Веб-страницата во моментов не е целосно достапна.

Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.

BMW Finance

Автомобилски кредит.

Автомобилски кредит во соработка со ЦКБ АД Скопје.

Намена и параметри на кредитот.

Кредитот е наменет за полнолетни и деловно способни физички лица граѓани на Република Македонија, вработени на неопределено работно време, за купување нови лесни патнички возила до 3,5 тони и 8 седишта и товарни возила со вкупна тежина и носивост до 3,5 тона од овластен продавач.
 

Максимален износ на кредитот - До 5 550 000 МКД (90 000 ЕУР во денарска противвредност) но не повеќе од 50 нето месечни нето доходи

Рок на искористување - До 90 месеци
 

Автомобилскиот кредит можете да го одберете доколку:

  • сте вработен со статус на неопределено работно време; 
  • Вашата возраст не надминува 65 години на денот на достасување на кредитот


Учество:

  • износот на кредитот може да е најмногу до 90% од вредноста на автомобилот со цена до 15 000 ЕУР
  • износот на кредитот може да е најмногу до 85% од вредноста на автомобилот со цена од 15 000 ЕУР до 20 000 ЕУР
  • износот на кредитот може да е најмногу до 80% од вредноста на автомобилот со цена до 20 000 ЕУР до 25 000 ЕУР
  • износот на кредитот може да е најмногу до 75% од вредноста на автомобилот со цена од 25 000 ЕУР до 65 000 ЕУР и рок до 36 месеци, односно до 70% за сите други рокови над 36 месеци
  • износот на кредитот може да е најмногу до 65% од вредноста на автомобилот со цена над 65 000 ЕУР, освен кога кредитот се отплаќа на 2 или 3 годишни ануитети во која случај е дозволено учество до 67%.

 
Предвидениот процент на сопстевно учество при купопродажбата се пресметува кога од 100% ќе се одземе предвидениот максимален ЛТВ. За возилото задолжително се прави проценка на вредноста согласно стандарди за движен имот и истата треба да се совпаѓа со купопродажната цена.

Редовни каматни стапки.

Камата која важи за сите марки на автомобили кои се продаваат од М Кар, без оглед на тоа дали кредитобарателите платата ја примаат или не ја примаат преку сметка во Банката
 

  • 4,00% фиксна каматна стапка за првите 4 години, за одобрени денарски кредити
  • 5,00% променлива каматна стапка по истек на периодот со фиксна каматна стапка (референтна каматна стапка од 2,73% + 2,27% фиксен дел) или 4,80% променлива каматна стапка за целиот период, но не пониска од 4,80% (референтна каматна стапка од 2,73% + 2,07% фиксен дел)

Провизии и надоместоци.

  • 1% од износот на кредитот - управувачка провизија (се наплаќа само за првиот месец) 

 

(Важи за сите марки на автомобили кои се продаваат од М Кар дооел Скопје и Мазда автомобили кои се продаваат од Стар Моторс дооел Скопје)

Стапка на вкупни трошоци.

4,96% - за кредит во износ од 1 537 500 мкд (25 000 еур), со рок на враќање од 90 месеци со фиксна каматна стапка од 4,40% за првите четири години, а потоа 5,20% променлива каматна стапка. Вкупните трошоци за провизии и камати изнесуваат 297 580 мкд

Обезбедување и потребна документација.

 Обезбедување:

  • Договор за невладетелски залог од прв ред на автомобилот што е купен со кредитот;
  • Меница потпишана од кредитобарателот и авалирана од сопруг/сопруга;
  • Каско-осигурување на возилото со 200 ЕУР франшиза до четвртата година од кредитот и 500 ЕУР во останатите години со важност и за Р.Бугарија;
  • Банката си го задржува правото да побара дополнително обезбедување.

 

Потребни документи:

  • Барање за кредит;
  • Потврда од работодавач за редовен работен однос во последните 6 месеци,
  • образец М1 и М2
  • административна забрана од плата;
  • фотокопија од лична карта на кредитокорисниците и жирантите;
  • извод од трансакциска сметка на која се прима платата за последните 6 месеци

 

Дополнителни продукти - Одобрена златна картичка со лимит од 300 000 мкд, на сите кредитобаратели чии месечни доходи се над 40 000 мкд или семејни доходи над 50 000 мкд.