Дали го знаете начинот на создавање на BMW?
Во денешно време постојат многу начини за создавање автомобили. Но, начинот на BMW е поинаков. Создаден поинаку. И чувството зад воланот е поинакво. Ако се прашувате зошто, одговорите се многубројни. Инженерството за нас е страст. Тестираме до крај. Сè што правиме го оценуваме според нашите сопствени, бескомпромисни стандарди. Но, на крајот, секој BMW е создаден имајќи ги предвид вашите потреби.
Од технологијата што ја користиме до поддршката благодарение на која чувствувате дека се грижиме за Вас, секаде и во секое време. Истражете за начинот на BMW овде. Уште подобро, искусете го лично секојпат кога ќе седнете зад воланот на BMW. Токму тоа е значењето на пораката: „СОЗДАДЕН ПОИНАКУ. ЗА ДА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ПОИНАКУ.“
Мерило за нашиот квалитет? Вашата доверба.
Првото возење со BMW е посебно искуство. А ние се грижиме тоа да биде и безбедно. Затоа никогаш не ги тестираме автомобилите само на едно место или на еден начин. Пред да стигне до вас, секое BMW се вози на тест-патеки во повеќе од 30 земји, од замрзнати патишта под нулата до екстремна топлина и предизвикувачки терен. Вкупно, тоа изнесува 1,8 милиони тест-километри. Во најголемиот вертикален акустичен тунел за тестирање на аеродинамиката во светот, долг речиси 100 метри и со воздушни струења со брзина до 250 км/ч, нашите инженери можат да го регистрираат дури и најслабиот аеродинамичен шум и прецизно да го оптимизираат струењето на воздухот за поголема удобност и ефикасност. Сето ова има една цел: квалитет на кој можете да му верувате при секое возење.
Каде и да одите, ние сме блиску до Вас.
Не Ви даваме само автомобил. Ви даваме ветување. Ветување дека ќе останеме покрај Вас долго откако ќе започнете да возите BMW. Со околу 4.000 локации на BMW ширум светот и повеќе од 120.000 сертифицирани сервисни експерти, поддршката е секогаш во Ваша близина. Дигитална кога е потребно, човечка кога е најважно. А понекогаш, веќе се грижиме за Вас уште пред да сфатите дека Ви е потребна нашата помош. BMW Proactive Care користи интелигентна анализа на податоци и предиктивна технологија за рано откривање на потенцијални проблеми и стапува во контакт со Вас за помалку од две секунди. Апликацијата My BMW Ве информира и Ви овозможува да останете поврзани при секој чекор од патувањето.
Употреба на најдобрата технологијата не е цел сама по себе. Таа е тука за Вас.
Вашиот BMW не реагира само на патот. Реагира и на Вас. Секој интелигентен систем е дизајниран да го направи возењето поприродно, помалку напорно и поповрзано. Внатре, во предниот дел сè е осмислено и насочено кон возачот. BMW Panoramic Vision ги прикажува клучните информации директно во Вашето природно видно поле, така што Вашите очи остануваат таму каде што треба: на патот. Функциите што најчесто ги користите секогаш Ви се лесно достапни. Со BMW Symbiotic Drive, технологијата соработува со Вас на непречен и интуитивен начин. А тоа е само почеток. BMW Heart of Joy ги координира забрзувањето, сопирањето и управувањето во рок од неколку милисекунди, преку една централна контролна единица со високи перформанси. Наместо одделни системи да реагираат самостојно, вашиот BMW реагира како едно.
Инженерството на автомобил е едно. Ние создаваме чувство.
Заборавете на она што нè движи нас. Важно е она што Ве движи Вас. Некои автомобили Ве носат од точка А до точка Б. Со BMW, ќе посакате да го изберете подолгиот пат до дома. Штом ќе забрзате, сè си доаѓа на свое место. Управувањето Ви доаѓа инстинктивно. Секој агол се природно се надоврзува на следниот. Секоја реакција е моментална, природна, полна со живот. Не размислувате за возењето. Едноставно уживате во него. Да, во BMW, нашите инженери со години посветено работат на секој детаљ, секоја милисекунда, секој милиметар и бескрајните усовршувања. Но, ништо од тоа не е наменето да остане само на хартија. Сето тоа треба да се претвори во чувство. Чувството дека автомобилот Ве разбира. Се движи во склад со Вас и Ве тера да се насмевнете без никаква посебна причина. Понекогаш, тоа е тивката сигурност што ја носи совршената контрола. Понекогаш тоа е краткото „да“ што спонтано ќе го изговорите среде остра кривина. А понекогаш, едноставно губите чувство за времето на пат по кој воопшто не планиравте да возите. Токму тоа го прави чувството при возење BMW поинакво. Не е само моќта. Не е само прецизноста. Туку задоволството од возењето што останува со Вас долго откако ќе заврши патувањето.
Дизајнот се менува. Карактерот останува.
„Создаден поинаку“ значи дека BMW не е дизајниран само за да изгледа добро кога не е во движење. Создаден е за да предизвика чувство уште во моментот кога ќе го видите, дури и пред да седнете во него. Со генерации, одредени дизајнерски детали го прават BMW препознатлив на прв поглед: карактеристичната предна маска Kidney Grille, претставена во 1933 година, и препознатливиот Hofmeister Kink, кој се појавил речиси 30 години подоцна. Со текот на децениите, овие елементи се развивале заедно со многу други дизајнерски детали. Затоа што додека технологијата се менува и дизајнот напредува, карактерот останува. Ова важи и за надворешноста и за внатрешноста. Во BMW, вие сте во центарот на сè. Секој дисплеј. Секој детаљ. Сè е дизајнирано за Вас. Сè што ви треба е токму таму каде што ви треба, а сè што не ви треба е во втор план. Предниот дел од внатрешноста е осмислен според она што е најважно за Вас, создавајќи простор во кој сè е интуитивно и природно поврзано со возачот. Без преоптоварување. Без комплицирање. Само јасност, функционалност и непогрешливиот идентитет на BMW. BMW е создаден поинаку затоа што нема само сопствен дизајнерски стил. Исто како вас, тој има сопствена личност. На крајот, токму карактерот е она што ја прави целата разлика.
Откријте ги сите BMW модели.
Истражете ја целата палета на модели на BMW и пронајдете го возилото што совршено одговара на Вашите преференции и потреби.
Правно известување.
BMW iX3 50 xDrive: Потрошувачка на енергија, комбинирано WLTP вo kWh/100 km: 17,9–15,1; Електричен домет, WLTP во км: 678–805
BMW X5 40 xDrive: Потрошувачка на енергија, комбинирано WLTP вo l/100 km: 9,3 – 8,6; CO2 емисии, комбинирано WLTP во g/km: 213 – 196
BMW 740 xDrive Sedan: Потрошувачка на енергија, комбинирано WLTP вo l/100 km: 9,3 – 8,3; CO2 емисии, комбинирано WLTP во g/km: 211 – 189