СИСТЕМАТСКА РАБОТА ВО ПРОГРЕС.

BMW X5 xDrive40e iPerformance.

BMW iPerformance
BMW iPerformance

СИСТЕМАТСКА РАБОТА ВО ПРОГРЕС.

BMW X5 xDrive40e iPerformance.

СИСТЕМАТСКА РАБОТА ВО ПРОГРЕС.BMW X5 xDrive40e iPerformance.

Најдоброто од двата света, комбинирано со извонредно удобниот приклучен (plug-in) хибрид со погон на сите тркала: BMW X5 xDrive40e. Иновациите се соединуваат со луксузот и практичноста на BMW X5. Импресивна динамика на возење, неверојатна ефикасност и врвна еколошка свест –единствен концепт што совршено соодветствува на квалитетите на спортското возило (SAV).

КОНЦЕПТ НА ВОЗИЛО.

BMW X5 со потрошувачка на мало возило. Оптимално влечење и агилност, благодарение на BMW xDrive погонот на сите тркала и карактеристиките на динамично возење во сите режими на возење. Со својата разновидност и динамика, BMW X5 xDrive40e ги исполнува сите очекувања. Натписот ,,eDrive” на задните столбови, суптилно прикажува за каков BMW X5 станува збор. Она по што навистина се разликува од останатите е неговиот опсег во чисто електричен режим. Може да вози приближно 30 километри без локални емисии и без никаква потрошувачка на гориво. Високонапонскиот акумулатор безбедно е сместен под подот на просторот за багаж, кој, кога ќе се земе предвид волуменот од 1,720 литри е идеален за големи предмети. Накратко, станува збор за пионерски и неспоредлив концепт на возило.

ИНДИВИДУАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗЕЊЕ.

Како приклучен (plug-in) хибрид, BMW X5 xDrive40e има различни режими на возење што му овозможува на возачот значително влијание врз реалната потрошувачка на гориво. Ова зависи од избраниот режим на возење и личниот начин на возење. Кога акумулаторот е целосно полн, може да возите до 31 километри без да употребите една единствена капка гориво. Во AUTO eDrive режимот, оптималната комбинација на електричниот мотор и моторот со внатрешно согорување овозможува фокусот да се насочи кон најекономично возење.

  • Градско возење

    При градското возење, BMW X5 xDrive40e ги искористува предностите на електричниот погонски систем во целост. Со целосно наполнет акумулатор, кратките растојание (до 31 км) може да се покријат без локални емисии – низ градот се возите без да потрошите капка гориво.

  • Секојдневно возење

    Во секојдневното возење, во прв план доаѓа соработката помеѓу двата погонски системи во plug-in хибридот. Во режимот AUTO eDrive, интелигентната комбинација на моторот со внатрешно согорување и електричниот мотор гарантираат значително пониска потрошувачка од таа кај дизел и бензинските возила во оваа класа. Накратко, уживајте во луксузот на BMW X моделот со бонус на извонредна економичност.

  • Долги патувања

    Уживајте во забавното возење со многу ниска потрошувачка – дури и на долгите патувања. Приклучниот (plug-in) хибрид извонредно се однесува на долги патувања, без никакви компромиси во опсегот на функционалноста на возилото

BMW X5 xDrive40e

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ, А НЕ ЕМИСИИ.

Најважно: Почувствувајте го BMW X5 xDrive40e.

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ, А НЕ ЕМИСИИ.

Најважно: Почувствувајте го BMW X5 xDrive40e.

ПОГОНСКИ СКЛОП.

Големата снага на BMW TwinPower Turbo 4-цилиндричниот бензински мотор и високоефикасниот eDrive електричен мотор се движечката снага на BMW X5 xDrive40e.. Интелигентниот BMW xDrive систем со погон на сите тркала гарантира оптимално влечење. Комбинацијата на овие EfficientDynamics технологии создадоа иновативно возило кое не само што нуди ниска потрошувачка на гориво, туку, и врвна динамика и стабилност во сите услови на возење.

ИНТЕЛИГЕНТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА.

Интелигентното управување со енергија е едно од главните столбови на BMW eDrive концептот. Системот ја координира интеракцијата на сите погонски компоненти за да ја комбинира најдобрата можна економичност со одлична динамика на возење.
Интелигентното управување со енергија го оптимизира факторот на ефикасност на хибридното возило со предикативно избирање на соодветниот погон. На пример, достапните навигациски податоци се користат за однапред да се идентификуваат деловите од рутата и ситуациите на возење што најмногу одговараат за електричниот мотор или за полнење на високонапонскиот акумулатор.
Во ситуации во кои моторот со внатрешно согорување би имал низок фактор на ефикасност, системот се префрла на поголем опсег на оптоварување со подобро искористување на енергијата. Ова значи дека моторот со внатрешно согорување произведува дополнителна снага. Оваа снага се користи за полнење на акумулаторот преку електричниот мотор/генератор, што подоцна може да се искористи за електрично возење или ефикасно подржување на моторот со внатрешно согорување. Системот, исто така, го контролира електричниот мотор/генератор, па кинетичката енергија се трансформира во електрична енергија за време на празниот од и при сопирање. Во комбинација со ECO PRO режимот, интелигентното управување со енергија ги адаптира сите системи во возилото, вклучувајќи ги сите помошни компоненти и функции на удобност за да се оствари најефикасното возење со најмала потрошувачка на гориво.
eDrive копчето му овозможува на возачот да избере помеѓу eDrive режимите: стандардниот AUTO eDRIVE режим, целосно електричниот режим MAX eDRIVE и режимот SAVE BATTERY кој го одржува статусот на полнење на константно ниво.

  • Режим AUTO eDRIVE

    Во AUTO eDRIVE режимот, интелигентниот BMW EfficientDynamics систем ја определува најефикасната комбинација на електричен мотор и мотор со внатрешно согорување- во зависност од брзината на возење и статусот на полнење на акумулаторот. Овој режим е поделен во две фази: Доколку статусот за полнење на акумулаторот е помеѓу 12% и 100%, може да возите со брзина до 70 км/час - без локални емисии и без користење капка гориво. На поголеми брзини и при потешки услови, бензинскиот мотор автоматски се вклучува. Доколку статусот на полнење на акумулаторот падне под 12%, BMW X5 xDrive40e може да се вози во целосно електричен режим и со умерено забрзување на брзината до 55 км/час.

  • Режим MAX eDRIVE

    Максимална забава со електрично возење: Во MAX eDRIVE режимот, може да уживате во чисто електрично возење на брзини до 120 км/час. При повисоки брзини или кога е потребно поголемо забрзување, автоматски се вклучува моторот со внатрешно согорување.

  • Режим SAVE BATTERY

    Кога статусот на акумулаторот е на ниско ниво, SAVE BATTERY режимот овозможува акумулаторот да се полни од моторот со внатрешно согорување или овозможува статусот на полнење да се одржи. На овој начин, возачот може да го зачува капацитетот на акумулаторот за целосно електрично возење подоцна.

  • Предвидување на условите на патот

    Кога ќе се внесе дестинацијата во навигацискиот систем, системот за предвидување за управување со енергијата ја анализира планираната рута користејќи ги константните податоци како што се ограничување на брзината и информација во реално време за моменталната состојба во сообраќајот. Така, системот ефикасно го користи целосно електричниот режим на возење, и тоа на рутите на кои тоа најмногу е корисно (на пример при градско возење).

ПОЛНЕЊЕ.

Без оглед на тоа дали се користи домашен приклучок или се користи BMW i Wallbox од палетата на производи и услуги 360° ELECTRIC –полнењето на високонапонскиот акумулатор не може да биде полесно. Додека завршувате други работи, може да го наполните до врв, на некоја од бројните јавни станици за полнење ChargeNow.

  • Полнење дома

    Возилото може лесно да се наполни дома со приклучување на конвенционален приклучок од 230 волти и резервоарот ќе биде полн за помалку од четири часа. Приклучокот за полнење е поставен на предната лева страна под капак. Сè што е потребно за полнење е посебно дизајнираниот кабел, кој може сигурно и компактно да се смести под подот на просторот за багаж. Посебна заптивка ја штити портата за полнење и приклучокот од временските услови. LED прстените на портата за полнење го покажуваат визуелно јасно статусот на полнење.
    Наместо обичен приклучок, исто така, може да се искористи BMW i Wallbox поставен како станица за полнење. Јачината на полнење е поголема, па значително се намалува времето на полнење. Дисплејот на посебната инструмент табла го информира возачот колку е наполнетоста на високонапонскиот акумулатор во тој момент. Во зависност од различни фактори, на пример јачината на полнење на изворот, уредите активно трошат електрична енергија во возилото за време на процесот на полнење и употребата на Wallbox, и потребни се помалку од три часа за целосно да се наполни празниот акумулатор. Во текот на полнење од надворешен извор, патничката кабина може да се предзагрева или олади без влијание на статусот на полнење на високонапонскиот акумулатор.

  • Полнење на патување

    Покрај полнењето преку конвенционалните електрични приклучоци дома, возилото може лесно да се полни на голем број јавни станици за полнење. На тој начин, по пазарување, возачот може да продолжи со патувањето со ,,полн резервоар” без никакви емисии. Сè што е потребно за полнење е опремениот кабел кој може да се смести безбедно и без зафаќање простор под подниот дел во просторот за багаж. LED светлосните прстени на портата за полнење го прави статусот на полнење визуелно јасен. Опцискиот навигациски систем и My BMW Remote апликацијата за приклучни (plug-in) хибриди му нудат информации на возачот за локацијата и достапноста на соодветните станици за полнење.
    Авторизацијата на станицата за полнење и месечната наплата на енергија можат да се спроведат со посебна достапна картица ChargeNow од понудата на мобилни услуги на BMW. Возилото може да се полни на различни јачини на струја. Времето на полнење зависи од различни фактори, на пример од јачината на струја и бројот на активни уреди кои тогаш трошат електрична енергија во возилото.

ПОВРЗАНОСТ.

Секогаш поврзани со својот BMW автомобил: преку смарт телефонот (iOS или Android) на располагање се не само далечинските услуги како заклучување, туку и функции специфични за хибридите. Тоа значи дека секогаш имате целосен надзор на вредностите на потрошувачката и ефикасноста на Вашиот BMW X5 xDrive40e. BMW услуги за секоја ситуација кои може да се употребат во возилото, но и надвор од него.

  • Апликација My BMW Remote за приклучни (plug-in) хибриди

    Апликацијата My BMW Remote за приклучни (plug-in) хибриди за iOS и Android прикажува детални информации за тековниот статус на возилото, како што е локација, нивото на наполнетост на акумулаторот и преостанатиот досег.
    Постапката на полнење може далечински да се контролира преку неделниот тајмер, и температурата на возилото може навреме далечински да се приспособи за идното патување. Дестинациите, точките на интерес и локацијата на станиците за полнење може лесно да се испратат од апликацијата директно во возилото.
    Апликацијата My BMW Remote за приклучни (plug-in) хибриди, исто така, ја мери ефикасноста на секое патување и може да понуди совети како поефикасно да се вози возилото и така да се зголеми неговиот досег. Ефикасноста на секое патување може анонимно да се сподели со други возачи и да се споредуваат податоците.

  • Предзагревање на возилото

    Влезете во удобно разладено возило во лето и загреано возило со одмаглени прозорци во зима, овозможено од стационарниот клима уред во BMW X5 приклучен (plug-in) хибрид. Благодарение на електричниот компресор за ладење и електричниот грејач без резервоар, автоматскиот клима уред функционира скоро бесшумно, дури и кога моторот е исклучен. Однапред може да се приспособат две времиња на предвидено тргнување на пат.
    Половина час пред планираното тргнување, интелигентниот контролен систем го вклучува загревањето, ладењето и вентилацијата на селектираната температура. Системот се управува од iDrive Controller во возилото или практично со компатибилен смарт телефон со употреба на апликацијата My BMW Remote за приклучните (plug-in) хибриди.
    Доколку високонапонскиот акумулатор е доволно наполнет, загревањето и ладењето функционира без разлика дали возилото се полни од надворешен приклучок или не.

УДОБНОСТ.

Скоро и не треба да се спомене дека иновативниот автомобил како BMW X5 xDrive40e нуди врвна удобност. Стандардната карактеристика на пакетот на адаптивно потпирање Comfort нуди целосна динамика на возење, стабилност во секој момент и пријатно чувство при возење, дури и на долги патувања и кога возилото пренесува тежок товар. Целосно варијабилните амортизери и потпирањето на задната оска што сама се приспособува, гарантира одлична стабилност, без разлика на тоа колку е натоварено возилото.