BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 Black Sapphire металик тричетвртински поглед однапред во возење
Перформанси на моторот374 кс (275 kW)
Тип на мотори и горивоБензинДизел

THE 2

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 Black Sapphire металик тричетвртински поглед однапред во возење

НОВИОТ BMW M240i xDRIVE COUPÉ

Перформанси на моторот374 кс (275 kW)
Тип на мотори и горивоБензинДизел
THE 2НОВИОТ BMW M240i xDRIVE COUPÉ


Радикално спортски. Револуционерен и независен. Со динамиката од која ви застанува здивот и енергичната агилност, новиот BMW M240i xDrive Coupé пружа ненадминливи перформанси. А пред сè, нуди чиста и едноставна забава. Без оглед дали забрзувате, свртувате или возите брзо на прав дел од патот – бројот на вртежи се зголемува заедно со пулсот и адреналинот. Истовремено, прогресивно фокусираниот дизајн ги нагласува бескомпромисно спортските амбиции со секој аспект, прикажувајќи го BMW M240i xDrive Coupé во најдобро светло.


BMW M240i xDrive Coupé:
Потрошувачка на гориво во л/100км (комбинирано): 8.0
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 185

 

BMW M240i xDrive Coupé:
Потрошувачка на гориво во л/100км (комбинирано): 8.0
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 185

 

Дознајте повеќе

ПЕРФОРМАНСИ НА BMW M240i xDRIVE COUPÉ.

Погонски склоп, потпирање и перформанси.

BMW M240i xDRIVE COUPÉ.

Возбудлива возна динамика и агилност, сосема соодветни и за секојдневна употреба.
  • BMW M TwinPower Turbo линиски 6-цилиндричен бензински мотор со 374 кс
  • M Sport потпирање, M Sport диференцијал и M Sport сопирачки како стандардни
  • Интелигентен погон на сите тркала BMW xDrive
  • 275 kW (374 кс), 500 Nm, 0–100 км/ч за 4,3 сек
BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 Black Sapphire металик тричетвртински поглед однапред

BMW M240i xDRIVE COUPÉ – АТРИБУТИ НА ПРОИЗВОДОТ.

Возна динамика и карактеристики на дизајнот на BMW M240i xDrive Coupé.

Возбудливите перформанси се среќаваат со спортскиот изглед: со BMW M TwinPower линискиот 6-цилиндричен бензински мотор што развива до 374 кс (275 kW) и спортски дизајнираните инженерски карактерисрики како Адаптивното М потпирање, М sport диференцијалот или променливото спортско управување, BMW M240i xDrive Coupé нуди динамично возно искуство полно со моќ и агилност – во комбинација со особено прецизно управување. Овој високоспортски стремеж уште повеќе е засилен со М аеродинамичниот пакет и М технолошкиот пакет. Атлетската појава ја заокружуваат М специфични елементи на дизајнот во Cerium Grey сива боја и ексклузивни акценти во внатрешноста.
BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 Black Sapphire металик тричетвртински поглед одзади во возење
BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 BMW M TwinPower Turbo линиски 6-цилиндричен бензински мотор одблизу

BMW M TwinPower Turbo линиски 6-цилиндричен бензински мотор.

Врвен атлет што пружа чисто задоволство при возењето: M TwinPower Turbo линискиот 6-цилиндричен бензински мотор се одликува со супериорна снафа и препознатливиот карактеристичен звук на М мотор. Double-VANOS, Valvetronic, високопрецизното вбризгување и TwinScroll турбополначот обезбедуваат одлична сила.

Променливо спортско управување Адаптивно М потпирање BMW M240i xDrive Coupé G42 2021

Адаптивно М потпирање и променливо спортско управување

Адаптивното М потпирање може електронски да се приспособи во секое време за да одговара на патот и условите за возење. Може да се приспособат и карактеристиките на потпирањето преку контролата за искуство при возење за да ви се овозможи претпочитаниот стил на возење во тоа време – од удобен до екстремно атлетски со впечатливо агилно управување. Променливото спортско управување со Servotronic создава директна и агилна реакција на управувањето и го намалува напорот потребен за да се врти воланот. Реагира на аголот на воланот со различни односи на управување. Ова го подобрува управувањето при подинамично возење и го намалува потребниот напор при паркирање и свртување.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 BMW шасија M sport диференцијал

M sport диференцијал.

M sport диференцијалот ги оптимизира прилепувањето и стабилноста во возењето при промена на ленти или при забрзување на излез од кривина, кога се влегува во кривина со висока брзина или на различни патни површини. Прилепувањето се оптимизира со помош на електронски управуван уред што ја намалува разликата во бројот на вртежи меѓу задните тркала.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 Black Sapphire металик тричетвртински страничен поглед Steptronic Sport менувач

Steptronic Sport менувач.

8-степениот Steptronic sport менувач нуди неверојатна спортска промена на степените на пренос. Без разлика дали автоматски или рачно, користејќи ја палката за изборот на степен на пренос или преку лопатките на управувачот – за удобно крстарење или многу динамичен стил на возење. Во SPORT PLUS режим и со лопатката на управувачот во левата S/M позиција, промените на пренос се конфигурирани за најдобри перформанси.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 M Sport сопирачка темносина металик боја одблизу

M Sport сопирачка.

M Sport сопирачката има четириклипни фиксирани стеги напред и едноклипни подвижни стеги назад во темносина металик боја со М ознака и вклучува поголеми дискови на сопирачката за да гарантира извонредни перформанси при сопирањето. Приспособена на мошне високиот динамичен потенцијал на вашиот BMW, овозможува и исклучително атлетски стил на возење и одлично прикочување на влажни површини.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 Black Sapphire металик дизајн на преден дел

Дизајн на преден дел.

Предниот дел на  BMW M240i xDrive Coupé е врвот во спортската елеганција, но и максимално независен: моќниот свод на хаубата кажува сè. Експресивната бубрежна решетка со рамка во Cerium Grey сива боја и нови крилца што се отвораат или затвораат во зависност од потребата за воздух. Препознатливите предни светла потсетуваат на легендарните BMW Coupé икони како BMW 2002, додека М-специфичната предна маска – дел од стандардниот М аеродинамичен пакет – со нејзините јасно обликувани и триаголни странични отвори за воздух во Cerium Grey ја истакнуваат импресивната динамика на М автомобилот.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 Black Sapphire металик дизајн на задниот дел

Дизајн на заден дел.

Задниот дел на BMW M240i xDrive Coupé има особено атлетски изглед. Компактните задни светла поставени на задните крајни делови го истакнуваат широкиот став, додека стандардниот заден спојлер во боја на каросерија ги подобрува возните карактеристики благодарение на оптимизираната аеродинамика и му дава спортски акцент на возилото. Овој ефект го надополнуваат М-специфичната задна маска, која импресионира со впечатливиот дифузер во црна боја со висок сјај и препознатлив хексагонален украс. Целокупниот динамичен изглед е заокружен со цевка за издувни гасови во Cerium Grey сива боја.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 Black Sapphire металик страничен поглед

Страничен дизајн.

Страничниот поглед на BMW M240i xDrive Coupé открива силуета на радикално спортско купе. Агилниот дизајн со три кутии, со издолжена хауба, кратките препусти и просторот за складирање за патниците сместен позади создава особено динамичен впечаток. Истовремено, вертикално поставениот дел за бубрежната решетка, познат како нос на ајкула, му дава дополнителна динамика на страничниот дизајн. М куќиштата за ретровизори во Cerium Grey сива боја и перцизните линии на рамената што се протегаат од предните светла до задните светла ги потенцираат спортските амбиции на возилото.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 M Sport седишта

M Sport седишта.

Мултиприспособливите M Sport кадести седишта и делумно интегриран потпирач зза глава овозможуваат одлична странична поддршка за вас и вашиот совозач. Дополнително, ширината на наслонот зза грб може индивидуално да се приспособи. Специјалниот дизајн со црно M лого ги нагласува атлетските способности на возилото.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 M кожен волан

M кожен волан.

М кожниот волан што вклучува мултифункционални копчиња, M беџ и интегрирано воздушно перниче на страната на возачот доаѓа во дизајн со три краци. Со пораб на воланот во „Walknappa“ кожа во црна боја со црна опшивка и контурирани вдлабнатини за палците, овозможува директно, атлетско искуство при управувањето.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 M внатрешна украсна лајсна украсни панели на врата одблизу

M внатрешна украсна лајсна.

Осветлената М внатрешна украсна лајсна уникатно ги презентира М боите за внатрешност што со сигурност ќе привлече погледи. Украсните панели на вратата, осветлени во М бои го нагласуваат ексклузивниот спортски карактер на возилото, додека ефектот на избледеност ја истакнува динамиката по која се познати најсилните букви на светот.

ВОЗАЧКА КАБИНА И ТЕХНОЛОГИИ.

Оперативен концепт, дигитални услуги и системи за помош на возачот на BMW M240i xDrive Coupé

Извонредно фокусиран и бескомпромисно добро поврзан: Во кабината на BMW M240i xDrive Coupé ориентирана кон возачот, ќе бидете опкружени со најмодерна технологија. Уживајте во придобивките од интелигентните системи за помош на возачот кога возите и паркирате или комуницирате со вашиот BMW со помош на BMW Intelligent Personal Assistant. Достапни се и повеќе елементи и дигитални услуги што ќе ви овозможат идеална врска со вашиот BMW и со светот – за современа мобилност на највисоко можно ниво.
BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 BMW Live Cockpit Professional

BMW Live Cockpit Professional.

MW Live Cockpit Professional со функција на навигација вклучува два висококвалитетни дисплеја составени од 10,25-инчен контролен дисплеј што може да се управува со допир и целосно дигитален 12,3-инчен инструментен дисплеј. BMW Operating System 7 може да се управува и преку iDrive Touch Controller.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 BMW Intelligent Personal Assistant.

BMW Intelligent Personal Assistant.

Зар не би било неверојатно кога вашиот ВМW би бил и ваш личен експерт за возилото? Комуницирајте со вашиот BMW со помош на BMW Intelligent Personal Assistant. Изговорете природни наредби за да активирате вбројни функции на возилото. Тој може да ви објасни и теми поврзани со вашето возило и ви помага уште подобро да го запознаете вашиот BMW.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 Driving Assistant

Driving Assistant.

Безбедносниот пакет Driving Assistant вклучува предупредување за преден судир со функција на прикочување, Speed Limit Assist (Помош при ограничување на брзина) вклучително и Speed Limit Display (прикажување на ограничување на брзина) со индикатор за забрането претекнување и предпредупредување како и предупредување за сообраќај при возење во рикверц. Lane Departure Warning (Предупредување за скршнување од лента) и Lane Change Warning (предупредување за промена на лента со активно враќање, како и предупредување за заден судир ги заокружуваат елементите.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 Parking Assistant Plus

Parking Assistant Plus.

Parking Assistant Plus го олеснува паркирањето и маневрирањето со возилото. Меѓу другото, вклучува Surround View систем со Top View, Panorama View, Remote 3D View, како и помош за странично паркирање, функцијата за итно сопирање Active Park Distance Control, Parking Assistant со должинско и странично насочување и Reversing Assistant.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 Smartphone Integration

Smartphone integration.

Зошто да се лишите од карактерисриките на вашиот паметен телефон во вашиот BMW кога можете да го користите како и вообичаено? Со интеграцијата на паметниот телефон, вашето возило поддржува Apple CarPlay® and Android Auto® преку безжично поврзување меѓу паметниот телефон и возилото. Ова ви овозможува на практичен начин да ги користите познатите функции и различните апликации во возилото.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 Remote Software Upgrade

Remote Software Upgrade.

Секогаш имајте ја најновата верзија на софтверот. Со Remote Software Upgrade, вашиот BMW секогаш ќе биде ажуриран. Можете едноставно да ги преземете надградбите преку My BMW App или преку SIM картичката инсталирана во возилото и потоа да ги инсталирате. На овој начин, се активираат и другите достапни функции во вашиот BMW.

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 Amazon Alexa Car Integration

Amazon Alexa Car Integration.

„Алекса, додади и чај во списокот за пазарување.“ „Алекса, какво е времето во Минхен?“ Со Amazon Alexa Car Integration, може да ја користите гласовната услуга во вашиот автомобил без никаков напор, исто како и дома. Одговорите на Алекса се прикажани и како визуелен фидбек на контролниот дисплеј на важето возило.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА BMW СЕРИЈА 2 COUPÉ M АВТОМОБИЛ.

BMW M240i xDRIVE COUPÉ.

Моќност на моторот во kW (кс) на 1/min:

 

275 (374)/5.500-6.500

Максимален вртежен момент на 1/min: 

 

500/1.900-5.000

Забрзување 0–100 km/h во s: 

4.3

Потрошувачка на гориво во  л/100 км:

 8,8–8,1

BMW M240i xDrive Coupé G42 2021 димензии на линиски цртеж
Including of /content/bmw/marketB4R1/master/en_BQ/publicPools/teaser-pool/medium-teasers/tyre-energy-lables/jcr:content/par-4col/wideteaser_67 failed

M PERFORMANCE ДЕЛОВИ И ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ ЗА BMW СЕРИЈА 2 COUPÉ M АВТОМОБИЛ.

BMW M240i xDrive Coupé нуди динамично задоволство во возењето и мноштво спортска опрема. Оригинални BMW додатоци се достапни за сите ваши потреби. Нудиме широк избор на индивидуални додатоци што совршено одговараат на ова несекојдневно спортско возило во квалитет, дизајн и перформанси и ви нудат максимална додадена вредност - што и да имате на ум.

M Performance бубрежна маска од јаглеродни влакна BMW Серија 2 Coupé G42 2021

M Performance бубрежна маска од јаглеродни влакна.

Покажете го вашиот стил: рамката на M Performance бубрежната маска е изработена од премиум јаглеродни влакна. За особено елегантен, спортски и индовидуален изглед.

Кон производот
M Performance заден спојлер од јаглеродни влакна BMW Серија 2 Coupé G42 2021

M Performance заден спојлер од јаглеродни влакна.

M Performance задниот спојлер од јаглеродни влакна го унапредува врвниот квалитет и динамичниот изглед на автомобилот и гарантира оптимизирана аеродинамика.

Кон производот
M Performance заден дифузер од јаглеродни влакна BMW Серија 2 Coupé G42 2021

M Performance заден дифузер од јаглеродни влакна.

M Performance задниот дифузер од јаглеродни влакна создава уште помодерен изглед – и го истакнува спортскиот изглед на возилото. 

Кон производот
20-инчно M Performance ковано тркало Y фелни 795 M Jet Black мат BMW Серија 2 Coupé G42 2021

20-инчно M Performance ковано тркало Y фелни 795 M Jet Black мат.

20-инчни M Performance ковани тркала Y фелни 795 M во Jet Black мат боја. Комплет летни тркала со монитор на притисокот во пневматиците и run-flat пневматици.

Кон производот
M Performance волан BMW Серија 2 Coupé G42 2021

M Performance волан.

Цврсти факти: Воланот со простор за држење обложен во Alcantara кожа овозможува одлично чувство и стисок за поспортско чувство на управување.

Кон производот
M Performance покривач за наслонот за грб во Alcantara/јаглеродни влакна BMW Серија 2 Coupé G42 2021

M Performance покривач за наслонот за грб во Alcantara/јаглеродни влакна.

M Performance седиштето изработено од јаглеродни влакна со отворени пори и Alcantara им даваат на седиштата висококвалитетен тркачки спортски изглед.

Кон производот
BMW багажник за покрив 320 црна/титаниум сребрен BMW Серија 2 Coupé G42 2021

BMW багажник за покрив 320 црна/титаниум сребрен.

Багажник за покрив во црна/титаниум сребрена боја што се заклучува, достапен од двете страни со капацитет од 320 литри, компатибилен со сите BMW системи за покривни држачи.

Кон производот
BMW заден носач за велосипеди Pro 2.0 BMW Серија 2 Coupé G42 2021

BMW заден носач за велосипеди Pro 2.0.

Лесен, стабилен BMW заден носач за велосипеди Pro 2.0 за два велосипеда/е-велосипеда. Максимална носивост од 60 kg, може компактно да се спакува.

Кон производот
BMW подни облоги за сите временски услови, предни BMW Серија 2 Coupé G42 2021

BMW подни облоги за сите временски услови, предни.

Совршено вградените BMW подни облоги за секакви временски услови го штитат предниот простор за нозе од влага и нечистотии. Во црна боја со украс од нерѓосувачки челик.

Кон производот
BMW облога за багажник BMW Серија 2 Coupé G42 2021

BMW облога за багажник.

Црна, вградена, издржлива облога против лизгање што штити од нечистотии и влага.

Кон производот
19-инчно M Performance лесно алуминиумско тркало со Y фелни 898 M Frozen Gunmetal Grey сива боја BMW Серија 2 Coupé G42 2021

19-инчно M Performance лесно алуминиумско тркало со Y фелни 898 M Frozen Gunmetal Grey сива боја.

19-инчни M Performance лесни алуминиумски тркала со Y фелни 898 во M Frozen Gunmetal Grey сива боја. Комплет летни тркала со монитор на притисокот во пневматиците.

Кон производот
BMW Advanced Car Eye 2 BMW Серија 2 Coupé G42 2021

BMW Advanced Car Eye 2.

Во случај на нарушувања, високосензитивната фул-HD камера автоматски ја снима ситуацијата пред и зад возилото.

Кон производот
BMW Серија 2 Coupé G42 2021 Thundernight металик тричетвртински поглед однапред паркиран пред магацин

BMW СЕРИЈА 2 COUPÉ.

Спортскиот и елегантен BMW Серија 2 Coupé инспирира со неговата енергична динамика со погон на задните тркала и модерен комфор во висококвалитетната внатрешност.

ЦЕНИ, ФИНАНСИРАЊЕ И ЛИЗИНГ НА BMW СЕРИЈА 2 COUPÉ M АВТОМОБИЛ.

BMW ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ ЗА BMW M240I XDRIVE COUPÉ.

BMW Серија 2 Coupé G42 2021 Thundernight металик тричетвртински страничен поглед паркиран пред магацин

Финансиските производи на BMW Финансиски услуги што се скроени по мерка, брзо и флексибилно ве водат до вашата дестинација. Без оглед дали барате финансирање или лизинг – секоја од нашите понуди е индивидуално адаптирана на вашите потреби и желби. Дознајте повеќе за привлечните решенија за финансирање или за соодветната понуда за лизинг за вашиот нов BMW M240i xDrive Coupé.

УСЛУГИ И АСИСТЕНЦИЈА ЗА BMW M240i xDRIVE COUPÉ.

Вработен во BMW Услуги му помага на купувачот

ДАЛИ САКАТЕ ЛИЧЕН КОНСУЛТАНТ?

Доколку имате било какви прашања, барате дополнителни информации или сакате специфична понуда за BMW M240i xDrive Coupé, ве молиме контактирајте го BMW партнерот во вашата земја. Нашите стручни лица со големо задоволство ќе ви дадат индивидуални совети преку телефон или на лице место.

BMW SERVICE INCLUSIVE ЗА BMW M240i xDRIVE COUPÉ.

Вработен во BMW Услуги го поздравува купувачот

#whateverhappens. Сестрано безгрижно патување: овој пакет на yслуги ви нуди 100% транспарентност и практична едноставност на планирањето за избраниот рок на времетраење или километража.

  • Услуга за проверка на возилото согласно насоките од BMW
  • Замена на микрофилтер
  • Замена на течност за сопирачки

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии на BMW M240i xDrive Coupé.