Потполно новиот BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја, тричетвртински страничен приказ во возење.

THE 1

BMW M

ПОТПОЛНО НОВИОТ BMW M135i xDRIVE: 306 HP, 225 KW, 450 NM

THE 1

ПОТПОЛНО НОВИОТ BMW M135i xDRIVE: 306 HP, 225 KW, 450 NM

THE 1ПОТПОЛНО НОВИОТ BMW M135i xDRIVE: 306 HP, 225 KW, 450 NM

Нудејќи повеќе перформанси, повеќе стил и повеќе забава во возењето, потполно новиот BMW M135i xDrive не е тука за да се натпреварува – туку да поставува нови стандарди. Атлетската надворешност го нагласува ова со карактеристичните детали како двојната бубрежна решетка специфична за M135i xDrive со мрежест дизајн, М задниот спојлер и двете издувни цевки со дијаметар од 100 mm. А сепак на патот, BMW M135i xDrive е оној што го поставува амбиентот: комбинацијата на стандардниот M спортскиот диференицијал, BMW xDrive, Steptronic Sport менувачот и M спортското управување го прави најдоброто возило во својата класа во поглед на агилноста и возењето на свиоци. Придвижуван од моќниот M TwinPower Turbo 4-цилиндричен BMW M135i бензински мотор со висок број на вртежи, овој самоуверен М автомобил на BMW Серија 1 нуди перформанси и возна динамика на едно ново ниво.

BMW M135i xDrivе:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана): 7,1–6,8
Емисија на CO2 во g/km (комбинирана): 162–155

Read more

КЛАСА ЗА СЕБЕ.

BMW M135i xDrive ги покажува своите спортски квалификации.

M TwinPower Turbo 4-цилиндричен бензински мотор на BMW M135i xDrive со 225 kW (306 hp).

МОЌЕН МОТОР.

Потполно новиот BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја, тричетвртински  страничен приказ додека стои во место.

ВРВНА ВОЗНА ДИНАМИКА.

BMW M135i xDrive внатрешност со М спортски управувач и М спортски седишта.

СПОРТСКА ВНАТРЕШНОСТ.

BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја, тричетвртински приказ однапред со жена во предниот дел од сликата.

ЧИСТ АТЛЕТИЗАМ.

Атлетски  M спортски седишта со интегриран наслон за главата во внатрешноста на BMW M135i xDrive.

АТЛЕТСКИ М СПОРТСКИ СЕДИШТА.

M TwinPower Turbo 4-цилиндричен бензински мотор на BMW M135i xDrive со 225 kW (306 hp).

МОЌЕН МОТОР.

Од само 1.998 литри, BMW M135i xDrive развива импресивни 225 kW (306 hp) и висок обртен момент од 450 Nm. Одговорна за овој импресивен перформанс е комбинацијата од зголемен турбополнач, оптимизиран канал за влез на воздух, пакет на разладување со високи перформанси и М издувната едицина со контролен вентил за воздух.

Потполно новиот BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја, тричетвртински  страничен приказ додека стои во место.

ВРВНА ВОЗНА ДИНАМИКА.

Комбинацијата на двостепеното полнење на M TwinPower Turbo моторот, брзата промена на брзини на Steptronic Sport менувачот со 8 брзини, M спортската суспензијата со M спортскиот диференцијал како стандард и BMW xDrive овозможува динамичен перформанс при возење на високо ниво.

BMW M135i xDrive внатрешност со М спортски управувач и М спортски седишта.

СПОРТСКА ВНАТРЕШНОСТ.

Во внатрешноста на BMW M135i xDrive, патниците можат да очекуваат врвен амбиент со спортски карактер. Заедно со цврстото држење на М кожниот управувач, новите M спортски седишта го зајакнуваат динамичното искуство при возењето, совршено проследено со дискретно осветлување на внатрешните завршни ленти. Клучен составен дел на кокпитот ориентиран кај возачот е BMW Live Cockpit Professional со два целосно дигитални екрани од 10,25 инча – со што се гарантира совршен преглед.

BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја, тричетвртински приказ однапред со жена во предниот дел од сликата.

ЧИСТ АТЛЕТИЗАМ.

Препознатлив, спортски, авторитативен – од широката предна страна со големи отвори за воздух и двојната бубрежна решетка специфична за M135i xDrive во мрежест дизајн, преку динамичната силуета на покривот со М заден спојлер до експресивниот заден дел со издувни цевки со дијаметар од 100 mm. Во интеракција со впечатливите опции на опрема во поглед на стандардниот M Aerodynamics пакет, надворешниот дизајн на BMW M135i xDrive отелотворува врвно ниво на атлетизам и чисто уживање во возењето.

Атлетски  M спортски седишта со интегриран наслон за главата во внатрешноста на BMW M135i xDrive.

АТЛЕТСКИ М СПОРТСКИ СЕДИШТА.

Подготвени сте за сериозна забава при возењето: во иднина ниеден агол нема да биде претесен и ниедно возење нема да биде прединамично благодарејќи на ергономично усовршените M спортски седишта за возачот и сопатникот на предното седиште. Со интегриран наслон за главата и M ознаки, тие даваат моќни оптички акценти во внатрешноста на BMW M135i xDrive. Истовремено, М спортските седишта нудат разновидни опции за седење, со што е дозволено совршено прилагодување на типот на тела и намената.

ОДГОВАРА НА СВОЈАТА СИЛНА СТРАНА.

Карактеристики во дизајнот на BMW M135i xDrive на надворешноста и внатрешноста.

Вистински ловец на погледи: спортскиот и прогресивен дизајн на новиот BMW M135i xDrive речиси можеше да биде создаден за привлекување на погледи во рекордно време. Исклучително препознатливиот преден дел со големите отвори за воздух, впечатливата бубрежна решетка во мрежест дизајн и косите адаптивни LED предни светла гарантираат незаборавен прв впечаток. Импресивните леснометални бандажи од 19 инча заедно со динамичните контури го нагласуваат атлетскиот карактер на возилото. На задниот дел доминира широката задна рамка со дифузерски изглед и двете големи издувни цевки со дијаметар од 100 mm во Cerium Grey сива боја. Внатрешноста на BMW M135i xDrive инспирира исто толку брзо: М спортските седишта, осветлените завршни ленти по внатрешноста и големото панорамско покривно стакло создава особено динамичен и великодушен врвен амбиент.
BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја, паркиран, страничен приказ од птичја перспектива.
BMW M135i xDrive врвна внатрешност со осветлени завршни ленти.
BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја, тричетвртински приказ однапред со жена во предниот дел.

АТЛЕТСКИ СПЕКТАКЛ.

Тесните, прецизно обликувани адаптивни LED предни светла, впечатливиот дизајн на двојната М специфична бубрежна решетка во мрежест дизајн во Cerium Grey сива боја и карактеристичната М специфична предна рамка со големи отвори за воздух го дефинираат исклучителниот спортски преден дел на BMW M135i xDrive.

BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја, паркиран, страничен приказ од птичја перспектива.

ИЗОСТРЕНА МУСКУЛАТУРА.

Страничниот поглед на BMW M135i xDrive се карактеризира со ниска позиција на патот, силни облици и јасно дефинирани хоризонтални линии. Ако се додаде и кривулестата линија на покривот и впечатливите леснометални бандажи од 19 инча се добива севкупна слика на чиста динамика.

BMW M135i xDrive во Black Sapphire црна металик боја, BMW M135i xDrive, паркиран.

ХРАБАР ФИНИШ.

Крактеристично обликуваната задна рамка со дифузерски изглед во интеракција со двете големи издувни цевки со дијаметар од 100 mm во Cerium Grey сива боја, тесните LED задни светла и М задниот спојлер даваат впечатлив изглед на задниот дел со импресивно самоуверен карактер.

BMW M135i xDrive врвна внатрешност со осветлени завршни ленти.

ВРВЕН АМБИЕНТ.

Великодушно пропорционалната внатрешност на BMW M135i xDrive се одликува со врвен карактер и системска ориентација кон возачот. Истовремено, опремата од висок квалитет како М спортските седишта, осветлените завршни ленти или големиот панорамски стаклен покрив создаваат отворена, спортска и ексклузивна атмосфера. Посебното искуство во внатрешноста е надополнето со иновативните технологии како BMW Live Cockpit Professional или BMW Intelligent Personal Assistant.

Потрошувачка на гориво и емисии на CO2 на BMW M135i xDrive.

  • BMW M135i xDrive:
    Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана):7.1–6.8
    Емисија на CO2 во g/km (комбинирана): 162–155

    На сликите е прикажана дополнителна опрема, екраните и мониторите зависат од опциите на опремата.

    Податоците за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2 и потрошувачката на енергија се одредени во согласност со пропишаната постапка на мерење VO (EU) 715/2007 во верзијата што се применува во моментот на одобрување на типот. Податоците се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија, а прикажаниот досег ја зема предвид опционалната опрема и различните големини на тркалата и гумите на избраниот модел.

    Дополнителни податоци околу официјалната потрошувачка на гориво и официјалните конкретни емисии на CO2 за новите патнички автомобили можат да се најдат во „Водичот за економичноста на потрошувачката на гориво и емисии на CO2“ што е достапен бесплатно на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany и на https://www.dat.de/co2.

    Вредностите веќе се темелат на новата WLTP регулатива и се преведени назад во NEDC-еквивалентни вредности за да се осигури споредба меѓу возилата. За даноците поврзани со возилото или други трошоци врз основа на (барем меѓу другото) емисиите на CO2, вредностите на CO2 можат да се разликуваат од вредностите наведени тука.