Кога еднаш ќе го видите моделот BMW Серија 1 со 3 врати, никогаш нема да го заборавите. Овој неверојатен компактен модел се карактеризира со енергична елеганција и спортски карактер, произлезени од неговиот атлетски дизајн. Моќните мотори обезбедуваат незаборавни, динамични моменти со портфолио што ги опфаќа од спортскиот и ефикасниот BMW TwinPower Turbo 3 -цилиндри бензински и дизел мотори до енергичниот BMW TwinPower Turbo мотор со 4- цилиндри и кулминираше со M Performance TwinPower Turbo линиски 6- цилиндри бензински мотор во BMW M135i.

Без разлика кој мотор ќе го изберете, ќе бидете сигурни дека имате погонски склоп што е ненадминат во компактната класа. Ова се должи во голема мерка на BMW EfficientDynamics технологијата, вклучувајќи ја Функцијата на автоматско стартување/стопирање, Индикаторот за оптимално менување брзини и Регенерацијата на енергијата при сопирање.
Истите мотори се користат кај BMW Серија 1 со 5 врати, што благодарение на неговата ергономична внатрешност со безбројни можности за складирање како и флексибилниот багажен простор е идеален автомобил за секојдневна употреба. Рачниот пренос со 6 брзини или 8-брзинскиот Steptronic пренос обезбедува сензационална агилност. Со Urban Line, Sport Line и M Sport пакетите, загарантиран е поголем личен печат. Благодарение на интелигентната комуникација и решенијата поврзани со забавата од BMW ConnectedDrive, BMW Серија 1 со 5 врати е трансформиран во интерфејс помеѓу индивидуалната мобилност и секојдневните активности. И, Ве оплеменува на Вашиот пат кон постигнување нови цели.

Без разлика дали барате користено или ново BMW Серија 1 возило, овде ќе ги најдете сите информации, тест извештаи и понуди за финансирање и лизинг на сегашните модели на BMW Серија 1, и, секако, дилер за Вашето тест возење.

Read more