BMW серија 1 F40 Misano Blue metallic, поглед однапред во возење
Тип на мотори и горивоБензинДизел

THE 1

BMW СЕРИЈА 1

Тип на мотори и горивоБензинДизел
THE 1BMW СЕРИЈА 1

BMW серија 1 пристигна да ги привлече сите погледи со восхит. Пред се поради неговиот извонреден дизајн и прогресивен дизајнерски пристап со кој се разликува од топлата уште на прв поглед. Истото важи и за неговиот ентериер со модерна атмосфера кој инспирира преку врвниот квалитет и отвореноста. Ефикасните мотори, погонот на предни тркала премиерно воведен во BMW серија 1 и најсовремената технологија на шасијата гарантираат искуство во возењето полно со динамичност и подвижност, додека иновативните технологии и системите за помош на возачот обезбедуваат секогаш безбедно и удобно да стигнете до вашата дестинација.

СПОРТСКА НАДВОРЕШНОСТ И ДИЗАЈН НА ВНАТРЕШНОСТА НА BMW СЕРИЈА 1.

Авторитет кој веднаш се препознава: дизајнот на BMW серија 1 остава силен впечаток, како одвнатре, така и однадвор. Почнувајќи од динамичниот преден дел со неговата голема двојна бубрежна решетка и широкиот долен дел од предниот браник. Јасно дефинираните контури се движат паралелно со линијата на покривот до препознатливиот заден дел. Премиум карактерот на BMW серија 1 продолжува и во внатрешноста. Овде патниците можат да уживаат во пропорционално пространа и отворена пријатна средина. Кокпитот импресионира со ергономски оптимизираните карактеристики на опремата и неговата системски имплементирана ориентација кон возачот.

Дознајте повеќе

ДИЗАЈН.

Висококвалитетна опрема за надворешноста и внатрешноста на BMW серија 1.

Откријте ги опциите на спортскиот дизајн на моделот BMW серија 1 Sport Line. Со висококвалитетните опции на опремата за надворешноста и внатрешноста, можете да го дизајнирате вашето возило така што целосно ќе одговара на вашиот вкус и лични барања.
BMW серија 1 F40 Model Sport Line во Mineral White металик, тричетвртински страничен поглед, во возење
Двојна бубрежна решетка на BMW серија 1 F40 Model Sport Line во Mineral White металик

Двојна бубрежна решетка.

Карактеристичната двојна бубрежна решетка е дизајнирана како поврзан елемент составен од хромирана рамка со висок сјај и вертикални летвички во црна боја со висок сјај. Како централен визуелен детал, ја нагласува присутноста и естетиката на возилото во погледот однапред.

BMW серија 1 F40 Model Sport Line со црни капаци на ретровизорите

Капаци на ретровизорите во црна боја.

Капаците на ретровизорите се во црна боја со висок сјај наместо во бојата на возилото. Тие визуелно го нагласуваат атлетскиот карактер на возилото и креираат впечатлив индивидуален изглед.

BMW серија 1 F40 Model Sport Line со M Shadow Line со висок сјај

M Shadow Line со висок сјај.

M Shadow Line со висок сјај вклучува бројни карактеристики на опремата во црна боја со висок сјај. Тука спаѓаат заптивките на прозорските стакла, рамките на прозорците и водилките, Б-столбовите како и рамките на надворешните ретровизори и нивните делови.

Облога на издувната цевка BMW серија 1 F40 Model Sport Line

Облога на издувната цевка.

Облогата на издувната цевка од 90 мм (од левата страна кај 3-цилиндричните мотори, од левата и десната страна кај 4-цилиндричните мотори) дава визуелен акцент и го нагласува спортскиот карактер на возилото.

Кокпит на BMW серија 1 F40 Model Sport Line со спортски кожен управувач

Спортски кожен управувач.

Црниот спортски кожен управувач со три крака има галванизирана украсна рамка. Дебелиот раб и обликуваните места за потпирање на палецот нудат извонредно пријатно чувство и одлично прифаќање.

BMW серија1 F40 Model Sport Line, внатрешност со 'Illuminated Berlin' лајсни

Внатрешни лајсни 'Illuminated Berlin'.

Внатрешните лајсни 'Illuminated Berlin' со 'High Matt' акцент на таблата со инструменти и облогите на вратите даваат на внатрешноста прогресивен амбиент со високо чувство на вредност. Треперливата шема на дискретното позадинско осветлување на лајсните создава привлечна и пријатна атмосфера во возилото.

BMW серија 1 F40 Model Sport Line со панорамски стаклен кров

Панорамски стаклен кров.

Кога е отворен, панорамскиот стаклен кров нуди совршена доза на свеж воздух. Затворен, креира светла атмосфера во внатрешноста. Тој се отвора и затвора целосно автоматски со притискање на копче или преку далечинскиот клуч од возилото и е опремен со функции за лизгање и подигнување, заштита од сонце и заштита од ветер.

BMW 1 Series 128ti F40 M leather steering wheel with contrast stitching

M leather steering wheel with contrast stitching.

The M leather steering wheel with multifunction buttons, an M badge and an integrated driver-side airbag is featured in three-spoke design. With a steering wheel rim in leather 'Walknappa' Black with red contrast stitching and contoured thumb rests, it provides a direct, athletic steering experience.

ВОЗНА ДИНАМИКА.

Погон, шасија и M Sport управувач кај BMW серија 1.

Без разлика дали станува збор за забрзување, агилност при управувањето или безбедност на патот –BMW серија 1 врвно го реализира секое патување благодарение на ефикасниот мотор и склопот од погонски делови и шасијата. Истражете дел од динамичните возни карактеристики и конфигурирајте го вашиот BMW серија 1 по ваша мерка.
BMW серија 1 F40 со M спортски управувач

М спортски управувач.

M спортскиот управувач со Servotronic овозможува директна и агилна реакција при управување и го намалува напорот за управување. Вашето возило се насочува многу попрецизно, овозможувајќи изразени атлетски карактеристики при управувањето, особено по пат со свиоци.

BMW серија 1 F40, 8-степен Steptronic спортски менувач

Steptronic Sport менувач.

8-степениот Steptronic Sport менувач нуди извонредно спортска промена на степенот на пренос. Било да е тоа автоматски или рачно, преку палката на менувачот или лопатките на управувачот – за удобно пловење или неверојатно динамично возење. Во режимот SPORT и палката од менувачот поставена во лева положба S/M, промените на степенот на пренос се конфигурирани за максимални перформанси.

Интелигентен BMW xDrive систем за погон на сите тркала кај BMW серија 1 F40

BMW xDrive.

Интелигентниот BMW xDrive систем за погон на сите четири тркала континуирано и варијабилно ја распределува погонската сила на предните и задните тркала за максимално потпирање, динамично возење и безбедност во секоја ситуација на возење. За уште подобра агилност, електронски контролираната распределба на моќта ги сузбиваат под-управливоста и над-управливоста во свиоците.

BMW серија 1 F40 со прилагодлива суспензија

Прилагодлива суспензија.

Прилагодливата суспензија овозможува промена на карактеристиките на амортизерите во склад со ситуацијата на возење и ги комбинира удобноста на возење и динамиката на возење до најдобрата можна безбедност. Преку контролата за доживување при возењето можете да изберете помеѓу стандардниот режим COMFORT или режимот SPORT.

BMW серија 1 F40 во Misano Blue металик, страничен поглед паркиран

ПОМОШ ЗА ВОЗАЧОТ И ПОВРЗУВАЊЕ.

Интелигентни технологии и системи за помош на возачот кај BMW серија 1.

Ракувајте со он-борд компјутерот преку команди со гестови, нека вашето возило самостојно се смести во паркинг просторот или прашајте го интелигентниот асистент со говорни команди каде е следната станица за гориво. BMW серија 1 ви нуди бројни корисни функции, дигитални услуги и системи за помош на возачот – за максимална удобност и безбедност.
BMW серија 1 F40 во Misano Blue металик боја, страничен поглед паркиран со жена во преден план
BMW серија 1 F40 контролен екран со систем за пмош на возачот Driving Assistant

Driving Assistant.

Безбедносниот пакет Driving Assistant вклучува систем со камери за предупредување од челен судир со функција на сопирање, помош при ограничување на брзината вклучително и информации за ограничената брзина и индикатор за забрането претекнување со приказ и предупредување на напуштање на коловозната лента. Дополнително, опремата која користи радар вклучува предупредување за вкрстување во сообраќај одзади, предупредување за промена на коловозната лента и предупредување за судир одзади.

BMW серија 1 F40 со практично помагање при паркирање Parking Assistant

Parking Assistant.

Parking Assistant го олеснува паркирањето на возилото. Камерата за возење на назад дава јасен преглед на просторот зад возилото. Active Park Distance Control нуди зголемена заштита против оштетување предизвикано при паркирањето. Parking Assistant автоматски го паркира возилото, паралелно или напречно на улицата, и го напушта местото при паралелно паркирање. Асистентот за возење наназад ви помага при возењето наназад, на пр., во тесни улици.

BMW серија 1 F40 со BMW Gesture Control

BMW Gesture Control.

Со помош на BMW Gesture Control, можат да се управуваат одредени функции преку дефинирани движења на раката. За одредени функции системот ќе ги препознае гестовите како што се 'swiping' или 'pointing' за прифаќање или откажување на дојдовниот повик. Јачината на звукот може да се нагоди преку кружни движења на показалецот.

BMW серија 1 F40, BMW Head-Up дисплеј

BMW Head-Up дисплеј.

Големиот, BMW Head-Up дисплеј во боја проектира информации релевантни за патувањето директно во вашето видно поле, со што овозможува целосна концентрација на возењето. Во зависност од опременоста на возилото, се прикажуваат информации како што се моменталната брзина, насоките за навигација, информациите за ограничување на брзината вклучително и индикатор за забрана на претекнување, заедно со листите од телефонот и забавните содржини.

BMW Live Cockpit Professional комбинација од дисплеи во BMW серија 1 F40

BMW Live Cockpit Professional.

BMW Live Cockpit Professional со функција за навигација вклучува два висококвалитетни дисплеја кои се состојат од 10.25 инчен контролен дисплеј со висока резолуција кој може да се управува со допир и целосно дигитална инструмент табла со 10.25 инчен дисплеј. BMW оперативен систем 7 исто така може да се управува преку iDrive контролорот.

Интеграција на паметен телефон кај BMW серија 1

Интеграција на паметен телефон.

Зашто да останете без функциите на вашиот паметен телефон во вашето BMW кога можете да продолжите да го користите како и обично? За интеграцијата на паметен телефон, вашето возило ги поддржува Apple CarPlay и Android Auto за безжична врска помеѓу паметниот телефон и возилото. Ова ви овозможува практично да ги користите познатите функции и разните апликации во возилото.

МОДЕЛИ И ОПЦИИ ЗА ОПРЕМА.

Силнии индивидуални верзии на моделот BMW серија 1.

Модел Luxury Line

  • 17 инчни тркала од лесна легура во стил Multi-spoke 547; достапни и други тркала
  • BMW Individual Exterieur Line од сатиниран алуминиум
  • Спортски кожен управувач
  • Внатрешни лајсни ‘Illuminated Berlin’; достапни и други
BMW серија 1 F40 модел Luxury Line во Storm Bay металик боја, тричетвртински страничен поглед

Модел Sport Line

  • 17 инчни тркала од лесна легура во стил double spoke 549; достапни и други тркала
  • М Shadow Line со висок сјај
  • Спортски седишта за возачот и совозачот во Anthracite Cloth/Sensatec со сиви детали, опција и со портокалови детали; достапни се и други тапацири
  • Спортски кожен управувач
BMW серија 1 F40 модел Sport Line во Mineral бела металик боја, снимка во студио тричетвртински поглед однапред

Модел M Sport пакет

  • 17 инчни M тркала од лесна легура во стил Double-spoke 550 M Bicolour, достапни се и други
  • M Sport суспензија вклучително и M Sport управување; достапни се и други суспензии
  • Спортски седишта за возачот и совозачот во Trigon Cloth/ Black Sensatec; достапни и други тапацири
  • M кожен управувач
BMW серија 1 F40 модел M Sport во Melbourne црвена металик боја, тричетвртински страничен поглед

Модел Advantage

  • 16 инчни тркала од лесна легура во стил Star-spoke style 517 (само за 116i/116d)
  • Активен темпомат со функција за сопирање
  • Park Distance Control (PDC)
  • Пакет со прегради за складирање
BMW серија 1 F40 модел Advantage во црна боја, тричетвртински поглед од страна
  • Модел Luxury Line
  • Модел Sport Line
  • Модел M Sport пакет
  • Модел Advantage

BMW СЕРИЈА 1 128ti.

Дизајн и возна динамика на BMW серија 1 128ti.

Неговиот впечатлив изглед и технички детали го прават BMW 128ti особено спортски претставник на моделот. Во комбинација со неговите впечатливи дизајнерски елементи специфични за моделот, неговиот бензински мотор со BMW TwinPower Turbo технологијата и блокадата на диференцијалот на предната оска обезбедуваат највисок стандард на динамика на возење.
BMW серија 1 128ti F40 страничен праг со налепница

Страничен праг со налепница.

Страничен праг со црвен акцент и ti-етикета уметнички го нагласуваат спортскиот изглед а возилото.

BMW серија 1 128ti F40 18" M тркала од лесни легури Y-spoke style 553 M Bicolour со перформативни пневматици

18" M тркала од лесни легури Y-spoke style 553 M Bicolour со перформативни пневматици

18" M тркала од лесни легури Y-spoke style 553 M Bicolour Orbit Grey металик со перформативни пневматици, сјајно брусени, величина на тркала 8J x 18 со  225/40 R18 пневматици. 

BMW серија 1 128ti F40 карактеристики на внатрешен дизајн

Карактеристики на внатрешен дизајн

Внатрешноста има изразен спортски и елегантен амбиент благодарение на специфичните дизајнерски карактеристики на 128ti. Тоа се должи на деталите какви што се M кожниот управувач со црвени констрастни штепови, ексклузивните спортски седишта со црвени детали, соодветните ексклузивни подни покривки со црвени рабови и извезено лого на средишниот потпирач за раката. 

BMW серија 1 F40 128ti 100% sDrive и диференцијал

100% sDrive и диференцијал.

Стандардно вграден во BMW серија 1 128ti, диференцијалот ја подобрува силата на влечење и стабилноста при управување со возилото, при забрзување и низ свиоци, при големи брзини во свиоци, но и при разни површини на патот, распоредувајќи ја погонската сила меѓу предните тркала соодветно на ситуацијата. Резултатот е самоуверена и динамична возна карактеристика.

BMW серија 1 128ti F40 BMW 128ti мотор

BMW 128ti мотор.

Компактен атлетски мотор кој нуди комплетно задоволство при возењето: TwinPower Turbo 4-цилиндерскиот бензински мотор во BMW 128ti е моќен бидејќи е опремен со нови клипови, поголем турбо-полнач, оптимизиран насочен внес на воздух и издувен систем контролиран со клапна.

BMW серија 1 128ti F40 M Sport суспензија

M Sport суспензија.

M Sport суспензијата го спуша возилото приближно за десет милиметри. Таа, исто така, има пократки и поцврсти пружини, поставки на амортизерите карактеристични за 128ti, како и потврди стабилизатори. Во комбинација, овие карактеристики резултираат со подиректен дизајн на суспензијата, кој овозможува изразено спортски стил на возење.

BMW серија 1 128ti F40 управување

Управување.

Управувањето со специфичните поставки за 128ti овозможува директен и агилен одговор при управувањето. Возилото може попрецизно да се насочува, нудејќи изразено атлетски карактеристики во управувањето, особено при патишта со повеќе свиоци.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ НА BMW СЕРИЈА 1.

BMW 128ti.

Моќност на моторот во kW (кс) при 1/min: 

195 (265)/4.750-6.500

Забрзување од 0 до 100 км/ч во сек:

6.1

Потрошувачка на гориво, комбинирано, во л/100 км: 

7,5-6,8

Емисија на CO2, комбинирано, во гр/км: 

170-156

BMW серија 1 F40 во Misano сина металик боја, тричетвртински поглед одзади во движење

BMW УСЛУГИ.

УСЛУГА И АСИСТЕНЦИЈА ЗА BMW СЕРИЈА 1.

BMW Service Inclusive

BMW Service Inclusive.

#whateverhappens: Сестрано безгрижно патување: овој пакет нуди 100% транспарентност и практична едноставност во планирањето. Можете да одберете дали ќе случите договор на 4 или 6 години – или договор на 3 години како корисник на лизинг.

Пакетот ги содржи следниве услуги:

  •  Услуга за проверка на возилото
  •   Замена на микрофилтер
  •   Замена на течност во сопирачки
Дознајте повеќе за BMW Service Inclusive
BMW Roadside Assistance

BMW Roadside Assistance.

Бесплатната услуга BMW Roadside Assistance достапна е на сите BMW возачи секојдневно, 365 дена во годината. Еден повик – и нашите експерти ви стојат на располагање, преку телефон или доколку е потребно на лице место.

Дознајте повеќе за BMW Roadside Assistance
BMW employee advises a customer

ДАЛИ САКАТЕ ЛИЧНА КОНСУЛТАЦИЈА?

Доколку имате било какви прашања, барате дополнителни информации или сакате специфична понуда за BMW Серија 1, ве молиме контактирајте го BMW партнерот во вашата земја. Нашите стручни лица со големо задоволство ќе ви дадат индивидуални совети преку телефон или на лице место.

Потрошувачка на гориво и емисија на CO2.

BMW M135i xDrive:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 7,9–7,4
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 178–168

 

BMW 128ti:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 6.8
CO2 emissions in g/km (combined): 156.0

 

Официјалните податоци за потрошувачката на гориво, емисијата на CO2, потрошувачката на електрична енергија се одредени со прописите за мерење и во согласност со регулативата (EU) 715/2007 која се применува при хомологација на возилото. WLTP бројките (според тестот за Светска хомологација на лесни возила) ги земаат во предвид секоја дополнителна опрема. За ново одобрените возила од 01.01.2021, официјалните спецификации се достапни само согласно WLTP. Дополнителни информации за NEDC и WLTP методите на мерење можете да побарате на www.bmw.de/wltp

Дознајте повеќе
  • BMW M135i xDrive:
    Потрошувачка на гориво л/100 км (комбинирано): 7,9–7,4
    Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 178–168

    Официјалните податоци за потрошувачката на гориво, емисијата на CO2 и потрошувачката на електрична енергија се одредени со прописите за мерење и во согласност со регулативата (EU) 715/2007 која се применува при хомологација на возилото. WLTP бројките (според тестот за Светска хомологација на лесни возила) ги земаат во предвид секоја дополнителна опрема. За ново одобрените возила од 01.01.2021, официјалните спецификации се достапни само согласно WLTP. Дополнителни информации за NEDC и WLTP методите на мерење можете да побарате на www.bmw.de/wltp