Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.

Заборавете на ограничувањата во X-plorer деновите 2023 година
Оваа година, настанот #BMWdriveit ја одбележа моќта на контрастите.
Добре дојдовте во моќните контрасти на Баскија. Оваа година, нашите инфлуенсери имаа можност да ги истражат Билбао и Сан Себастијан со моделите iX1 и X1 и создадоа фантастични доживувања. Да ги следиме на нивната маршута и да навлеземе подлабоко во урбаниот стил на живеење, одржливоста, природата и адреналинот што ги нуди Баскија.
Ако сакате да ја следите патеката на творците, картата ќе ви ја покаже маршрутата и секоја нејзина станица. Да ја истражиме и да заборавиме на нашите ограничувања!

БИЛБАО
Билбао, во близина на Сан Себастијан и Астурија, е еден од скапоцените камења на Северна Шпанија. Билбао успеал да се развие во софистициран модерен град, но и да ја сочува традиционалната баскиска култура.
Билбао доживеал преобразување и од сив град во кој доминирала индустријата сега е претворен во космополитска, дизајнерска метропола. Големите архитекти како Норман Фостер и Френк О. Гери оставиле свој славен печат врз градот.

САН ХУАН ДЕ ГАСТЕЛУГАЧЕ
Сан Себастијан е туристички град сместен во планинскиот шпански регион на Баскија. Познат е по плажата Ла Конча и плажата Ондарета, кои се издвојуваат со живописното шеталиште свртено кон заливот и светски познатите ресторани предводени од иновативни готвачи. Во поплочениот Стар град (Parte Vieja), луксузните продавници се испреплетуваат со пинчо барови во кои може да вкусите комбинација од локални вина и закуски од регионални специјалитети.

ВЕТЕРЕН ПАРК ОИЗ
Паркот има инсталирана моќност од 25 мегавати. Има ветерни турбини со моќност од 850 kW - кои обезбедуваат енергија еднаква на потрошувачката на 65.000 луѓе - и спречуваат емисија на 58.240 тони јаглероден диоксид во атмосферата.
Особено треба да се забележи почитта кон животната средина со која е изграден паркот и која довела до освојување мерки за безбедност на птиците и означување на елементите од културното наследство.

САРАУЗ
Сурферско доживување со Марлон Липке. Сурфањето е уникатно искуство со кое, освен што уживате во сонцето и морето, можете и да спортувате. Професионалниот сурфер Марлон Липке го посветил својот живот на сурфањето, и поради тоа често патува, во потрага по совршените бранови.

САН СЕБАСТИЈАН
Сан Себастијан е туристички град сместен во планинскиот шпански регион на Баскија. Познат е по плажата Ла Конча и плажата Ондарета, кои се издвојуваат со живописното шеталиште свртено кон заливот и светски познатите ресторани предводени од иновативни готвачи. Во поплочениот Стар град (Parte Vieja), луксузните продавници се испреплетуваат со пинчо барови во кои може да вкусите комбинација од локални вина и закуски од регионални специјалитети.

ИДИЈАСАБАЛ
Посетете локална фабрика за сирење и дегустирајте. Сирењето Идијасабал е традиционално полумеко сирење што го подготвуваат овчарите од Баскија и Навара, близу шпанските Пиринеи. Се прави од сурово свежо овчо млеко од расите лача и каранцана.
Тоа полека зрее и се чади природно со дрво од бреза или цреша. Зрело сирење со богат вкус со раскошен мирис и богат вкус на путер.

ВИТОРИЈА
Турнејата на улична уметност во Виторија-Гастеис ви ги отвора скриените уметнички богатства на улиците на овој прекрасен град. Оваа галерија на отворено, позната и како патека на муралите на Виторија-Гастеис (IMVG), поминува низ улиците на стариот град, опкружен со цркви, палати и остатоци од стари ѕидини, и низ работничката населба Сарамага и ни го открива најактуелното и најпознатото од главниот град на Алава.

САЛТО ДЕЛ НЕРВИОН
Овие планини исцртуваат импресивни пејзажи, но совршениот панорамски поглед на регионот е несомнено оној што може да се види од Мирадор дел Нервион, видиковец надвиснат над кањонот Делика од кој може да се види реката Нервион во дождовната сезона. Тоа е спектакуларен водопад ор речиси 300 метри. Тоа е најголемиот водопад во Шпанија и еден од најважните во Европа.
Детално за X-Plorer деновите
- ДЕН 1
- ДЕН 2
- ДЕН 3

Пристигнување на аеродромот во Билбао

Трансфер од аеродромот до градот Билбао

Пријавување во Gran Hotel Domine

Доживување на градот Билбао

Вметнување на возилата во фокусот покрај глетките

Вечера во Nerua директно во музејот Гугенхајм

Појадок и одјавување од Gran Hotel Domine

Предавање на автомобилите (iX1 & X1) и презентација

Попатно застанување во Сан Хуан де Гастелугаче

Попатно застанување во ветерниот парк Оиз

Ручек на плажата Сарауз и сурферско доживување со Марлон Липке

Пријавување во Zenit Convento San Martin

Посета на пинчо барови во стариот град на Сан Себастијан

Појадок и одјавување од Zenit Convento San Martin

Попатно застанување во фабрика за сирење

Снимање улична уметност во Викторија-Гастеис и ручек

Пешачење во Салто де Нервион

Пријавување во Radisson Collection

Одјавна вечера во La Bodega Ola
НОВИОТ BMW iX1.
ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ И ЛУКСУЗНА УДОБНОСТ - ВО НОВИОТ BMW IX1 СÈ Е ДИЗАЈНИРАНО СОВРШЕНО ДА ОДГОВАРА НА ВАШИТЕ БАРАЊА .
АТРИБУТИ НА НОВИОТ BMW iX1.
- Надворешност
- Внатрешност

Дизајн на преден дел.
Препознатливата и голема, речиси квадратна двојна бубрежна маска со изборни акценти во сина боја и тенките адаптивни LED предни светла што се протегаат длабоко во страничните делови му даваат на новиот BMW iX1 моќна и наелектризирачка појава.

Страничен поглед.
Со истакнатиот преден дел и вертикалните пропорции, новиот BMW iX1 претставува исклучително динамична појава гледан отстрана. Изборните сини акценти импресивно го прикажуваат електричниот погон на цврстото возило.

Поглед одзади.
Благодарение на комбинацијата од проѕирно и темно чадено стакло заедно со хексагоналниот дизајн[1] на страната, тридимензионалните задни светла со L-облик му даваат на возилото непогрешливо модерен изглед.

Интуитивни контролни функции во кабината.
Помалку копчиња, повеќе интуиција: тенкиот BMW Curved Display без рамка што се управува преку допир или преку гласовни команди ги привлекува погледите во внатрешноста на новиот BMW iX1 и истовремено претставува вашиот клучен интерфејс со BMW iDrive.

Модерна централна конзола.
Модерен оперативен концепт на две нивоа: ги нема класичните рачни прекинувачи, а нивното место го зазема централната конзола со прекинувал/контрола на лизгање, оперативни елементи од најновата генерација и интегрирана безжична подлога за полнење на пониското ниво.

Простор за багаж.
Осветлениот простор за багаж на BMW iX1 нуди различни опции за складирање. Карактеристиките како што се додатокот за под што се склопува и приспособувањето на аголот на навалување на задните седишта ви дава дополнителен багажен простор – и поголем простор за спонтаност.
НОВИОТ BMW X1.
АТРИБУТИ НА НОВИОТ BMW X1.
- Надворешност
- Внатрешност

Дизајн на предниот дел.
Во средината на предниот дел е препознатливата и голема, скоро квадратна двојна бубрежна решетка. Во комбинација со тенките адаптивни ЛЕД предни светла, кои се протегаат далеку во боковите, новиот BMW X1 претставува моќна појава.

Страничен поглед.
Со истакната предна секција, монолитен дизајн на површините и неговите високи пропорции, новиот BMW X1 има извонредно динамичен страничен изглед.

Дизајн на задниот дел..
Благодарение на интеракцијата на транспарентно и затемнето димено стакло заедно со хексагоналниот дизајн* на страните, тродимензионалните задни светла во L-форма обезбедуваат безгрешен модерен изглед на возилото.
* Достапно како опција.

Интуитивни контроли во кокпитот.
Тенкиот закривен BMW контролен дисплеј без рамка кој се контролира со допир или преку гласовни команди го привлекува вниманието и истовремено служи како ваш клучен интерфејс за ракување со BMW iDrive системот.

Модерна централна конзола.
Современата централна конзола е опремена со прекинувачи/лизгачки контроли, елементи за ракување од последната генерација и интегрирано лежиште за безжично полнење*.
* Достапно како опција.

Удобност позади.
Благодарение на нивниот нов дизајн и Sensatec Oyster тапацирот со ексклузивни контрастни спојки и шавови, седиштата во задниот дел нудат исклучително високо ниво на комфор во секој момент. Наслонот се преклопува флексибилно и поединечно во однос 40:20:40.