ИЗЈАВА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ.

BMW групата го цени Вашиот интерес за нејзините производи и Вашата посета на оваа веб страница.

ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ.

Кога ги користите нашите услуги, можеби ќе треба да внесете лични податоци. Внесувањето на овие податоци е доброволно. Вашите лични податоци се користат строго во согласност со германските закони за заштита на податоци.

 

Личните податоци внесени на веб страницата на BMW AG се користат како дел од договорната процедура и за да се обработат Вашите барања. Обработката и употребата на Вашите податоци за консултација, со намена на рекламирање и истражување на пазарот се одвиваат со Ваша јасна дозвола.

 

Доколку при давање согласност за намената наведена погоре, Вие исто така, ја давате Вашата дозвола Вашите податоци да се користат од останатите BMW AG организации или дополнително именувани трети страни, Вашите податоци може, исто така, да се пренесат на овие страни. Доколку ова не е случај, Вашите податоци нема да се префрлат на кои било други страни.

АВТОРСКИ ПРАВА.

© Copyright BMW AG, Munich, Germany. Сите права се задржани. Текстот, сликите, графиконите, звучните датотеки, анимациските датотеки, видео датотеките и другите обработки на веб страницата на BMW групата се предмет на авторско право и друга заштита на интелектуална сопственост. Овие делови не смеат да бидат копирани за комерцијална употреба или дистрибуција, ниту пак може да се модификуваат или повторно да ги објавуваат овие делови на други сајтови. Некои веб страници на BMW може да содржат слики чии авторски права се припишуваат на трети страни.

ГАРАНЦИИ, ОДГОВОРНОСТ.

Информациите на оваа веб страница се обезбедени ,,како што се “ и без гаранција од кој било вид, јасна или имплицирана, вклучувајќи (но, не ограничувајќи се на) кои било имплицирани гаранции за пласирање на пазарот, соодветност за посебна намена или непрекршување на правата на трети страни. Иако обезбедената информација се смета дека е точна, таа може да опфати грешки или неточности. Во никој случај BMW AG нема да биде одговорна пред кое било лице за кои било, посебни, индиректни или последователни оштети поврзани со овој материјал, освен ако не е предизвикано поради груба небрежност или намерна злоупотреба. BMW AG не е одговорна за содржините на веб страниците што се одржувани од трети страни и поради тоа ја одрекува својата одговорност за кои било линкови од оваа веб страница на други веб страници.

ЗАШТИТНИ ЗНАЦИ.

Освен ако не е поинаку наведено, сите заштитни знаци на оваа веб страница подлежат на правата за заштитни знаци на BMW AG, вклучувајќи марки, имиња на модели, лога и амблеми.

ЛИЦЕНЦИ.

BMW групата се стреми да создаде иновативна и информативна веб страница. Сепак, Вие, исто така, треба да разберете дека BMW групата мора да ја заштити својата интелектуална сопственост, вклучувајќи ги своите патенти, заштитни знаци и авторски права. Според тоа, Ве молиме земете предвид дека никаква лиценца за користење интелектуална сопственост на компаниите на BMW групата или интелектуалната сопственост на трети страни не е доделена со оваа веб страница.

УПОТРЕБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ КОМПОНЕНТИ НА FACEBOOK.

Една од карактеристиките на интернет присуството на BMW AG е тоа што таа користи социјални дополнителни компоненти (,plugins’) од социјалната мрежа facebook.com, кои се управувани од Facebook Inc., 1601 S. California Ave, Palo Alto, CA 94304, USA ('Facebook'). Овие дополнителни компоненти се изложени со логото на Facebook.

 

Кога ќе пристапите до веб страницата на BMW, Вашиот веб прелистувач воспоставува директна врска со Facebook серверите. Содржината на дополнителната компоненти се пренесува од Facebook директно до Вашиот веб прелистувач, која потоа се интегрира во Вашата веб страница.

 

Интеграцијата на дополнителната компонента причинува Facebook да прима информации до кои сте пристапиле на соодветната страна на BMW AG. Доколку сте се пријавиле со корисничката сметка на Facebook, тоа ќе биде видливо на Вашата Facebook корисничка сметка. Ве молиме обрнете внимание дека размената на оваа информација веќе се одвива кога ќе го посетите овој домен на интернет, без разлика дали Вие спроведувате интеракција со дополнителната компонента или не. Доколку имате интеракција со дополнителните компоненти, како на пример со притискање на копчето ,,Like”, соодветната информација директно се испраќа до Facebook од Вашиот веб прелистувач и се складирани таму. Може да најдете информации за целта и степенот на преземање податоци како и кои информации понатаму се процесирани и се користени од Facebook, заедно со Вашите права и опционалните поставки за да се заштити Вашата приватна сфера во забелешките за заштита на податоците на Facebook(http://www.facebook.com/policy.php).

 

Доколку не сакате Facebook да собира податоци за Вас во текот на Вашите посети на нашите страници, Вие мора да се одјавите од Facebook пред да ја посетите веб страницата на BMW AG.