ШТЕДИ НА ГОРИВО, НО НЕ И НА ПЕРФОРМАНСИ.

BMW EfficientDynamics во BMW X6.

BMW X6 знае како да ги искористи своите ресурси. Доказ: неодолива динамика споена со ниска потрошувачка на гориво и емисии. Благодарение на иновативните и паметни технологии EfficientDynamics како интелигентната лесна конструкција и оригиналната аеродинамика, загарантирано е непречено задоволство при возењето.

Интелигентна лесна конструкција

ИНТЕЛИГЕНТНА ЛЕСНА КОНСТРУКЦИЈА.

Благодарение на лесната конструкција, секој грам за кој се намалува тежината на возилото, толку се зголемува задоволството при возење. Колку помалку маса има за придвижување, толку помалку енергија е потребна да за придвижување. Од триесеттите години на минатиот век, тоа сознание BMW доследно го пренесуваше на конструкцијата на возилото, и постојано ја подобрува. Нашите инженери постојано се прашуваат: Каде има смисла да се штеди на тежина? А, каде не е практично да се штеди? Резултатот е: интелигентна лесна конструкција. Таа опфаќа употреба ана ултралесни материјали како магнезиум за инструмент плочата или алуминиум во каросеријата и во капакот од просторот за моторот. Капак на подвозјето сочинет од текстилни материјали има позитивен акустичен ефект и, исто така, ја намалува тежината. Ова значи дека возилото, како целина, значително е полесно од своите претходници.  

Аеродинамика

АЕРОДИНАМИКА.

Целокупниот дизајн на BMW X6 е усогласен со филозофијата BMW EfficientDynamics. Оптимизираниот аеродинамичен преден дел и подвозјето се карактеризираат со иновативни усовршувања што го намалуваат отпорот на воздух и потрошувачката на гориво.
Интегрираната воздушна завеса ја насочува воздушната струја низ двата вертикални воздушни доводи и поминува покрај предните калници. Забрзаниот проток на воздух создава еден вид на завеса на надворешната страна од тркалата. Овие иновативни технологии ја намалуваат турбуленцијата и отпорот на воздух, така што потрошувачката на гориво во значителна мерка се намалува.
При возење, воздушниот излез користи сензор за континуирано проценување на моменталните потреби за ладење на моторот и ги отвора и затвора отворите за воздух во маската. Со ова се оптимизира аеродинамичноста и се скратува фазата на загревање за намалена потрошувачка на гориво.
 

8-степен steptronic sport пренос

8-СТЕПЕН STEPTRONIC SPORT ПРЕНОС.

Осум-степениот Steptronic Sport пренос се приспособува кон индивидуалните начини на возење. Тој е совршен за сè, од удобно крстарење до многу динамично возење. Освен автоматското избирање степен на пренос, тоа може да се направи и рачно во секое време. Промената на степен на пренос може да се спроведе преку динамички дизајнираната рачка на селекторот или на копчињата на управувачот.
Во Sport режимот, менувањето на степените на пренос се конфигурираат за максимални перформанси. Благодарение на кратките распони на менувачот и осумте степени на пренос, моторот секогаш се одржува на ниво на коешто најдобро може да се искористат неговата снага и ефикасност. Исто така, го прави забрзувањето побрзо, на пример, при претекнување друго возило.
При патувања со големи брзини, дополнителниот осми степен на пренос ја намалува потребната брзина на моторот, и со тоа, исто така, се намалува потрошувачката на гориво и бучавата на моторот. За тоа придонесува и новоразвиената конвертерска спојка. 8-степениот Steptronic Sport пренос нуди најголема удобност при промена на степенот и најголема можна ефикасност.

ECO PRO MODE.

Според интерната BMW студија за потрошувачката на гориво, ECO PRO режимот им помага на возачите да ја намалат потрошувачката на гориво до 20 проценти, во зависност од стилот на возење. Функцијата на ,,празен од “, Помошта за предвидување на рутата и ECO PRO route овозможуваат намалување на потрошувачката за уште 5 проценти.

  • Празен од

    Функцијата на празен од, го одделува погонскиот склоп од моторот и возилото се движи без никакво влијание на моторот. Ова се одвива кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас помеѓу 50 и 160 км/час, не го притиска педалот од сопирачката и Системот за предвидување на рутата не ја приспособува брзината.

  • Предвидување рута

    Со помош на податоците од навигацискиот систем, Системот за предвидување на рутата ги препознава свиоците, населените места, ограничувањата на брзината и излезите од автопатите и однапред дава совети кога да го стопирате забрзувањето.

  • ECO PRO Route

    Во зависност од состојбата во сообраќајот, начинот на возење и условите на патот, ECO PRO Route го пресметува и го прикажува најекономичниот пат. Патниот компјутер го прикажува процентот на гориво што може да се заштеди со ECO PRO Route.

ИНТЕЛИГЕНТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА.

За интелигентното управување со енергија во BMW X6 задолжени се голем број стандардни технологии на BMW EfficientDynamics, вклучувајќи ја автоматската функција Stop/Start и електричниот серво управувач и системот за обновување на енергијата на сопирање. Соработката помеѓу технологиите гарантира одржлива мобилност и максимална ефикасност.

  • Автоматска функција старт/стоп

    Автоматската функција старт/стоп овозможува да се користи гориво само кога возилото всушност се движи. Кога возилото ќе дојде до привремено мирување, на пример на семафори или при сообраќај тргни-застани, Автоматската функција старт/стоп штеди гориво со исклучување на моторот веднаш штом возилото целосно ќе запре.
    Сигналот на информацискиот дисплеј покажува дека Автоматската функција стоп/старт е активна. Веднаш штом возачот ќе го отстрани стапалото од педалот од сопирачката, моторот автоматски повторно се вклучува.
    Автоматската функција старт/стоп никогаш не ги нарушува удобноста и сигурноста при возењето затоа што не се вклучува ако возилото не ја постигнало идеалната работна температура, ако внатрешноста доволно не се загреала/оладила, доколку напонот на акумулаторот е премногу низок или, доколку управувачот е свртен. Централната контролна единица го вклучува моторот, доколку е потребно, дури и кога возилото целосно е запрено – на пример, доколку возилото се придвижи или ако се замагли ветробранското стакло. Автоматската функција старт/стоп може да се исклучи во секое време со притискање копче.

  • Електричен серво управувач

    Секојпат кога возачот ќе го сврти управувачот, се троши енергија. Но, зошто да се троши енергија кога тркалата не се вртат? BMW електричниот серво управувач е активен само кога тоа е потребно. За разлика од конвенционалните хидраулични системи на управување, BMW EPS користи енергија само кога управувачот активно се врти. Кога аголот на управувачот е константен, електричниот мотор не е активен.

  • Обновување на енергијата на сопирање

    Секојпат кога ќе се притисне сопирачката се генерира кинетичка енергија и до неодамна оваа енергија не се искористуваше. Обновувањето на енергијата на сопирање го искористува овој долго занемаруван потенцијал. Така ослободената кинетичка енергија, која се создава кога возачот сопира или ќе го отстрани стапалото од педалот за гас, се претвора во енергија. Оваа енергија потоа се користи за полнење на акумулаторот од возилото. Интелигентното управување со енергија значи дека алтернаторот повеќе не треба постојано да работи со што се намалува оптоварувањето на генераторот. Резултатот е намалена потрошувачка на гориво и подобрени перформанси, класични предности на технологијата BMW EfficientDynamics.