Забрзување од 0-100 км/ч во с (BMW X3 M40i) |
4.8 |
Максимална брзина во км/ч (BMW X3 M40i) |
250 |
Потрошувачка во л/100 км, комбинирана (BMW X3 M40i) |
8.4–8.2 |
CO2 емисии во г/км, комбинирани (BMW X3 M40i) |
193–188 |
Целосно новиот BMW X3 е исказ на неограничени можности и израз на вистинско присуство и слобода. Уште на прв поглед, тој импресионира со својот атлетски изглед и фасцинира со возбудливо доживување во возењето. Благодарение на делумно автономно возење и интелигентниот систем со погон на сите четири тркала BMW xDrive, тој нуди врвен комфор во возење како на патиштата така и надвор од нив. Со тоа повторно ги дефинира границите во својата класа и јасно дефинира една работа: постои огромна разлика во тоа како ќе стигнете до својата дестинација.
BMW X3 M40i:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 8.4 до 8.2
СО2 емисии во г/км (комбинирана): 193 до 188
МАРК МИХАЕЛ МАРКЕФКА, ДИРЕКТОР НА ДИЗАЈН НА ВОЗИЛА ОД СРЕДНА КЛАСА, BMW АВТОМОБИЛИ.„Надмоќен и сталожен тој тргнува да го открие непознатото, бидејќи ја знае сопствената внатрешна снага.“
Потрошувачка на гориво и СО2 емисии.
-
Вредностите за потрошувачка на гориво и CO2 емисиите што се прикажани биле утврдени според Европската регулатива (EC) 715/2007 во верзија која се применувала во периодот на одобрувањето. Вредностите се однесуваат на возилата со основна конфигурација во Германија и прикажаниот опсег се однесува на различната големина на избраните димензии на гуми и тркала.
Спецификациите за CO2 ефикасноста се утврдуваат според Директивата 1999/94/EЗ и Pkw-EnVKV и врз основа на потрошувачката на гориво и CO2 вредности според NEDC циклусот за класификација.За понатамошни информации во врска со официјалната потрошувачка на гориво и специфичните СО2 емисии на новите патнички возила може да се преземат од „Упатство за потрошувачка на гориво, СО2 емисии и потрошувачка на енергија на новите патнички автомобили“ која е достапна во сите продажни места и на https://www.dat.de/angebote/verlagsprodukte/leitfaden-kraftstoffverbrauch.html.