ЗГОЛЕМЕНА СЛОБОДА.

BMW X3 M40i.

BMW MPerformance

ЗГОЛЕМЕНА СЛОБОДА.

BMW X3 M40i.

ЗГОЛЕМЕНА СЛОБОДА.BMW X3 M40i.

Го забрзува вашиот пулс: напоен со импресивна излезна снага од 360 кс и опремен со дистинктивните гени на M Performance семејството, BMW X3 M40i ги поместува границите. Неговата агилност која одзема здив, високата прецизност при управување и исклучително високата стабилност на секоја површина го прават неоспорен лидер во својата класа.

BMW X3 M40i:
Потрошувачка на гориво во лl/100 км (комбиниирана): 8.4–8.2
CO2 емисии во г/км (комбинирана): 193–188

Read more

ПРОИЗВЕДУВА ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ НИВОА АДРЕНАЛИН.

ПРОИЗВЕДУВА ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ НИВОА АДРЕНАЛИН.

Бескомпромисна снага и чисто возбудување. M Performance TwinPower турбо линискиот 6-цилиндричен бензински мотор на BMW X3 M40i го катапултира возилото од нула до сто за импресивни 4.8 секунди. Максималниот вртежен момент од 500 Nm и директната реакција на моторот создаваат потполно ново искуство во возењето и вклучуваат адреналински удар.

Read more

ЗРЕЛ ЗА СЕКОЈ ПРЕДИЗВИК.

ЗРЕЛ ЗА СЕКОЈ ПРЕДИЗВИК.

Моќен, динамичен и неверојатно агилен. Искуството при возење во BMW X3 M40i комбинира вистински перформанси со интензивирано задоволство во возењето. Оптимизиран за совладување на секој предизвик. Сите компоненти на ова возило се систематски дизајнирани за висока ефикасност. Извонредните својства на управување, спортското приспособување на M Sport потпирањето и исклучително динамичниот погон на сите тркала во секој момент без проблем ги пренесуваат импресивните перформанси од моторот на патот. Кога е потребно, M Sport сопирачките ја носат концентрираната снага во состојба на мирување за само секунда. Доживејте го прецизното управување и максималната снага на влечење.

Read more

ВОЗБУДЛИВА ГЛЕТКА.

BMW X3 M40i веднаш фасцинира со својата препознатлива Cerium сива боја која е резервирана исклучиво за M Performance автомобилите. Помеѓу инспиративните карактеристики е импресивниот преден дел со препознатливата двојна маска во Cerium сива боја и зголемени влезови за воздух. Задниот дел инспирира со моќна двојна издувна цевка во црн хром на двете страни. Заокружувајќи го возбудливиот целосен призор тука се и куќиштата за ретровизори со акцент на бојата и ексклузивните 21-инчни тркала од лесна легура со двојни краци во стилот 718 М.

ЕКСКЛУЗИВЕН ДИЗАЈН НА BMW X3 M40I.

Внатрешноста на BMW X3 M40i е израз на неговиот бескомпромисен стандард. Пред да седнете во седиштето, ексклузивните газишта на праговите од вратите со ознаката на моделот M Performance јасно привлекуваат внимание на спортската ДНК на возилото. Кокпитот приспособен за возачот импресионира со кратката оддалеченост од управувачот до сите клучни функции. Истовремено, сите информации релевантни за возачот се прикажуваат на ултра модерната инструмент табла со дигитална ознака за моделот. Спортските седишта од врвна кожа се постојан извор на инспирација со нивната совршена ергономија и елегантниот спортски изглед.

ИНТЕЗИВИРАНО ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО.

BMW MPerformance

ИНТЕЗИВИРАНО ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО.

Со својот сјаен дизајн, M Performance автомобилите демонстрираат извонреден стил во комбинација со врвниот спортски дух и импресионираат со моќен погон кој е меѓу најдобрите изведувачи во секоја серија на модел. И испорачуваат фасцинирачка возна динамика без жртвување на удобноста. BMW M Performance автомобили. Или накратко: интензивирано задоволство во возењето.

Read more

СЛИКИ И ВИДЕО ЗАПИСИ.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

  • Вредностите за потрошувачката на гориво и за CO2 емисиите прикажани овде се определени во согласност со Европската регулатива (EC) 715/2007 во верзијата применлива во моментот на одобрување на типот. Вредностите се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија и прикажаниот опсег зема предвид различни димензии на избрани тркала и гуми.

    Спецификациите за CO2 ефикасноста се определуваат според Директивата 1999/94/EC и Pkw-EnVKV и се базирани врз потрошувачката на гориво и CO2 вредностите според NEDC циклусот за класификација.

    Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и на https://www.dat.de/angebote/verlagsprodukte/leitfaden-kraftstoffverbrauch.html.