НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ PROFESSIONAL.

Навигацискиот систем Professional, вклучувајќи ја и можноста на користење hands-free услугата, 0.0” LCD дисплеј во боја и радио BMW Professional со DVD плеер, се карактеризира со тридимензионален дисплеј на мапа и 20 GB меморија. Системот се управува интуитивно преку iDrive Touch Controller. Ажурираните мапи се достапни три години без претплата*.

 

*Ажурирањето се однесува исклучиво на податоците од мапата за Германија.

BMW HEAD-UP ДИСПЛЕЈ.

BMW HEAD-UP ДИСПЛЕЈ.

BMW Head-up дисплејот* во боја проектира информации релевантни за патувањето директно во видното поле на возачот, а со тоа му овозможува целосна концентрација на возењето. Дисплејот содржи податоци како тековна брзина, навигациски насоки, ограничување на брзиниата вклучувајќи индикатор за забрането претекнување, заедно со телефонски именици и листи за забава.


*Достапно по желба

Read more

МУЛТИФУНКЦИСКИ ИНТРУМЕНТ ДИСПЛЕЈ.

Мултифункцискиот инструмент дисплеј * со технологија Black Panel и екран со дијагонала од 8.8” дава многу импресивна визуелизација на искуството при возење. На екранот со инструменти може да се прикажат три различни модели и нивните специфични дисплеи, од кои секој има сопствена шема на бои и графички стил и тоа: ECO PRO, COMFORT и SPORT.


*Достапен по желба

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

  • BMW 440i Coupé:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 7.7-7.4
    CO2 емисии во г/км (коминирано): 179-172
     

    Податоците за потрошувачката на гориво се определуваат во согласност со ECE циклусот на возење и зависат од димензиите на избраните тркала и гуми. Прикажаните модели вклучуваат опционална опрема.

    Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany и на http://www.dat.de/en/offers/publications/guideline-for-fuel-consumption.html.

    Бројките не се однесуваат на поединечно возило и не претставуваат дел од понудата, тие се наменети само како основа за споредување различни типови возила. Во согласност со директивата 1999/94/EC, емисиите на CO2 што настануваат во текот на производството и снабдувањето на гориво или други извори на енергија не се земаат предвид при одредување на CO2 емисиите.