BMW X6

ПОГОЛЕМА ДИНАМИКА. ПОМАЛА ПОТРОШУВАЧКА.

BMW X6.

ПОГОЛЕМА ДИНАМИКА. ПОМАЛА ПОТРОШУВАЧКА.

BMW X6.

ПОГОЛЕМА ДИНАМИКА. ПОМАЛА ПОТРОШУВАЧКА. BMW X6.

Максимална излезна моќност во kW при 1/мин (50i)

330 (450)/5,500-6,000

Забрзување 0-100 км/ч во сек. (50i)

4.8

Максимална брзина во км/ч (50i)

250

Капацитет на багажниот простор во литри (50i)

580-1,525

Моќен и атлетски граден. Со став на еден Х модел и спортски дух на едно купе, BMW X6 ги преминува сите граници. Неговите мотори BMW TwinPower турбо се моќна комбинација на динамика и ефикасност, а BMW xDrive помага целата снага да се пренесе на патот. Извонредната опрема како посебно дизајнираниот пакет Pure Extravagance и врвните материјали го карактеризираат возилото кое секогаш се наоѓа во центарот на вниманието, а во исто време е и исклучитечно функционално.

ОТКРИЈТЕ ГО BMW X6.

Дизајн.

Време е да ја преземете контролата: BMW X6 е создаден за движење. Со енергични контури насочени нанапред, BMW X6 создава впечатлива динамика и корисност. Неговите широки раменици и цврстиот став ги одразуваат неговите Х гени, додека покривната линија во стил на купе, го истакнува непогрешливиот карактер на BMW X6. Комбинација која го прави овој спортски купе уникатен.

Динамика на возење.

Впечатливиот дизајн на BMW X6 може да се препознае на прв поглед. Сепак, најпосле, еден фактор над сите е апсолутно најважен: какво е навистина чувството кога се вози оваа моќна машина? Шасијата на BMW X6 определува нови стандарди. BMW xDrive гарантира исклучителна влеча – без оглед на временските услови, без оглед на површината на која се вози. Ова е пропратено со одлична стабилност на одржување насока и агилност која моментално ве освојува. Опционалната опрема вклучува пакети за адаптивно потпирање и активно управување – за уште поголемо задоволство при возење.

Опрема.

Најдобар главен актер: BMW X6. Со своето енергично присуство, овој спортски активен купе предизвикува мешаница каде и да оди. Која улога ја игра? Тоа зависи од вас. Дизајнерскиот пакет Pure Extravagance изобилува со уникатни детали. М Спорт пакетот го прави BMW X6 да има уште подобар атлетски изглед. Со BMW Individual, можете да му дадете на возилото една нота на луксузна ексклузивност. И ако ви треба нешто друго за да го усовршите неговиот изглед, тогаш слободно побарајте го тоа во оригиналните BMW додатоци.