ДИНАМИЧЕН+

BMW Серија 4 Coupé. 4 значи повеќе.

ДИНАМИЧЕН+

BMW Серија 4 Coupé. 4 значи повеќе.

ДИНАМИЧЕН+BMW Серија 4 Coupé. 4 значи повеќе.

Забрзување од 0-100 км/ч во с (BMW 440i Coupé)

5.2

Максимална брзина во км/ч (BMW 440i Coupé)

250

Потрошувачка во л/100 км, комбинирана (BMW 440i Coupé)

7.7–4.4

CO2 емисии во г/км, комбинирани (BMW 440i Coupé)

179–172

Спортски изведувач создаден да импресионира на патиштата. Резултатот е имресивен. Повеќе динамика, агилност и комфор. Бескомпромисно подготвен за акција нудејќи дизајн, присуство и ракување кои се внимателно оптимизирани. На кусо: прекрасен спортски coupé кој на уживањето во возењето му дава ново значење и ги задоволува дури и најрпобирливите клиенти.

МОЌНИ ПЕРФОРМАНСИ.

BMW Серија 4 Coupé развива спектакуларна динамика која веднаш ќе ве освои. Во совршена интеракција меѓу моторот со висок потисок со опционално адаптивно М потпирање, променлив спортски управувач и опционален 8-брзински Steptronic пренос, тој обезбедува спортско уживање во возењето во секоја ситуација која ќе ви оформи една самоуверена насмевка – и ќе гарантира погледи на восхит.

„Тука во BMW ние бараме естетика која прикажува ефикасна динамика како природен аспект на нашиот формален идиом.“
АДРИАН ВАН ХОЈДОНК, ДИРЕКТОР НА ДИЗАЈНОТ ВО BMW ГРУПАЦИЈАТА

ДИЗАЈН КОЈ ОДУШЕВУВА.

Возбудливо за гледање.

Доколку постои идеален облик за едно спортско coupé, дизајнот на BMW Серија 4 Coupé е совршен пример. Неговиот спортски изглед зрачи со динамично присуство и создржи една инспиративна интеракција на флуиден стил и профилирани страни. Уникатниот спој на спортски изглед, агилност и естетика ја задоволува потребата за еден вистински комплетен автомобил.
Read more

Спортски преден дел.

Предниот дел на BMW Серија 4 Coupé создава еден иновативен спортски впечаток. Карактеристичната предна маска во полукружна форма е врамена со ремоделирани LED предни светла и сигнализира еден моќен спортски дух. Големите отвори за воздух со интегрални LED светла за магла го заокружуваат динамичниот изглед во еден незаборавен стил.
Read more

Атлетска Coupé силуета.

BMW Серија 4 Coupé предизвикува моќ и атлетски дух благодарение на неговиот продолжен дизајн со благо закосена линија на покривот и на профилираните страни на возилото. Оддавајќи впечаток на леснина, прозорците без рамки ја дефинираат суптилно заоблената силуета и агилниот дизајн.
Read more

Изразит заден дел.

Задниот дел на BMW Серија 4 Coupé држи еден непроменлив и одлучен став, дефиниран со изразениот браник со интегрирани издувни цевки. Редизајнираните задни светла од два дела со LED технологија атрактивно ја истакнуваат ширината на каросеријата и го нагласуваат динамичниот формален идиом.
Read more

ЛИНИИ ОПРЕМА НА BMW СЕРИЈА 4 COUPÉ.

Дали сакате да додадете поспортски стил или нота на ексклузивност на вашиот BMW Серија 4 Coupé? Разни модели и опрема како и BMW Individual нудат голема палета опции за персонализација на вашето возило. Токму по ваша мерка.

ЕКСКЛУЗИВНА ВНАТРЕШНОСТ.

ЕЛЕГАНТЕН И СПОРТСКИ.

Ексклузивната внатрешност на BMW Серија 4 Coupé го комбинира спортскиот дух со модерната функционалност. Бројни информации и комуникациски технологии како и внатрешност со материјали со висок квалитет совршено скроени да одговараат на потребите на возачот, обезбедуваат многу висок стандард на комфор и употребливост. Покрај тоа, амбиент светлото создава едно уникатно искуство при возење.
Read more

ОРИЕНТИРАН КОН ВОЗАЧОТ.

Стандардно опремен со спортски кожен мултифункциски управувач е средиште на кабината која е ориентирана кон возачот. BMW Head-Up дисплејот и новиот мултифункционален дисплеј со инструменти, двете достапни како опција, претставуваат еден јасно среден широк спектар на информации што се важни за возењето. И новиот систем за навигација Professional ви овозможува совршена поврзаност.
Read more

СОВРШЕНА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА.

Елегантната опрема во внатрешноста на BMW Серија 4 Coupé содржи широк спектар на префинети материјали кои имаат извонредна завршна обработка. Уживајте во совршен комфор, со опционапни спортски седишта со врвен квалитет тапацирани со чиста кожа. Пријатната атмосфера е дополнително засилена со привлечна внатрешност и акцентирани лајсни, класични хромирани детали и контрастни опшивки на инструмент таблата.
Read more

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ.

ДИЗАЈН НА СВЕТЛАТА.

ЗАДОВОЛСТВОТО ВО ВОЗЕЊЕ Е СЕМЕЕН НАСТАН.

ЗАДОВОЛСТВОТО ВО ВОЗЕЊЕ Е СЕМЕЕН НАСТАН.

Откријте чиста спортска страст, напреден дизајн и екслузивен комфор во целото семејство на моделите од BMW Серија 4. Откријте дури и повеќе динамика во автомобилите BMW M4 и M3 со нивната фасцинантна ДНК за мотоспорт.

Read more

Потрошувачка на гориво и емисии на СО2.

  • BMW M4 Coupé:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 8.8 (8.3)
    СО2 емисии во г/км (комбинирана): 204 (194)

    BMW 440i Gran Coupé:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 6.8 – 6.6
    СО2 емисии во г/км (комбинирана): 159-154

    Бројките во заградите се однесуваат на возила со седум-брзински М пренос со двојна спојка со Drivelogic.

    Податоците за потрошувачка се утврдени во согласност со ЕЦЕ циклусот на испитувања и зависат од избраните димензии на гуми и тркала. Моделите што се прикажани на илустрациите вклучуваат дополнителна опрема.

    Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични емисии на CO2 за новите патнички автомобили може да се најдат во „Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни во сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија или на http://www.dat.de/en/offers/publications/guideline-for-fuel-consumption.html.

    Прикажаните вредности не се однесуваат на индивидуални возила и не се дел од понудата: тие се наменети исклучиво за споредба на различни типови возила. Емисии на СО2 кои настануваат за време на производството и обезбедување гориво или други извори на енергија не се земаат предвид кога се утврдуваат емисиите на СО2 во согласност со Директивата 1999/94/ЕЗ.