50 years of BMW M.

50 ГОДИНИ BMW M.

50 Years BMW M

НИЕ СМЕ М - На нашата 50-та годишнина славиме пет децении фасцинантна историја со прекрасна заедница. Го посветуваме овој јубилеј не само на нашите многубројни успеси туку, пред сè, на нашите ентузијастични обожаватели, возачи и на сите вљубеници во M. Почнува нова ера, ера на емоции, електрификација и моќни технологии. Токму нашите лични толкувања на перформансите, електрификацијата и експресивниот животен стил ќе го обликуваат BMW во иднина. Покрај многубројните настани и претставувања на производи, подготвуваме и неколку изненадувања низ целата година. 50-та годишнина започнува со „Говорот за свикување“. НИЕ СМЕ М.

Дознајте повеќе
50 години BMW M.
Говор за свикување.

ПОВИК ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ.

ПОВИК ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ.

Повик за обединување.

Изминативе 50 години. Еден тим. Една страст.

 

 

Овој врвен спортски собир ја открива нашата движечка сила. Колку и да се различни возилата и нивните возачи - сите ги обожаваме забрзаниот ритам на срцето, адреналинот и ежењето што ни ги буди секој BMW M. Нè обединува страста за тоа посебно чувство шо го доживеал секој возач на BMW M. Ние сме М.

Дознајте повеќе

ПОДГОТВЕНИ ЗА НОВОТО ПОГЛАВЈЕ. НИЕ СМЕ М.

Точно 50 години по основањето, BMW M GmbH е во процес на трансформација кон електричната мобилност, која не само што ги зачувува непогрешливите карактеристики на изведбата на своите модели, туку истовремено ги збогатува со нови аспекти. Во оваа јубилејна годинина веќе ги претставивме целосно електричниот BMW i4 M50 performance и BMW iX M60. Како и BMW i7 M70, првиот BMW M автомобил базиран на целосно електричен луксузен седан, кој ќе биде достапен веќе на почетокот на следната година.

 

Со новиот претставениот прототип, BMW M започнува ново поглавје во автомобилите со високи перформанси. Концептното тестирање се фокусира на систем за погон на четири тркала кој се состои од четири електрични мотори и интегриран систем за контрола на динамиката на возење, кои заедно обезбедуваат фасцинантно ниво на перформанси и искуство. Очекувајте целосно електричен беспрекорен перформанс – создаден од BMW M.

Дознајте повеќе
BMW M
50 ГОДИНИ М МОЌНОСТ!

50 ГОДИНИ М МОЌНОСТ!

50 ГОДИНИ М МОЌНОСТ!

ЛЕГЕНДАРНОТО МОТОСПОРТ ЛОГО.

ЛЕГЕНДАРНОТО МОТОСПОРТ ЛОГО.

Со почетокот на годината на нашиот јубилеј се враќа и легендарниот BMW мотоспорт амблем. BMW M им нуди обележје на вљубениците во традицијата. Логото со распоредените полукругови во сина, виолетова и црвена боја се употребуваше на тркачките автомобили на BMW Motosport GmbH, основана во 1972 година. Сите BMW M модели и сите BMW модели со M Sport пакет сега го нудат класичното лого како опција за предниот и задниот дел и капачињата на тркалата.

БОИТЕ НА М.

БОИТЕ НА М.

Во годината на нашиот јубилеј, нудиме широк опсег на историски бои на каросерија како Dakar жолта, Daytona виолетова металик, Macao сина металик or Imola црвена металик боја за одбрани модели. BMW Individual визуализаторот ви го прикажува првиот впечаток за препознатливите специјални бои за каросерија.

НИЕ СМЕ ЕДНА СТРАСТ. НИЕ СМЕ М.

НИЕ СМЕ ЕДНА СТРАСТ. НИЕ СМЕ М.

Заедница изградена врз 50 години страст. Сите се поканети.

 

Кој е вашиот најдобар BMW момент?

 

Споделете го со нас преку #50JahreBMWM или #WeAreM.

НАШИТЕ ПРИКАЗНИ.

НАШИТЕ ПРИКАЗНИ.

Приклучете се на акцијата: Возиме брз круг низ историјата на најсилната буква на светот.

 

Навраќање од 1972 година до денес со оригинални фотогтафии и возбудливи видеа. Доживејте 50 години BMWM на сосема нов начин - на нашиот домашен терен, Nürburgring Nordschleife.

BMW M ЉУБОВ.

BMW M ЉУБОВ.

Книга за јубилејот.

Ексклузивни увиди, интервјуа, фотографии и многу повеќе се вклучени во новата книга „BMW M Љубов“. Сега достапна преку Delius Klasing и Amazon.

BMW M X PUMA.

BMW M x PUMA

Подгответе се за ексклузивна нова BMW M PUMA колекција, посветена на обожавателите, возачите и вљубениците во BMW M насекаде. Очекувајте ги историските црвана, светлосина и темносина боја на BMW M, во комбинација со возбудливиот стил на PUMA и „50 Jahre BMW M“ брендирање.

50 ГОДИНИ BMW M.

Прославете со нас.

„Гудвуд“ фестивал на брзината

The Goodwood Festival of Speed (FoS) не е поврзан со познатиот британски резерват. Овде се комбинираат перформансите, мотоспортот и историјата. Секоја година, повеќе од 180.000 меѓународни посетители доаѓаат во Гудвуд хаус во Вестхампнет близу Чичестер во Јужна Англија. Ова е најголемиот настан од таков вид во светот - а оваа година е специјално посветен на BMW M.

Дознајте повеќе
BMW Музеј / М изложба

Во BMW Музејот е поставена фасцинантна изложба за да се одбележи јубилејот. Од 24 мај, за да се прослави основањето на BMW, М делот од музејот е реновиран со фасцинантни увиди во историјата на брендот со најмоќната буква на светот. Неколку прототипа го документираат развојот на компанијата и илустрираат најразлични концепти на нивното време. Изложбата во BMW Кулата во Минхен е отворена до крајот на годината.

Дознајте повеќе
BMW M Денови на патеката

Веќе сте гладни за мотоспорт акција? Тогаш BMW M Денови на патеката 2022 се токму тоа што ви треба: Без оглед дали сте BMW M купувач со сопствено возило или BMW M мотоспорт тим, овде можете да ги покажете вашите вештини зад воланот и вашата страст за мотоспортот. На BMW M Деновите на патеката имате можност да ги доживеете уличните тркачки BMW M мидели и тркачките автомобили поделени во две групу: УЛИЧНИ и ТРКАЧКИ. Стартувајте го вашиот мотор на 14 мај на Red Bull Ring , на 8 и 9 јули на Hockenheim или на 29 септември на Nürburgring.

Дознајте повеќе
Concorso d’Eleganza Villa D’Este

22 мај 2022 година го означува почетокот на најлуксузниот избор на убавина за историски автомобили организиран покрај езерото Комо. Локацијата е совршена и за јубилејот на BMW M. Изложба на историски BMW M автомобили, вклучително и уникатни возила, ексклузивна светска премиера на нов BMW M автомобил и М парадата се импресивен доказ за харизмата на BMW M, од минатото кон иднината.

Дознајте повеќе
24 часа Nürburgring

Следниот акцент во 2022 година е од 26 до 29 мај 2022: 24-те часа на легендарната Nordschleife им нудат на 130 тркачкки автомобили можност да ја покорат најдолгата и најтешката тркачка патека во светот. Вистински тест за издржливост за новиот BMW M4 GT3, кој ќе го има своето деби на 24-те часа на патеката во јубилејната година на компанијата. А има многу причини за славење во придружната програма, со М парада по повод 50 години BMW, изложба за 50-годишнината на BMW M Мотоспорт и M Мотоспорт трка на легенди.

Дознајте повеќе

BMW M 50 JAHRE ИЗДАНИЕ.

BMW M 50 JAHRE ИЗДАНИЕ.

Специјалниот модел за јубилејот.

 

Ограничено издание, уникатни елементи на дизајн, ексклузивен стил: за да го означи почетокот на шестата деценија од своето постоење, BMW MGmbH ви нуди две ексклузивни изданија на модели засновани врз спортските автомобили со високи перформанси BMW M4 и BMW M3.

ПОЧЕТОК НА НОВО ПОГЛАВЈЕ.

ПОЧЕТОК НА НОВО ПОГЛАВЈЕ.

BMW M3 Competition Седан: Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 9,8 (WLTP); CO2 емисии во г/км (комбинирано): 224-223 (WLTP)

 

BMW M3 Competition Седан со M xDrive: Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 10,1-10,0 (WLTP); CO2 емисии во г/км (комбинирано): 230-228 (WLTP)

 

BMW X6 M Competition: Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 13,1 (NEDC) / 13,4-13,1 (WLTP); CO2 емисии во г/км (комбинирано): 301 (NEDC) / 305-299 (WLTP)

 

BMW i4 M50: Потрошувачка на електрична енергија во kWh/100 км (комбинирано): 22.5-18.0 (WLTP); CO2 емисии во г/км (комбинирано): 0 г

 

BMW iX M60: Потрошувачка на енергија во kWh/100 км : 24.7-21.7* (WLTP); CO2 емисии во г/км 0 (WLTP)

 

BMW M 1000 RR: Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 6,5 (WMTC); CO2 емисии во г/км (комбинирано): 151 (WMTC)

Дознајте повеќе

Илустрираните модели вклучуваат опционална опрема.

 

Официјалните податоци за потрошувачката на енергија и електричен опсег се утврдени во согласност со процедурата за задолжително мерење и во согласност со регулативата (EU) 715/2007 која се применува при хомологација на возилото. Во случајот на опсег, вредностите во NEDC ги земаат предвид разликите во одбраните големини на тркала и пневматици; вредностите во WLTP ја земаат предвид опционалната опрема. WLTP вредностите се употребуваат за утврдување даноци и други давачки за возилата што (исто така) се засновани врз CO2 емисии, како и за целите на субвенции специфични за возилата, ако е применливо. Каде што е применливо, наведенит NEDC вредности беа пресметани и засновани врз новата WLTP процедура за мерење и потоа пак беа претворени во NEDC процедурата за мерење поради споредба. За новотестирани возила според типот по 01.01.2021 година, официјалните податоци веќе не постојат според NEDC туку само според WLTP. За повеќе информации за процедурите на мерење на WLTP и NEDC видете www.bmw.de/wltp.

 

Повеќе информации за официјалната потрошувачка на гориво и специфичните CO2 емисии на новите патнички возила може да се најдат во „прирачникот за потрошувачка на горици, CO2 емисии и потрошувачка на енергија на нови патнички возила“, кој е достапен на сит продажни места и на https://www.dat.de/co2/.

Сите возила и можности за комбинација и варијација во опремата што се прикажани овде се примери и може да се разликуваат во вашата земја. Тие во ниеден случај не претставуваат обврзувачка понуда од BMW M GmbH. Посетете ја вашата локална BMW веб-страница или посетете го вашиот овластен BMW продавач за прецизни детали за понудите во вашата земја.

 

 

Дознајте повеќе