BMW M4 G82 2020 Сао Паоло Жолто три-четвртински преден изглед во возење
ПерформансДо 510 КС (375 kW)
Тип на мотори и горивоБензин

THE M4

BMW M

НОВИТЕ BMW СЕРИЈА 4 COUPÉ M AUTOMOBILE

ПерформансДо 510 КС (375 kW)
Тип на мотори и горивоБензин
THE M4НОВИТЕ BMW СЕРИЈА 4 COUPÉ M AUTOMOBILE

BMW M4 Competition Coupé, BMW M4 Coupé и BMW M440i xDrive Coupé.

BMW Серија 4 Coupé M Automobile нудат фасцинантна комбинација од естетика, карактер и М типичен спортски дух. Триото го предводи BMW M4 Competition Coupé во извонредни 510 КС и 650 Nm обртен момент. Опремен со BMW M TwinPower Turbo мотор High-Performance, 8-степена М Steptronic трансмисија, со Drivelogic, со опционален погон на сите тркала М xDrive*, со Активен М Диференцијал и многубројни технологии изведени од мото-спортот, тој гарантира максимална возна динамика и во секојдневнието и на трка. BMW M4 Coupé развива спортски 480 КС и 550 Nm обртен момент. Спојот на погон на задните тркала и оптимално степенувата рачна 6 брзинска М трансмисија овозможуваат динамично возење, со што возилото станува чистокрвно спортско возило. Палетата на модели се заокружува со BMW M440i xDrive Coupé: Спортското купе со силните 374 КС воодушевува со атрактивниот дизајн каде има избалансиран микс на спортски дух, ефикасност и секојдневна практичност. *M xDrive ќе биде достапен од летото 2021.

 

BMW M4 Competition Coupé:
потрошувачка на гориво во  l/100 km (комбинирано): 10,2
CO2-емисии in g/km (комбинирано): 234

 

BMW M4 Coupé:
потрошувачка на гориво во  l/100 km (комбинирано): 10,8
CO2-емисии in g/km (комбинирано): 248

 

BMW M440i xDrive Coupé:
потрошувачка на гориво во  l/100 km (комбинирано): 7,1–6,8
CO2-емисии in g/km (комбинирано): 163–155

Дознајте повеќе

СПОРЕДБА НА BMW СЕРИЈА 4 COUPÉ M AUTOMOBILE.

Преглед на најважните податоци за перформансот: дизајн, погон, суспензија и моќност на моторот.

BMW M4 Competition Coupé.

Максимална возна динамика со погон на задни тракала или M xDrive* *M xDrive ќе биде достапен од летото 2021.
  • Бензинскиот мотор High-Performance BMW M TwinPower Turbo со 6 сериски цилиндри и 510 КС
  • Брза 8-степена М Steptronic трансмисија со Drivelogic
  • Погон на задните тркала или на сите тркала М xDrive*
  • 375 kW (510 КС), 650 Nm, 0–100 km/h за 3,9 сек.
BMW M4 Competition Coupé G82 2020 Сао Паоло Жолто три-четвртински преден изглед

BMW M4 Coupé

Чиста возна динамика со погон на задни тракала и рачна трансмисија.
  • Бензинскиот мотор High-Performance BMW M TwinPower Turbo со 6 сериски цилиндри и 480 КС
  • Рачна 6-степена М трансмисија со кратки, егзактни потези за менување.
  • Спортски погон на задните тркала за максимална емоција.
  • 353 kW (480 КС), 550 Nm, 0–100 km/h за 4,2 сек.
BMW M4 Coupé G82 2020 Brooklyn Grey сива металик три-четвртински преден изглед

BMW M440i xDrive Coupé.

Совршениот спој на спортски дух, комфорт и секојдневна практичност.
  • Бензинскиот мотор High-Performance BMW M TwinPower Turbo со 6 сериски цилиндри и 374 КС
  • 8-степена Steptronic Sport трансмисија
  • BMW xDrive
  • 275 kW (374 КС), 500 Nm, 0–100 km/h за 4,5 сек.
BMW M440i xDrive Coupé Arctic Race Blue сина металик G22 2020 три-четвртински преден изглед
  • BMW M4 Competition Coupé.
  • BMW M4 Coupé
  • BMW M440i xDrive Coupé.

BMW M4 COMPETITION COUPÉ – ВРВНИ АТРИБУТИ НА ПРОИЗВОДОТ.

Возна динамика и опрема во дизајн на BMW M4 Competition Coupé.

BMW M4 Competition Coupé го претставува врвот во перформансот на BMW Серија 4 Coupé M Automobile. Опремен со бензински мотор High-Performance BMW M TwinPower Turbo со 6 сериски цилиндри и 510 КС, а и многубројна технологија изведена од мото-спортот, ова спортско купе обезбедува М типична возна динамика на највисоко ниво. Опционалниот погон на сите тркала М xDrive* со Активен М Диференцијал, гарантира максимална возна динамика и во секојдневието и на трка. Атлетскиот карактер на возилото е поткрепен со моќен дизајн напред, странично и одзади и со М специфични карбонски елементи и во внатрешноста и во надворешноста.

*M xDrive ќе биде достапен од летото 2021.

BMW M4 Competition Coupé G82 2020 Сао Паоло жолто страничен изглед
BMW M4 Competition Coupé G82 2020 Бензинскиот мотор BMW M TwinPower Turbo со 6 сериски цилиндри одблизу

Бензинскиот мотор BMW M TwinPower Turbo со 6 сериски цилиндри

Извонредниот преформанс се должи на бензинскиот мотор BMW M TwinPower Turbo со 6 сериски цилиндри се карактеризира со надмено развивање сила и маркантен М типичен звук, два mono scroll turbo полначи, директно вбризгување High Precision Injection, целосно варијабилно управување на вентилите и варијабилно управување на брегастата оска.
BMW M4 Competition Coupé G82 2020 8-степен M Steptronic менувач одблизу централна конзола ентериер

8-степен M Steptronic со Drivelogic.

8-степениот M Steptronic менувач со Drivelogic нуди многу опции за менување брзини: екстремно спортски и динамично, особено удобно и речиси безосетно, штедливо на енергија. Можете рачно со менувачот или со палките на воланот да ги менувате брзините или преку Drivelogic да изберете една од трите автоматски програми.
BMW M4 Competition Coupé G82 2020 M xDrive

M xDrive.

M xDrive* со Активен M Диференцијал гарантира максимална тракција и возна динамика, како во секојдневието така и при трка. Опционалната М специфична технологија е спој на агилноста од погонот на задните тркала и суверенитетот на погонот на сите тркала. Можете да бирате една од следниве варијанти на погон: 4WD, 4WD Sport и – со исклучен DSC модус и 2WD. *M xDrive ќе биде достапен од летото 2021.
BMW M4 Competition Coupé G82 2020 M карбонски керамички сопирачки одблизу

M Carbon-Keramik-Bremse.

Кај М карбонски керамичките сопирачи употребата на силата на сопирање е уште подиректна и придонесува за заштеда на тежи, што пак има позитивно влијание врз агилноста, динамиката и забрзувањето. Техничката опременост се гледа однадвор преку карбонските керамички дискови и седишта на сопирачките изведени во златна мат боја со М логото на предната и задна оска. Поради својствата специфични за материјалот може да се појават посилни функционални звуци при сопирањето, како на примерпри подолго лесно оптоварување или при влага кратко пред возилото конечно да сопре. Оваа појава на звуци поради самата конструкција може да се избегне, ако откако сопирачката била изложена на влага, таа повторно се сопира сѐ додека не се исуши, или пак по долго лесно оптоварување, се притисне посилно. Под влијание на влага или сол за улици под снег, или по употреба на автоматски перални, смрзнување преку ноќ, возење по дожд и сл., ефектот на сопирачката може да се приближи да биде ист како и кај конвенционалните сопирачки. Овој намален ефект на сопирањето може да се избегне со посилно стиснување на педалата. Функционалните звуци од сопирањето немаат никакво влијание врз перформансот, безбедноста и цврстината на самата сопирачка.
BMW M4 Competition Coupé G82 2020 M Sport издувен систем заден изглед

M Sport издувен систем

M Sport издувниот систем има звучна карактеристика, која се прилагодува преку технологијата за капаците на издувите. Програмите за моторот SPORT и SPORT+, коишто може да се изберат преку копчето SETUP, имаат уште поинтензивен звук, додека програмата за комфор оддава децентна спортска акустика.
BMW M4 Competition Coupé G82 2020 преден дизајн и изглед

Преден дизајн.

Предниот дизајн на BMW M4 Competition Coupé оддава став посветен на техничкиот пуризам. Во центар е поставена силната М бубрежна решетка во максимално динамична и редуцирана интерпретација. Целосно црната бубрежна решетка, која за прв пат нема рамка со хоризонтални М типични двојни ламели овозможува максимален проток на воздух за ладање за М моторот со високи обрти. Големиот, трапезоиден централен влез на воздухот импресивно го заокружува предниот дизајн со тенките светлечки цевки на фаровите.
BMW M4 Competition Coupé G82 2020 страничен изглед.

Страничен дизајн.

Страничниот изглед на BMW M4 Competition Coupé оддава насобрана сила и динамика. Црниот карбонски кров и прагот, што е аеродинамички оптимиран, а инспририран од мото-спортот прават силуетата на возилото и визуелно и физички да делува полегнато на патот. М специфичните ретровизори, изведени опционално од јаглеродни влакна, и М специфичните шкрги со ознака на моделот го заокружуваат спортскиот настап заедно со маркантните М челични тркала.
BMW M4 Competition Coupé G82 2020 19"/20" M челични тркала 826 M одблизу

19"/20" M челични тркала двојникраци 826 M црни со мешан тип пневматици и пневматици за трка.

19"/20" M челични тркала двојни краци 826 M црни со мешан тип пневматици и пневматици за на писта, димензии на тркало напред 9,5J x 19, пневматици 275/35 R19, димензии на тркало одзади 10,5J x 20, пневматици 285/30 R20. Возно-динамичките својства на пневматиците за писма варират во зависност од временските услови и условите на патот
BMW M4 Competition Coupé G82 2020 CFRP кров одблизу

CFRP кров

Како дел од интелигентниот концепт на конструкцијата, карбонскиот кров од пластика зајакната со јаглеродни влакна (CFK) придонесува за намалување на тежината на возилото и го поместува тежиштето на возилото надолу. Оттука, резултат е подобра агилност и динамика при возење во кривини, при забрзување и сопирање.
BMW M4 Competition Coupé G82 2020 заден дизајн заден изглед

Заден дизајн.

Задниот дел на BMW M4 Competition Coupé воодушевува со сила и атлетски изглед. Двете М типични двојни задни цевки излегуваат од задниот дел и се врамени од дифузер со изразени вертикални перки, којшто може опционално да биде изработен од јаглеродни влакна. Од прагот излегува високосјајна црна површина која го обвива дифузерот и елегантно го заокружува овој спортски елемент. На ивицата на задниот капак има М заден спојлер кој, опционално може да се изработи од јаглеродни влакна и кој му дава спортски финиш на возилото.
BMW M4 Competition Coupé G82 2020 M Carbon Schalensitze Innenraum

M Carbon седишта-школка

Седиштето M Carbon како школка со осветленото М4 лого е спој меѓу леснотијата и спортскиот карактер кај школка-седиштата и функционалноста на М спортското седиште. Контурирањето дава совршена странична потпора и извонреден комфор на долги патувања. Компатибилно е со појасот со повеќекратни точни и е соодветен за спортски трки.
BMW M4 Competition Coupé G82 2020 M Carbon волан кокпит

M Carbon волан.

Со M Carbon воланот се чувствувате како тркач. Декоративните лајсни со краци од јаглеродни влакна ги врамуваат оперативните елементи и го надополнуваат премиум чувството на воланот. И визуелно, материјалот што е тестиран за трки, совршено се вклопува во динамчки дизајнираната внатрешност.

BMW M4 COUPÉ – ВРВНИ АТРИБУТИ НА ПРОИЗВОДОТ

Возна динамика и опрема во дизајн на BMW M4 Coupé.

BMW M4 Coupé е чисто спортско купе со извонредни возни карактеристики. Одговорни за тоа се High-Performance BMW M TwinPower Turbo моторот со 480 КС, погонот на задни тркала, високоразвиените технологии од мото-спортот како М специфичната суспензија со Активен М Диференцијал. Совршено степенуваната рачна 6-степена М трансмисија со кратки, егзатни потези за менување се грижи за особено интензивна интеракција меѓу возачот и возилото. Спортскиот дизајн на ектериерот како и маркантната М специфична опрема и дизајнерски елементи го потенцираат динамичниот карактер на BMW M4 Coupé.

BMW M4 Coupé G82 2020 Brooklyn Grey сива металик три-четвртински преден изглед
BMW M4 Coupé G82 2020 BMW M TwinPower Turbo бензински мотор со 6 сериски цилиндри одблизу

Бензинскиот мотор BMW M TwinPower Turbo со 6 сериски цилиндри

Извонредниот преформанс се должи на бензинскиот мотор BMW M TwinPower Turbo со 6 сериски цилиндри се карактеризира со надмено развивање сила и маркантен М типичен звук, два mono scroll turbo полначи, директно вбризгување High Precision Injection, целосно варијабилно управување на вентилите и варијабилно управување на брегастата оска.
BMW M4 Coupé G82 2020 рачна 6-степена M трансмисија одблизу централна конзола и менувач

Рачна M трансмисија и погон на задни тркала

Рачната 6-степен М трансмисија овозможува многу спортско возење. Лесна е, совршено степенувана и одушевува со кратките и егзактни потези за менување. Преку совршено степенуваните брзини, може убаво да се искористи специфичноста на моторот во поглед на развивање моќност и ефикасност. Совршен за трка на писта - со погонот на задните тркала и со исклучен DSC возилото се претвора во чистокрвно спортско возило. Благодарение на преносот на силата исклучиво на задните тракала, возилото предизвикува уште посилни емоции.
BMW M4 Coupé G82 2020 M специфична суспензија три-четвртински заден изглед

M специфична суспензија.

М специфичната суспензија е спој на консеквентно лесната конструкција со особено голема цврстина, оптимирана геометрија за широка летна и Активен М Диференцијал. Прецизното однесување и реакцијата на воланот и суспензијата даваат совршена контрола врз возилото. Со M Setup можете да ги прилагодите овие карактеристики по желба.
BMW M4 Coupé G82 2020 M Compound сопирачка одблизу

M Compound сопорачка.

Со употребата на различни материјали, M Compound сопирачката постигнува не само извонредни вредности на сопирање, туку и висок степен на цврстина и намалување на тежината. Седиштето на сопирачката е во сино во висок сјај и со М логото што ја прави оваа сопирачка со високи перформанси уште поспортска.
BMW M4 Coupé G82 2020 M карбонска керамичка сопирачка одблизу

M Carbon-Keramik-Bremse.

Кај М карбонски керамичките сопирачи употребата на силата на сопирање е уште подиректна и придонесува за заштеда на тежи, што пак има позитивно влијание врз агилноста, динамиката и забрзувањето. Техничката опременост се гледа однадвор преку карбонските керамички дискови и седишта на сопирачките изведени во златна мат боја со М логото на предната и задна оска. Поради својствата специфични за материјалот може да се појават посилни функционални звуци при сопирањето, како на примерпри подолго лесно оптоварување или при влага кратко пред возилото конечно да сопре. Оваа појава на звуци поради самата конструкција може да се избегне, ако откако сопирачката била изложена на влага, таа повторно се сопира сѐ додека не се исуши, или пак по долго лесно оптоварување, се притисне посилно. Под влијание на влага или сол за улици под снег, или по употреба на автоматски перални, смрзнување преку ноќ, возење по дожд и сл., ефектот на сопирачката може да се приближи да биде ист како и кај конвенционалните сопирачки. Овој намален ефект на сопирањето може да се избегне со посилно стиснување на педалата. Функционалните звуци од сопирањето немаат никакво влијание врз перформансот, безбедноста и цврстината на самата сопирачка.
BMW M4 Coupé G82 2020 предни куќишта за тркала одблизу

Предни куќишта за тркала.

Широко поставените куќишта за тркалата кај BMW M4 Coupé претставуваат оптички доказ за атлетскиот изглед на ова спортско купе. Тие формираат соодветна рамка за големите, прецизно дизајнирани М челични тркала во Bicolor црна.
BMW M4 Coupé G82 2020 M шкрги одблизу

M шкрги.

М типичните шкрги со ознака на моделот претставуват силнен тридимензионален спортски акцент на перформансот на возилото и обезбедуваат незаборавно возење. Воочлив е динамичниот спој на техничка перфекција со емоционалната форма, која отсекогаш била присутна кај М возилата.
BMW M4 Coupé G82 2020 M ретровизори одблизу

M ретровизори.

Ретровизорите во М типичен дизајн со двојни мостови и асферски стакла можат електрично да се нагодат и да се загреат. Подножјето на огледалото оптички е интегрирано во страничната лајсна со отворот за прозорецот со што се надополнува елегантниот и спортски дизајн на возилото.
BMW M4 Coupé G82 2020 19"/20" M челични тркала 826 M одблизу

19"/20" M челични тркала двојни краци 826 M Bicolor црни со мешан тип пневматици.

19"/20" M челични тркала со двојни краци 826 M Bicolor црни со мешан тип пневматици, Translucent Shadow, димензии на тркало напред 9,5J x 19, пневматици 275/35 R19, димензии на тркало задни 10,5J x 20, пневматици 285/30 R20.
BMW M4 Coupé G82 2020 капаци на крајните цевки во хром одблизу

Капаци на задните цевки во хром.

Двата пара М типични двојни крајни цевки на BMW M4 Coupé воочливо се истакнуваат од дифузерот што е изведен во црна боја со висок сјај. Притоа, благородните хромирани капаци заедно со изразените ламели на дифузорот креираат спортски финиш.
BMW M4 Coupé G82 2020 M спортски седишта ентериер.

M спортски седишта.

М спортските седишта, што може многукратно да се нагодат имаат својство на седење во школка и делумно интегриран наслон за главата, со што возачот и совозачот добиваат одлична положба. Дополнително, може да се подеси и широчината на наслонот. Специфичниот дизајн со осветленото М4 лого уште повеќе го потенцира спортскиот карактер на возилото.

BMW M440i xDRIVE COUPÉ – ВРВНИ АТРИБУТИ НА ПРОИЗВОДОТ

Возна динамика и опрема во дизајн на BMW M440i xDrive Coupé.

Со стил надвор од комфор зоната: BMW M440i xDrive Coupé остава впечаток не само со извонредниот перформанс, туку и со уникатниот дизајн. Маркантните М специфични дизајнерски елементи во Cerium сива ја надополнуваат динамичната слика на спортското купе, почнувајќи од вертикалната BMW бубрежна решетка, па сѐ до капаците на завршните цевки. Во ентериерот, врвните атрибути како М спортските седишта и М кожниот волан го потенцираат ексклузивниот спортски дух на кокпит, којшто го става возачот во фокус.

BMW M440i xDrive Coupé G22 2020 Arctic Race Blue metallic страничен изглед модел седи во кола со отворена врата
BMW M440i xDrive Coupé G22 2020 BMW Бензински мотор M TwinPower Turbo со 6 сериски цилиндри одблизу

Бензинскиот мотор BMW M TwinPower Turbo со 6 сериски цилиндри

Суверена сила, свилен од и неверојатен звук се карактеристиките на BMW M TwinPower Turbo бензиснкиот мотор со 6 сериски цилиндри од новата генерација на BMW EfficientDynamics моторите. Благодарение на двојниот VANOS, Valvetronic, High Precision Injection и TwinScroll Turbo полначот, тој е особено моќен и ефикасен.
BMW M440i xDrive Coupé G22 2020 Адаптивна M суспензија детали заден дел

Адаптивна M Суспензија.

Адаптивната М Суспензија се управува електронски и се прилагодува на условите на патот и на возењето. Дополнително, можете да ги нагодите карактеристиките на стилот на возење којшто во моментот го претпочитате преку соодветното копче - од удобен до особено спортски со изразена агилност.
BMW M440i xDrive Coupé G22 2020 варијабилен спортски волан ентериер одблизу

Варијабилен спортски волан.

Варијабилниот спортски волан со Servotronic обезбедува директно и агилно возење со мал напор на воланот. Тој реагира на аголот на воланот со варијабилни соодноси во управувањето. Притоа, го подобрува ракување ги спортско возење, а го намалува напорот при паркирање и вртење.
BMW M440i xDrive Coupé G22 2020 mit M Sport Диференцијал Arctic Race Blue metallic три-четвртински изглед

M Sport диференцијал.

М Sport Диференцијалот ја оптимира тракцијата и стабилноста во возењето при менување лента и намалување на брзината во кривини, при голема брзина во кривини и при различни услови на патот. Оптимирањето на тракцијата се врши преку електронски управуваниот сензор за ламели за намалување на разликата во обврти меѓу задните тркала.
BMW M440i xDrive Coupé G22 2020 Steptronic Sport Менувач Ентериер палка за избор

Steptronic Sport Менувач.

8-степениот Steptronic Sport менувач обезбедува многу спортско менување брзини. Достапен и автоматски и рачно преку палката за избор, тој се грижи за пријатно возење или многу динамично возење. Во модусот SPORT и со палката за избор на левата страна S/M, се поставени тековите за менување на највисок перформанс.
BMW M440i xDrive Coupé G22 2020 M Sport сопирачка детали фелни од лесна легура

M Sport сопирачка.

М Спорт сопирачката со фиксиран шестар преносник со четири клипа напред и лебдечки шестар со единечен клип од зади во сино со М ознака и големи дискови за да се обезбеди извонреден перформанс во сопирањето. Прилагодена на огромниот динамички потенцијал на возилото, сопирачката има извонредно сопирање и при нагласено спортско возење и при влажни услови.
BMW M440i xDrive Coupé G22 2020 M рамка на бубрежна решетка Cerium сива преден изглед

M рамка на бубрежна решетка Cerium сива

Маркантната вертикална бубрежна решетка BMW го отелотворува сеќавањето на легендите во мото-спортот како BMW 328. Рамката во Cerium сива ѝ дава на прогресивната бубрежна решетка особено силна присутност и одново ја интерпретира традицијата на BMW.
BMW M440i xDrive Coupé G22 2020 M аеродинамичен пакет одблизу преден дел

M аеродинамичен пакет.

М Аеродинамичниот пакет со М специфичниот преден, заден дел и страничните прагови во бојата на возилото како и дво-делниот додаток на дифузерот во Dark Shadow metallic и високосјајна црна боја се симбол на динамика и спортски дух. Додатокот на дифузерот на M440i е целосно изведен во високосјајна црна боја.
BMW M440i xDrive Coupé G22 2020 18" M тркала од лесна легура 848 M одблизу

18" M тркала од лесна легура двојни краци 848 M Bicolor Jetblack.

18" M тркала од лесна легура двојни краци 848 M Bicolor Jetblack со мешан тип пневматици, сјајни, димензија на тркало напред 7,5J x 18, пневматици 225/45 R18, димензија на тркало позади 8,5J x 18, пневматици 255/40 R18.
BMW M440i xDrive Coupé G22 2020 M спортски седишта внатрешност одблизу

M спортски седишта.

М спортските седишта, што може многукратно да се нагодат имаат својство на седење во школка и делумно интегриран наслон за главата, со што возачот и совозачот добиваат одлична положба. Дополнително, може да се подеси и широчината на наслонот. Специфичниот дизајн со црно М лого уште повеќе го потенцира спортскиот карактер на возилото.
BMW M440i xDrive Coupé G22 2020 M кожен волан ентериер одблизу

M кожен волан.

M кожниот волан вкл. мулти-функционалност, М амблем и интегрирано воздушно перниче за возачот е изведен во дизајн со 3 краци. Со венецот околу воланот во кожа „Walknappa“ црна со црн штеп и извајано лежиште за палците се добива директно спортско чувство на управување.

КОКПИТ И ТЕХНОЛОГИИ

М специфични инструменти и оперативен концепт, дигитални услуги и системи за асистенција на возачот кај BMW Серија 4 Coupé M Automobile.

Комфор, безбедност и М Feeling на највисоко ниво: BMW 4er Coupé M AutomobileВи даваат поддршка за време на возењето преку многубројните иновативни технологии. Максималната прегледност се должи на М специфичната комбинација на инструменти М специфичниот Headup display*. Карактеристики како индивидуално нагодливиот М Setup*, црвеното Start/Stop копче* и централната конзола со M MODE* и SETUP* копчиња даваат дополнтиелнителен флер на спортска трка. Уживајте во системите за асистенција на возачот при самото возење и паркриање или Дополнително, на располагање Ви се и многу *Достапно за BMW M4 Competition Coupé иBMW M4 Coupé.

BMW M4 Coupé G82 2020 Cockpit Ентериер
BMW M4 Coupé G82 2020 M специфични инструменти комбинација

M специфични инструменти комбинација

Комбинациајта на М специфични инструменти дава особено прецизен и фокусиран приказ на податоците од возењето во модусите SPORT и TRACK. Па така, секогаш се има преглед врз вредностите како притисок на товар или притисок во пневматици и температури кога сте на писта. Употребата и конфигурацијата се врши преку копчето M MODE во централната конзола. *Достапно за BMW M4 Competition Coupé и BMW M4 Coupé.
BMW Серија 4 Coupé M Automobile G82 G22 BMW Live Cockpit Professional

BMW Live Cockpit Professional.

BMW Live Cockpit Professional со навигација има висококвалитетен приказ кој се состои од голем Control Display на допир со димензии 10,25" и висока резолуција и од целосно дигитален приказ на инструментите со димензии 12,3". BMW Operating System 7 може да се работи преку iDrive Touch Controller.
BMW M4 Coupé G82 2020 BMW M4 M Setup

M Setup.

M Setup* Ви нуди опција да конфигурирате различни параметри како карактеристиките на моторот, трансмисијата, на воланот, на пригучувачот, интензитетот на регулирање на DSC или распределбата на сила на опционалниот погон на сите тркала M xDrive*, сето тоа според Вашите лични преференции. *M Setup ќе биде достапен за BMW M4 Competition Coupé и BMW M4 Coupé; M xDrive ist ќе биде достапен од летото 2021.
BMW M4 Coupé G82 2020 Интегриран M специфичен систем на сопирање

Интегриран M специфичен систем на сопирање

Интегрираниот М специфичен систем на сопирање кај BMW M4 Competition Coupé и BMW M4 Coupé Ви нуди покрај заштеда на тежина од околу 2 кг, воедно и висока динамика во кочењето. За максимално индивидуализирање на педалата за сопирање, возачот може да избере преку M Setup меѓу „комфор“ и „спорт“. Во зависност од параметрите, различна е реакцијата. Во модусот „Sport“, особено при помала брзина, има поголемо сопирање при истиот потег на педалата, додека кај поголема брзина, реакцијата на двата параметри е многу слична.
BMW Серија 4 Coupé M Automobile G82 G22 BMW Head-Up Display

BMW Head-Up Display.

BMW Head-Up Display со сите бои и со M специфичен приказ* ги проектира сите важни податоци за возењето директно во Вашиот видеокруг. Со стиснување на копчето се преминува на М специфичниот приказ, а тој содржи, меѓу другото, приказ на брзината, динамичкиот број на обрти со Shift-Lights за оптималниот момент на менување и инструкции за навигација. *M специфичните функции се достапни за BMW M4 Competition Coupé и BMW M4 Coupé.
BMW M4 Coupé G82 2020 централна конзола контролен панел

Централна конзола контролен панел

Во централната конзола, која е лесна на допир, можете да ги менувате содржините што се прикажваат преку копчето за Start-/Stop во M MODE* . Уште повеќе избор за конфигурација нуди копчето SETUP*-. Преку него, се отвора менито за индивидуални нагодувања на возната динамика. Дополнителните копчиња ги вклучуваат или исклучуваат поединечните системи на асистенција. *M MODE и SETUP се достапни BMW M4 Competition Coupé и BMW M4 Coupé.
BMW M4 Coupé G82 2020 Start/Stop копче во црвено

Start/Stop копче во црвено

Црвеното копче за Start/Stop* служи за стартување на моторот без клуч, откако возилото било отклучено. Со ова копче и се стопира моторот. Клучот на возилото автоматски се препознава без да мора да биде вметнат во отворот. *Црвеното копче Start/Stop е достапно за BMW M4 Competition Coupé и BMW M4 Coupé.
BMW Серија 4 Coupé M Automobile G82 G22 Smartphone Integration

Smartphone Integration.

Не сакате да се откажете од функциите на Вашиот паметен телефон додека се возите во Вашето BMW и сакате да продолжите да ги користите? Со Smartphone Integration, Вашето возило поддржува Apple CarPlay и Android Auto преку бескабелско поврзување на паметниот телефон и возилото. На тој начин, можете да ги користите функциите и различните апликациите и во возилото.
BMW Серија 4 Coupé M Automobile G82 G22 WIFI Hotspot

WIFI Hotspot.

Учествувајте на видеоконференции преку Вашиот таблет или преку стриминг гледајте ја епизодата од Вашата омилена серија на Вашиот телефон. WIFI хотспотот преку SIM картичката што е вградена во возилото, ќе Ве поврзе онлајн со ЛТЕ брзина (ако е достапна). Па така, Вие и Вашите сопатници можете да сурфате на максимум десет уреди.
BMW M4 Coupé G82 2020M Drive Professional

M Drive Professional.

Без разлика дали станува збор за трка или спонтано возење - M Drive Professional* е оптималниот придружник за екстрапорција адреналин. M Laptimer и M Drift Analyser Ви даваат поддршка додека бркате најдобро време и совршен агол, M Modus TRACK и десет-степената M Traction Control дозволуваат персонализирано возење. *M Drive Professional е достапно BMW M4 Competition Coupé и BMW M4 Coupé.
BMW Серија 4 Coupé M Automobile G82 G22 Driving Assistant Professional

Driving Assistant Professional.

Driving Assistant Professional нуди оптимален комфор и безбедност и во критични и во монотони сообраќајни ситуации. Покрај содржината на асистентот за возење, тој содржи и асистент за управување, за држење лента и проширените функции, асистентот за итно застанување, за држење и менување лента со активна заштита од странична колизија.
BMW Серија 4 Coupé M Automobile G82 G22 Parking Assistant Plus

Parking Assistant Plus.

Со Parking Assistant Plus се олеснува паркирањето и маневрирањето на возилото. Тој содржи систем со Surround View, систем со Top View, со Panorama View и Remote 3D View како и помош за странично паркирње, Active Park Distance Control, асистент за паркирање со надолжно и хоризонтално водење и за возење наназад.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА BMW СЕРИЈА 4 COUPÉ M AUTOMOBILE.

BMW M4 Competition Coupé и други модели

Moќност во  kW (PS) bei 1/min:

375 (510)/6.250

Макс. обртен момент во Nm при 1/min: 

650/2.750-5.500

Забрзување 0–100 km/h за с.:

3,9

Kraftstoffverbrauch (комбинирано) in l/100 km: 

10,2

BMW M4 Competition Coupé G82 2020 страничен изглед во мирување
BMW M4 Coupé BMW Individual Oxide Grey metallic сива металик G82 2020 три-четвртински преден изглед во мирување
BMW M4 Coupé BMW Individual Aventurine Red metallic црвена металик G82 2020 три-четвртински преден изглед во мирување
BMW M4 Coupé BMW Individual Tansanit blue metallic сина G82 2020 три-четвртински преден изглед во мирување
BMW M4 Coupé BMW Individual Dravit grey metallic сива металик G82 2020 три-четвртински преден изглед во мирување

BMW INDIVIDUAL ЗА BMW M4 COUPÉ*.

BMW M4 Coupé е фасцинирачки спој на естетика, харизма и високи перформанси. Со совршено прилагодената опрема на возилото од BMW Individual, ќе го потенцирате ексклузивниот карактер на моќното спортско купе. Изберете некоја од многубројните брилијантни BMW Individual бои, како на пример од тука прикажаните металик бои Oxid grey сива, Aventurine red црвена, Tansanite blue, сина Darvit grey сива. Динамично и истовремено елегатно делуваат и мат боите на BMW Individual металик Frozen Brilliant White бела, Frozen Portimao Blue сина, Frozen Orange metallic портокалова, Frozen Dark Grey сива и Frozen Black црна. Во внатрешноста, М спортсктие седишта од најфина кожа „Мерино“ му даваат акцент на спортско-елегантниот амбиент. Понудени опции се и BMW Individual целосна кожна опрема во "Merino" во бои: слонова коска бело, фјордовски сино/црно, фиона црвено/црно и тартуфо - и со можност за делумна перфорација. Висококвалитетните BMW Individual внатрешни лајсни како тука прикажаните во алуминиумска ткаенина со висок сјај и акцентна лајсна во Pearl Glanz Chrom, изведба во облагородено дрво „Fineline“ црно со сребрен ефект на перфорација или пиано црна ги претставуваат врвните атрибути во внатрешноста на BMW M4 која го става возачот во фокус. *Сликите служат за пример, а на нив е прикажан BMW M3 Седан.

BMW M PERFORMANCE PARTS.

Екстра-спортска опрема за BMW M4 Competition Coupé и за BMW M4 Coupé.

BMW M4 Competition Coupé и BMW M4 Coupé воодушевуваат оптички со спортскиот и харизматичен дизајн.. Со висококвалитетната опрема на BMW M Performance Parts се потенцира спортскиот карактер на возилото и се добива максимално динамичен настап.

BMW M4 Coupé G82 2020 страничен изглед со BMW M Performance Parts
BMW M4 Coupé G82 2020 M Performance преден сплитер од јаглеродни влакна, одблизу напред

M Performance преден сплитер јаглеродни влакна

Оддавање силен впечаток: M Performance предниот сплитер од 100 проценти јаглероднивлакна ја потенцира мажественоста на возилото на особено ексклузивен начин. Индивидуален мото-спортски изглед за највисоките критериуми.
BMW M4 Coupé G82 2020 20"/21" M Performance челично тркало 1000 M одблизу

20"/21" M Performance челично тркало вкрстени краци 1000 M Frozen златна бронза.

Висококвалитетните 20"/21" M Performance челични тркала со вкрстени краци 1000 M се изработени во златна бронза.
BMW M4 Coupé G82 2020 M Performance систем за пригушување титаниум одблизу

M Performance систем за пригушување титаниум.

Мелем за ушите: M Performance системот за пригушување воодушевува со безкомпромисниот звук од мото-спортот. Крајниот пригушувач и спортскиот модул со капаци на завршната цевка се целосно изработени од титаниум што се користи за спортски трки.
BMW M4 Coupé G82 2020 M Performance задно крило јаглеродни влакна одблизу

M Performance задно крило карбон.

Контра на струјата: M Performance задниот спојлер се состои од 100-процентни високо-квалитетни јаглеродни влакна и му дава на возилото одзади непогрешливи акценти од мотоспортот. Благодарение на оптимираната аеродинамика, со него значително се зголемува спортската возна динамика. Динамика во најиндивидуална форма.
BMW M4 Coupé G82 2020 19"/20" M Performance челично тркало 963 M одблизу

19"/20" M Performance челично тркало Y-краци 963 M Frozen Gunmetal Grey сиво.

Висококвалитетните 19"/20" M Performance челични тркала со Y-краци 963 M се изведени во Frozen Gunmetal Grey сива боја со М лого и изрежана М Performance ознака.
BMW M4 Coupé G82 2020 M Performance задно крилце од јаглеродни влакна одблизу

M Performance задно крилце од карбон.

Широк став: M Performance задните крилца оддаваат впечаток дека возилото е уште пошироко и го потенцираат спортско-ексклузивниот изглед. Изработени се од висококвалитетни јаглеродни влакна, се вклопуваат совршено во дизајнот и хармонично одговараат со другите компоненти од јаглеродни влакна во надворешноста.
BMW M4 Coupé G82 2020 M Performance Air Breather јаглеродни влакна, одблизу

M Performance Air Breather јаглеродни влакна.

Од една страна: спортски. Од друга страна: индивидуално. M Performance Air Breather е изготвен од висококвалитетни јаглеродни влакна. Благороден врвен атрибут странично на возилото.
BMW M4 vG82 2020 M Performance Волан Pro внатрешност одблизу

M Performance Волан Pro.

Тркалезно со ивици и агли: М Performance Воланот Pro обезбедува непогрешливо чувство на мото-спортот во кок-питот. Воодушевува со маркантната форма и екстремно изразениот фат од Алкантара - за директно чувство на управување. Со ознаки од мото-спортот во светло-сина кожа.
BMW M4 Coupé G82 2020 M Performance внаштрени бленди од јаглеродни влакна одблизу

M Performance внатрешни бленди од јаглеродни влакна.

Видливо воодушевување: Die M Performance внатрешните бленди се изработени од јаглеродни влакна со перфорација. Специјалната обработка им дава на украсните лајсни не само маркатен изглед, туку тие се и неверојатни на допир. За индивидуална атмосфера на мото-спорт во внатрешноста на возилото.
BMW M4 Coupé G82 2020 M Performance влезна лајсна јаглеродни влакна одблизу

M Performance влезна лајсна јаглеродни влакна

За особено благороден влез: M Performance влезните лајсни се облагородени со висококвалитетни јаглеродни влакна со што изгледот на возилото станува уште поексклузивен. Совршено се прилагодени на дизајнот, а се тестирани според најстрогите критериуми за квалитет на BMW. Со M Performance ознака.
BMW M4 Coupé G82 2020 M Performance патосници внатрешност одблизу

M Performance патосници

Висококвалитетен изглед, извонредна стабилност: M Performance патосниците му даваат на возилото индивидуална спортска нота и во пределот на нозете. Со M Performance ознака. Премиум дизајнот е заокружен со кожен изглед со декоративен штеп во контрастни бои и извезена трака во М боите.
NA

THE 4

BMW Серија 4 Coupé воодушевува преку незаборавната естетика, спортски агилното возење и висококвалитетниот ентериер.

ФИНАНСИРАЊЕ И ЛИЗИНГ ЗА BMW СЕРИЈА 4 COUPÉ M AUTOMOBILE:

BMW M4 Coupé G82 2020 Сао Паоло жолто три-четвртински преден изглед со модел

Со персонализирани финансиски производи од BMW Financial Services брзо и флексибилно до целта. Без разлика дали станува збор за финансирање или лизинг, секоја од нашите понуди индивидуално се прилагодува на Вашите потреби и желби. Дознајте повеќе за атрактивните решенија за финансирање или лизинг на Вашето BMW M4 Competition Coupé, BMW M4 Coupé или BMW M440i xDrive Coupé.

BMW БРОШУРИ APP.

BMW Серија 4 Coupé M Automobile G82 G22 2020 BMW апликација со брошури

Откривајте го светот на BMW интерактивно на Вашиот паметен телефон или таблет. Апликацијата BMW Брошури App ги содржи дигиталните брошури на сите актуелни BMW модели. Радувајте се на деталните информации за производите, брилијантните слики, спектакуларните видеа и фасцинирачките заднински приказни за Вашето BMW. Секако дека тука има и детали за дизајнот, опремата, услугите и технологиите на новите BMW M4 Competition Coupé, BMW M4 Coupé и BMW M440i xDrive Coupé. 

АСИСТЕНЦИЈА И УСЛУГИ ЗА BMW СЕРИЈА 4 COUPÉ M AUTOMOBILE

NA

БИ САКАЛЕ ЛИ ЛИЧНА КОНСУЛТАЦИЈА?

За прашања, дополнителни информации или конкретни понуди на BMW M4 Competition Coupé, BMW M4 Coupé или BMW M440i xDrive Coupé обратете се до Вашиот BMW дилер. Нашите компетентни вработени во BMW Service ќе Ви помогнат лично на телефон или директно на самата локација.

Fuel consumption and CO2 emissions of the BMW 4 Series Coupé M Automobiles.

BMW M4 Competition Coupé:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 10.2
CO2 emissions in g/km (combined): 234

 


BMW M4 Coupé:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 10.8
CO2 emissions in g/km (combined): 248

 


BMW M440i xDrive Coupé:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 7.1–6.8
CO2 emissions in g/km (combined): 163–155

 

The BMW Individual paint finish Skyscraper Gey metallic and the BMW Individual extended leather and full leather trims shown here will probably be available from 03/2021. The paint finish BMW Individual Aventurine Red III metallic is expected to be available from 07/2021.
 

 


The information on fuel consumption, CO2 emissions and energy consumption has been determined in accordance with the prescribed measurement procedure VO (EU) 715/2007 in the version applicable at the time of type approval. The figures refer to a vehicle with basic configuration in Germany and the range shown considers optional equipment and the different size of wheels and tires available on the selected model.

 


Further information about the official fuel consumption and the official specific CO2 emissions for new passenger automobiles can be found in the 'New Passenger Vehicle Fuel Consumption and CO2 Emission Guidelines', which are available free of charge at all sales outlets and from DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany and on https://www.dat.de/co2

 


The values are already based on the new WLTP regulation and are translated back into NEDC-equivalent values in order to ensure the comparison between the vehicles. For vehicle related taxes or other duties based (at least inter alia) on CO2-emissions the CO2 values may differ to the values stated here.

Дознајте повеќе

Потрошувачка на гориво и СО2-емисии на BMW Серија 4 Coupé М Automobile.

  • BMW M4 Competition Coupé:
    потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 10,2
    CO2-емисии in g/km (комбинирано): 234

    BMW M4 Coupé:
    потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 10,8
    CO2-емисии in g/km (комбинирано): 248

    BMW M440i xDrive Coupé:
    потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 7,1–6,8
    CO2-емисии in g/km (комбинирано): 163–155

    Тука прикажаната опрема BMW Individual боја Skyscraper Grey metallic и BMW Individual екстра кожена опрема и сѐ во кожа ќе биде достапна од 03/2021 г. Бојата BMW Individual Aventurine Red III црвена металик ќе биде достапна од 07/2021.

    Податоците за потрошувачката на гориво, СО2- емисиите и струјата се пресметани согласно постапката за мерење на ЕУ (РЕГ) 715/2007во важечка верзија. Податоците се однесуваат на возило со основна опрема во Германија, а опсегот може да има разлики во поглед на величината на избраните тркала и пневматици и опционалната опрема на селектираниот модел.

    Повеќе информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични СО2 емисии кај новите патнички возила може да ги добиете во „Водич за потрошувачка на гориво, СО2-емисии и струја кај новите патнички возила“, што може да се најде во сите продажни салови, во ДАТ Дојче Аутомобил Тројханд ГмбХ, на адреса: Хелмут Хирт Штр. 1, 73760 Остфилдерн, и на https://www.dat.de/co2/ и е бесплатно достапен.

    Податоците се пресметани врз основа на новиот циклус на тестирање WLTP и за споредба се повратно пресметни на NEFZ. Кај овие возила може да дојде до пресметка на даноци и други давачки поврзани со возилото кои (воедно)се засноваат и на СО2 емисите и кои се поинакви од вредностите наведени тука.