Иднината е овде, индината е сега. Нема потреба од компромиси. Денес, можете да возите најмоќно возило со 0 загадување. При тоа ќе бидете општествено одговорни кон средината во која живеете Вие и Вашите идни генерации.
BMW X5 Plug-in хибрид е најдоброто од двата енергетски света. Истовремено нуди еколошка мобилност, финансиска заштеда и технолошка супериорност.
На прв поглед:
Втората генерација на BMW X5 со електрифициран погон комбинира специфичен бензински мотор со BMW TwinPower Turbo технологија и најновата технологија на BMW - eDrive. Постојаниот напредок во областа на plug-in хибридниот погон произведе системски излез сега зголемен на 290 kW, што е големо подобрување во однос на опсегот на електрична енергија и значително намалување на потрошувачката на гориво и нивото на СО2 во споредба со претходниот модел.
Ова издание на спортско активно возило комбинира 6-цилиндричен бензински мотор со електромотор, кои заедно со Steptronic 8-степениот автоматски менувач и интелигентниот xDrive – постојан погон на сите 4 тркала, испорачуваат 394 КС.
Plug-in хибрид технологијата е решение кое покрај моторот со внатрешно согорување, комбинира и батерија со електричен погон. Зголемената батерија, сега со 24 kW допринесува за поголема автономија на чисто електричен погон.
Досегот на чист електричен погон сега е до 90 km.
За новиот BMW X5 xDrive 45e потребни се 5,6 секунди од нула до 100 км на час, што е за 1,2 секунди помалку од претходниот модел. Неговата максимална брзина е 235 км на час.
The X5. Plug-in Хибрид.
Зошто plug-in хибрид?
Plug-in хибридните решенија на BMW веќе им нудат на корисниците низа дополнителни придобивки во однос на традиционалните решенија, и тоа:
Заштеда: Електричното возење во урбаните средини е поевтино отколку користењето бензин или дизел, ако plug-in хибридното возило се полни дома или на работно место. Најкратко време на полнење е 3,5 часа. Просечното време е 7 часа.
Оптимална температура: Со вентилацијата како стандардна опрема, сега можете да сметате на оптимална температура во внатрешноста дури и пред да влезете во автомобилот.
Победничко сопирање: Батеријата кај plug-in хибридите се полни при сопирање, додека кај конвенционалните возила, сопирањето создава само топлина и прашина од сопирачките. Батеријата покрај рекуперацијата и при сопирањето, може да се надополни и преку регуларна дистрибутивна мрежа на електрична енергија, во домашни услови или на автомобилски јавни полначи.
Најдоброто од двата света: plug-in хибридите овозможуваат електрично задоволство при возење во урбаните области и класично задоволство при возење на подолги растојанија.
На патот кон иднината: Бидејќи plug-in хибридите работат без емисија на штетни гасови, тие можат да влезат во многу зони со ограничени емисии на CO2, уживајќи дополнителни привилегии за паркирање дури и при наплата на патарина во некои земји.
Подобар квалитет на живот во градовите: Со возење на електрична енергија, корисниците можат активно да придонесат за намалување на аерозагадувањето и бучавата од сообраќајот во градовите.