BEV возилата (возила на електричен погон со батерија) работат исклучиво на електрична енергија, придвижувани од електричен мотор. Поради тоа, возилата немаат мотор со внатрешно согорување што ќе служи како погон. Електричната енергија се складира во високонапонска батерија. Покрај другите фактори[1] главно капацитетот е тој што го определува опсегот на е-возилото или, со други зборови, растојанието што може да го помине со едно полнење на батеријата. Електричниот автомобил е значително поефикасен од возилата со мотори со согорување, меѓу другото и поради тоа што погонскиот мотор ја враќа енергијата што се ослободува при сопирање во батеријата, процес што се нарекува рекуперација. Освен тоа, електричните возила возат без емисии на пократки патувања или при градско возење. Ова е значителна разлика од моторите со внатрешно согорување.
Целосно електричните автомобили се идеални за корисници што може да ја полнат батеријата на електричните автомобили на работа или дома. Истовремено, јавната инфраструктура за полнење забрзано се развива. Поради тоа, често се појавуваат нови станици за полнење за ултрабрзо полнење на подолги патувања, како што се станиците за полнење со кои управува нашиот партнер IONITY во Европа. Долгите патувања стануваат уште поедноставни.