЗАЈН.

Совршена комбинација на исклучителна динамика, величествен спортски дух и ексклузивна елеганција: дизајнот на BMW X5.

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН.

Врвна кожа, профинети површини, атмосферско светло и максимален комфор: нурнете се во внатрешноста на BMW X5 и почувствувајте ја екслузивноста.

  • Елегантна и пријатна атмосфера

    Додека каросеријата на BMW X5 се карактеризира со еден импозантен став, во внатрешноста доминира една впечатлива елеганција. Хоризонталните контури и контрастните површини го истакнуваат чувството на просторност. Материјалите со врвен квалитет и внатрешните површини, комбинирани со голем избор на тапацир и бои како и атмосферското осветлување, создаваат едно неспоредливо чувство на пријатност.

  • Прегледен дизајн на кабина

    Прегледноста исто така игра голема улога во внатрешноста на BMW X5. Издигнатите седишта, типични за BMW X серијата, обезбедуваат најдобар можен преглед на патот пред вас. Сите команди на возилото, вклучувајќи го и новиот iDrive Touch Controller со опционален систем за навигација Professional и новиот Control Display без потпора, се ориентирани кон возачот. Внатрешниот ретровизор со автоматска функција против заслепување се стандардни карактеристики кои обезбедуваат уште поголема безбедност и комфор.

АМБИЕНТ.

Штом ќе седнете во BMW X5, едно нешто веднаш станува јасно: вистинско совршенство е резултат на збирот на сите детали. Пространата, луксузна внатрешност се карактеризира со посебно избраните, совршено изработените материјали со највисок квалитет.
Чиста кожа се комбинира со елегантниот декор – кој, заедно со индивидуалните можности за осветлување кои се обезбедени со опционалниот пакет за светла со дизајн на амбиент светлата, создава една крајно ексклузивна атмосфера.
Удобните седишта кои може електрично да се регулираат од страна на возачот и на патникот од предното седиште помагаат да се обезбеди едно релаксирано возење без стресови и се достапни како опција. Control Display со врвен квалитет и опција за стоење без потпора и опционалниот Bang & Olufsen surround sound систем со одлична акустика го прави патувањето со BMW X5 уживање за сите сетила.

ДИЗАЈН НА СВЕТЛАТА.

Пакетот светла вклучува разни LED извори на светлина за дополнителен комфор како во внатрешноста, така и на надворешниот дел од возилото.
Амбиент светлото се состои од впечатливата „Welcome“ конфигурација на светла и девет претходно дефинирани светлински дизајнерски програми кои ја исполнуваат внатрешноста со пријатна комбинација на индиректна и директна светлина, со што се нагласува една салонска атмосфера. Осветлувањето се состои од тробојни светлински LED диоди (бела, портокалова и сина). Изворите на светлина се поставени во точки како што се багажен простор, во централната конзола во предниот дел, на сите врати и лајсни и на праговите. Другите LED светла може да се најдат во козметичките огледала, во предниот и задниот простор за нозете и во покривното обложување, во наслоните на предните седишта и на украсните лајсни.
Важно е да се напомене и LED надворешното осветлување во надворешните рачки на вратите како и извори на светлина во куќиштата на надворешните ретровизори и на вратата од багажникот.

АДАПТИВНИ LED ПРЕДНИ СВЕТЛА.

Бојата на светлата кои се создаваат од адаптивните LED предни светла е слична на дневната светлина и тие автоматски ја регулираат дистрибуцијата на светлината во зависност од брзината на возилото и аголот на управување.
Адаптивните LED предни светла се состојат од позиционите светла, LED светлински прстени, функција за средни светла, BMW систем против заслепување од други возачи, LED светла за магла, аголни светла, трепкачи, светла за дневно возење и адаптивни предни светла со контрола на променлив сноп на светлина. Сите функции се со LED технологија, без исклучок.
Распределбата на светлината автоматски се регулира за да се усогласи со брзината и аголот на управувањето. Исклучителната силна светлина е слична на дневната светлина и оптимално и рамномерно го осветлува патот, со што се подобрува видливоста и се смалува заморот при возењето. Четирите LED светлински прстени имаат впечатлив и препознатлив изглед, дури и дење.