ИЗВОНРЕДНИ ВНАТРЕШНИ ВРЕДНОСТИ.

BMW TwinPower турбо мотори во BMW X6.

Без компромиси: BMW X6 е отелотворение на моќ и перформанси. Во сите варијанти на моторот. Во исто време, тој нуди извонредна ефикасност. BMW EfficientDynamics семејството мотори ги комбинира најновите технологии на вбризгување, со променлива контрола на вентилите и иновативни турбо полначи. Ова овозможува BMW X6 да понуди една сјајна динамика и перформанси додека ја одржува потрошувачката на горивото и емисиите на штетни гасови на едно умерено ниво.  

Read more
BMW Twinpower Турбо бензински мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО БЕНЗИНСКИ МОТОРИ.

Најновата генерација на BMW TwinPower турбо бензински мотори испорачува исклучително агилна снага и дава одлични реакции, дури и при мали брзини. Во исто време тие се поефикасни, со помала емисија на штетни гасови и подобри перформанси во споредба со нивните претходници. Овие иновативни мотори ја комбинираат најновата технологија за вбризгување гориво и променлива контрола на вентилите со двоен VANOS со врвна технологија на турбо полнење и претстaвува пресвртница во развојната стратегија на BMW EfficientDynamics. Резултатот е исклучително ефикасен погонски склоп кој ја нагласува легендарната моќност на BMW моторите. BMW TwinPower турбо линиски 6-цилиндричен бензински мотор бил повеќе пати наградуван со наградата за „Мотор на годината“, и секој пат повторно ја потврдува својата репутација за динамично испорачување на снагата, карактеристики на исклучително мирно работење и впечатлива ефикасност. Моторите од палетата на BMW EfficientDynamics претставуваат еден технолошки концепт кој се покажал навистина успешен и се применува во речиси сите бензински мотори.  

  • BMW xDrive50i
    Цилиндри/вентили
    8/4
    Капацитет во ccm
    4,395
    Клип/цилиндар во mm
    88.3/89.0
    Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин
    330 (450)/5,500-6,000
    Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин
    650/2,000-4,500
    Размер на компресија:1
    10.0
  • BMW xDrive35i
    Цилиндри/вентили
    6/4
    Капацитет во ccm
    2,979
    Клип/цилиндар во mm
    89.6/84.0
    Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин
    225 (306)/5,800-6,400
    Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин
    400/1,200-5,000
    Размер на компресија:1
    10.2
BMW Twinpower турбо дизел мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО ДИЗЕЛ МОТОРИ.

Новата генерација на BMW TwinPower турбо дизел мотори е сведоштво на ригорозните примени на BMW EfficientDynamics филозофијата, комбинирајќи ги врвната снага и перформансите со ниската потрошувачка на гориво. Дизел моторите се познати по својата брза реакција и постојано испорачување на енерија при секоја брзина на моторот, како и по ниската потрошувачка на гориво. Тие се исто познати по својата исклучителна ефикасност и динамика, создавајќи многу ниска емисија на гасови и триење со цел да се обезбеди максимално задоволство при возење. Новите дизел мотори во BMW EfficientDynamics програмата се карактеризираат со лесна алуминиумска конструкција и еден, два или три турбо полначи со променлива геометрија на турбината. Тие исто така имаат и најново директно вбризгување со заеднички вод (CommonRail), со што се гарантира оптимално согорување за дополнително намалување на потрошувачката на гориво и СО2 емисии.  

  • BMW M50d
    Цилиндри/вентили
    6/4
    Капацитет во ccm
    2,993
    Клип/цилиндар во mm
    90.0/84.0
    Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин
    280 (381)/4,000-4,400
    Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин
    740/2,000-3,000
    Размер на компресија:1
    16.0
  • BMW xDrive40d
    Цилиндри/вентили
    6/4
    Капацитет во ccm
    2,993
    Клип/цилиндар во mm
    90.0/84.0
    Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин
    230 (313)/4,400
    Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин
    630/1,500-2,500
    Размер на компресија:1
    16.5
  • BMW xDrive30d
    Цилиндри/вентили
    6/4
    Капацитет во ccm
    2,993
    Клип/цилиндар во mm
    90.0/84.0
    Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин
    190 (258)/4,000
    Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин
    560/1,500-3,000
    Размер на компресија:1
    16.5