ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО+

Новите модели на BMW Серија 4. Новите возила BMW M4 и BMW M3.

ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО+

Новите модели на BMW Серија 4. Новите возила BMW M4 и BMW M3.

ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО+Новите модели на BMW Серија 4. Новите возила BMW M4 и BMW M3.

Загарантирано одлично искуство во управувањето: Новите модели на BMW Серија 4 се возбудлива комбинација на извонредни спортски карактеристики, динамичен дизајн и ексклузивен комфор. За највисок калибар на задоволство при возење – достапно дури и во поконцетрирана форма во новите спортски автомобили со високи перформанси на моделите од Сериите BMW M4 и BMW M3.

НОВАТА BMW СЕРИЈА 4 – СПОРТСКИ ВПЕЧАТОК.

Предниот дел на моделите на BMW Серија 4 ги редефинираат референтните точки на добриот дизајн. Впечатливата двојна полукружна маска е придружена со редизајнирани LED предни светла и му дава на возилото енергичен спортски дух. Солидниот браник со истакнати отвори за воздух и интегрирани LED светла за магла ја искачуваат динамиката на сосема ново ниво.

КАРАКТЕРИСТИЧЕН ЗАДЕН ДЕЛ.

Впечатлив поглед и на задниот дел од возилото: новите модели на BMW Серија 4 покажуваат еден солиден цврст став, дефиниран со солиден браник со интегрирани цевки за издувни гасови. Редизајнираните задни LED светла значително ја нагласуваат ширината на каросеријата и го нагласуваат динамичниот карактер на дизајнот, без оглед на тоа дали се вклучени.

ЕЛЕГАНТНА АТМОСФЕРА.

Внатрешниот дизајн на новите модели на BMW Серија 4 претставуваат една атмосфера на спортска елеганција комбинирана со исклучителен комфор. Сите системи за контрола во кабината се свртени кон возачот. Врвните седишта со совршена ергономија гарантираат првокласен комфор при седење. Избраните материјали како квалитетна кожа или атрактивните внатрешни декорации од чисто дрво или алуминум даваат еден исклучителен акцент и дополнително го нагласуваат спортскиот карактер на внатрешноста.

НОВИТЕ ВОЗИЛА НА BMW М4 И М3 – ЧИСТА ДИНАМИКА.

Предниот дел на новите BMW M4 и М3 возила зрачат со моќни спортски карактеристики. Црната полукружна маска со двојни лајсни во висок сјај и со знак М, од двете страни е опкружена со прогресивни LED предни светла. Мажествената хауба ги нагласува контурите на турбо моторите и, како и атлетската предна преграда со големите отвори за воздух претставува чисто олицетворение на перформанси.

АТЛЕТСКИ ЗАДЕН ДЕЛ.

Проширеното меѓуоскино растојание на задните тркала ја изразува огромната моќност на новите BMW М4 и М3 возила. Вратата на багажникот со интегрирани задни спојлери претставува одличен спој на функција и дизајн. Редизајнираните LED задни светла го истакнуваат цврстиот став. М дифузерот и двојните М издувни цевки поставени под агол совршено со вклопуваат во задниот дел со карактеристичните отвори за воздух.

ЕКСКЛУЗИВНА ВНАТРЕШНОСТ.

Во ексклузивната внатрешност на новите BMW М4 и М3 возила, спортските М седишта овозможуваат совршена странична потпора и оптимално го засолнуваат телото. Сите контроли во кабината кои се фокусирани на возачот гарантираат прецизна котрола во дел од секунда. Кружните мерачи слични на оние во тркачките автомобили, М кожен управувач и М рачка на менувачот за брзини додаваат совршени завршни детали кон целосно спортскиот впечаток.

ДИНАМИКA+

НОВИОТ BMW СЕРИЈА 4 COUPÉ.

ДИНАМИКA+

НОВИОТ BMW СЕРИЈА 4 COUPÉ.

Спортскиот изглед го задоволува силниот спортски дух: новиот BMW Серија 4 Coupé, нуди единствено чувство при возење благодарение на ниското тежиште, идеалното респределување на оптоварување на оската и на ефикасните мотори со високи перформанси. Заедно со својата ексклузивна опрема, овој возбудлив Coupé има се што е потребно да се привлече вниманието на минувачите. Динамичен. Спортски. Моќен.

СЛОБОДА+

НОВИОТ КАБРИОЛЕТ НА BMW СЕРИЈА 4.

СЛОБОДА+

НОВИОТ КАБРИОЛЕТ НА BMW СЕРИЈА 4.

Веднаш ги освојува срцата: новиот кабриолет од BMW Серија 4 го комбинира возбудливиот спортски дизајн со стилскиот и елегантен. Тврдиот покрив кој се повлекува дава врвно чувство на возење во кабриолет и уникатно искуство при возење во текот на целата година. Комфорната внатрешност и една цела палета иновативни технологии за активниот стил на живот, успешно се вклопуваат во целосниот концепт. За уникатно и интензивно искуство при возење.

ЕЛЕГАНЦИЈА+

НОВИОТ GRAN COUPÉ НА BMW СЕРИЈА 4.

ЕЛЕГАНЦИЈА+

НОВИОТ GRAN COUPÉ НА BMW СЕРИЈА 4.

Спортска елеганција доведена до совршенство: новиот Gran Coupé на BMW Серија 4 го комбинира привлечниот изглед, огромниот простор и типичните перформанси на BMW со интелигентната функционалност. Тој овозможува импресивен простор за нозете и за главата, хармонични елементи на дизајнот и исклучително агилно ракување. Совршена комбинација на динамика, стил и комфор.

АДРЕНАЛИН+

НОВИОТ BMW М4 COUPÉ.

АДРЕНАЛИН+

НОВИОТ BMW М4 COUPÉ.

Клучот за возбудливо возење: новиот BMW M4 Coupé со M TwinPower турбо линиски 6-цилиндричен бензиски мотор развива до 450 hp (331 kW), опционалниот седум-брзински М пренос со двојна спојка и адаптивно М потпирање нуди возбудлив спортски шарм со прецизно ракување. Колку и да ве предизвикува ситуацијата при возењето. Возбудлива динамика со моќ на движење.

БЕЗГРАНИЧЕН+

НОВИОТ BMW М4 КАБРИОЛЕТ.

БЕЗГРАНИЧЕН+

НОВИОТ BMW М4 КАБРИОЛЕТ.

Отворен за максимален интензитет: М TwinPower турбо линиски 6-цилиндричен бензински мотор кој развива до 331 kW (450 hp) и бројни технологии инспирирани од мотоспортот ги ослободуваат високите перформанси полни со адреналин и безгранично задоволство во возењето. Неспоредливо искуство – без оглед на тоа дали цврстиот покрив е отворен или не. Новиот BMW M4 кабриолет – амбициозна слобода на четири тркала.

ИКОНА+

НОВИОТ BMW М3 СЕДАН.

ИКОНА+

НОВИОТ BMW М3 СЕДАН.

Бескомрпомисно спортски карактер: новиот BMW M3 седан е спортски автомобил со четири врати и високи перформанси со M TwinPower турбо 6-цилиндричен бензински мотор кој развива до 331 kW (450 hp) – сосема доволно за спонтана изведба при секаков број на вртежи. Палета на иновации инспирирани од мотоспортот гарантира исклучителна динамика и ракување со голема прецизност. Модел на атлет кој ги поместува границите.

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО И СО2 ЕМИСИИ.

  • BMW 440i Coupé:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 7.7–7.4
    СО2 емисии во г/км (комбинирана): 179–172

    BMW 430i кабриолет:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 7.0–6.6
    СО2 емисии во г/км (комбинирана): 162–154

    BMW 440i Gran Coupé:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 6.8–6.6
    СО2 емисии во г/км (комбинирана): 159–154

    BMW M4 Coupé:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 8.8 (8.3)
    СО2 емисии во г/км (комбинирана): 204 (194)

    BMW M4 кабриолет:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 9.1 (8.7)
    CO2- СО2 емисии во г/км (комбинирана): 213 (203)

    BMW M3 седан:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 8.8 (8.3)
    СО2 емисии во г/км (комбинирана): 204 (194)

    Вредностите во загради се однесуваат на возилата со М пренос со седум брзини и двојна спојка со Drivelogic.

    Податоците за потрошувачка се утврдени врз основа на ЕЦЕ циклус на возење, во зависност од избраната дименија на тркала и гуми. Илустрираните модели вклучуваат опционална опрема.

    Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични емисии на CO2 за новите патнички автомобили може да се најдат во „Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни во сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија и на http://www.dat.de/en/offers/publications/guideline-for-fuel-consumption.html.

    Вредностите не се однесуваат на индивидуални возила и не се дел од понудата; тие имаат единствена намена да постават основа за споредба со други типови возила, СО2 емисии кои настануваат во текот на производството и одредбите за гориво и други енергетски извори не се земаат предвид кога се утврдуваат СО2 емисиите во согласност со Директивата 1999/94/ЕЗ.