СОЗДАДЕН ДА БИДЕ НЕСКРОТЛИВ.

Новиот BMW Concept Z4.

СОЗДАДЕН ДА БИДЕ НЕСКРОТЛИВ.

Новиот BMW Concept Z4.

СОЗДАДЕН ДА БИДЕ НЕСКРОТЛИВ. Новиот BMW Concept Z4.

Неограничена слобода се соединува со нескротливо задоволство во возењето: новиот BMW Concept Z4 го надминува стандардот и создава нова димензија на отвореност. Роудстер кој всушност е создаден за патишта и со дизајн кој зрачи моќ и атлетска енергија од секој агол. Роудстер кој не познава граници и во кој, секое ново патување отвора можности за една бесконечна радост.

ПОКАЖЕТЕ ГИ ВАШИТЕ БОИ.

Со овој роудстер не постои место за спогодби. Новиот BMW Concept Z4 го напушта статус квото и го зголемува задоволството во возењето така што тоа станува еден животен став. На надворешноста на автомобилот, енергетската портокалова боја на каросеријата ги истакнува мускулестите облини и се добива еден спектакуларен ефект – со што роудстерот станува центар на внимание на секоја локација. На прв поглед, рамниот повлечен преден дел и ниската поставеност на патот гарантираат потисок нанапред и спортски амбиции. Возилото се спојува со асфалтот, подготвено да истражува нови дестинации. Секогаш со една цел: чисто задоволство во возењето.

„BMW Concept Z4: една апсолутна слобода на четири тркала.“
Адриан ван Хојдонк, директор на дизајнот на BMW групацијата.

ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ЈА СЛОБОДАТА ВО ВОЗЕЊЕТО.

Новиот BMW Concept Z4 се чини отворен и нескротлив. Роудстер со силен карактер, опремен со впечатлива надворешност и еден самоуверен став. Секој детал ја покажува атлетската природа и една страст за слобода. Големите отвори за воздух на предниот дел и прецизно дефинираните отвори за излез на воздухот на предниот дел од капакот на моторот копнеат по брзина и струење на воздухот. Таков впечаток даваат и ниските полукружни маски, кои зрачат еден ексклузивен спортски стил со нивната конструкција што личи на саќе и новите мрежести вметнати елементи. Новиот BMW Concept Z4 – независност во една најосновна форма.

ВЛЕЗИ ЗА ДА ПОЧУВСТВУВАШ СЛОБОДА.

Во внатрешноста на новиот BMW Concept Z4, минимализмот се спојува со ексцентричноста. Ништо не е излишно, ништо не го одзема вниманието. Наместо тоа, сè е насочено кон возачот и кон единственото доживување при возењето. Оваа аспирација е нагласена со спортските седишта во променлив двобоен изглед: додека седиштето на возачот со црна мазна кожа зрачи со една атлетска аура, портокаловата Nubuck кожа на патничкото седиште ја пренесува радоста во тоа да ве возат. Двете кожни варијанти се во совршена хармонија со хромираните елементи кои се дел од внатрешноста. Сето ова, во комбинација со дизајн без рамки на прозорците, создава едно динамично, непречено чувство на простор кое го отвора погледот кон основните работи: кон патот и кон нови хоризонти.

„BMW Concept Z4 го покажува новиот дизајнерски израз на BMW во сите детали и од секоја перспектива.“
Адриан ван Хојдонк, директор на дизајнот на BMW групацијата.

ВОЗЕТЕ БЕЗ ГРАНИЦИ.

ВОЗЕТЕ БЕЗ ГРАНИЦИ.