Text Disclaimer

The content below presents a special purpose page that shall not be available in publish view. It's meant for authoring purposes only.

F32 2017 images

Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany и на http://www.dat.de/en/offers/publications/guideline-for-fuel-consumption.html.

Вредностите надвор од заградите се однесуваат на основниот модел со стандарден менувач, врендостите во заградите се однесуваат на моделот со опциски достапен менувач (види посебна опрема).

Потрошувачката на гориво е определена во согласност со ECE циклусот на возење (93/16/EC) составен од приближно една третина градско возење и две третини екстра градско возење (врз основа на поминато растојание). Емисиите на CO2 се мерат како додаток на потрошувачката на гориво како такво. Нивоата на потрошувачката на гориво се пресметуваат врз основа на возила со стандардна опрема. Посебната опрема (на пример, пошироки гуми) може да имаат значително влијание врз потрошувачката на гориво и нивоата на перформанси при возење.

Наведените технички податоци се однесуваат на германскиот пазар. Прикажаните модели може делумно да содржат опрема која не е дел од стандардната опрема. Според специфичните барања на другите пазари, може да настанат промени во однос на моделите, стандардот и опциската опрема, како што е опишано во текстот и сликите. За прецизни информации, ве молиме контактирајте го вашиот BMW партнер. Подлежи на промени во дизајнот и опремата. Подлежи на грешка. Опремата специфична за националните пазари овде не е прикажана.

Масата на неоптоварено возило (ЕУ) во кг: прикажаните вредности вклучуваат 90 проценти наполнет резервоар, 68 кг за возачот и 7 кг за багаж. Масата на неоптоварено возило се однесува на возила со стандардна опрема. Дополнителната опрема може да ја зголеми оваа вредност.

Номинална излезна снага: BMW препорачува употреба на супер безоловен бензин од 95 октани. Безоловен бензин од 91 октани или повеќе со најголем процент на етанол од 10 проценти (E10), исто така, е дозволен. Перформансите и потрошувачката на гориво наведни овде се врз основа на употребата на гориво од 98 октани.