Динамика и ефикасност при возење BMW Серија 1 со 3 врати

СНАГАТА НИКОГАШ НЕ ДОАЃАЛА ПОЛЕСНО.

Динамика и ефикасност при возење BMW Серија 1 со 3 врати.

СНАГАТА НИКОГАШ НЕ ДОАЃАЛА ПОЛЕСНО.

Динамика и ефикасност при возење BMW Серија 1 со 3 врати.

Со својот агилен, енергичен дух, BMW Серија 1 едноставно е идеален за градско возење. BMW TwinPower турбо моторите и опционалниот 8-степен Steptronic пренос гарантираат дека само за еден момент се постигнува ритамот. Режимот на возење ECO PRO овозможува целосно искористување на максималниот можен опсег. Сè на сè, станува збор за идеален партнер, молскавично брз кога станува збор за забрзувањето, а релаксиран кога зборуваме за потрошувачката на гориво.

СНАГАТА НИКОГАШ НЕ ДОАЃАЛА ПОЛЕСНО.Динамика и ефикасност при возење BMW Серија 1 со 3 врати.

Со својот агилен, енергичен дух, BMW Серија 1 едноставно е идеален за градско возење. BMW TwinPower турбо моторите и опционалниот 8-степен Steptronic пренос гарантираат дека само за еден момент се постигнува ритамот. Режимот на возење ECO PRO овозможува целосно искористување на максималниот можен опсег. Сè на сè, станува збор за идеален партнер, молскавично брз кога станува збор за забрзувањето, а релаксиран кога зборуваме за потрошувачката на гориво.

BMW Efficient dynamics технологии

BMW EFFICIENT DYNAMICS ТЕХНОЛОГИИ.

Технологијата BMW EfficientDynamics овозможува подобра искористеност на секој литар гориво: подобри перформанси, подобра ефикасност и поголемо задоволство при возењето. Техничките иновации што придонесуваат за намалување на потрошувачката, а истовремено за зголемување на задоволството при возење означуваат дека чистата динамика е стандарден дел во секој BMW.

  • BMW 116d EfficientDynamics Edition

    BMW 116d EfficientDynamics Edition располага со 1,5 литарски BMW TwinPower турбо 3-цилиндричен дизел мотор и и се наоѓа во сопствената класа кога станува збор за ефикасноста. Моторот генерира 85 kW (116 hp) на 4.000 вртежи во минута и испорачува максимален вртежен момент од 270 Nm помеѓу 1,750 и 2,250 вртежи во минута. Сето ова овозможува BMW 116d EfficientDynamics Edition од место да постигне 100 км/час за 10,4 секунди. Комбинираната потрошувачка на гориво е само 3.8 до 3.4 литри на 100 км со емисии на CO2 од само 101 до 89 г/км што претставува потврда за неверојатната ефикасност на моторот.
    BMW TwinPower дизел моторот од 1,5 литри и 3 цилиндари се карактеризира со брзи реакции, дури и при ниски вртежи на мотор, и со непречена работа. Тој се карактеризира со инјектирање гориво со заеднички вод (CommonRail) и иновативна технологија на турбополнач со варијабилна турбинска геометрија. Извонредната ефикасност се должи во голема мерка на аеродинамичните делови, вклучувајќи ги и ародинамично оптимизираните 16-инчни тркала од лесна легура и електрично регулираната контрола на воздушни отвори, која според потреба го отвора и затвора отворот пред ладилникот.

BMW Twinpower турбо мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО МОТОРИ.

Благодарение на BMW TwinPower турбо технологијата, иновативната нова генерација на BMW бензински и дизел мотори од палетата на BMW EfficientDynamics, дури и на ниски вртежи може да испорачаат агилни перформанси и одлична брза реакција, а сето тоа со извонредна ниска потрошувачка на гориво и ниски емисии. Зголемената ефикасност и оптималната динамика гарантираат поинтензивно задоволство при возењето.
Бензинските мотори се карактеризираат со иновативна технологија на турбополнач, Valvetronic целосно варијабилна контрола на вентилите, вклучувајќи Double-VANOS варијабилна контрола на брегастото вратило и високопрецизно инјектирање гориво. Сите овие високософистицирани компоненти обезбедуваат извонредна испорака на снага и подобрена ефикасност. Во дизел моторите соединети се турбополначи со варијабилна геометриска технологија и најнова генерација на CommonRail директно инјектирање гориво. Ова ниво на оптимизирано согорување уште повеќе придонесува за ниска потрошувачка на гориво и емисии.

8-степен steptronic пренос

8-СТЕПЕН STEPTRONIC ПРЕНОС.

8-степениот Steptronic пренос поставува нови стандарди на удобност и динамички перформанси и претставува клучен елемент на BMW EfficientDynamics. Необично малите распони помеѓу брзините ја олеснуваат оптималната испорака на снага при сите брзини. Со ова значително се намалува потрошувачката на гориво, а истовремено се овозможува возачот да ужива во подобри спортски и динамички перформанси. Вртежите на моторот се намалени, особено при големи брзини, и со тоа се намалува потрошувачката на гориво и бучавата на моторот.
Конвертерката спојка, исто така, помага, дури и ако возилото се стави на рачен режим на работа. Брзите промени на вртежите на моторот и прецизниот пренос гарантираат неверојатно лесно менување.
Интегрираните функции како што се интелигентниот погонски склоп, постојаното следење на движењето на возилото и сообраќајната ситуација значително влијаат врз начинот на којшто менувачот ги префрла степените на пренос. Без разлика на тековниот режим на возење, системот секогаш ќе ја селектира најсоодветната брзина. Единицата за контрола на преносот е поврзана со навигацискиот систем, па во зависност од рутата, погонскиот склоп избира помеѓу поспортски режим на работа (SPORT) со брзи реакции и режим за поудобно возење со помалку промени (COMFORT).

100% СПОРТСКИ.

M Performance модел BMW M135i е најспортската варијанта на BMW Серија 1 во секоја поглед. Карактеристиките како варијабилното спортско управување, M Sport потпирањето или адаптивното М потпирање уште повеќе ја подобруваат динамиката при возење.

  • M140i

    BMW M140i е синоним за чисто уживање при возење и исклучителна динамика при возење. Неговиот BMW M Performance TwinPower турбо линиски 6-цилиндричен бензински мотор со висок број на вртежи и со капацитет од 3.0 литри генерира 240kW (326 hp) при 5,800 вртежи во минута и возилото забрзува од 0 до 100 км/час за само 5.1 секунди (Steptronic пренос: 4.9 секунди). Згора на сè, создава неверојатно моќен звук на моторот, како и огромно забрзување благодарение на 450 Nm вртежниот момент.
    Шасијата е 10 милиметри пониска, со потврди и поспортски карактеристики на амортизерите, единствени за моделите М, и на патот сигурно ја пренесува целата сила на моторот. M Sport сопирачката со сини стеги и М лого гарантира максимална сила на сопирање, дури и кога BMW вози до своите граници. Извонредните реакции на варијабилниот спортски М управувач му овозможуваат на возачот прецизни повратни информации за сигурно возење. М аеродинамичниот пакет со посебни отвори за воздух во предниот дел од возилото, ексклузивните 18-инчни тркала од лесна легура со Performance гуми и две издувни цевки придонесуваат за перформансите и за надворешниот изглед.
    Кога станува збор за внатрешноста на возилото, М праговите, М спортските седишта, М кожниот управувач и посебно осмислените и произведени М инструменти го пренесуваат динамичкото наследство на возилото.


    Потрошувачка на гориво/CO2 емисии
    Податоци за BMW M140i со 3 врати
    Комбинирана потрошувачка за гориво:
    8.0 л/100 км
    [7.5 л/100 км]
    Комбинирани CO2 емисии:
    188 г/км
    [175 г/км]

    Вредностите надвор од заградите се однесуваат за основниот модел со стандарден пренос; вредностите во заградите на моделот со опциски достапниот пренос (види посебна опрема).


    Податоците за потрошувачката на гориво и CO2 емисиите зависат од димензиите на избраните тркала и гуми.


    Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany.

  • Варијабилно спортско управување

    Варијабилното спортско управување со системот Servotronic овозможува директна и агилна реакција на управувачот и го олеснува неговото вртење. Системот реагира на аголот на управувачот, независно од моменталната брзина, со различни односи на управувачот. Така се намалува потребата за движење на управувачот при управување под особено големи агли. Тој се одликува со варијабилно серво управување, зависно од брзината. На тој начин значително се зголемува агилноста и се подобрува управувањето при динамично возење низ остри кривини или при избегнување пречки. Исто така, се олеснува паркирањето, скршнувањето и маневрирањето. За управување под мали агли, системот обезбедува одлична стабилност на задржување правец и многу висок степен на прецизност при управување.

  • М Sport потпирање

    М Sport потпирањето се карактеризира со спортски поставки на потпирање, а на моделите со заден погон опфаќа шасија спуштена за околу 10 милиметри. Пружините на амортизерите се пократки и има потврдо поставување на амортизерите, како и потврди стабилизатори. Сето ова резултира со уште подиректен допир со патот што овозможува особено динамичен начин на возење.

  • Адаптивно М потпирање

    Адаптивното М потпирање е поставено десет милиментри пониско и со тоа уште повеќе се зголемува целосниот динамички потенцијал на возилото. Возачот може да ги приспособи карактеристиките на возење според моменталната желба за начинот на возење, од удобно возење до екстремно спортско возење. Без разлика кој режим ќе се избере, електрично контролираните амортизери на Адаптивното М потпирање за миг се приспособуваат за да одговараат на условите на тој дел од патот. Системот користи бројни сензори кои ги мерат вибрациите на тркалото, како и брзината на возилото, за да се постигне оптимална амортизација и сигурност на возилото.
    За релаксирано возење предвиден е режимот COMFORT. Во режимот SPORT, потпирањето станува особено спортско со забележително потврди амортизери. За исклучително динамично возење, SPORT+ е најдобриот избор: ќе се активира DTC функцијата (Динамичка контрола на влечење), која овозможува поголемо пролизгување на погонските тркала за спортско возење за достигнување на границите на динамиката на возилото. Сепак, DSC функцијата не е целосно исклучена, само почнува да делува подоцна, во рамките на границите на она што физички е возможно и безбедно, за да се стабилизира возилото, ако е потребно.

ECO PRO РЕЖИМ.

Според интерната BMW студија за потрошувачката на гориво, ECO PRO режимот им помага на возачите да ја намалат потрошувачката на гориво до 20 проценти, во зависност од стилот на возење. Функцијата на празен од (само со Steptronic пренос) , помошта за предвидување на рутата (само со навигацискиот ситем Professional) и ECO PRO рутата (само со навигацискиот систем Professional или Business) овозможуваат намалување на потрошувачката за уште 5 проценти.

  • ,,Празен од”

    Функцијата на празен од, го одделува погонскиот склоп од моторот и возилото се движи без никакво влијание на моторот. Ова се одвива кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас помеѓу 50 и 160 км/час и не го притиска педалот од сопирачката. Доколку е потребно, системот за предвидување на рутата може интелигентно да го спречи празниот од.

  • Помош за предвидување рута

    Со помош на податоците од навигацискиот систем, системот за предвидување на рутата ги препознава ограничувањата на брзината, населените места, кривините, кружните текови, свиоците и излезите од автопатите и однапред дава совети возачот да го стопира забрзувањето во вистинскиот момент.

  • ECO PRO рута

    Во зависност од состојбата во сообраќајот, начинот на возење и локалните услови на патот, ECO PRO рутата го пресметува и го прикажува најекономичниот пат. Патниот компјутер го прикажува процентот на гориво што може да се заштеди со ECO PRO рутата.

ИНТЕЛИГЕНТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА.

За интелигентното управување со енергија во BMW Серија 1 задолжени се голем број стандардни технологии на BMW EfficientDynamics, вклучувајќи ја автоматската функција Stop/Start, системот за обновување на енергијата на сопирање, електричниот серво управувач и индикаторот за оптимално менување брзина. Соработката помеѓу технологиите гарантира одржлива мобилност и максимална ефикасност.

  • Автоматска функција старт/стоп

    Автоматската функција старт/стоп овозможува да се користи гориво само кога возилото всушност се движи. Кога возилото ќе дојде до привремено запирање, на пример на семафори или при сообраќај тргни-застани, Автоматската функција старт/стоп штеди гориво со исклучување на моторот веднаш штом возилото ќе мине во циклус на празен од и кога стапалото ќе се отстрани од педалот на спојката (рачен пренос), или кога возилото сопира до целосно запирање (Steptronic пренос).
    Сигналот на информацискиот дисплеј покажува дека Автоматската функција стоп/старт е активна. Веднаш штом возачот ќе го притисне педалот на спојката (рачен пренос) или кога ќе се отстрани стапалото од педалот на сопирачката (Steptronic пренос), моторот автоматски повторно се вклучува.
    Автоматската функција старт/стоп никогаш не ги нарушува удобноста и сигурноста при возењето затоа што не се вклучува ако возилото не ја постигнало идеалната работна температура, ако внатрешноста доволно не се загреала/оладила, доколку напонот на акумулаторот е премногу низок или, доколку управувачот е свртен. Централната контролна единица го вклучува моторот, доколку е потребно, дури и кога возилото е запрено – на пример, доколку возилото се придвижи или ако се замагли ветробранското стакло.
    Автоматската функција старт/стоп може да се исклучи во секое време со притискање копче.

  • Обновување на енергијата на сопирање

    Секојпат кога ќе се притисне сопирачката се генерира кинетичка енергија и до неодамна оваа енергија не се искористуваше. Обновувањето на енергијата на сопирање го искористува овој долго занемаруван потенцијал. Така ослободената енергија, која се создава кога возачот сопира или ќе го отстрани стапалото од педалот за гас, се претвора во електрична енергија. Оваа електрична енергија потоа се користи за полнење на акумулаторот од возилото. Системот на интелигентно управување со енергија значи дека алтернаторот повеќе не треба постојано да работи со што се намалува оптоварувањето на генераторот. Резултатот е намалена потрошувачка на гориво и подобрени перформанси, класични предности на технологијата BMW EfficientDynamics.

  • Електричен серво управувач

    Електричниот серво управувач оптимално го приспособува управувањето со моменталната брзина. Резултатот е директно и прецизно однесување на возилото при големи брзини и маневрирање без напор при паркирање. Управувачот користи енергија само кога тоа реално е потребно. Со ова се заштедува гориво и се намалуваат емисиите.
    Наместо хидрауличната пумпа, тој е придвижуван од електромотор. Во конвенционалниот систем, оваа пумпа мора постојано да биде придвижувана од моторот, но оваа електрична поддршка работи само кога управувачот се движи. При возење право или при одржување на истиот агол на управување (на пример, на долги свиоци), електричниот мотор не е активен и не троши енергија. Со флексибилното приспособување на управувачот, во согласност со ситуацијата на возење и брзината, се подобрува и удобноста при управување.

  • Индикатор за оптимална промена на степените на пренос

    Навременото менување на степените на пренос може во голема мерка да помогне за заштеда на гориво, особено во урбани средини, но и при возење големи растојанија. Оптимална промена на степените на пренос и помала потрошувачка на гориво - системот на електронска контрола на моторот го идентификува најефикасниот степен на пренос, според ситуацијата на возење и брзината на моторот. На информацискиот дисплеј се прикажува осветлена стрелка, секогаш кога возилото може да се управува поефикасно во повисок или понизок степен на пренос. Системот, исто така, препознава кога возилото нагло забрзува и ќе Ви советува преминување во поголем степен на пренос кога брзината на моторот ќе се зголеми. Интерните компаративни тестови на BMW покажаа дека возилата со Индикатор за оптимална промена на степените на пренос трошат околу четири проценти помалку гориво.

BMW xDrive

BMW xDRIVE.

Интелигентниот систем на погон на сите тркала BMW xDrive совршено се приспособува и на најпредизвикувачките услови на патните површини, и во секој момент гарантира најдобро прилепување на гумите. xDrive и Динамичната контрола на стабилност (DSC) овозможуваат BMW возилото да остане сигурно и стабилно. Контролиран преку DSC сензорскиот систем, xDrive флексибилно и брзо ја распоредува погонската снага помеѓу оските за да се спречи нагло свртување или недоволно вртење во кривини, а со тоа обезбедува неверојатно одржување правец. Уште повеќе, се гарантира брзо и сигурно забрзување дури и на лизгави или стрмни патишта. Во критични услови на патот, DSC не треба многу да интервенира. На тој начин, BMW xDrive ги комбинира сите предности на погонот на сите тркала - прилепување, одржување правец и сигурно возење со класична BMW агилност.