Опрема за BMW X6

ГО ПРЕТВОРА ПАТОТ ВО СЦЕНА.

Опрема за BMW X6.

ГО ПРЕТВОРА ПАТОТ ВО СЦЕНА.

Опрема за BMW X6.

Најдобар главен актер: BMW X6. Со своето енергично присуство, овој спортски активен купе предизвикува мешаница каде и да оди. Која улога ја игра? Тоа зависи од вас. Дизајнерскиот пакет Pure Extravagance изобилува со уникатни детали. М Спорт пакетот го прави BMW X6 да има уште подобар атлетски изглед. Со BMW Individual, можете да му дадете на возилото една нота на луксузна ексклузивност. И ако ви треба нешто друго за да го усовршите неговиот изглед, тогаш слободно побарајте го тоа во оригиналните BMW додатоци.

ГО ПРЕТВОРА ПАТОТ ВО СЦЕНА.Опрема за BMW X6.

Најдобар главен актер: BMW X6. Со своето енергично присуство, овој спортски активен купе предизвикува мешаница каде и да оди. Која улога ја игра? Тоа зависи од вас. Дизајнерскиот пакет Pure Extravagance изобилува со уникатни детали. М Спорт пакетот го прави BMW X6 да има уште подобар атлетски изглед. Со BMW Individual, можете да му дадете на возилото една нота на луксузна ексклузивност. И ако ви треба нешто друго за да го усовршите неговиот изглед, тогаш слободно побарајте го тоа во оригиналните BMW додатоци.

Read more

ДИЗАЈН PURE EXTRAVAGANCE.

Со пакетот Pure Extravagance, независната природа на BMW X6 доаѓа до израз – без оглед на тоа како го гледате. Ексклузивните детали во сива Cerium боја, префинета геометрија на надворешноста и специјалната BMW полукружна маска се само некои од многуте детали што се нудат. Во внатрешноста, силината на карактерот продолжува благодарение на бојата со врвен квалитет и комбинацијата на материјалите.  

  • Надворешност

    Дизајнот Pure Extravagance со својот пакет опрема го подобрува веќе врвниот квалитетен изглед на надворешноста на BMW X6. Карактеристичните 20-инчни тркала од лесни легури со V краци тип 597 особено го нагласуваат моќниот впечаток. Додека обложувањата на столбовите и основата на ретровизорите се во црна боја со висок сјај, голем број други детали во сива Cerium боја го истакнуваат изгледот на маркантно теренско возило, од рамките на страничните прозорци и куќиштата на надворешните ретровизори до BMW полукружната маска и акцентот на задната врата. Газиштата на праговите на сите врати се во различна боја, но совршено го надополнуваат остатокот од возилото. Предните два се осветлени и го прикажуваат натписот BMW. Алуминиумските прагови и видливата заштита на подвозјето од нерѓосувачки челик во предниот и задниот дел, исто така во сива Cerium боја се дизајнерско оболежје на теренските возила. Високотехнолошките светла за магла со LED технологија имаат сноп светлина која е слична на дневната светлина.
    Како алтернатива се достапни и разни видови тркала од лесен алуминиум со различен дизајн и димензии од 19 или 20 инча.

  • Внатрешност

    Пакетот опрема Pure Extravagance ја опремува внатрешноста на BMW X6 со една особено луксузна атмосфера. Штом ќе ја отворите вратата, погледот ви го привлекува осветлениот натпис BMW на лајсните на праговите од предните врати. Навлаките од ексклузивен кожен тапацир во две бои, бела слонова коска/црна боја со контрастен пораб во сива боја, зрачат со исклучителна елеганција. Панелите на вратите исто така имаат соодветна боја обложена во црна Nappa кожа. Долниот дел на инструмент таблата во боја на слонова коска, а внатрешните декорации со лајсни од чисто американско дабово дрво го истакнуваат целосниот впечаток на кожа со висок квалитет.
    Како алтернатива, можно е да се одберат украсни лајсни во изведба на чисто дрво Fineline Pure, Fineline Stripe или Poplar Grain, како и од фино брусен алуминиум и во јасеново дрво Vulcano со кафена боја, дрво Sen во светло кафена боја или во пиано сјајна црна боја во BMW Individual дизајн. Дури и кога сте надвор од автомобилот, ексклузивниот BMW клуч со бисерно хромирани детали ве потсетува на врвната елеганција на внатрешноста во опремата Pure Extravagance.
    Pure Extravagance внатрешниот дизајн може совршено да се искомбинира со М Спорт пакетот.

М СПОРТ ПАКЕТ.

Моќ со извичници: со опремата што се содржи во М Спорт пакетот, динамичната аура на вашиот BMW X6 достигнува една сосема нова димензија.

  • Надворешност

    • М аеродинамичен пакет со преден браник, прагови, рамка на калникот во боја на каросерија и металик темно сив додаток на дифузорот на задниот браник
    • LED светла за магла
    • 19-инчни М тркала од лесни легури со краци во облик на ѕвезда тип 623 М со гуми во разни димензии, како алтернатива 20-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 469 М со разни димензии на гуми, достапни и други видови тркала
    • Адаптивно М потпирање или пакет адаптивно потпирање „Dynamic“
    • Детали изведени во BMW Individual Shadow Line или како алтернатива BMW Individual Exterior Line со брусен алуминиум
    • М лого од страните на возилото
    • Куќишта на надворешните ретровизори во боја на каросерија
    • Сјајна хромирана линија на издувната цевка во специфичниот дизајн на М Спорт пакет
    • Каросерија во ексклузивна металик „Carbon“ црна боја, достапни се и други бои на каросерија
    • Странични „жабри“ во црна боја со висок сјај

  • Внатрешност

    • М газиште на праговите, М потпирач за стапалата на возачот
    • Спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во комбинација на ексклузивна алкантара/кожа со М лого на рабовите од седиштата, достапен и друг вид тапацир
    • М кожен управувач со мултифункционални копчиња и рачки за менување на степенот на преносот
    • BMW Individual антрацитно покривно обложување, како алтернатива BMW Individual покривно обложување алкантара
    • Внатрешни декоративни алуминиумски лајсни Hexagon, достапни и други украсни лајсни
    • Клуч со ексклузивно М лого

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ.

Со оригиналните BMW додатоци, можете да го нагласите индивидуалниот стил на вашиот BMW X6. И уште повеќе да ја зголемите неговата разновидност и флексибилност. Тука можете да најдете голем избор на практични производи со висок квалитет.  

  • 21-инчни BMW M Performance тркала од лесни легури со двојни краци тип 599 М


    21-инчните тркала од лесни легури со висок квалитет се во мат Orbit Grey боја во две нијанси и од видиливата страна се сјајни, имаат заоблени рабови на фелните и декорирани се со логото М. Електричниот систем за контрола на притисокот во гумите (RDC) го заокружува комплетот тркала со ран-флет гуми во разни димензии, предните тркала се со димензии 10J x 21 со 285/35 R 21 105 Y RSC гуми, а задните тркала се со димензии 11.5 J x 21 со 325/30 R 21 108 Y RSC гуми.

  • Луксузна торба за скии и даска за скијање

    Префинетата торба за скии и даски за скијање овозможува лесно да може да се превезуваат до четири пара скии или три даски за скијање во внатрешноста на автомобилот. Торбата може лесно да се зацврсти во точките на зацврстување користејќи ремени со сигурносни куки. Вградените тркала го прават полесен транспортот на торбата надвор од возилото.  

  • Патосница за багажниот простор

    Трајната, водоотпорна патосница која не се лизга со издигнати рабови од сите страни го заштитува багажниот простор од нечистотии и влага. Таа е црна и има влошка од нерѓосувачки челик со BMW натпис. Има по еден џеб од текстил од левата и десната страна.  

  • Патосници за сите годишни времиња

    Совршено скроени, трајни патосници со издигнати краеви и елегантен дизајн го заштитуваат просторот за нозете од влага и нечистотии и ги одржуваат нозете суви. Тие се црни и поставени со влошки од метал со врвен квалитет.

  • Газишта на праговите со BMW LED светло

    Префинетите газишта на праговите со осветлен BMW натпис автоматски се вклучуваат со пријатна светлина штом ќе се отворат вратите. Батериите со висок квалитет за LED светлата имаат рок на траење и до три години и менувањето батерии е лесно како и поставувањето на газиштата.

  • Кутија за клуч

    Изработена од кожа со висок квалитет, кутијата за клучеви е цврсто закачена за клучот со копча од нерѓосувачки челик. Таа ги заштитува клучевите од гребнатини, нечистотија и влага и во исто време спречува случајно притискање на копчињата, а црната боја на кутијата совршено ја надополнува BMW внатрешноста.  

  • Адаптер за мобилни телефони Snap-in Connect Universal

    Адаптерот за мобилни телефони Snap-in за сите компатибилни телефони со микро USB влез. Покрај полнењето, тој го подобрува приемот и овозможува безбедно чување. Благодарение на USB влезот, музиката што е зачувана во телефонот може да се репродуцира на BMW аудио системот.  

BMW INDIVIDUAL.


Уникатноста на карактерот се открива во секој детал – основа на вистинската ексклузивност. Дадете вистински одраз на вашата потрага по совршенството. Со BMW Individual опрема за BMW X6.

Одраз на вашата личност.

  • BMW Individual завршни нијанси боја

    Владетел на терените – и со атрактивна боја: за оние кои сакаат да го нагласат извонредниот изглед на новиот BMW X6, четирите BMW Individual завршни нијанси на бои нудат одлични можности. Дизајнерски акцент во вистинска смисла за зборот: BMW Individual кафена металик Pyrite боја. Микроскопски, кристални пигменти светкаат меѓу златна и сребрена боја во различни услови на одбивање светлина. Тоа е уште еден ефект кој дополнително ги нагласува неговите динамични пропорции.  

  • BMW Individual Merino кожа

    Чист луксуз – дури и во најодалечените дестинации: не само благодарение на Merino кожата со фина гранулација во пет естетски привлечни бои од BMW Individual. Поставувајќи нови стандарди на комфор и ексклузивност, тие исто така нудат привлечни можности да создадете сопствена композиција. Покрај тоа, профинетите декоративни елементи на површината на седиштата, пораби и украси во контрастни бои како и инструмент табла покриена со кожа и покривното обложување во алкантара, создаваат неоспорено чувство на профинет квалитет во внатрешноста на BMW X6.  

  • BMW Individual внатрешни лајсни и декорации

    Ексклузивен гламур, дури и надвор од патиштата: рачно изработените BMW Individual внатрешните лајсни и декорации совршено ја надополнуваат гранулираната Merino кожа. Без оглед на тоа дали станува збор за лајсни од гранулирано чисто дрво Sen во светло кафена боја, возбудливите декорации од чисто дрво Ash Vulcano кафена боја или сјајниот црн Piano фурнир, сите површини од дрво се привлечни со своите сложени начини на изработка за новиот BMW X6.  

  • Дополнителна BMW Individual опрема

    Инструмент таблата обложена со кожа од BMW Individual претставува нова димензија на префинетост во внатрешноста на возилото.
    BMW Individual кожниот управувач со декорација од дрво, со избрани BMW Individual внатрешни рамки кои одговараат на управувачот, даваат завршни детали кои го заокружуваат изгледот на новиот BMW X6.
    20-инчните BMW Individual тркала од лесни легури со V краци тип 551 I создаваат уште поголем впечаток на самоувереност со нивните импресивни димензии. На нив има дискретна ласерска гравура со натпис BMW Individual.
    BMW Individual ладилник создава дополнителна пријатна димензија на уживањето при возење. Тој е лесен за употреба и брзо се отстранува, така што може да се добие целосен волумен на багажниот простор доколку тоа е потребно.
    Со својата сатенска површина, BMW Individual покривното обложување алкантара, за прв пат достапно во три различни бои, создава пријатен и отворен амбиент во внатрешноста на возилото.