BMW X1 F48 LCI Storm Bay тричетвртински поглед однапред во возење во планински предел
Потрошувачка на гориво, комбинирано7,7–1,7 л/100 км
Тип на мотори и горивоБензинДизел

THE X1

THE BMW X1.

Потрошувачка на гориво, комбинирано7,7–1,7 л/100 км
Тип на мотори и горивоБензинДизел
THE X1THE BMW X1.

Пресврти што се пред нас: BMW X1 пристигна за да ги постави стандардите. Желбата за акција пред сè се прикажува преку спортскиот дизајн. На прв поглед, станува збор за Х модел во цела конструкција: неговата надворешност се карактеризира со кратки натстрешници и долго меѓуоскино растојание типично за SAV (Sports Activity Vehicle). Јасно ги изразува своите амбиции со убедлива динамика и агилност. Благодарение на сестраноста и флексибилноста, во комбинација со иновативните технологии, обезбедува максимална удобност при секој изминат метар во возење.

Дознајте повеќе

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДИЗАЈНОТ НА BMW X1.

BMW X1 зрачи со заводлива желба за акција: од врвните бубрежни решетки BMW и приспособливите предни ЛЕД светла, како и ЛЕД светлата за магла, преку 19 инчи тркала во стилот на Y краци и ретровизорот со ЛЕД-проекција „X1“, до задните ЛЕД светла и импресивните обвивки на издувните цевки. При влегувањето ве очекува амбиентална светлина која дискретно ја исполнува целата внатрешност. Таблата со инструменти дополнително е украсена со украсни контрастни шевови, кои исто така се карактеристични за кожните навлаки Dakota и Oyster тапацири и во подните простирки. Приспособливото задно седиште овозможува флексибилност преку дополнителен простор за седење во задниот дел или поголем капацитет за товар во багажниот простор.

BMW X1 F48 LCI поглед одблиску на адаптивните ЛЕД светла

Адаптивни ЛЕД светла.

Адаптивните предни ЛЕД светла вклучуваат оборени светла и долги светла против заслепување (BMW Selective Beam) и покажувачи на насоката со ЛЕД технологија. Опремата исто така содржи и светла за свиоци, дневни светла и адаптивно управување со светилките за осветлување на патот приспособено на ситуацијата при возењето.

BMW X1 F48 LCI поглед одблизу на 19 инчни тркала од лесна легура

19 инчни тркала од лесна легура во стил Y-spoke 580 Bicolour.

19 инчни тркала од лесна легура во стил Y-spoke 580 Bicolour Orbit Grey, сјајно стугани, 8J x 19 со 225/45 R19 пневматици.

BMW X1 F48 LCI фокус на ЛЕД проекција на “X1”.

Надворешни ретровизори со ЛЕД проекција на “X1”.

Надворешниот ретровизор од страната на возачот прикажува двобојна ЛЕД проекција “X1” покрај возилото кога тоа е отклучено. Овој поздрав за „добредојде“ вклучува и осветлување на вдлабнатината кај рачката на вратата.

BMW X1 F48 LCI внатрешноста со пакетот светилки е активирана

Пакет светилки.

Пакетот атмосферски светилки содржи различни ЛЕД светилки и го доловува амбиентот на чистиот квалитет во внатрешноста. Шесте светлосни дизајни кои можете да ги изберете, ја осветлуваат внатрешноста со елегантна комбинација од директни и индиректни светилки. Освен тоа, ќе ве пречека импресивен приказ за „добредојде“ од надворешните ЛЕД диоди, вклучително и „X1“ ЛЕД проекцијата.  

BMW X1 F48 LCI внатрешност со нагодувачки задни седишта

Нагодувачки задни седишта.

Можностите за користење на багажникот се посебно флексибилни благодарение на многубројните начини на кои можат да се нагодат задните седишта, така што ќе го зголемат просторот за патниците што се возат во тој дел од возилото или ќе го зголемат товарниот простор во багажникот, во зависност од приоритетот во ситуацијата. Задното седиште кое се дели во размер 60:40 може да се поместува нанапред или наназад до 130 мм. Потпирачот на задните седишта дури може и да се превитка во размер 40:20:40.

BMW X1 F48 LCI внатрешност со тапацир од кожа 'Dakota' со перфорации Oyster и Grey

Кожа 'Dakota' со перфорации | Oyster и Grey

Кожа 'Dakota' PDOA со перфорации со Oyster и Grey акценти

BMW X1 xDRIVE25e PLUG-IN ХИБРИД.

Истражете ги придобивките и техничките карактеристики на BMW X1 xDrive25e со иновативен хибриден погон.

Најдоброто од двата света: со BMW X1 xDrive25e** доживувате одржлива мобилност и ефикасна динамика во возењето. Истражете ги многуте придобивки од ова иновативно хибридно возило на BMW и дознајте повеќе за концептот на возење, динамиката на возење, полнењето на BMW и практичните дигитални услуги на BMW ConnectedDrive.

Plug-in хибрид BMW X1 xDrive25e F48 LCI страничен поглед на полнење со модел

Plug-in хибридна технологија на BMW X1 xDrive25e.

BMW X1 xDrive25e** plug-in хибрид ја комбинира BMW eDrive технологијата на електричниот погон со моќниот мотор со внатрешно согорување. Двете погонски единици заедно овозможуваат ефикасно и единствено искуство од возењето. Системот за погон на сите тркала BMW xDrive, единствен за plug-in хибриди во овој сегмент, е дополнителна гаранција за оптимална динамика и влечење. 

Plug-in хибрид BMW X1 xDrive25e F48 LCI тричетвртински страничен поглед во возење на улица

Режими на возење на BMW X1 xDrive25e.

Чисто електрично и без емисии на пат до работното место или моќно динамично и со доволен дострел за викенд екскурзии – BMW X1 xDrive25e** со хибриден погон ги остава отворени сите ваши можности. Искористете ги интелигентините начини на возење кои обезбедуваат оптимална интеракција на моторот со внатрешното согорување и со електромоторот во секоја ситуација.

Plug-in хибрид BMW X1 xDrive25e F48 LCI тричетвртински страничен поглед при полнење

Полнење на BMW X1 xDrive25e.

BMW Charging ви нуди приспособени решенија за полнење на вашиот plug-in хибрид. Покрај стандардниот кабел за полнење за домашни приклучоци, распоредот за снабдување на BMW X1 xDrive25e ** вклучува и кабел за полнење (режим 3) на јавни полначи, како и картичка за полнење BMW што ви нуди атрактивни услови за полнење на јавните места*.

* понуда за одредени пазари

Plug-in хибрид BMW X1 xDrive25e F48 LCI систем за навигација одблиску

Дигитални услуги за BMW X1 xDrive25e.

BMW нуди иновативни дигитални услуги кои го прават попрактичен секојдневниот живот со вашиот BMW X1 xDrive25e**. BMW Connected Charging сигурно ве упатува до најблиските јавни станици за полнење долж вашата рута. Другите дигитални услуги, како што е апликацијата My BMW, го надополнуваат вашето секојдневие.

*Please note that Connected Drive feature availability might vary depending on the market. For more information, please contact your BMW partner.

Дознајте повеќе

BMW X1 МОДЕЛИ.

Model Advantage

  • Park Distance Control (PDC), одзади
  • Автоматско ракување со врата од багажникот
  • Темпомат со функција на сопирање
  • Двозонска автоматска климатизација
BMW X1 F48 LCI Model Advantage во кашмир сребрена боја тричетвртински поглед однапред во студио

Model xLine

  • 18 инчни тркала од лесна легура во Y-spoke стил 579; достапни се и други тркала
  • Преден браник со штитник на моторот и други елементи од дизајнот во сребрена мат боја
  • Седишта во платнено/кожна комбинација 'Cross Track' во Granite Brown со црн акцент, алтернативно кожа 'Dakota' со перфорација; достапни се и други тапацири
  • Внатрешни украсни лајсни во темна 'Pearl' боја со бисерно хромиран акцент; достапни се и други лајсни.
BMW X1 F48 LCI Model xLine во минералнобела боја тричетвртински поглед однапред во студио

Model Sport Line

  • 18 инчни тркала од лесна легура во стил Double-spoke 578; достапни се и други тркала
  • Преден браник со карактеристични елеминти на дизајн во црна воја со висок сјај, штитник на моторот во боја на каросеријата
  • Спортски седишта во платнена/Sensatec комбинација антрацит со сиви карактеристики; достапни се и други тапацири
  • Спортски кожен управувач
BMW X1 F48 LCI Model Sport Line во Sunset Orange боја тричетвртински поглед однапред во студио

Model M Sport

  • M Aerodynamics пакет со преден спојлер, странични прагови, облоги на лакот на тркалата во боја на каросеријата, заден спојлер со влошка за дифузер во Dark Shadow металик боја.
  • 18 инчни M тркала од лесна легура во стил Double-spoke 570 M; достапни се и други тркала
  • Спортски седишта за возачот и совозачот во ‘Micro Hexagon'/Sensatec црн материјал или антрацит платно/Sensatec со сиви детали; достапни се и други материјали
  • M Sport суспензија, спуштена; алтернативно стандардна суспензија
  • M кожен управувач
BMW X1 F48 LCI Model M Sport во M Misano Blue боја тричетвртински поглед од напред во студио
  • Model Advantage
  • Model xLine
  • Model Sport Line
  • Model M Sport

ПОГОНСКИ ТЕХНОЛОГИИ НА BMW X1.

Перформанси во секој поглед.

BMW X1 нуди цела палета на врвни компоненти како што се BMW TwinPower Turbo 3- и 4-цилиндричните мотори, менувачот Steptronic, интелигентниот систем за погон на сите тркала BMW xDrive, како и адаптивната суспензија и сопирачките M Sport.

BMW X1 F48 LCI поглед одблиску на BMW TwinPower Turbo 4-цилиндричен бензински мотор

TwinPower Turbo 4-цилиндричен бензински мотор

Новата генерација TwinPower Turbo 2,0-литарски 4-цилиндричен бензински мотор гарантира максимално уживање во возењето. Познат е по својата агилна испорака на моќност, како и извонредната реакција дури и при мали брзини, а во исто време е ефикасен и има ниски емисии на издувни гасови.

BMW X1 F48 LCI поглед од блиску на BMW xDrive лого на задниот крај

BMW xDrive.

Интелигентниот систем за погон на сите тркала BMW xDrive континуирано и променливо ја дистрибуира погонската моќ на предните и задните тркала за дополнителна тракција, динамика на возењето и безбедност во секоја ситуација при возењето. За уште подобра подвижност, електронски контролираната дистрибуција на моќноста го потиснува подуправувањето и надуправувањето во свиоци.

BMW X1 F48 LCI тричетвртински поглед одзади во возење пред планина

Адаптивна суспензија.

Адаптивната суспензија овозможува нагодување на карактеристиките на амортизерите според ситуацијата на возење и комбинира удобност при возењето и динамика на возење со најдобра можна безбедност. Можете да го изберете стандардниот режим COMFORT или SPORT преку ракување со Driving Experience Control.

BMW X1 F48 LCI поглед одблизу на палката од менувачот во централната конзола

Спортски менувач Steptronic.

Осумбрзинскиот менувач Steptronic Sport нуди неверојатно спортски промени на брзините. Без разлика дали ќе го користите автоматски или рачно, со помош на палката од менувачот или лопатките за промена на пренос зад воланот искусувате удобно возење или неверојатно динамично возење. Во режимот SPORT и со рачката на менувачот во левата положба S/M, менувачот е конфигуриран за максимални перформанси.

BMW X1 F48 LCI страничен поглед одблизу на 19 инчните тркала со M Sport сопирачки

M Sport сопирачки.

Сопирачките M Sport имаат фиксирани четириклипни клешти напред и пловечки клешти со еден клип назад во сина боја со ознака M, и големи дискови на сопирачките за извонредни перформанси при сопирањето.

ИНОВАЦИИТЕ КАЈ BMW X1.

Секогаш возете во тек.

Опремен со иновации како што се Apple CarPlay®, телефонија со безжично полнење, BMW Head-Up дисплеј и контролен дисплеј од 10,25 инчи со интелигентни безбедносни системи, вклучувајќи Driving Assistant Plus и Parking Assistant, BMW X1 гарантира дека секогаш удобно и сигурно ќе стигнете до вашите дестинации.

BMW X1 F48 LCI внатрешност со фокус на Driving Assistant Plus на дисплејот и контролите

Driving Assistant Plus.

Опремата Driving Assistant Plus јасно ја подобрува безбедноста и удобноста. Вклучува предупредување за судир и предупредување за пешаци со лесно сопирање во градска средина, предупредување за напуштање возна лента, асистент за долги светла, информации за ограничување на брзината и темпомат заснован на камера со функција Stop & Go.

BMW X1 F48 LCI внатрешност со фокус на Driving Assistant Plus на дисплејот и контролите

Parking Assistant.

Помошта при паркирање го олеснува паралелното паркирање. Системот работи со мерење на потенцијалниот простор кога покрај него се вози со мала брзина. Кога ќе се најде простор што одговара, асистентот за паркирање го презема управувањето, а вие сте одговорни за изборот на правилната брзина, како и за притисокот врз педалот за гас и врз сопирачките.

BMW X1 F48 LCI внатрешност со акцент на BMW Head-Up дисплејот

BMW Head-Up дисплеј.

Екранот во боја на BMW Head-Up дисплејот проектира информации релевантни за патување директно во вашето видно поле, овозможувајќи ви целосно да се концентрирате на возењето. Во зависност од опремата, се прикажуваат информации како моментална брзина, насоки за навигација, информации за ограничување на брзината, вклучително и индикатор за непрестигнување, заедно со списоци со телефонски броеви и забавни содржини.

BMW X1 F48 LCI внатрешност со фокус на Driving Assistant Plus на дисплејот и контролитеBMW X1 F48 LCI внатрешност со фокус на Driving Assistant Plus на дисплејот и контролите

Телефонија со безжично полнење.

Телефонијата со безжично полнење вклучува безжичен приклучок за полнење и дополнителен приклучок за USB. Дополнителнната антена на кровот го подобрува мобилниот прием. Два мобилни телефони и аудио уред можат да се поврзат истовремено преку Bluetooth. Покрај тоа, тука е и Bluetooth Office.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА BMW X1.

The BMW X1 xDrive20i.

Моќност на моторот во kW (кс) при 1/мин:

131 (178)/5.000-5.500

Забрзување 0–100 км/ч во сек.:

7.3

Потрошувачка на гориво, комбинирано, во л/100 км: 

7,7–6,9

Емисија на CO2, комбинирано, во г/км:

175–158

BMW X1 xDrive20i F48 LCI во BMW Individual Storm Baymetallic боја, возење низ зимски пејзаж

BMW УСЛУГИ.

УСЛУГИ И АСИСТЕНЦИЈА ЗА BMW X1.

BMW Service Inclusive

BMW Service Inclusive.

#whateverhappens: Сестрано безгрижно патување за електрични возила: овој пакет нуди 100% транспарентност и практична едноставност во планирањето. Можете да одберете дали ќе случите договор на 4 или 6 години – или договор на 3 години како корисник на лизинг.

Пакетот ги содржи следниве услуги:

  • Услуга за проверка на возилото
  • Замена на микрофилтер
  •  Замена на течност во сопирачки
Дознајте повеќе за BMW Service Inclusive
BMW Roadside Assistance

BMW Roadside Assistance.

Бесплатната услуга BMW Roadside Assistance достапна е на сите BMW возачи секојдневно, 365 дена во годината. Еден повик – и нашите експерти ви стојат на располагање, преку телефон или доколку е потребно на лице место.

Дознајте повеќе за BMW Roadside Assistance
Вработен во BMW советува клиент

ДАЛИ САКАТЕ ЛИЧЕН КОНСУЛТАНТ?

Доколку имате било какви прашања, барате дополнителни информации или сакате специфична понуда за BMW X1, ве молиме контактирајте го BMW партнерот во вашата земја. Нашите стручни лица со големо задоволство ќе ви дадат индивидуални совети преку телефон или на лице место.

Потрошувачка на гориво и емисија на CO2.

  • BMW X1 xDrive20i:
    Потрошувачка на гориво л/100 км (комбинирано): 7,7–6,9
    Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 175–158

    BMW X1 xDrive25e**:
    Потрошувачка на гориво л/100 км (комбинирано): 2,1-1,7
    Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 47-39
    Потрошувачка на ел. енергија во kWh/100 км (комбинирано): 15,7-15,0

    Официјалните податоци за потрошувачката на гориво, емисијата на CO2 и потрошувачката на електрична енергија се одредени со прописите за мерење и во согласност со регулативата (EU) 715/2007 која се применува при хомологација на возилото. WLTP бројките (според тестот за Светска хомологација на лесни возила) ги земаат во предвид секоја дополнителна опрема. За ново одобрените возила од 01.01.2021, официјалните спецификации се достапни само согласно WLTP. Дополнителни информации за NEDC и WLTP методите на мерење можете да побарате на www.bmw.de/wltp

    ** На температури под 0 степени Ц, чисто електричен режим на возење на овој plug-in хибрид нема да биде достапен се додека батеријата не се загрее до работна состојба откако возилото не помине неколку километри.