ПРЕПУШТЕТЕ СЕ НА СИГУРНИТЕ ПОМОШНИЦИ.

BMW ConnectedDrive системи за помош при возење во BMW X6.

Совршен партнер. BMW X6 го олеснува Вашиот живот. Со интелигентните системи што ја обезбедуваат целата поддршка што Ви е потребна. На пример, целосно автоматската Помош при парирање и Поглед на околината, што помагаат да маневрирате во комплицирани ситуации. За максимална удобност. За најголема сигурност и за Ваше задоволство при возење.

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ ПЛУС.

Пакетот помош при возење плус не само што ги опфаќа системите за помош при возење, предупредувањето за напуштање лента и системот за контрола на приближување со функција на помошно градско сопирање, туку и активен темпомат со stop&go функцијата и помош при сообраќаен метеж.
Активниот темпомат ја одржува брзината определена од возачот, како и растојанието до возилото пред него, на брзини до 210 км/час. Возилото ја презема контролата над забрзувањето и сопирањето и го одржува претходно определеното растојание до возилото пред Вашето, дури и при сообраќај што бавно се движи и според потреба целосно го запира возилото. Доколку возилото пред Вашето ненадејно запре, BMW веднаш реагира, доколку е активирана контролата за предупредување за приближување. Системот функционира во чекори. Прво се прикажува симбол за предупредување, а потоа симболот почнува да трепка и се емитува акустично предупредување, а на крајот се применува сопирачката.
Помош при сообраќаен метеж помага да се намали оптоварувањето на возачот за време на монотоните ситуации при возење. При брзини до 60 км/час, системот овозможува ,,рамномерно движење” со останатите возила во густ сообраќај и со тоа го прави сообраќајниот метеж помалку стресен. Системот автоматски ја одржува саканата оддалеченост од возилото пред него и ја регулира брзината на возилото до целосно запирање и обезбедува активна поддршка при управувањето.  

BMW Head-Up Display

BMW HEAD-UP DISPLAY.

BMW Head-Up дисплејот во боја ги проектира сите информации што се важни за патувањето директно во видното поле на возачот и на тој начин му овозможува целосно да се посвети на возењето. Податоците како што е моменталната брзина, во зависност од опремата, се прикажуваат заедно со навигациските совети, информациите за ограничувањето на брзината, вклучувајќи предупредување за забрана за претекнување, телефонски и забавни листи, информации и предупредувања за различни системи за помош. Иконите проектирани на ветробранското стакло се прикажуваат со голема резолуција и во боја. Проекцијата на сликата се прикажува како да се наоѓа 2.3 метри пред возилото. Така, во комбинација со најдоброто позиционирање, се овозможува информациите брзо да се прочитаат со минимално одвлекување на вниманието. Осветлувањето на проекцијата автоматски се приспособува за да одговара на надворешните услови на осветлување, со различен дневен и ноќен дисплеј, и воедно висината на дисплејот може да се приспособи. Возачот може да избере која информација да се прикаже заедно со тековната брзина и предупредувањата од системите за помош при возењето.

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ.

Целосно автоматската помош при паркирање е последната генерација на удобност при паркирање во BMW. Во оваа генерација, системот ги селектира степените за пренос за возење напред или назад, презема контрола на управувањето и според потреба, автоматски забрзува или сопира. Пред маневрирање за паркирање, возачот треба само да го вклучи трепкачот и потоа да го држи притиснато PDC копчето за време на целиот процес на паркирање, заедно со следење на површината околу возилото со помош на автоматско активирање на задната камера. Кога ќе се заврши паркирањето, системот ја селектира P позицијата на возење. При движење на брзина до 35 км/час и со максимално растојание од 1.5 м од редот на паркирани автомобили, ултрасоничните сензори во BMW користат Контролен дисплеј за да се прикажат потенцијалните празни места каде ќе биде можно да се спроведе паралелно паркирање на работ од патот.

BMW НОЌЕН ПОГЛЕД СО ДИНАМИЧНА СВЕТЛОСНА ТОЧКА.

BMW Ноќниот поглед со динамична светлосна точка може ноќе да регистрира луѓе и поголеми животни, дури и на прилично голема оддалеченост и да ги осветлува.
Инфрацрвената камера, вградена во маската на возилото пренесува слики на луѓе и животни директно на Контролниот дисплеј. Интелигентен систем за рано предупредување со голем потенцијал: Веднаш штом инфрацрвените сензори ќе регистрираат пешаци или поголеми животни со потенцијална можност за судир во темнината, системот насочува два одделно контролирани динамични светлосни точки на нив, без непријатно заслепување. Ова светло обезбедува ефикасно предупредување за возачот и за лицето кое приоѓа за потенцијално опасната ситуација.
Возачот добива дополнително предупредување на BMW Head-Up дисплејот во боја или на инструмент таблата, доколку термалното прикажување на сликите е активирано. Доколку постои акутен ризик од судир со регистрираните лица или животни, ќе се слушне акустичен аларм и сопирачките се подготвени за непосредна активност. BMW Night Vision со динамична светлосна точка е иновација од палетата на BMW ConnectedDrive.

ПОГЛЕД НА ОКОЛИНАТА.

Погледот на околината вклучува функција на системи на камера со поглед одозгора, заден поглед и панорамски поглед. Камерите во надворешните ретровизори и двете камери со широк агол, една во предниот дел, а другата во задниот дел овозможуваат 360o панорамски поглед околу возилото, како и панорамски поглед на површината пред и зад возилото.
Поглед одозгора опфаќа 360o панорамски поглед на површината околу возилото и ги користи овие податоци за компјутерски да генерира поглед од птичја перспектива за да го олесни маневрирањето. Камерата со широк агол во маската во предниот дел и задна камера со широк агол овозможуваат панорамски поглед на површината пред и зад возилото. Помош за предупредување за приближување на возила му помага на возачот најпрво со прикажување жолти снопови на страничните рабови од сликата како и со жолт триаголник за предупредување.
Системите на камера се активираат автоматски кога возилото се движи наназад или е притиснато PDC копчето или копчето за страничен поглед. Сликите кои ги даваат камерите се прикажани на Контролниот дисплеј. Возачот може да избере помеѓу задната камера, поглед одозгора и панорамски поглед. Функцијата на страничен поглед автоматски се исклучува кога возилото ќе достигне 15 к/час или повеќе.

НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ PROFESSIONAL СО iDRIVE TOUCH CONTROLLER.

Навигацискиот систем Professional се карактеризира со елегантен дизајн и супериорна палета услуги. Системот е едноставен и со него лесно се ракува, добро е интегриран во возилото, а опфаќа iDrive работен концепт и iDrive Touch Controller.
Системот опфаќа уред за телефонирање без раце (hands-free) со USB интерфејс и гласовна контрола, радио BMW Professional со DVD погон како и 20 GB меморија за аудио датотеки. Исто така, овозможува употреба на сообраќајни информации во реално време (RTTI). Вграден е LCD екран во боја од 10.25 инчи со функција на поделен екран (главен и помошен екран) и тој е дизајниран за оптимална видливост и читливост.
Мапите може да се ажурираат три години без дополнителен надоместок во салоните на BMW. Во рамките на BMW ConnectedDrive, во некои европски земји, системот автоматски ги ажурира мапите во текот на три години, до четирипати годишно.

Навигациски систем Professional.

  • iDrive Touch Controller

    iDrive Touch Controller со копчиња за директен пристап до менито, осум функционални обележувачи и гласовна контрола ја олеснуваат работата со тоа што Ви овозможуваат да внесете адреси за Вашата дестинација и тоа рачно на површината чувствителна на допир. Благодарение на прикажувањето на тридимензионалната мапа со употреба на сателитски слики како позадина на мапата, со фотографски реални прикажувања на избраните објекти, навигацијата се претвора во возбудливо визуелно доживување.