ЈА ПРЕТВОРА КАБИНАТА ВО ВИП САЛОН.

Удобност и функционалност во BMW X6.

Потпрете се и уживајте. Во BMW X6 постои еден центар на внимание, а тоа сте Вие. Сè започнува со удобниот пристап, односно со влегување во просторна и неверојатно практична патничка кабина. Продолжува со опциите како што се Bang & Olufsen врвен сараунд аудио систем или опрема за забава за задните седишта Professional, со што Ви се овозможува на Вас и на Вашите сопатници да уживате во секое патување целосно релаксирани.

Врвен сараунд систем Bang & Olufsen

ВРВЕН САРАУНД СИСТЕМ BANG & OLUFSEN.

Благодарение на новиот систем за дигитална обработка на звукот Dirac Dimensions, врвниот сараунд аудио систем Bang & Olufsen создава отворена и жива атмосфера со исклучителна акустика. Неверојатниот звук се создава од 16 звучници со 1,200 W снага, вклучувајќи централен звучник на носечката инструмент плоча што автоматски се извлекува. Овој звучник е средно-тонска единица што се карактеризира со Acoustic Lens технологија за најдобар звук на сите седишта. Може да одберете помеѓу две поставки за звук: ,,Studio” за беспрекорен автентичен звук и ,,Expanded” за субјективно ширење на акустичниот простор. Светлата на посебните звучници придонесуваат за аудиовизуелното доживување.

ФУНКЦИОНАЛНОСТ.

Зона на добро чувство: Внатрешноста на моделот BMW X6 не импресионира само со ексклузивни материјали и вонсериски дизајн, туку нуди и голем простор за сите пет патници. Иако навидум изгледот дава впечаток дека станува збор за елегантен двосед, на задните седишта може да се смести и трет патник, доколку е потребно. Во внатрешноста на возилото на располагање се бројни практични прегради за складирање, вклучувајќи големи прегради во вратите и во задниот централен потпирач за раце, како и под подниот дел во багажниот простор (дел од опцискиот пакет за складирање). Предниот централен потпирач за раце содржи два големи држачи за чаша кои може со само еден потег да се скријат со капак во вид на ролетна. Во вратите може да се сместат шишиња од 1,5 литар. Патниците на задните седишта имаат пристап до два држачи за чаша во централниот потпирач за раце.

  • Потпирач за грб на задната клупа што може да се подели во однос 40:20:40

    Со подигнат потпирач за грб во исправена положба, просторот за багаж во BMW X6 нуди 580 литри простор за складирање. Во зависност од Вашите потреби, трите дела од потпирачот за грб може да се превиткаат во однос 40:20:40, и на тој начин да се зголеми просторот што е на располагање. Кога сите три делови ќе се превиткаат, се добиваат импресивни 1,525 литри достапен простор за багаж.

  • Пакет за складирање

    Какви било планови да имате, BMW X6 е подготвен. Високото ниво на функционалност дополнително се зголемува со опцискиот пакет за складирање. Во внатрешноста, овој пакет содржи, на пример, преграда за очила во покривниот дел. Во просторот за багажникот има флексибилна мрежа, мултифункционална кука налево, мрежа на левата страна од просторот за багаж, како и лента за затегнување налево и четири водилки за прицврстување со отвори за да се спречи лизгање на багажот.
    Идеален пријател: торба Pro за скии и сноуборд која може директно да се прицврсти на соодветното место за прицврстување. Дел од пакетот за складирање може да се користи за сигурен транспорт до четири пара скии или три сноуборда, и сепак останува доволен простор во задниот дел за два патника. Торбата може лесно да се извади затоа што има тркалца и може лесно да се транспортира и да се употреби надвор од возилото. Спакувана може да се смести во подниот дел од просторот за багаж.

  • Кука за влечење приколка

    Куката за влечење приколка може електрично да се приспособи и да се склопи и да се смести под задниот дел од возилото. Таа е опремена со систем за стабилност на приколката. Максималното оптоварување на приколката е 3.500 кг, во зависност од вградениот мотор.

Удобен пристап

УДОБЕН ПРИСТАП.

Иновативен и лесен за употреба, Системот за удобен (лесен) пристап овозможува да се отворат вратите од возилото и да се стартува моторот без да го употребите клучот. Клучот, кој може да биде во џебот од Вашите пантолони или во торба, автоматски се препознава при приоѓање на возилото и задната врата, исто така, може да се отвори и затвори без допир. Кога вратите автоматски ќе се отклучат (вклучувајќи ја и задната врата), моторот може да се вклучи со притискање на копчето Start/Stop.
Пакетот вклучува и надворешни предни и задни рачки од вратите што го осветлуваат блискиот простор.

Бесконтактно отворање на вратата од багажникот

БЕСКОНТАКТНО ОТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА ОД БАГАЖНИКОТ.

Кога некој сака да го отвори багажникот и е товарен со многу кеси од пазарување, вообичаено е да го бара клучот од багажникот додека стои крај возилото со полни раце. Во такви ситуации, иновативниот систем за удобен (лесен) пристап настапува за да Ве спаси и овозможува бесконтактно отворање на вратата од багажникот.
Системот за удобен пристап овозможува, заедно со автоматската постапка на задната врата, и бесконтактно отворање и затворање на задната врата. Брзо, прецизно движење на стапалото под задниот браник предизвикува сензорот да го започне процесот на отворање.
Задната врата тогаш се отклучува и самата се отвора. Сензорите вградени на различни висини во задниот браник го регистрираат движењето на стапалото и го отвораат багажникот. Оваа иновативна карактеристика од BMW ConnectedDrive го прави отворањето и товарањето во багажникот поедноставно и полесно. Багажникот се отвора само кога системот ќе го препознае клучот на сопственикот на возилото.

Систем на забава за задните седишта professional

СИСТЕМ НА ЗАБАВА ЗА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА PROFESSIONAL.

Системот за забава за задните седишта Professional на патниците на задните седишта им нуди најдобри опции на забава, благодарение на двата посебни HD дисплеи во боја. Дополнителниот DVD погонот во задниот дел им овозможува на патниците да гледаат различен филм на секој од двата 9,2 инчни монитори.
Исто така, може да гледаат телевизиски програми, да сурфаат по интернет, да пристапат до други мрежни содржини (во зависност од договорот со мобилниот оператор), да користат MP3 плеер или да се забавуваат со конзолата за игри. Звукот се емитира преку звучници или слушалки (вклучени се и безжични). Со системот за забава на задните седишта Professional може да се ракува преку далечински управувач. Дури и патниците во задниот дел може да пристапат до навигациските функции.

МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ИНСТРУМЕНТ ДИСПЛЕЈ.

Мултифункционалниот инструмент дисплеј со технологија на црна плоча и дијагонала на екранот од 10.25 инчи обезбедува многу импресивна визуелизација на доживувањето при возење. Истовремено, му помага на возачот да го насочи вниманието на патот што претстои со прикажување на релевантните информации и да спречи одвлекување на вниманието. На инструмент таблата може да се прикажат три различни режими и нивните специфични карактеристики, секој има своја шема на бои и графички стил: Comfort, ECO PRO и Sport режими. Додека Comfort режимот е задолжен за класичен изглед на инструментите, во ECO PRO режимот доминираат сини тонови на дисплејот каде новите EfficientDynamics и Bonus Range дисплеи му помагаат на возачот да оствари најефикасен начин на возење. Sport режимот се препознава по црвените тонови и опфаќа информации за перформансите.
На мултифункционалниот инструмент дисплеј може да се прикажат навигациски информации, меѓу кои и совети за помош за предвидување на рутата, како и листи од забавните и телефонските функции.  

BMW СЕРВИСЕН ПАКЕТ.

Со BMW сервисниот пакет, клиентите може да изберат посебен период на покриеност, без да се грижат за трупање трошоци за редовни сервиси и одржување. Овие сервиси, вклучувајќи ги BMW оригиналните делови, сето тоа е покриено со овој пакет. Оваа опција е достапна не само дома, туку и во светот кај сите BMW автосервиси и овластени BMW сервисни партнери. И во случај ако го продадете BMW возилото, сервисниот пакет автоматски се пренесува на следниот сопственик, зголемувајќи ја вредноста на возилото. Купувачите може да изберат BMW сервисен пакет што одговара на нивните лични потреби. Ова опфаќа: редовна сервиси како промена на масло и дополнување, сервисирање и промена на микрофилтери, филтри за гориво, филтри за воздух и свеќички, промена на течноста на сопирачката, проверка на автомобилот и други дополнителни сервиси во согласност со BMW стандардите.

  • BMW сервисен пакет плус

    Кога купувачите ќе го изберат BMW сервисниот пакет плус, на располагање имаат дополнителни BMW сервиси: замена на предните и задните плочки/дискови на сопирачката, спојка (кога е потребно) или бришачи за ветробранското стакло (кога е потребно, во рамките на промена на маслото). Сервисниот пакет е достапен со период на покриеност од три до десет години или врз основа на помината километража од 40.000 до 200.000 км.