Опремата на BMW X5

ЕДИНСТВЕНОСТ ВО РАЗЛИЧНОСТА.

Опремата на BMW X5.

ЕДИНСТВЕНОСТ ВО РАЗЛИЧНОСТА.

Опремата на BMW X5.

ЕДИНСТВЕНОСТ ВО РАЗЛИЧНОСТА.Опремата на BMW X5.

Без оглед на тоа дали е дизајнот Pure, М Спорт или се оригинални BMW додатоци – опремете ја внатрешноста и надворешноста на вашиот BMW X5 по ваша желба.

ДИЗАЈН PURE EXPERIENCE.

Идеална комбинација на спортски и авантуристички дух: опционалниот пакет дизајн Pure Experience го нагласува самоуверениот карактер и впечатливиот изглед на BMW X5.

  • Надворешност

    BMW X5 во изведба Pure Experience зрачи со едно величествено присуство – како и да го гледате. Визуелниот штитник на подвозјето од брусен челик на предниот и задниот дел и украси од истиот материјал од страните, отворите за воздух со карактеристичен изглед и сребрено мат издувната цевка и лајсните на маската, даваат еден силен впечаток на целото возило.
    Внатрешноста е исто така впечатлива – благодарение на ексклузивниот тапацир во кожа Nappa со контрастни пораби и дополнителни елементи во светло кафена боја и лајсни од чисто дрво Fineline Pure.
    Надворешниот дизајн Pure Experience и внатрешниот дизајн Pure Experience може да се нарачаат посебно.

  • Внатрешност

    Внатрешноста е исто така впечатлива – благодарение на ексклузивниот тапацир во кожа Nappa со контрастни пораби и дополнителни елементи во светло кафена боја и лајсни од чисто дрво Fineline Pure.
    Надворешниот дизајн Pure Experience и внатрешниот дизајн Pure Experience може да се нарачаат посебно.

ДИЗАЈН PURE EXCELLENCE.

Извонреден приказ на љубов кон облици и форми: со хромирани елементи, ексклузивен кожен тапацир и светли бои, дизајнот Pure Excellence дава една благородна префинетост на BMW X5.

  • Надворешност

    Хромираните елементи во пакетот Pure Excellence му даваат нов сјај на BMW X5 – во секој аспект и од секој агол. Хромираните детали може да се најдат на летвичките на маската, на задниот браник и на предните отвори за воздух, на рабовите од калниците и визуелниот штитник на моторот со што се добива комбинација на богати нијанси.
    Надворешниот дизајн Pure Excellence и внатрешниот дизајн Pure Excellence може да се нарачаат посебно.

  • Внатрешност

    Внатрешната опрема јасно се фокусира на атмосферата на благодет. Патниците седат на седишта од ексклузивна Nappa кожа со боја на бела слонова коска со контрастни пораби во Atlas сива боја – со опционални удобни седишта со наслони за глава, широки наслони на седишта и висина на седиштата кои може да се прилагодуваат за возачот и патникот на предното седиште. Инструмент таблата е обложена со Walknappa кожа со контрастни пораби во Pergament, со висококвалитетен контраст обезбеден со внатрешните декоративни лајсни во висококвалитетно дрво American Oak.
    Надворешниот дизајн Pure Excellence и внатрешниот дизајн Pure Excellence може да се нарачаат посебно.

BMW INDIVIDUAL.

Со ексклузивната понуда од BMW Individual, новиот BMW X5 може да ја одразува важата личност.

  • BMW Individual боја на каросерија

    Префинетите бои на каросеријата на BMW Individual во црна Azaurite, сребрена Pearl, кафена Pyrite и црна Ruby металик боја го докажуваат тоа тврдење. На пример, со BMW Individual црна Ruby металик боја, интензивна светлина се одбива од кристалите на рубин во бојата. Бојата на каросеријтата уште повеќе ги нагласува динамичните пропорции на вашиот BMW X5.

  • BMW Individual Merino кожа

    Внатрешноста на новиот BMW Individual X5 е уште една извонредна понуда на материјали со неприкосновен квалитет и уникатно чувство на просторност, особено со проширените навлаки од ситно гранулирана Merino кожа во пет естетски привлечни бои од BMW Individual. Само внимателно избрана, многу еластична кожа се подложува на посебниот процес на штавење. Посебниот карактер на BMW Individual кожата може да се види во фините детали. Профинетите декоративни елементи на површината на седиштата, а обработ и шевовите со контрастна боја покажуваат уште еден аспект на рачно изработеното совршенство. Инструмент таблата обложена со кожа и тапацирот како и покривното обложување од алкантара создаваат едно невидено чувство на префинет квалитет во внатрешноста на BMW X5.

  • BMW Individual украсни лајсни и декорации

    Највпeчатлива изработка исто така може да се најде во ексклузивните BMW Individual внатрешни лајсни и декорации на новиот BMW X5. Без оглед на тоа дали станува збор за лајсни од гранулирано чисто дрво Sen во светло кафена боја, возбудливите декорации од чисто дрво Ash Vulcano кафена боја или сјајниот црн Piano фурнир, сите површини од дрво се привлечни со своите сложени начини на изработка. Тие исто така совршено ја надополнуваат внатрешноста на BMW X5. И целосно докажуваат дека вистинската ексклузивност може да се покаже преку деталите.

  • Друга BMW Individual опрема

    Инструмент таблата обложена со кожа од BMW Individual претставува нова димензија на префинетост во внатрешноста на возилото.
    BMW Individual кожниот управувач со декорација од дрво, со избрани BMW Individual внатрешни рамки кои одговараат на управувачот, даваат завршни детали кои го заокружуваат изгледот на новиот BMW X5.
    10-инчните BMW Individual тркала од лесни легури со V краци тип 551 I создаваат уште поголем впечаток на самоувереност со нивните импресивни димензии. На нив има дискретна ласерска гравура со натпис BMW Individual.
    BMW Individual ладилник создава дополнителна пријатна димензија на уживањето при возење. Тој е лесен за употреба и брзо се отстранува, така што може да се добие целосен волумен на багажниот простор доколку тоа е потребно.
    Со својата сатенска површина, BMW Individual покривното обложување алкантара, за прв пат достапно во три различни бои, создава пријатен и отворен амбиент во внатрешноста на возилото.

М СПОРТ ПАКЕТ.

Опционалниот пакет М Спорт го нагласува динамичниот карактер на BMW X5. Браникот и праговите во боја на каросеријата како и газиштата на праговите со М лого се само први во долгата низа на моќни и спортски впечатоци.

  • Надворешност
    • М аеродинамичен пакет со преден браник, прагови, рамки на калниците во боја на каросерија
    • LED светла за магла
    • 19-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 467 со разни димензии на гуми или како алтернатива, 20-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 469 со разни димензии на гуми, достапни и други типови тркала
    • Адаптивно М потпирање или пакет адаптивно потпирање „Dynamic“
    • Детали изведени во BMW Individual Shadow Line со висок сјај или како алтернатива BMW Individual Exterior Line со брусен алуминиум
    • М лого од страните на возилото
    • Куќишта на надворешните ретровизори во боја на каросерија
    • Сјајна хромирана линија на издувната цевка во специфичниот дизајн на М Спорт пакет
    • Каросерија во ексклузивна металик „Carbon“ црна боја, достапни се и други бои на каросерија
    • BMW Individual носачи на покривот во Shadow Line со висок сјај, алтернативни носачи на покривот со брусен алуминиум  
  • Внатрешност
    • М газиште на праговите, М потпирач за стапалата на возачот
    • Спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во комбинација на ексклузивна алкантара/кожа со М лого на рабовите од седиштата, достапен и друг вид тапацир
    • М кожен управувач со мултифункционални копчиња и рачки за менување на степенот на преносот
    • BMW Individual антрацитно покривно обложување
    • Внатрешни декоративни алуминиумски лајсни Hexagon, достапни и други украсни лајсни
    • Клуч со ексклузивно М лого
Пакети BMW X5

ПАКЕТИ.

BMW пакетите се првиот избор кога станува збор за опционални елементи за вашиот BMW X5.

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ.

Оригиналните BMW додатоци ви овозможуваат да го истакнете величествениот карактер на BMW X5. Тука можете да најдете избор на практични производи со висок квалитет.

  • Транспорт

    Дури и поголема флексибилност се овозможува со BMW покривна кутија 460, која овозможува едноставно и практично товарење благодарение на иновативниот систем за двострано отворање. Тој има капацитет од приближно 460 литри и е достапен во бела, црна или титаниум сребрена боја на горната школка, заедно со црна боја на долната школка.
    Можен е удобен и безбеден транспорт на најмладите – благодарение на изборот на BMW детски седишта кои се достапни во разни бои и кои се соодветни за деца на возраст од 0 до 12 години.

  • Забава

    Достапни во ексклузивен BMW дизајн, безжичните стерео слушалки идеално го надополнуваат опционалниот систем Professional за забава на задните седишта. Тие се исклучително удобни, даваат извонреден квалитет на звукот и имаат индивидуална контрола на јачината на звукот.
    Патниците на задните седишта исто така може да го користат и држачот за Apple iPad кој е соодветен за сите iPad модели и едноставно се става во базата на системот Travel & Comfort. Висината и аголот на навалување на држачот може да се регулираат, благодарение на дополнителната потпора, и може да се користи и надвор од BMW X5.
    Адаптерот за мобилни телефони Snap-in е сигурен и безбеден систем за приклучок со интегрирани функции за брзо полнење за мобилни телефони како што се Apple, Nokia, Motorola, Samsung и Sony Ericsson како и RIM/Blackberry. Бесконтактната врска со антената гарантира одличен прием на сигнал додека, во исто време, се намалува зрачењето во кабината. Во зависност од опремата во BMW X5 и од мобилниот телефон и адаптерот што се користи, може да се интегрираат и одредени апликации за смарт телефони преку BMW.

  • Корисни додатоци

    Специјално дизајнираната кутија за клучеви е совршена комбинација на елеганција и функционалност. Изработена од кожа со висок квалитет, таа ги заштитува клучевите од гребнатини и други видови оштетувања. Ексклузивна копча од брусен нерѓосувачки челик со BMW натпис обезбедува клучот секогаш да е поврзан со кутијата со што ризикот од губење на клучевите се сведува на минимум.

  • Надворешност

    Лиените 21-инчни тркала од лесни легури со ѕвездести краци во ексклузивна Liquid црна боја создаваат уште подобар впечаток.

  • Внатрешност

    Оригиналните BMW патосници за сите временски услови, црните прекривки за багажникот и оригиналните BMW патосници од гума и текстил ја комбинираат робустната функционалност со извонредниот дизајн и исто така го заштитуваат просторот за нозе на BMW X5 од нечистотии, вода и абење. Сите три варијаните имаат висококвалитетни влошки од нерѓосувачки челик, кои гарантираат непогрешлив изглед.