Динамика на возење на BMW X6

ВПЕЧАТЛИВ. ВО СЕКОЈ МОМЕНТ.

Динамика на возење на BMW X6.

ВПЕЧАТЛИВ. ВО СЕКОЈ МОМЕНТ.

Динамика на возење на BMW X6.

Впечатливиот дизајн на BMW X6 може да се препознае на прв поглед. Сепак, најпосле, еден фактор над сите е апсолутно најважен: какво е навистина чувството кога се вози оваа моќна машина? Шасијата на BMW X6 определува нови стандарди. BMW xDrive гарантира исклучителна влеча – без оглед на временските услови, без оглед на површината на која се вози. Ова е пропратено со одлична стабилност на одржување насока и агилност која моментално ве освојува. Опционалната опрема вклучува пакети за адаптивно потпирање и активно управување – за уште поголемо задоволство при возење.  

ВПЕЧАТЛИВ. ВО СЕКОЈ МОМЕНТ. Динамика на возење на BMW X6.

Впечатливиот дизајн на BMW X6 може да се препознае на прв поглед. Сепак, најпосле, еден фактор над сите е апсолутно најважен: какво е навистина чувството кога се вози оваа моќна машина? Шасијата на BMW X6 определува нови стандарди. BMW xDrive гарантира исклучителна влеча – без оглед на временските услови, без оглед на површината на која се вози. Ова е пропратено со одлична стабилност на одржување насока и агилност која моментално ве освојува. Опционалната опрема вклучува пакети за адаптивно потпирање и активно управување – за уште поголемо задоволство при возење.  

Дознајте за дизајнот и динамиката на возење на BMW X6

МАКСИМА: МАКСИМУМ.

Дознајте за дизајнот и динамиката на возење на BMW X6.

МАКСИМА: МАКСИМУМ.

Дознајте за дизајнот и динамиката на возење на BMW X6.

BMW X6 M50d.

BMW X6 M50d ја искористи стручноста на инженерите на BMW M, со специјалниот и одлично ускладен погонски склоп, потпирање и дизајн. Крајниот резултат е еден автомобил кој нуди возбудлива комбинација на чиста динамика, комфор и секојдневна употреба.  

  • M Performance TwinPower турбо линиски 6-цилиндричен дизел мотор

    BMW M Perfomance TwinPower турбо линискиот мотор со 6 цилиндри и троен турбо полнач комбинира една впечатлива изведба со снага која ги издржува и најголемите брзини на моторот. Овој погонски склоп на фамилијата мотори EfficientDynamics ја претставува карактеристиката на директно вбризгување со заеднички вод (CommonRail) и турбо полнач во три фази со варијабилна геометрија на турбината, што доведува до реакција со брзина на светлината и многу голем вртежен момент дури и при мали брзини на моторот. Со брзина меѓу 2.000 и 3.000 rpm, достапен е максимален број вртежи од 470 Nm. 3.0-литарскиот мотор создава максимална излезна моќ од 280 kW (381 hp) меѓу 4.000 и 4.400 rpm. BMW X6 M50d забрзува од 0 до 100 км за 5.2 секунди. Овие впечатливи перформанси со комбинирана потрошувачка на гориво од 6.6 литри на 100 км и СО2 емисии од 174 г/км го прикажуваат одличниот однос меѓу динамиката и ефикасноста и повторно истакнуваат дека BMW има легендарни карактеристики во однос на мотори.  

  • Адаптивно M потпирање

    Со M Performance специфичните поставки, адаптивното M потпирање обезбедува типичната агилност на BMW X моделите да добие уште поспортски обележја. Динамичката контрола на амортизерите и воздушното потпирање на задната оска се дизајнирани за исклучително спортско возење за што најзаслужно е точното и прецизно контролирано управување.
    Пакетот на Адаптивно потпирање Dynamic му дава на BMW X6 M50d максимална агилност, прецизност и латерална динамика. M Performance специфичните поставки, системите на динамичната контрола на перформансите и динамичкото возење, гарантираат уште понеутрално управување и го намалуваат страничното наведнување на возилото во свијоци.

  • Надворешност

    M гените на BMW X6 M50d создаваат една нота на динамична супериорност уште на прв поглед. Спортскиот дизајн се истакнува благодарение на бројните карактеристични и ексклузивни детали. Тие делумно се обезбедени во содржината на М Спорт пакетот, кои се стандардни, како што се специфичните предни и задни браници како и BMW Individual Shadow Line со висок сјај.
    Дури и кога се гледа од далеку, BMW X6 M50d се издвојува од останатите возила. Специјално развиениот стил на опционалните 20-инчни тркала од лесни легури е лесно препознатлив во толпата. Железно сивата боја околу големите отвори за воздух во широкиот преден дел го засилуваат веќе импозантниот впечаток на возилото. Привлечните спортски куќишта на надворешните ретровизори, исто така во железно сива боја, ќе бидат отпорни на секаков вид челен ветер. Одлични елементи во моќниот заден дел од возилото ги вклучуваат темно хромираниот натпис „X6 M50d“ и црно хромираната издувна цевка со висок сјај, кои уште повеќе го нагласуваат динамичниот изглед.  

  • Внатрешност

    Содржината на М Спорт пакетот создава една единствена атмосфера во BMW X6 M50d: една симбиоза на спортски дух и елеганција.
    Штом ќе ја отворите вратата на возачот, натписот „M50d“ на газиштата од праговите веднаш се забележува. Со висококвалитетните материјали и непогрешливиот амбиент, внатрешноста одразува едно чисто задоволство во возење што ќе го доживеете со BMW X6 M50d. М кожниот управувач одлично лежи во рацете овозможувајќи ви прецизна и целосна контрола во секое време над вашиот BMW X6 M50d. 8-степениот Steptronic спортски пренос со вградени копчиња за промена на брзини ви овозможува да ги менувате брзините во удобни или спортски (во согласност со вашите лични желби) и да обезбедите уште поголемо задоволство при возење. За адреналинско возење во свијоци помага ергономијата на спортските седишта направена по мерка во алкантара/кожа антрацит комбинација и која ви гарантира оптимална стабилност.  

BMW xDRIVE.

Интелигентниот систем на погон на сите тркала BMW xDrive совршено се приспособува и на најпредизвикувачките услови на патните површини, и во секој момент гарантира најдобро прилепување на гумите. xDrive и Динамичната контрола на стабилност (DSC) овозможуваат BMW возилото да остане сигурно и стабилно. Контролиран преку DSC сензорскиот систем, xDrive флексибилно и брзо ја распоредува погонската снага помеѓу оските за да се спречи нагло свртување или недоволно вртење во кривини, а со тоа обезбедува неверојатно одржување правец. Уште повеќе, се гарантира брзо и сигурно забрзување дури и на лизгави или стрмни патишта. Во критични услови на патот, DSC не треба многу да интервенира. На тој начин, BMW xDrive ги комбинира сите предности на погонот на сите тркала - прилепување, одржување правец и сигурно возење со класична BMW агилност.

  • xDrive status

    Јасна порака, дури и во најтешките ситуации: xDrive статусот ја прикажува целосната слика. При возење по нерамен терен, возачот има пристап до информациите релевантни за теренското возење и на инструмент таблата и на централниот Контролен дисплеј. Освен лесниот за читање компас за ориентација (само со навигациски систем Professional), прикажани се и информации за должинското и попречното накосување на возилото, и тоа не само со бројки, туку и на графичкиот тридимензионален приказ на автомобилот.

Шасија

ШАСИЈА.

Величествен: Благодарение на широкиот траг и задната оска со пет рамена, BMW X6 импресионира со извонредни обележја на возење. Истовремено, исклучително е удобен, без никакви компромиси кога станува збор за динамиката.

Пакети на адаптивно потпирање

ПАКЕТИ НА АДАПТИВНО ПОТПИРАЊЕ.

Приспособете ја шасијата на Вашиот BMW X6 за да одговара на Вашиот вкус. Може да избирате помеѓу четири различни верзии.

  • Пакет Comfort

    Врвна удобност при возење со карактеристичната BMW динамика на возење: пакетот на Адаптивно потпирање ,Comfort’ овозможува во секое време потпирањето и поставките на амортизерите посебно да се приспособат.
    Главни компоненти на пакетот на адаптивно потпирање ,Comfort’ се Динамичката контрола на амортизерите и воздушното потпирање на задната оска. Стандардната поставка е дизајнирана за одлична удобност при возење и амортизација и таа може посебно да се приспособи со употреба на Контролата на доживување при возење. Така, преку Динамичната контрола на амортизерите, се менуваат карактеристиките на амортизацијата. Воздушното потпирање на задната оска е вклучена во пакетот опрема и гарантира постојана удобност при возењето, без оглед на тоа колку е тоа натоварено.
    Доколку, во текот на возењето, посакате подинамични поставки, достапни се Sport режимот и Sport+ режимот преку Контролата на доживување при возење. Со нив амортизерите стануваат поцврсти што директно се рефлектира во однесувањето на возилото и управувачот, односно возилото покажува уште повеќе спортски дух.

  • Пакет Dynamic

    Динамика на возење на највисоко ниво: Пакетот на адаптивно потпирање ,Dynamic’ им овозможува на возачите целосна динамика при возење на автомобилот. Опфаќајќи ги Динамичката контрола на перформансите и режимот Dynamic Drive, овој пакет гарантира изразена спортска динамика на возење и се истакнува со исклучително неутрално управување и минимално навалување на возилото во кривини, и сето тоа со супериорна удобност .
    Динамичката контрола на перформансите континуирано дистрибуира снага на задната оска и помеѓу левото и десното тркало. Во кривини, на пример, моментот на вртење е зголемен посебно на надворешните тркала кои повеќе се прилепуваат на подлогата. Резултат е – максимална динамика и оптимална стабилност. Истовремено, Dynamic Drive, благодарение на активните стабилизатори на предната и задната оска, обезбедува возилото што помалку да се навалува.
    Пакетот на адаптивно потпирање ,Dynamic’ во уште поголема мерка го истакнува спортскиот дух на BMW X6 M50d.

  • Пакет Professional

    Најдоброто од двата света: Пакетот на адаптивно потпирање ,Professional’ соединува компоненти од пакетите на адаптивно потпирање ,Comfort’ и ,Dynamic’, и со тоа обезбедува највисоко ниво на удобност при возење, а истовремено се максмимизира динамиката на возење. Поставките на потпирање на возилото може посебно да се приспособат во секое време со употреба на Контролата на доживувањето при возење.
    Бројните иновативни технологии се на располагање за да Ви помогнат при екстремно динамичното возење. На пример, Динамичката контрола на перформансите постојано распоредува погонска снага помеѓу левото и десното тркало на задната оска. Така, при возење во кривина, моментот на вртежи повеќе се применува на надворешното тркало во кривина ( има подобро прилепување). Резултатот се максимална динамика и оптимална стабилност. Истовремено, Dynamic Drive, со стабилизаторите на предната и задната оска го намалува аголното поместување на каросеријата на возилото околу неговата оска на попречното аголно поместување скоро до минимум.
    Таквото минимизирано поместување на каросеријата е особено посакувано кога возачот сака да постигне поголема удобност, бидејќи колку е помало бочното навалување, толку повеќе возењето е порелаксирано. По нерамни патишта, карактеристиките на амортизерите може уште повеќе да се приспособат со Динамичната контрола на амортизерите за уште поголема удобност при возење. Во пакетот со опрема вклучено е воздушното потпирање на задната оска и гарантира постојано високо ниво на удобност при возење, без разлика на тоа што се транспортира.  

  • Адаптивно М потпирање

    Зголемена динамика на возење: адаптивното М потпирање извлекува од BMW X6 уште повеќе динамички потенцијал при возење. Динамичката контрола на амортизерите и воздушното потпирање на задната оска се приспособени за да се испорачаат исклучително спортски карактеристики на возење.
    Sport и Sport+ режимите се достапни во Контролата на доживувањето при возење. Со нив возилото добива уште поголеми динамички обележја и поставките на амортизерите се потврди. Исто така, возилото многу подиректно реагира на движењата на управувачот и притискањето на педалот за гас. Во Sport+ режимот, активирана е Динамичката контрола на влечење (DTC) со што се овозможува многу амбициозно, динамичко возење и контролирано нишање. Во BMW X6 M50d, сите режими се карактеризираат со поспортска конфигурација.
    За најудобно возење на долги релации,може да се селектира режимот Comfort.

Активно управување

АКТИВНО УПРАВУВАЊЕ.

Нови димензии на удобност при возење – активното управување нуди прецизност, агилност и удобност во секоја ситуација на возење.
На помали брзини, како на пример при урбано возење, паркирање и при возење низ остри кривини, активното управување го зголемува аголот на управување. Возачот може прецизно да маневрира со возилото со мало вртење на управувачот, наместо да троши многу снага. Ова придонесува за подобра агилност на моделот BMW X6 и полесно паркирање.
За подобра удобност на поголеми брзини (од приближно 120 до 140 км/час, во зависност од моделот и калибрацијата), активното управување има повеќе индиректно влијание врз управувањето. Како резултат, активното управување го намалува степенот на вртење на тркалата. Предност: со поголеми вртења на управувачот, возачот може попрецизно да ги контролира тркалата, а резултатот е зголемена стабилност и удобност.
Активното управување му помага на возачот во критични ситуации како нагло вртење или сопирање на различни патни површини со ублажување на вртењето околу оската, на пример, со многу кратко време на реакција.
Бидејќи активното управување е дополнителен систем со хидраулична основа и не влијае врз директната врска помеѓу возачот и тркалата, маневарската способност на BMW X6 останува потполно зачувана, дури и, доколку системот се расипе. Кога сигурносниот склоп на механизмот за приспособување ќе регистрира некаква грешка, осигурувачот веднаш го блокира активното управување и ја враќа контролата кај возачот.