BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 Phytonic Blue bird’s eye view standing

THE 5

BMW СЕРИЈА 5 СЕДАН: МОДЕЛИ И ОПРЕМА

THE 5BMW СЕРИЈА 5 СЕДАН: МОДЕЛИ И ОПРЕМА

Конфигурирајте го BMW Серија 5 Седан да одговара на Вашите лични желби и потреби. Голем број на атрактивни дизајн опции, мотори, одлики за динамиката на возење, системи за асистирање на возачот и дигитални услуги се дел од достапните опции за избор.

Дознајте повеќе

МОДЕЛИ И ОПРЕМА.

Карактеристичен модел и опции за опремата на новиот BMW Серија 5 Седан.

BMW Серија 5 Седан

Верзијата со основна опрема, BMW Серија 5 Седан изобилува со разноврсност и разновиден опсег на функционални карактеристики за подобрување на удобноста и безбедноста.

Прикажете ги деталите на линијата
BMW 5 Series Sedan 540i G30 2020 Basic equipment in Sophisto Grey

Верзијата со основна опрема, BMW Серија 5 Седан изобилува со разноврсност и разновиден опсег на функционални карактеристики за подобрување на удобноста и безбедноста.

BMW 5 Series Sedan 540i G30 2020 Basic equipment in Sophisto Grey three-quarter front view
BMW 5 Series Sedan 540i G30 2020 Basic equipment in Sophisto Grey three-quarter front view
BMW 5 Series Sedan 540i G30 2020 Basic equipment in Sophisto Grey three-quarter rear view
BMW 5 Series Sedan 540i G30 2020 Basic equipment in Sophisto Grey three-quarter rear view
Cockpit BMW 5 Series Sedan 540i G30 2020 Basic equipment Sensatec Cognac interior
Cockpit BMW 5 Series Sedan 540i G30 2020 Basic equipment Sensatec Cognac interior
Upholstery in Sensatec Cognac BMW 5 Series Sedan 540i G30 2020 Basic equipment interior
Upholstery in Sensatec Cognac BMW 5 Series Sedan 540i G30 2020 Basic equipment interior
  • Екстериер

    • 19’’ алуминиумски наплатоци V-spoke style 635; достапни се и други наплатоци

    • Driving Assistant Professional

    • Адаптивни LED предни светла

    • Надворешни ретровизори со функција автоматско затемнување

  • Ентериер

    • Спортски седишта за возач и совозач

    • Автоматски клима уред

    • Велурски патосници

    • Амбиентално осветлување

    • Седишта во Sensatec Cognac изведба со перфорација; достапни се и други материјали

    • Внатрешни лајсни Aluminium; достапни се и други лајсни

Luxury Line

Luxury Line ја покажува елегантната страна на возилото. Елегантните дизајнерски елементи, изработени во Chrome high-gloss изведба, надворешниот изглед го дополнуваат со ексклузивност. Стилскиот впечаток е присутен и во ентериерот. Овде првокласната кожа и висококвалитетни завршни облоги карактеризираат луксуз.

Прикажете ги деталите на линијата
BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 Luxury Line in Bernina Grey

Luxury Line ја покажува елегантната страна на возилото. Елегантните дизајнерски елементи, изработени во Chrome high-gloss изведба, надворешниот изглед го дополнуваат со ексклузивност. Стилскиот впечаток е присутен и во ентериерот. Овде првокласната кожа и висококвалитетни завршни облоги карактеризираат луксуз.

BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 Luxury Line in Bernina Grey three-quarter front view
BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 Luxury Line in Bernina Grey three-quarter front view
BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 Luxury Line in Bernina Grey three-quarter rear view
BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 Luxury Line in Bernina Grey three-quarter rear view
Cockpit BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 Luxury Line Exclusive leather 'Nappa' Mokka exclusive stitching with piping in contrast interior
Cockpit BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 Luxury Line Exclusive leather 'Nappa' Mokka exclusive stitching with piping in contrast interior
Upholstery in Exclusive leather 'Nappa' Mokka exclusive stitching with piping in contrast BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 Luxury Line interior
Upholstery in Exclusive leather 'Nappa' Mokka exclusive stitching with piping in contrast BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 Luxury Line interior
  • Екстериер

    • BMW бубрежна решетка со ексклузивен дизајн во Chrome high-gloss изведба

    • Преден браник со карактеристичен дизајн во Chrome high-gloss изведба

    • 18’’ алуминиумски наплатоци W-spoke style 632 во Reflex Silver изведба, алтернативно 19’’ алуминиумски наплатоци Multi-spoke style 633 во Reflex Silver, достапни се и други наплатоци

    • Отвор за воздух вo Chrohe high-gloss изведба

    • Надворешни лајсни во Chrome high-gloss изведба

    • Заден браник со карактеристичен дизајн во Chrome high-gloss

    • Издуви во Chrome high-gloss изведба

  • Ентериер

    • Внатрешни лајсни на прагови со “Luxury Linе” ознака

    • Седишта во “Dakota” кожа со посебен шев; достапни се и други материјали

    • Клуч со Chrome детали

    • Инструмент табла во Sensatec Black изведба; алтернативно BMW Individual Black кожа

    • Внатрешни лајсни “Fineline Ridge”; достапни се и други лајсни

    • Амбиентално осветлување со избор од 6 бои

M Sport пакет

Пакетот M Sport му дава на возилото уште поспортски изглед. Покрај заострениот и агресивен изглед, преку деталите во надворешниот и внатрешниот изглед, во надворешноста и ентериерот, пакетот M Sport гарантира зголемување на задоволството во возењето. M Sport суспензијата и M Аеродинамичниот надворешен пакет, значително ја подобруваат и оптимизираат динамиката на возење.

Прикажете ги деталите на линијата
BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 M Sport package in Alpine White

Пакетот M Sport му дава на возилото уште поспортски изглед. Покрај заострениот и агресивен изглед, преку деталите во надворешниот и внатрешниот изглед, во надворешноста и ентериерот, пакетот M Sport гарантира зголемување на задоволството во возењето. M Sport суспензијата и M Аеродинамичниот надворешен пакет, значително ја подобруваат и оптимизираат динамиката на возење.

BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 M Sport package in Alpine White three-quarter front view
BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 M Sport package in Alpine White three-quarter front view
BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 M Sport package in Alpine White three-quarter rear view
BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 M Sport package in Alpine White three-quarter rear view
Cockpit BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 M Sport package Leather 'Dakota' Black with contrast stitching Blue interior
Cockpit BMW 5 Series Sedan 520d xDrive G30 2020 M Sport package Leather 'Dakota' Black with contrast stitching Blue interior
Upholstery in Leather 'Dakota' Black with contrast stitching Blue BMW 5 Series 520d xDrive G30 2020 M Sport package interior
Upholstery in Leather 'Dakota' Black with contrast stitching Blue BMW 5 Series 520d xDrive G30 2020 M Sport package interior
  • Екстериер

    • М Аеродинамичен надворешен пакет

    • BMW бубрежна решетка во Black high-gloss и Chrome high-gloss изведба

    • 18’’ M алуминиумски наплатоци Double-spoke style 662 M со комбинирани пневматици; достапни се и други наплатоци

    • M Sport суспензија, намалена за sDrive и xDrive

    • M Sport сопирачки во Dark Blue металик изведба и M ознака; алтернативно достапни се и сопирачки во Red изведба

    • BMW Individual high-gloss Shadow Line надворешни лајсни

    • M ознаки на двете страни од возилот

    • Издуви во Chrome high-gloss изведба

    • Ексклузивна боја Carbon Black; достапни и други бои

  • Ентериер

    • М ознаки на прагови на вратите

    • М спортски педали

    • М велурски патосници

    • Спортски седишта за возач и совозач во комбинација Cloth/Alcantara во ексклузивна М изведба, алтернативно во “Dakota” Black кожа во ексклузивна М изведба и акцентирања во Сина боја, достапни се и други материјали

    • М кожен, спортски управувач со вградени мултифункции, алтернативно BMW Individual кожен управувач

    • Клуч со ексклузивна М ознака

    • Менувач со М ознака

    • BMW Individual кровна облога во Anthracite изведба

    • Инструмент табла со посебен М изглед во SPORT MODE

    • Внатрешни лајсни Aluminium Rhombicle Smoke Grey

BMW 530e.

Иновативниот и ефикасен Plug-in хибрид модел на BMW Серија 5 Седан.

Модел атлет во дисциплина на одржливост. Моделот на BMW 5 Серија Седан – Plug-in Хибрид инспирира благодарение на комбинацијата на моќен бензински мотор, високонапонска батерија и електричен мотор од BMW eDrive технологијата која нуди импресивни перформанси и истовремено намалување на потрошувачката на гориво и намалување на емисијата на CO2. Асистентот за полнење и интелигентното управување со енергијата од BMW ConnectedDrive ви даваат поддршка во процесот на полнење и во намалувањето на потрошувачката на енергија. Во исто време, Connected Charging гарантира дополнителни придобивки за возачот на ефикасниот бизнис седан.

BMW 530e Plug-in hybrid G30 engine

BMW 530e.

Иновативниот plug-in хибрид погон комбинира ефикасен мотор со внатрешно согорување и моќен електричен мотор. Особено високиот системски излез, на тој начин ви нуди опсег на комфор на погонот за согорување и истовремено можност за возење без локални емисии.
Intelligent energy management BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020

Интелигентно управување со енергијата.

Интелигентното управување со енергијата е еден од главните столбови на концептот BMW eDrive. Овој систем ја координира интеракцијата на сите компоненти на погонот на BMW со електричниот мотор со цел да се комбинира најдобрата можна ефикасност, со голема динамика на возење воедно и зголемување на електричниот опсег.
BMW Charging BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020

BMW Charging.

BMW Charging им овозможува на возачите на електрични возила лесно и практично да најдат, користат и плаќаат за јавни станици за полнење во земјата и странство. Станиците за полнење на постојано растечката мрежа се прикажани во системот за навигација, преку апликацијата и преку Интернет страницата.
BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 Phytonic Blue three-quarter front view driving in eDrive zone on bridge

eDrive Зони.

Со секој нов ден, BMW ја презема задачата да ја приближи утрешната мобилност еден чекор поблизу. Со иновативни дигитални услуги како што се eDrive Зоните и BMW Points, кои се распоредени да станат достапни во 2020 година, ние работиме на создавање иновативни правци. На овој начин добиваме уште повеќе од секој изминат метар од Вашето ефикасно патување.

E-MOBILITY.

If you would like to learn more about the forward-looking BMW electromobility concept together with details of the personal benefits and opportunities available, you are in the right place. Here you will find information on the topics of electromobility, plug-in hybrids, BMWi, charging, range and much more besides.

Дознајте повеќе

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ НА НОВИОТ BMW СЕРИЈА 5 СЕДАН.

Погон и технологии на шасијата на прв поглед.

Повеќе моќ, поголема контрола. Од особено економичниот 4-цилиндричен дизел мотор до високиот обновувачки карактер и импресивниот вртежен момент на 6-цилиндричниот бензински мотор. BMW Серија 5 Седан внесува атлетски перформанс при секое патување. Со совршено подесени технологии за погон и шасија, како што се Adaptive Suspension, Integral Active Steering или xDrive интелигентниот погон на сите тркала, се гарантира оптимална сила и максимално чисто задоволство при возењето.

BMW TwinPower Turbo 6-cylinder petrol engine BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020

BMW TwinPower Turbo линиски 6-цилиндричен бензински мотор.

Командната моќност, мазното работење и зачудувачкиот звук се карактеристиките на BMW TwinPower Turbo линискиот 6-цилиндричен бензински мотор од новата генерација на BMW EfficientDynamics мотори. Со Double-VANOS, Valvetronic, High-Precision Injection и TwinScroll турбополначот, испорачува 245 kW (333 КС).
BMW TwinPower Turbo 4-cylinder diesel engine BMW 5 Series Limousine G30 Facelift 2020

BMW TwinPower Turbo 4-цилиндричен дизел мотор.

Новата генерација на BMW TwinPower Turbo 2-литарски дизел мотори со 4 цилиндри, демонстрираат агилна испорака на енергија заедно со одлична реакција, дури и при мала брзина на моторот. Турбо-полначот со варијабилна турбинска геометрија и CommonRail директното вбризгување гарантира дека овие мотори се исклучително ефикасни со горивото и имаат ниска емисија на CO2.
BMW xDrive BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020

xDrive.

Интелигентниот BMW xDrive погон на сите тркала, непречено и променливо ја дистрибуира погонската моќност на предните и задните тркала за дополнително влечење, динамика при возењето и безбедност во секоја ситуација. За уште подобра агилност, електронски контролираната дистрибуција на моќност обезбедува контрабаланс при преголема моќност и поддршка во свиоци.
Integral Active steering BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 three-quarter rear view driving shot

Интегрално Активно Управување.

Интегралното активно управување комбинира поддршка што варира врз основа на аголот на управување на предната оска и задните тркала кои исто така придонесуваат при управувањето. При пониски брзини, нуди поголемо маневрирање и агилност со вртење на задните тркала наспроти предните тркала. Почнувајќи од 60 до 80 км на час, задните тркала се вртат паралелно со предните тркала, за да се зголеми стабилноста и комфорот при возењето.
Adaptive suspension BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 close-up Start/Stop Button

Адаптивна Суспензија.

Адаптивната суспензија овозможува идеално прилагодување на амортизерите за да одговараат на секоја дадена состојба на возење, подобрувајќи ја удобноста и динамиката на возењето. Покрај стандардната поставка COMFORT за зголемена удобност при возењето, SPORT програмата може да се одбере и за подесување на атмосферските амортизери.
Adaptive Drive BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 close-up steering wheel

Adaptive Drive.

Adaptive Drive ја комбинира активната стабилизација Dynamic Drive и заедно со Adaptive Suspension ја регулира работата на стабилизаторите и амортизерите по потреба. Во исто време, ова обезбедува извонредни нивоа на удобност при возење, овозможувајќи поголема брзина и пократки растојанија при сопирање.
Mild hybrid technology BMW 5 Series Sedan G30 chassis

Mild hybrid technology BMW 5 Series Sedan G30.

Mild хибрид технологијата служи за враќање на кинетичката енергија при сопирањето и го поддржува моторот за согорување за време на забрзувањето. Ова ја намалува потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 додека Ви дава динамична предност. Mild хибрид технологијата исто така ја прави функцијата Start/Stop многу побрза и многу поудобна.

ДИЗАЈНОТ НА НОВИОТ BMW СЕРИЈА 5 СЕДАН.

Дизајн опции во ентериерот и екстериерот.

BMW Серија 5 Седан инспирира со спортски и модерен дизајн. Опремата, како што се BMW Laserlight на предната страна или трапезоидните издуви и LED задните светла го потенцираат динамичниот и прогресивниот карактер на возилото. Во внатрешноста, функциите како што е амбиенталното осветлување или контролите со керамички облоги, ја истакнуваат удобноста и елеганцијата на овој бизнис седан.

BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 three-quarter front view standing
BMW kidney BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 Phytonic Blue close-up front

Предни украсни решетки.

Големата едноделна предна украсна решетка - позната и BMW бубрежна решетка - е карактеристика која обезбедува многу наметлив и динамичен изглед на Вашето возило. Изведбата и боите зависат од нивото на опременост на возилото.
BMW Laserlight BMW 5 Series Sedan Facelift 2020 Phytonic Blue close-up front

BMW Laser светла.

Во режимот на laser high-beam, BMW Laser светлата осветлуваат и до 650 м, скоро двојно повеќе од конвенционалните светла. Подобрата видливост во мракот значително ја зголемува безбедноста. Сините акценти и ознаките „BMW Laser“ на предните светла, исто така ги потенцираат технолошките стандарди и спортската способност на возилото.
LED rear lights BMW 5 Series Sedan Facelift 2020 Phytonic Blue close-up rear

LED задни светла.

Три-димензионалните задни светла, со карактеристичниот L-изглед во LED технологија, најавуваат дека се работи за BMW возило, дури и во темнина.
Trapezoidal exhaust tailpipe trim BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 close-up rear

Трапезоидни издуви.

Вистински, видливи трапезоидни издуви во Chrome изведба, по еден од левата и десната страна на возилото.
Ambient light BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 interior

Амбиентално осветлување.

Амбиенталното осветлување, вклучително и амбиенталното осветлување на контурата во предните и задните врати, создава опуштена, пријатна атмосфера при осветлување на внатрешноста. Изборот од 6 различни светла, , вклучуваат и динамична функција во четири апликации.
Control elements in high-gloss Black BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 interior

Керамичка изведба на контролите.

Ексклузивни керамички изведби за контролите како што се рачката на менувачот, контролите за температурата и јачината, како и на границите околу iDrive контролерот, ви даваат особено чувство на квалитет и луксузен изглед.
BMW 5 Series Sedan Individual G30 Facelift 2020 three-quarter front view standing
BMW 5 Series Sedan Individual G30 Facelift 2020 three-quarter front view standing
BMW 5 Series Sedan Individual G30 Facelift 2020 three-quarter front view standing
Full leather BMW 5 Series Sedan Individual G30 Facelift 2020 interior cockpit
Full leather BMW 5 Series Sedan Individual G30 Facelift 2020 interior cockpit
Full leather BMW 5 Series Sedan Individual G30 Facelift 2020 interior cockpit
Interior trims BMW 5 Series Sedan Individual G30 Facelift 2020 interior cockpit
Interior trims BMW 5 Series Sedan Individual G30 Facelift 2020 interior cockpit
Interior trims BMW 5 Series Sedan Individual G30 Facelift 2020 interior cockpit

BMW INDIVIDUAL КОЛЕКЦИЈА НА НОВИОТ BMW СЕРИЈА 5 СЕДАН.

Ништо не е поавторитативно од индивидуалноста. Ова е причината зошто BMW Серија 5 Седан нуди ексклузивни и високо квалитетни BMW Individual карактеристики како што се импресивниот BMW Individual аеродинамичен стил на наплатоците - 1001 I во опсегот на опции. Елегантните бои како Aventurin Red, Tanzanite Blue и Alvit Grey и Dravit Grey ви овозможуваат идеално надополнување на спортскиот ентериер на Вашите желби додека елегантната кожа во внатрешноста, во боите - Caramel, Tartufo или Smoke White му даваат на ентериерот индивидуалност и посебност.

ТЕХНОЛОГИИТЕ НА BMW СЕРИЈА 5 СЕДАН.

Дигитални услуги и интелигентни системи за помош на возачот.

Во брзата лента, насочувајќи кон иднината: најнапредните системи за помош и одликите за поврзување гарантираат максимално ниво на безбедност и удобност, додека иновативните деловни и забавни функции ќе Ве фасцинираат и информираат. И благодарение на паметните дигитални услуги, вие останувате идеално поврзани во текот на вашето патување - за безгрижна и опуштена подвижност.

Information display BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 interior cockpit
BMW Live Cockpit Professional BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 interior cockpit

BMW Live Cockpit Professional.

BMW Live Cockpit Professional со навигација вклучува два висококвалитетни дисплеи, и тоа: 12.3 инчен Контролен дисплеј со кој може да се ракува со допир и целосно дигитален инструмент дисплеј од 12.3 инчи. Со оперативниот систем BMW 7 може да се ракува и преку iDrive Touch контролерот.
Smartphone integration BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 interior cockpit

Smartphone Integration.

Зошто да бидете без опциите на Вашиот паметен телефон во Вашиот BMW автомобил, кога можете да продолжите да го користите како и обично? Со Smartphone Integration, Вашето возило ги поддржува Apple CarPlay® и Android Auto® преку безжична врска помеѓу Вашиот паметен телефон и возилото. Ова ви овозможува полесно да користите познати функции и разни апликации во возилото.
Bowers & Wilkins Diamond Surround Sound System BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 interior close-up door

Bowers & Wilkins Diamond Surround музички систем.

Bowers & Wilkins Diamond Surround музичкиот систем, со два твитери кои даваат одличен звук, за секое седиште и секој патник во возилото. 16 звучници се внимателно позиционирани и обезбедуваат зачудувачко доживување на звукот. Звучниците се осветлуваат, визуелно истакнувајќи го извонредниот квалитет на звукот на системот, дополнувајќи ја атмосферата и осветлувањето во кабината.
Reversing assistant BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 interior cockpit

Reversing assistant.

Reversing Assistant ги меморира последните 50 метри од изминатата патека до 35 км на час, за да може да се врати назад доколку е потребно. Ослободени сте од управувачот и можете да се концентрирате на набљудување на околината од вашето возило.
Driving Assistant Professional BMW 5 Series Sedan G30 Facelift 2020 interior cockpit

Driving Assistant Professional.

Driving Assistant Professional нуди оптимална удобност и безбедност за време на монотони или критични сообраќајни ситуации. Освен содржината на Асистентот за возење, тој исто така вклучува и Steering and Lane Control Assistant со проширени функции, Lane Change и Emergency Stop Assistant и Lane Keeping Assistant со активна заштита од страничен судир.

Потрошувачка на гориво и емисија на CO2.

  • BMW 530e Седан:
    Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 1.8–1.6
    Емисија на CO2 во g/km (комбинирано): 40–36

    BMW 540i Седан:
    Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 6.5–6.3
    Емисија на CO2 во g/km (комбинирано): 149–144

    BMW 520d xDrive Седан:
    Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 4.7–4.6
    Емисија на CO2 во g/km (комбинирано): 124–120

    *BMW Дигиталниот клуч е компатибилен само со избрани iPhone телефони. Листата со компатибилни iPhone телефони е достапна на bmw.com/digitalkey

    Информациите за потрошувачката на гориво, емисијата на CO2 и потрошувачката на енергија се утврдени во согласност со пропишаната постапка за мерење VO (EU) 715/2007 во верзијата што се применува во моментот на одобрување на типот. Бројките се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија и прикажаниот опсег ја разгледува опционалната опрема и различната големина на тркала и гуми достапни за избраниот модел.

    Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични емисии на СО2 за нови патнички автомобили може да се најдат во „Новата потрошувачка на гориво за патнички возила и упатствата за емисија на CO2“, кои се достапни бесплатно на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany и на https://www.dat.de/co2

    Вредностите веќе се засноваат на новата регулатива WLTP и се преточуваат во вредностите на NEDC-еквивалентни за да се обезбеди споредба помеѓу возилата. За даноци поврзани со возила или други давачки засновани на емисиите на СО2, вредностите на СО2 може да се разликуваат од вредностите наведени овде.