BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја, тричетвртински приказ одзади, паркиран пред станбена зграда.

THE 1

BMW M

СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА BMW M135i xDRIVE НА ПРВ ПОГЛЕД: МОТОР, ТЕХНОЛОГИЈА, ОПРЕМА И ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

THE 1СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА BMW M135i xDRIVE НА ПРВ ПОГЛЕД: МОТОР, ТЕХНОЛОГИЈА, ОПРЕМА И ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

BMW M135i xDrive ја претставува спортската кулминација на BMW Серија 1. Со секој детал неговиот силен дизајн укажува на таа водечка улога – поддржана од сеопфатниот пакет на карактеристики со висок квалитет и напредните технологии. Истражете ги деталите на надворешноста и внатрешноста, елементите од возната динамика и иновативната опрема или пак истражете ги техничките податоци за да дознаете за извонредните перформанси и ефикасната потрошувачка на BMW M135i xDrive.

Дознајте повеќе

ДИЗАЈН И ПЕРФОРМАНС.

Опции на дизајн, карактеристики на возна динамика и М спортско управување на BMW M135i xDrive.

Јасен лидер - BMW M135i xDrive на прв поглед ја истакнува својата динамична предиспозиција. Под „Дизајн“ можете да најдете ексклузивен избор на спортска опрема за внатрешноста и надворешноста на овој фасцинантен BMW Серија 1 М автомобил. Во делот за „Возна динамика“, ќе дознаете повеќе за изборните и стандардните елементи во поглед на погонот и шасијата – за максимален перформанс и агилност.
BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја, тричетвртински приказ однапред во возење.
BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја со BMW бубрежна решетка во мрежест дизајн во Cerium Grey сива боја.

BMW бубрежна решетка во мрежест дизајн.

BMW бубрежната решетка во мрежест дизајн има завршна обработка во Cerium Grey сива боја и детално изработена внатрешна мрежа. Оваа решеткаста структура, инспирирана од трките, нуди длабочина и вредност на предниот крај и поставува висококвалитетен и динамичен акцент на деталите.
BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја, заден приказ со М Aerodynamics пакет.

M Aerodynamics пакет.

M Aerodynamics пакетот со М специфичен долен дел од предниот браник, задниот браник и страничните прагови зрачат со чиста динамика, нагласувајќи го атлетскиот карактер на возилото. Деловите се обоени во бојата на каросеријата и имаат детали во црна боја со висок сјај.
BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја, приказ одзади со М заден спојлер.

М заден спојлер.

М задниот спојлер ја нагласува спортската силуета на возилото и го намалува несаканото аеродинамично подигнување. Создавајќи сила на задната оска, му обезбедува поголема стабилност на возилото при возење.
BMW M135i xDrive внатрешност со М безбедносни појаси.

М безбедносни појаси.

М безбедносните појаси со затегнувач на појасите и ограничувач на силата на затегнување имаат извонреден врвен изглед во класични М бои и ја нагласуваат висококвалитетната и спортска атмосфера во внатрешноста.
BMW M135i xDrive кокпит со М кожен управувач.

М кожен управувач.

М кожниот управувач со повеќенаменските копчиња, М ознаката и интегрираното воздушно перниче на страната на возачот е дизајниран со три краци. Со обрач на управувачот во “Walknappa” кожа во црна боја и црни шевови заедно со обликуваните наслони за палците нуди директно, спортско доживување при управувањето.
BMW M135i xDrive, внатрешност со М спортски седишта за возачот и сопатникот на предното седиште.

М спортски седишта за возачот и сопатникот на предното седиште.

М спортските седишта со интегриран наслон за глава, длабоки седишта и високи потпирачи на седиштето и наслонот му нудат на возачот и сопатникот на предното седиште подобрена поддршка, дури и во брзите вртења. Освен тоа, седиштето може да се прилагоди на вашите индивидуални димензии на телото благодарејќи на интегрираното подесување на ширината на наслонот.
BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја, приказ одзади со рабови на издувни цевки од лева и десна страна во Cerium Grey сива боја.

Издувни цевки.

Ексклузивно за M135i: накосени издувни цевки од левата и десната страна во Cerium Grey сива боја. На овој начин, издувните цевки со дијаметар од 100 mm оставаат визуелен впечаток и го нагласуваат спортскиот изглед на M135i.
BMW M135i xDrive внатрешност со осветлени внатрешни завршни ленти во 'Illuminated Boston'.

Внатрешни завршни ленти во 'Illuminated Boston'.

Внатрешните завршни ленти во 'Illuminated Boston' со „мрежести“ детали по инструмент таблата и рабовите на вратите ѝ даваат на внатрешноста еден прогресивен амбиент со високо чувство на вредност. Светкавата шема на дискретно осветлени ленти создава и привлечна и пријатна атмосфера во возилото.
M TwinPower Turbo 4- цилиндричен бензински мотор во BMW M135i xDrive.

BMW M135i xDrive мотор.

Врвниот спортист што нуди чисто задоволство во возењето: M TwinPower Turbo 4-цилиндарскиот бензински мотор во BMW M135i е особено моќен затоа што е опремен со нови клипови, поголем турбополнач, оптимизирано насочување на воздухот, пакет за разлагување со високи перформанси и вентилски управуван М издувен систем.
BMW M135i xDrive со Steptronic Sport менувач.

Steptronic Sport менувач.

Steptronic Sport менувачот со 8 брзини нуди неверојатно спортска промена на брзините. Без разлика дали станува збор за автоматски или рачен менувач или рачки на менувачот – за удобно и неверојатно динамично управување. Во SPORT режимот на работа и со рачката на менувачот во лева S/M позиција, промените се конфигурирани за максимални перформанси.
BMW M135i xDrive со М спортска суспензија.

М спортска суспензија.

М спортската суспензијата го спушта возилото за околу десет милиметри. Исто така има пократки пружини за суспензија и поцврсто подесување на амортизерите, како и поцврсти стабилизатори. Комбинирани заедно, резултираат во уште подиректен дизајн на суспензијата, што овозможува исклучително спортски стил на возење.
BMW M135i xDrive со M спортски сопирачка.

M спортски сопирачка.

М спортската сопирачка со повеќе клипови во темно сина боја и М ознака нуди исклучителна ефикасност при сопирањето. Приспособена на исклучително високодинамичниот потенцијал на возилото, исто така овозможува неверојатен спортски стил на возење и одлично сопирање на мокри површини.
BMW M135i xDrive со М спортско управување.

М спортско управување.

М спортско управување со Servotronic создава директна и агилна реакција при управување и осигурува употреба на помал физички напор потребен за движење на тркалата. Вашето возило може да биде попрецизно управувано, нудејќи високо атлетски карактеристики при ракување дури и на кривулести патишта.
BMW M135i xDrive со интелигентен BMW xDrive погон на сите тркала.

BMW xDrive.

Интелигентниот систем на погон на сите тркала BMW xDrive ја распределува погонската сила без пречки и варијабилно на предните и задните тркала за максимална влечна сила, возна динамика и безбедност во секоја ситуација при возењето. За уште поголема агилност, електронски управуваната распределба на силата, на пример, ја врамнотежува преголемата или премалата брзина при свиоци.
BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја со M Performance пакет, тричетвртински приказ однапред.

BMW M135i xDRIVE СО M PERFORMANCE ПАКЕТ.

М Performance пакетот* дополнително го зголемува спортскиот потенцијал на возилото. Намалување на тежината е постигнато преку мерките под возилото, во внатрешноста и со употреба на леснометални бандажи со 18 инча со што се гарантираат максимални перформанси на забрзување и значајно се зголемува возната динамика. Истовремено, М Performance пакетот со своите впечатливи елементи на дизајн во црна боја како што се надворешните куќишта на ретровизорот, BMW бубрежната решетка во мрежест дизајн и рабовите на издувните цевки нудат зголементи перформанси што се јасно видливи однадвор.

ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ.

Дигитални услуги на BMW M135i xDrive.

BMW M135i xDrive со BMW Live Cockpit Professional.

BMW Live Cockpit Professional.

BMW Live Cockpit Professional со функција на навигација опфаќа висококвалитетна група на екрани што се состои од контролен екран од 10,25 инча со висока резолуција, со кој може да се управува на допир и целосно дигиталната инструмент табла од 10,25 инча. Со BMW оперативниот систем 7.0 исто така може да се управува преку iDrive Touch контролорот.
BMW M135i xDrive со подготовка за Apple CarPlay®.

Подготовка за Apple CarPlay®.

Зошто да не ги користите поволностите на вашиот iPhone во вашиот BMW кога можете да продолжите да ги употребувате како и обично? Подготовката за Apple CarPlay® овозможува далечински пристап на телефонијата, како и апликациите како што се iMessage, WhatsApp, TuneIn, Spotify и Apple Music. Гласовното копче на управувачот може да се користи и за пристапување на говорниот помошник на Apple, Siri.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ НА BMW M135i xDRIVE

Тежина
Неоптоварено возило (ЕУ) во kg
1600
Максимална дозволена тежина во kg
2085
Дозволено оптоварување во kg
560
Дозволено оптоварување на предна и задна оска во kg
1.120/1.020
Минимален капацитет на багаж (кренати седишта или спуштен покрив) во l
380
Максимален капацитет на багажник (спуштени седишта или спуштен покрив) во l
1200
Оптоварување на приколка (нефиксирана) во kg
-
Оптоварување на приколка 8% (фиксирана) во kg
-
Оптоварување на приколка 12% (фиксирана) во kg
-
Мотор
Цилиндри/вентили
4/4
Работна зафатнина во cm3
1998
Клип/цилиндар во mm
94,6/82,0
Максимална излезна сила во kW (hp) na 1/min
225 (306)/5.000-6.250
Максимален број вртежи во Nm на 1/min
450/1.750-4.500
Размер на компресија:1
9.5
Перформанси
Најголема брзина во km/h
250
Забрзување од 0-100 km/h во сек
4.8
Потрошувачка на гориво
Градско возење во l/100km
8,5-8,2
Возење надвор од град во l/100km
6,3-6,0
Комбинирано возење во l/100km
7,1-6,8
Комбинирани емисии на CO2 во g/km
162-155
Капацитет на резервоар, приближно во l
50
Тркала
Димензии на предни гуми
225/40 R18 92 Y XL
Димензии на задни гуми
225/40 R18 92 Y XL
Димензии и материјал на предни тркала
8 J x 18 инчи, леснометални
Димензии и материјал на задни тркала
8 J x 18 инчи, леснометални

Потрошувачка на гориво и емисии на CO2 за BMW M135i xDrive.

  • BMW M135i xDrive:
    Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана): 7.1–6.8
    Емисија на CO2 во g/km (комбинирана): 162–155

    На сликите е прикажана изборна опрема, екрани и контроли во зависност од опциите на опремата.

    Податоците за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2 и потрошувачката на енергија се одредени во согласност со пропишаната постапка на мерење VO (EU) 715/2007 во верзијата што се применува во моментот на одобрување на типот. Податоците се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија, а прикажаниот досег ја зема предвид опционалната опрема и различните големини на тркалата и гумите на избраниот модел.

    Дополнителни податоци околу официјалната потрошувачка на гориво и официјалните конкретни емисии на CO2 за новите патнички автомобили можат да се најдат во „Водичот за економичноста на потрошувачката на гориво и емисии на CO2“ што е достапен бесплатно на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany и на https://www.dat.de/co2.

    Вредностите веќе се темелат на новата WLTP регулатива и се преведени назад во NEDC-еквивалентни вредности за да се осигури споредба меѓу возилата. За даноците поврзани со возилото или други трошоци врз основа на (барем меѓу другото) емисиите на CO2, вредностите на CO2 можат да се разликуваат од вредностите наведени тука.