Подобрување на серијата или повлекување на возилото претставува мерка заснована на дизајнерски или производствени толеранции, кои може да имаат влијание врз безбедноста или квалитетот на возилото. Ние чувствуваме силна одговорност за квалитетот и безбедноста на нашите производи. Затоа воведовме функција за пребарување, која ви овозможува самостојно да проверите дали вашето возило е опфатено со ваква мерка. Доколку е така, вашиот овластен партнер за BMW или MINI со задоволство ќе ви помогне – без дополнителен трошок, во секое време.
Прашања и одговори.
Што е VIN?
Секое возило има уникатен идентификациски број (VIN), кој секогаш се состои од 17 алфанумерички знаци.
Каде можам да го пронајдам мојот 17-цифрен VIN?
1. Во возилото:
- на контролната табла
- на рамката на вратата
- во моторниот простор
- кај резервното тркало (доколку го имате)
2. Сертификат за моделот
3. Регистарски талон дел 1
4. Регистрациски сертификат дел 2
5. Документи за осигурување
6. Документи од сервисна работилница
Кој ги плаќа трошоците за сервис/поправка?
BMW ги покрива сите трошоци поврзани со техничките мерки или безбедносните повлекувања.
Ако вашето возило е опфатено од техничка кампања или повлекување, можете лесно да закажете онлајн термин или да го најдете најблискиот сервисен партнер на BMW.
За било какви прашања, контактирајте го сервисниот партнер на BMW или нашата корисничка служба на:
Тел.: +389 (0)2 309 66 00