ИНТЕЛИГЕНТНИ СОПАТНИЦИ.

Системи за помош на возачот BMW ConnectedDrive во BMW X5.

Сопатници какви само може да посакате. Системите за помош на возачот при возење во BMW X5 имаат една главна цел – да осигураат релаксирано возење и безбедно пристигнување до дестинацијата.

ПОМОШ ВО СООБРАЌАЕН МЕТЕЖ.

Помош во сообраќаен метеж

ПОМОШ ВО СООБРАЌАЕН МЕТЕЖ.

Помош при сообраќаен метеж помага да се намали оптоварувањето на возачот за време на монотоните ситуации при возењето. При брзини до 60 км/час, системот овозможува ,,рамномерно движење” со останатите возила во густ сообраќај и со тоа го прави сообраќајниот метеж помалку стресен. Системот автоматски ја одржува саканата оддалеченост од возилото пред него и ја регулира брзината на возилото до целосно запирање и обезбедува активна поддршка при управувањето. Така возилото е во состојба да му помогне на возачот да остане во лентата, сè додека возачот ја држи барем една рака на управувачот. После целосно запирање во траење од 30 секунди, автомобилот автоматски повторно ќе почне да се движи. Уште една пресвртница на патот кон високо-автоматизирано возење.

BMW Head-Up Display

BMW HEAD-UP DISPLAY.

BMW Head-Up дисплејот во боја ги проектира сите информации што се важни за патувањето директно во видното поле на возачот и на тој начин му овозможува целосно да се посвети на возењето. Податоците како што е брзината, во зависност од опремата, се прикажуваат заедно со навигациските совети, информациите за ограничувањето на брзината, вклучувајќи предупредување за забрана за претекнување, телефонски именик и листи со забава, информации и предупредувања за различни системи за помош. Иконите проектирани на ветробранското стакло се прикажуваат со голема резолуција и во боја. Проекцијата на сликата се прикажува како да се наоѓа 2.3 метри пред возилото. Така, во комбинација со најдоброто позиционирање, се овозможува информациите брзо да се прочитаат со минимално одвлекување на вниманието. Осветлувањето на проекцијата автоматски се приспособува за да одговара на надворешните услови на осветлување, со различен дневен и ноќен дисплеј, и воедно висината на дисплејот може да се приспособи. Возачот може да избере која информација да се прикаже заедно со тековната брзина и предупредувањата од системите за помош при возењето.

Навигациски систем Professional

НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ PROFESSIONAL.

Навигацискиот систем Professional се карактеризира со префинет дизајн и супериорна палета услуги: тој испорачува едноставен и лесен за употреба навигациски систем што е целосно вграден во BMW возилото, вклучувајќи iDrive оперативен концепт и iDrive Touch Controller. Системот се состои од хендсфри (hands-free) уред со USB интерфејс и гласовна контрола, радио BMW Professional со DVD погон, како и 20 GB меморија за аудио датотеки. Исто така, тој ја олеснува употребата на Сообраќајните информации во реално време (RTTI). Вградениот 10.25" LCD дисплеј во боја со функција на поделен екран (главен и дополнителен прозорец) е дизајниран за најдобра видливост и преглед.
iDrive Touch Controller со копчиња за директен пристап до менито, осум функционални обележувачи и гласовна контрола ја олеснуваат работата со тоа што Ви овозможуваат да внесете адреси за Вашата дестинација, и тоа ракописно на површината чувствителна на допир. Благодарение на прикажувањето на тридимензионалната мапа со употреба на сателитски слики како позадина на мапата, со фотографски реални прикажувања на избраните објекти, навигацијата се претвора во возбудливо визуелно доживување.
Мапите може да се ажурираат три години без дополнителен надоместок во салоните на BMW. Во рамките на BMW ConnectedDrive, во некои европски земји, системот автоматски ги ажурира мапите во текот на три години, до четирипати годишно.

iDRIVE TOUCH CONTROLLER

iDrive Touch Controller

iDRIVE TOUCH CONTROLLER

iDrive Touch Controller нуди практичен начин на управување со системот iDrive со една рака. Благодарение на површината на допир (touchpad) интегрирана во уредот, информациите за дестинацијата за навигацискиот систем може лесно ракописно да се внесат.
Исто така, може да го употребите за пристапот до бројните функции и поставките за прегледување листи. Постапката е едноставна и интуитивно се ракува со допир, што претставува голема помош на возачот затоа што незначително го одвлекува вниманието од патот. Сите функции на кои може да делувате со употреба на Controller прикажани се на Контролниот дисплеј.

BMW НОЌЕН ПОГЛЕД СО ДИНАМИЧНА СВЕТЛОСНА ТОЧКА.

BMW Ноќниот поглед со динамична светлосна точка може ноќе да регистрира луѓе и поголеми животни, дури и на прилично голема оддалеченост и да ги осветлува.
Инфрацрвената камера, вградена во маската на возилото пренесува слики на луѓе и животни директно на Контролниот дисплеј. Интелигентен систем за рано предупредување со голем потенцијал: Веднаш штом инфрацрвените сензори ќе регистрираат пешаци или поголеми животни со потенцијална можност за судир во темнината, системот насочува два одделно контролирани динамични светлосни точки на нив, без притоа да ги заслепи. Ова светло обезбедува ефикасно предупредување за возачот и за лицето кое приоѓа за потенцијално опасната ситуација.
Возачот добива дополнително предупредување на BMW Head-Up дисплејот во боја или на инструмент таблата, доколку термалното прикажување на сликите се активира. Доколку постои акутен ризик од судир со регистрираните лица или животни, ќе се слушне акустичен аларм и сопирачките се подготвени за непосредна активност. BMW Night Vision со динамична светлосна точка е иновација од палетата на BMW ConnectedDrive.

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ.

Помош при паркирање

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ.

Системот за помош при паркирање го олеснува пронаоѓањето на соодветниот паркинг простор и активно помага при маневрирање во него.
Целосно автоматската помош при паркирање е последната генерација на удобност при паркирање во BMW. Во оваа генерација, системот ги селектира степените за пренос за возење напред или назад, презема контрола на управувањето и според потреба, кога е потребно, автоматски забрзува или сопира. Пред маневрирање за паркирање, возачот треба само да го вклучи трепкачот и потоа да го држи притиснато PDC копчето за време на целиот процес на паркирање, заедно со следење на површината околу возилото со помош на автоматско активирање на задната камера. Кога ќе се заврши паркирањето, системот ја селектира P позицијата на возење. При движење на брзина до 35 км/час и со максимално растојание од 1.5 м од редот на паркирани автомобили, ултрасоничните сензори во BMW користат Контролен дисплеј за да ги прикажат потенцијалните празни места каде ќе биде можно да се спроведе паралелно паркирање на работ од патот.

СИСТЕМИ НА КАМЕРА.

Уживајте во погледот: Во BMW X5, вградените системи на камера нудат подобра видливост, на пример на раскрсници и во непрегледни сообраќајни ситуации.

  • Поглед на околината

    Системот за поглед на околината (околу возилото) помага при паркирање и маневрирање во тесни простори. За оваа намена, на Контролниот дисплеј се прикажува просторот околу возилото и зад него од птичја перспектива (360о Поглед одозгора).

  • Страничен поглед

    Овде е опфатен и страничниот поглед и тој помага во подрачја со слаба видливост (на пример, на излези и непрегледни раскрсници). Две дигитални камери од предната лева и десна страна на автомобилот ја снимаат ситуацијата на таа страна и ја пренесуваат на Контролниот дисплеј. Со ова се овозможува рано регистрирање на попречниот сообраќај и резултира со соодветна реакција.

  • Заден поглед

    Со задната камера го гледате просторот зад возилото на Контролниот дисплеј при маневрирање и паркирање. Задната камера ја подобрува видливоста при движење наназад и брзина под 20 км/час, на пример при паркирање. Интерактивните линии водилки прикажуваат дали избраниот паркинг простор е доволно голем за возилото и обезбедуваат помош при паркирање со тоа што на Контролниот дисплеј ја обележуваат површината со бои. Со кука за влечење, благодарение на практичната функција на зумирање, задната камера го олеснува приближувањето до приколката.
    Можно е да се избере помеѓу три опции: задна камера, поглед на околината и страничен поглед и да се активира една од нив. Избраниот поглед потоа ќе се прикаже на Контролниот дисплеј.

BMW СИСТЕМ ПРОТИВ ЗАСЛЕПУВАЊЕ.

Со системот за спречување заслепување (BMW Selective Beam), ноќното возење е побезбедно и поудобно. Тој обезбедува одлична видливост без заслепување на останатите возачи. Системот за спречување заслепување ги открива останатите учесници во сообраќајот и селективно ги исклучува од досегот на долгото светло. Снопот е долг преку 400 метри и обезбедува рано откривање ризици и го олеснува следењето на правецот.