Динамика и ефикасност при возење на BMW X5

МАКСИМАЛНА КОРИСТ.

Динамика и ефикасност при возење на BMW X5.

МАКСИМАЛНА КОРИСТ.

Динамика и ефикасност при возење на BMW X5.

МАКСИМАЛНА КОРИСТ.Динамика и ефикасност при возење на BMW X5.

Динамиката на BMW X5 гарантира забава на секое патување, за време на секое маневрирање и на сите брзини. Во остри кривини, системите за помош при возењето обезбедуваат извонредно прилепување, без разлика дали на планински кривини или при големи брзини. Истовремено, BMW X5 импресионира со неверојатна ефикасност, благодарение на софистицираната аеродинамика, економичните мотори и бројните BMW EfficientDynamics мерки на технологијата – особено BMW X5 xDrive40e со eDrive технологијата.

BMW EFFICIENT DYNAMICS ТЕХНОЛОГИИ.

Без оглед дали целта се максимални перформанси или минимална потрошувачка на гориво, BMW е секогаш фокусиран на испораката на совршено задоволство при возење. BMW EfficientDynamics е стратегија развиена од BMW за да намали потрошувачката на гориво и CO2 емисиите додека, истовремено се зголемува динамиката и задоволството при возење. Тоа е сеопфатен технолошки пакет што го опфаќа погонот, управувањето со енергија и концептот на возилото во секое BMW возило.
Интелигентната комбинација на погон на BMW TwinPower Turbo мотор со електричен мотор е заслужна за подобрените перформанси на возилото со непроменета потрошувачка на гориво.
Оптимизираната аеродинамика придонесува за уште повеќе зголемена ефикасност, како и технологија на лесна конструкција BMW EfficientLightweight, која истовремено ја намалува тежината и ја зголемува крутоста на возилото со употреба на соодветни материјали за определените делови. Тоа е доказ на импресивното технолошко водство на BMW, единствениот произведувач кој се потпира врз ултралесното и исклучително крутото јаглеродно влакно (CFRP) како клучен материјал. Таа сеопфатна комбинација на технологии, вклучувајќи го интелигентниот систем за управување со енергија и опцискиот режим на возење ECO PRO се основа за начинот на возење со оптимизирана потрошувачка на гориво.

  • EU6 стандард за емисии

    Пионерската технологија на BMW X5 моторите веќе ги исполнува строгите EU6 стандарди за емисии.
    Поради својата традиција и темелните познавања со кои се гордеат од 1917 година, моторите на BMW секогаш биле пред своето време. Моторите вградени во BMW X5 обезбедуваат особено импресивен доказ за ова. Извонредните перформанси, спонтаната реакција и тивката работа, ги задоволуваат и највисоките стандарди на удобност при возење.
    Дополнителна причина заради која може да верувате е BluePerformance технологијата на BMW, која е стандард за сите дизел мотори. Благодарение на оваа технологија, емисиите на дизел моторите се уште повеќе намалени. Покрај филтерот за дизел честички и оксидацискиот каталитички конвертор, исто така, тука е и NОx катализаторскиот резервоар кој уште повеќе го намалува нивото на азотниот оксид во издувниот гас. Исто така, за намалување на азотниот оксид се користи и следнава метода: SCR каталитичкиот конвертор (SCR = Selective Catalytic Reduction) со вбризгување AdBlue течност. Хемиската реакција која настанува со вбризгувањето на растворот на уреа AdBlue во голема мерка ги намалува емисиите на азотни оксиди. На овој начин, може да бидете сигурни дека возите едно од најчистите дизел возило во светот со намалени издувни емисии што ги исполнуваат строгите EU6 стандарди за емисии.

BMW X5 Динамика на возење

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ.

На врв на својата снага: запознајте ја неспоредливата динамика на возење на BMW X5.

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ.

На врв на својата снага: запознајте ја неспоредливата динамика на возење на BMW X5.

8-степен Steptronic пренос

8-СТЕПЕН STEPTRONIC ПРЕНОС.

8-степениот Steptronic пренос поставува нови стандарди во динамичките перформанси и ефикасноста и е клучен елемент на BMW EfficientDynamics технологијата.
Особено кратките распони на менувачот овозможуваат испорака на оптимална снага на сите брзини. На тој начин значително се намалува потрошувачката на гориво, а возачот истовремено може да ужива во зголемените спортски и динамични перформанси.
Поради дополнителните степени на пренос, особено на поголеми брзини, се намалува бројот на вртежи на моторот, а со тоа и потрошувачката на гориво и бучавата на моторот. За перформансите придонесува и конвертерската спојка, дури и кога возилото ќе се стави во рачен режим на работа. Во комбинација со брзите премини на брзини и прецизната промена на степените на пренос, се постигнува високо ниво на удобност при менување и значително намалување на бучавата.

BMW X5 M50d.

BMW X5 M50d го искористи единственото стручно познавање на BMW M инженерите, со специјалниот фино подесен погонски склоп и систем на управување. Крајниот резултат е автомобил што нуди комбинација на чиста динамика, удобност и секојдневна практичност.

  • Мотор

    M Performance TwinPower Turbo линискиот 6-цилиндричен дизел мотор ги соединува инјектирањето гориво со заеднички вод и единствениот три-степен турбополнач со варијабилна турбинска геометрија. Исклучителната погонска единица се карактеризира со особено брза реакција, висок вртежен момент при ниски вртежи и широк опсег на вртежи.
    Овие карактеристики на моторот се одговорни за спонтаната динамика со 740 Nm вртежен момент, најголема снага од 280 kW (381 hp) и забрзување од 0 до 100 км/час за само 5,3 секунди. Овие импресивни перформанси се поврзани со просечната потрошувачка на гориво од 6.6 л/100 км и CO2 емисии од 173 г/км за да се произведе неверојатен однос на динамика и ефикасност, истакнувајќи ја уште еднаш иновативната снага на BMW.

  • Потпирање

    Адаптивното M потпирање обезбедува типичната агилност на BMW X да добие уште поспортски обележја. Динамичката контрола на амортизерите и воздушното потпирање на задната оска се дизајнирани за исклучително спортско возење за што најзаслужно е точното и прецизно контролирано управување.
    Пакетот на Адаптивно потпирање Dynamic му дава на BMW X5 M50d максимална агилност, прецизност и латерална динамика. Системите на динамичната контрола на перформансите и динамичкото возење, специфични за моделот, гарантираат уште понеутрално управување и го намалуваат страничното наведнување на возилото во кривини.

100% СПОРТСКИ.

Опциската опрема како активното управување и пакетот Адаптивно потпирање помагаат да се подобрат спортските карактеристики и удобност на Вашиот BMW X5. Активното управување овозможува уште попрецизно возење и уште поголема агилност. Кога ќе изберете еден од пакетите на Адаптивноto потпирање, Вие барате поголема удобност при возењето и подобра динамика или најефективна комбинација од двете.

  • Активно управување

    Новата димензија на удобност при управување - активното управување нуди прецизност, агилност и удобност во секоја ситуација на патот.
    При ниски брзини, како при градско возење, при паркирање и на кривулести патишта, активното управување го зголемува аголот на управување. Може полесно да маневрирате со помали движења на управувачот и без потреба за прекумерни вртења на управувачот – ова во голема мерка ја подобрува агилноста на Вашето BMW, па и паркирањето станува полесно.
    За подобрување на управувањето на високи брзини, активното управување обезбедува помалку директен однос при брзини од приближно 120 до 140 км/час (во зависност од моделот и изведбата). Така се намалува потребата за поголеми движење на управувачот. Со тоа се овозможува попрецизно управување со тркалата при поголеми скршнување и Ви дава поголема стабилност и удобност. Во критични ситуации, како при нагло свртување или при сопирање на нерамна површина, активното управување помага, на пример со ублажување на вртењето околу оската – побрзо отколку што тоа би го направил искусен возач.
    Бидејќи активниот систем е помошен систем и не пречи на директната врска помеѓу возачот и тркалата, со BMW возилото може потполно да се управува дури и, доколку системот потфрли. Доколку се регистрира некоја грешка, механизмот за приспособување на активното управување веднаш ќе се блокира со активирање на сигурносниот клин. Тоа значи дека секогаш останувате во целосна контрола над ситуацијата.

  • Пакети на адаптивно потпирање

    BMW X5 вози величествено како што изгледа – посебно со опциските пакети на активно потпирање. Без оглед дали станува збор за спортски или удобни, овие пакети гарантираат најдобри својства на возење во сите ситуации.

  • Пакет Comfort

    Најголема удобност при возење со задржување на легендарните динамички карактеристики на BMW: пакетот на адаптивно потпирање Comfort во секој момент овозможува индивидуално приспособување на потпирањето и карактеристиките на амортизерите. Воздушното потпирање на задната оска гарантира конзистентно високо ниво на удобност при возењето, без оглед на тоа колку е оптоварено возилото.
    Доколку сакате поставување на подинамичнo потпирање, контролата на доживувањето при возење нуди дополнителни режими на возење Sport и Sport+.

  • Пакет Dynamic

    Пакетот на адаптивното потпирање Dynamic овозможува понатамошно оптимизирање на динамичкиот потенцијал на Вашето возило. Контролата на динамичките перформанси, дел од пакетот, и режимот на динамично возење нудат исклучително спортска динамика на возење, што главно се обележува со исклучително неутрални реакции на управување и минимално странично наведнување на возилото во кривини – и сето ова заедно со задржување на високото ниво на удобност.

  • Пакет Professional

    Најдоброто од двата света нуди пакет на активно потпирање Professional во кој се спојуваат карактеристиките на пакетот на адаптивно потпирање Comfort и пакетот на адаптивно потпирање Dynamic, за максимална удобност при возење и неверојатна динамика на возење.

  • Адаптивно М потпирање

    Подобрена динамика на возење: Адаптивното М потпирање го извлекува максималниот потенцијал од Вашето возило. Системот опфаќа Динамичка контрола на амортизерите и воздушно потпирање на задната оска, со посебна поставка за особено спортска динамика на возење. Адаптивното М потпирање е достапно само како дел од пакетот M Sport.

BMW xDRIVE.

Интелигентниот систем на погон на сите тркала BMW xDrive совршено се приспособува и на најпредизвикувачките услови на патните површини и во секој момент гарантира најдобро прилепување на тркалата. xDrive и Динамичната контрола на стабилност (DSC) овозможуваат BMW возилото да остане сигурно и стабилно. Контролиран преку DSC сензорскиот систем, xDrive флексибилно и брзо ја распоредува погонската снага помеѓу оските за да се спречи нагло свртување или недоволно вртење на кривини, а со тоа обезбедува неверојатно одржување правец. Уште повеќе, се гарантира брзо и сигурно забрзување дури и на лизгави или стрмни патишта. Во критични услови на патот, DSC не треба многу да интервенира. На тој начин, BMW xDrive ги комбинира сите предности на погонот на сите тркала- прилепување, одржување правец и сигурно возење со класична BMW агилност.

АЕРОДИНАМИКА.

Дизајнот на возилото е тестамент на BMW EfficientDynamics филозофијата. Оптимизираната аеродинамика на предниот дел и подвозјето се карактеризираат со иновативни подобрувања со што се намалува отпорот на воздухот и потрошувачката на гориво.

  • Воздушна завеса и одвод за воздух

    Предниот браник е истакната дизајнерска карактеристика што е темелена врз BMW EfficientDynamics филозофијата. Интегрираната воздушна завеса ја насочува воздушната струја низ двата вертикални воздушни доводи и покрај предните калници. Забрзаниот проток на воздух создава еден вид на ,,завеса” на надворешната страна од предните тркала. Потоа, тука е одводот за воздух кој ја насочува воздушната струја кон предните тркала. Овие иновативни технологии ја намалуваат турбуленцијата и отпорот на воздух, така што потрошувачката на гориво во значителна мерка се намалува.

  • Контрола на ладењето

    Автоматската контрола на ладењето на воздухот користи сензор за континуирано проценување на моменталните потреби за ладење на моторот и ги отвора и затвора отворите за воздух во маската. Со ова се оптимизира аеродинамичноста и се скратува фазата на загревање за намалена потрошувачка на гориво.

  • Заден спојлер и Воздушна перка

    Задниот спојлер на работ од покривот и Воздушната перка поврзана со него заедно сочинуваат високоефикасен таканаречен ,,излезен раб”. Прецизно дефинираниот проток на воздух на задната страна го намалува до минимум воздушниот вртлог и ефектот на сопирање на возилото предизвикано од негативниот притисок.

РЕЖИМ ECO PRO.

Според интерната BMW студија за потрошувачката на гориво, ECO PRO режимот им помага на возачите да ја намалат потрошувачката на гориво до 20 проценти, во зависност од стилот на возење. Функцијата на ,,празен од “, Помошта за предвидување на рутата и ECO PRO route овозможуваат намалување на потрошувачката за уште 5 проценти.
Кога е вклучена функцијата ,,празен од”, моторот е исклучен и е дисконектиран од погонскиот склоп, така што возилото вози без да троши гориво.
Врз основа на податоците од навигацискиот систем, Помошта за предвидување на рутата ги предвидува кривините, населените места, ограничувањето на брзината и излезите од автопати и однапред му дава совети на возачот кога да запре со забрзувањето.
ECO PRO Route ја прикажува најефикасната рута врз основа на сообраќајната ситуација, стилот на возење и условите на патот. Патниот компјутер го прикажува процентот на гориво што може да се заштеди со возење по рутата, селектирана од ECO PRO Route.