ВРАЌАЊЕ ВО НОВА ЕРА.

Концепт BMW Серија 8.

ВРАЌАЊЕ ВО НОВА ЕРА.

Концепт BMW Серија 8.

ВРАЌАЊЕ ВО НОВА ЕРА.Концепт BMW Серија 8.

Концепт BMW Серија 8 го оживува сето она што BMW иконите се залагале отсекогаш: комбинирајќи ја агилноста на еден спортски автомобил со стилот на еден џентлмен. Концентрираната сила преточена во модерен луксуз и совршена динамика ја препознава безвременската елеганција. Дознај повеќе за ова coupé.

СУПЕРИОРНИ ПЕРФОРМАНСИ ВО СЛЕДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА.

Безкомпромисна Динамика во возењето.

СУПЕРИОРНИ ПЕРФОРМАНСИ ВО СЛЕДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА.

Безкомпромисна Динамика во возењето.

Постои само едно место каде што може да се продолжи приказната за автомобилската икона: на тркачката патека. Неговата динамична надворешност ја најавува моќта која е содржана во Концептот BMW Серија 8 дури и кога мирува, ова впечатливо спортско coupé несомнено најавува суперлативно возачко искуство.

СТРЕМЕЖ ПРЕМА НАПРЕД ВО СЕКОЈА ЛИНИЈА.

Силуетата на Концепт BMW Серија 8 лежи ниско и моќно на патот. Прецизни контури и возбудливи мускулести површини ветуваат динамично возачко искуство уште на прв поглед. Бубрег решетката која доминира во предниот дел ја нагласува ниската гравитација на возилото, додека предните светла одлучно се вперени на патот. Две експресивно дизајнирани линии кои се движат на задниот дел на ултра спортскиот автомобил со нивниот низок и широк изглед го зајакнуваат севкупниот доминантен впечаток.

АВТОМОБИЛ ЗА ВОЗАЧОТ.

Максимален фокус преку иновации.

АВТОМОБИЛ ЗА ВОЗАЧОТ.

Максимален фокус преку иновации.

Иновативните функции на Концепт BMW Серија 8, отвараат еден нов свет во возачкото искуство. Дизајнот на новиот кориснички интерфејс е логичен чекор во дигиталниот свет и презентира модерна интерпретација на преходните кружни аналогни инструменти. Како во мотоспортот, возачите најважните информации ги имаат дриекно пред себе и притоа можат целосно да се концентрираат на управувањето. Дигиталното искуство и задоволството во возењето креираат симбиоза без преседан, а воедно и создаваат едно сосема ново возачко искуство.

МОТОСПОРТ ДНК ВО СПОЈ СО ЕКСКЛУЗИВНОСТ.

Внатрешноста е целосно фокусирана во она што е од суштинско значење при возењето. Кога ќе се најдете зад воланот, опкружувањето дава чувство на цврст спортски автомобил.

Секоја површина и линија во внатрешноста стреми кон напред, во желба за возење. Динамичниот дизајн и извонредните материјали го комплетираат ексклузивниот амбиент. Карбонските школки ја градат основната структура во тенките спортски седишта, додека Мерино кожата ја нагласува специјалната луксузна нота. Педалите и црвените декоративни шавови потсеќаат на тркачка патека, како основа на ДНК то од спортско coupé.

Ентериерот на Концепт BMW Серија 8 – претставува вистинско елегантен атлет.