КРЕДИТОТ Е ВО СОРАБОТКА СО ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА И ВАЖИ ЗА ФИЗИЧКИ И ЗА ПРАВНИ ЛИЦА.

Вид на услов параметри
• Целна група • Физички лица со постојано место на живеење во Р.Македонија , чија што возраст до датумот на доспевање на кредитот не надминува 65 години. Кредитобарателите мора да остваруваат редовни месечни приходи од работен однос и да имаат чиста кредитна историја во кредитниот регистер на НБРМ, најмалку 3 месеци пред аплицирање за кредитот.
• Износ на кредитот • Максимум 4 930 000 МКД (80 000 ЕУР), но не повеќе од 50 месечни нето доходи на кредитокорисникот.
• Рок на кредитот • Максимум 90 месеци
• Грејс период • Без можност за грејс период
• Начин на отплата • Ануитетски со месечни отплати
• Начин на искористување • Безготовински на сметка на продавачот, по претставување на потпишан договор за купопродажба, издадена фактура и упис на залогот во заложниот регистар

Каматни услови
Каматни услови за сите марки на автомобили кои се продаваат од М Кар дооел Скопје, без оглед на тоа дали кредитобарателите платата ја примаат или не преку сметка во Банката
• 4,40%, фиксна каматна стапка за првите две години, за одобрени денарски кредити;
• 5,50%, променлива каматна стапка по истек на периодот со фиксна каматна стапка

Провизии и надоместоци
Провизии и надоместоци за сите марки на автомобили кои се продаваат од М Кар дооел Скопје • Без трошоци за еднократна провизија по барање за кредит, провизија за обработка на кредит и трошоци за проценка на автомобилот.

Задолжително минимално учество на кредитобарателите
• Минимум 15% од вредноста на автомобилот што се купува, за автомобили со цена од 15 000 ЕУР до 20 000 ЕУР;
• Минимум 20% од вредноста на автомобилот што се купува, за автомобили со цена од 20 000 ЕУР до 25 000 ЕУР;
• Минимум 30% учество при купување на автомобили со цена од 25 000 до 40 000 ЕУР.
• Минимум 35% учество при купување на автомобили со цена над 40 000 ЕУР.

Услови за доходите на лицето коешто поднесува барање за кредит
• Месечниот доход на кредитобарателот по платено осигурување, даноци и други финансиски обврски, да не биде помал од збирот од месечните рати по кредити и картички во други банки и месечната рата од автомобилскиот кредит, плус 5 000 МКД остаточна вредност.
• Вкупната кредитна изложеност на клиентот не треба да биде повеќе од 50 пати од месечниот доход на клиентот.
• Во пресметката на вкупната изложеност не влегуваат постоечката и новата изложеност на клиентот по основ станбени и хипотекарни кредити.

Обезбедување за кредитот
• Договор за невладетелски залог од прв ред на автомобилот што е купен со кредитот;
• Меница, потпишана од кредитобарателот и авалирана од сопруг/сопруга и/или жирантот (доколку кредитот е обезбеден со жирант).
• Каско осигурување со 200 еур франшиза со винкулација на годишна основа во корист на Банката до четврта година на кредитирање и 500 еур во останатите години. Каското да важи и за Р. Бугарија и Р.Србија;
• Во случај ако доходите на кредитобарателите не одговараат на барањата, Банката го задржува правото да побара дополнително обезбедување;

Дополнителни продукти
Одобрена златна картичка со лимит од 300 000 мкд, на сите кредитобаратели чии месечни доходи се со износ над 40 000 мкд или семејните доходи им се со износ над 50 000 мкд.
Потребна документација
• Пополнето и потпишано Барање за кредит
• Потврда од работодавач за редовен работен однос во последните 6 месеци, образец М1/М2 и административна забрана од плата
• Потпишана Фотокопија од лична карта од кредитобарателот и евентуалните жиранти
• Извод од трансакциска сметка на која се прима платата за последните 6 месеци
• Други докуманти по барање на Банката