Дизајнот на BMW X6

НАВИСТИНА ГО ПРИВЛЕКУВА ВНИМАНИЕТО.

Дизајнот на BMW X6.

НАВИСТИНА ГО ПРИВЛЕКУВА ВНИМАНИЕТО.

Дизајнот на BMW X6.

Време е да ја преземете контролата: BMW X6 е создаден за движење. Со енергични контури насочени нанапред, BMW X6 создава впечатлива динамика и корисност. Неговите широки раменици и цврстиот став ги одразуваат неговите Х гени, додека покривната линија во стил на купе, го истакнува непогрешливиот карактер на BMW X6. Комбинација која го прави овој спортски купе уникатен.

НАВИСТИНА ГО ПРИВЛЕКУВА ВНИМАНИЕТО.Дизајнот на BMW X6.

Време е да ја преземете контролата: BMW X6 е создаден за движење. Со енергични контури насочени нанапред, BMW X6 создава впечатлива динамика и корисност. Неговите широки раменици и цврстиот став ги одразуваат неговите Х гени, додека покривната линија во стил на купе, го истакнува непогрешливиот карактер на BMW X6. Комбинација која го прави овој спортски купе уникатен.

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН.

Широк. Мускулест. Динамичен. BMW X6 го комбинира цврстиот став на еден Х модел и спортскиот дух на едно купе. Впечатливиот преден дел содржи атрактивни отвори за воздух кои даваат индикација за тоа каква моќ се крие зад нив. Големата, спортски обликувана двојна полукружна маска го нагласува спортскиот дух, со дополнителна нота на надмоќ што ја даваат двојните предни светла и светлата за магла, кои се поставени широко на надворешноста на возилото. Кога се гледа од страна, спортската силуета на купе доаѓа до израз, оптички врамена од врвни хромирани рамки на прозорците. Од оваа перспектива, активниот дизајнерски израз на BMW X6 веднаш се препознава: првиот дел на непогрешливиот превој се протега од моќно обликуваниот калник на предниот дел од возилото и се протега до рачките на задните врати. Вториот дел започнува кај калникот на задното тркало и елегантно се стеснува кон задниот дел од возилото. Динамичната природа на BMW X6 е дури поизразена во импресивно широкиот заден дел, каде хоризонталните линии го карактиризираат цврстиот став. BMW X6 е подготвен да ги остави зад себе сите граници.  

ДИЗАЈН НА LED СВЕТЛАТА.

Надворешноста на BMW X6 може целосно да се опреми со LED осветлување – од предните светла и светлата за магла до задните светла.

  • Адаптивни LED предни светла

    Адаптивните LED предни светла се состојат од позиционите светла, LED светлински прстени, функција за средни светла, BMW систем против заслепување од други возачи, LED светла за магла, аголни светла, трепкачи, светла за дневно возење и адаптивни предни светла со контрола на променлив сноп на светлина. Сите функции се со LED технологија, без исклучок.
    Распределбата на светлината автоматски се регулира за да се усогласи со брзината и аголот на управувањето. Исклучителната силна светлина е слична на дневната светлина и оптимално и рамномерно го осветлува патот, со што се подобрува видливоста и се смалува заморот при возењето. Четирите LED светлински прстени имаат впечатлив и препознатлив изглед, дури и дење.

  • LED светла за магла

    Светлата за магла ја подобруваат видливоста на мала одалеченост при услови на магла или дожд, со што ја подобруваат безбедноста при ноќно возење. Покрај широкиот сноп светлина, тие се забележителни по бојата на нивната светлина – која е многу слична на дневната светлина – нивниот долг век на траење и ниската потрошувачка на енергија. Светлата за магла исто така имаат и впечатливо дизајнирани детали под двојните предни светла на привлечниот преден дел од BMW X6.  

  • Задни светла со LED технологија

    Задните светла со светлински елементи во LED технологија се составени од два посебни LED светлечки елементи со високи перформанси. И двата ја имаат карактеристичната L форма на BMW. Тое придонесува за зајакнување на идентитетот на задниот дел како BMW и го прави возилото препознатливо како BMW дури и во темница.
    Светлинските елементи во L-форма во светлата за сопирачките обезбедуваат дополнителен одраз на дизајнерскиот мотив на задните светла.

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН.

Јасни структури. Ексклузивен спортски дух. Високо квалитетна изработка. Внатрешноста на BMW X6 е внимателно обмислена, се до последниот детаљ. Во типичен BMW стил, кабината е ориентирана кон возачот, кој ужива во одличниот преглед благодарение на издигнатата положба на седење. Спортската форма на седиштата гарантира оптимална стабилност, дури и при најдинамичните патувања.
Силуетата во вид на купе и пријатните контури на внатрешноста обезбедуваат постојано чувство на удобност на патниците во возилото. Комбинацијата на светли и темни внатрешни површини создава интензивен контраст и материјалите со врвен квалитет и кожните украси како стандардна компонента испраќаат јасна порака: совршенството е најважно.

МАТЕРИЈАЛИ.

Врвниот квалитет е доминантна карактеристика на опремата од кожа и декоративните лајсни во BMW X6. Достапна е палета на разни впечатливи комбинации на бои. Една опција е горниот дел од инструмент таблата да биде во црна мека Nappa кожа; во комбинација со дизајнерскиот пакет Pure Extravagance во коњак/црна боја, ова е нагласено со контрастниот пораб во кафена боја. Долниот дел доаѓа во коњак боја. Содржината на М Спорт пакетот вклучува комбинација на кожа/алкантара во црна боја и внатрешни декоративни лајсни во алуминиум „Hexagon“. Исто така е достапна и Dakota кожа во разни бои; корално црвена варијанта со црна контрастна опшивка се комбинира со внатрешни декоративни лајсни од брусен алуминиум за да создадат еден привлечен акцент.

ПАКЕТ ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ СО АМБИЕНТ СВЕТЛА.

Пакетот светла вклучува разни LED извори на светлина и овозможува во внатрешноста на BMW X6 да се создаде еден елегантен амбиент кој ги повикува патниците да се опуштат.
Амбиент светлото – вклучувајќи ја и „Welcome“ конфигурација на светла и девет претходно дефинирани светлински дизајнерски програми во сина, бела и портокалова боја – ја исполнува внатрешноста со пријатна и опуштена атмосфера која е комбинација на индиректна и директна светлина – нагласувајќи ја салонската атмосфера на возилото. Другите извори на светлина во амбиент светлата може да се најдат во покривното обложување, на украсните лајсни, во предниот и задниот простор за нозете, во наслоните на предните седишта и во сите панели и прегради на вратите, меѓу другите места.
Дополнителното LED надворешно осветлување дава уште поголема практичност во секојдневието; на пример во надворешните рачки на вратите кое го осветлува просторот околу вратите или практичните светла за читање во задниот дел од возилото.