ВРВНА ФОРМА+

Дизајнот на BMW Серија 4 Coupé.

ВРВНА ФОРМА+

Дизајнот на BMW Серија 4 Coupé.

ВРВНА ФОРМА+Дизајнот на BMW Серија 4 Coupé.

Долго меѓуоскино растојание. Кратки испусти напред. Преден дел кој агресивно се стреми кон напред и линија на покрив која прогресивно се спушта кон задниот дел. Дизајнот на BMW Серија 4 Coupé претставува фасцинантна елеганција и чиста спортска страст. Ова дополнително е нагласено со атлетски заден дел и кабината поставена на задните седишта.

 

Уживајте во задоволството во возење во еден стилски амбиент кој може да се искуси во големата палета на верзии на моделот со различна опрема и бои на каросерија.

 

BMW 440i Coupé:

Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 7.7-7.4

СО2 емисии во г/км (комбинирана): 179 – 172

 

Податоците за потрошувачка се утврдени во согласност со ЕЦЕ циклусот на испитувања и зависат од избраните димензии на гуми и тркала. Моделите што се прикажани на илустрациите вклучуваат дополнителна опрема.

Read more

ДИЗАЈН КОЈ ОДУШЕВУВА.

Возбудливо за гледање.

Доколку постои идеален облик за едно спортско coupé, дизајнот на BMW Серија 4 Coupé е совршен пример. Неговиот спортски изглед зрачи со динамично присуство и создржи една инспиративна интеракција на флуиден стил и профилирани страни. Уникатниот спој на спортски изглед, агилност и естетика ја задоволува потребата за еден вистински комплетен автомобил.
Read more

Спортски преден дел.

Предниот дел на BMW Серија 4 Coupé создава еден иновативен спортски впечаток. Карактеристичната предна маска во полукружна форма е врамена со ремоделирани LED предни светла и сигнализира еден моќен спортски дух. Големите отвори за воздух со интегрални LED светла за магла го заокружуваат динамичниот изглед во еден незаборавен стил.
Read more

Атлетска Coupé силуета.

BMW Серија 4 Coupé предизвикува моќ и атлетски дух благодарение на неговиот продолжен дизајн со благо закосена линија на покривот и на профилираните страни на возилото. Оддавајќи впечаток на леснина, прозорците без рамки ја дефинираат суптилно заоблената силуета и агилниот дизајн.
Read more

Изразит заден дел.

Задниот дел на BMW Серија 4 Coupé држи еден непроменлив и одлучен став, дефиниран со изразениот браник со интегрирани издувни цевки. Редизајнираните задни светла од два дела со LED технологија атрактивно ја истакнуваат ширината на каросеријата и го нагласуваат динамичниот формален идиом.
Read more

МОДЕЛ М СПОРТ.

  

  • Надворешна опрема
    •  М аеродинамичен пакет со предна маска, странични прагови и задна маска со влошка на дифузер во металик темна Shadow боја
    • М заоблена маска со девет ексклузивно дизајнирани вертикални ребра со сјајна црна боја од предната страна
    • Светла за магла
    • 18-инчни М тркала од лесна легура со двојни краци од типот 400 М со комбинирани гуми, алтернативно 18-инчни М тркала од лесна легура со двојни краци од типот 441 М Ferric сива металик боја, 19-инчни М тркала од лесна легура со двојни краци од типот 704 М со комбинирани гуми, 19-инчни М тркала од лесна легура со двојни краци од типот 704 М двобојни Ferric сива металик боја или 19-инчни М тркала од лесна легура со ѕвездести краци од типот 403 М со комбинирани гуми; достапни се и други опции на тркала
    • М Sport потпирање, алтернативно стандардно потпирање или адаптивно M потпирање
    • М Sport сопирачка
    • BMW Individual сјајна Shadow линија
    • М лого на страните
    • Куќишта на надворешните ретровизори во боја на каросеријата
    • Сјајно хромиран завршеток на задна издувна цевка
    • Ексклузивна боја на каросеријата во Estoril сина металик боја; достапни се и други бои на каросерија
    • Одвод за воздух во црна боја со висок сјај; алтернативно во боја на каросеријата или во сатиниран алуминиум

     

    Моделот М Sport опфаќа опрема на моделот Advantage:

    •  Контрола за помош при паркирање (PDC)
  • Опрема во внатрешноста
    •  М газишта на праговите од вратите и М потпирач за нога на возачот
    •  Спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во платно/алкантара во комбинација со „Hexagon“ антрацит во ексклузивен М стил, алтернативно Sport седишта за возачот и патникот на предното седиште во ,Dakota' Saddle кафена боја; достапни се и други навлаки
    • М кожен управувач со мултифункциски копчиња
    • BMW Individual антрацитно покривно обложување
    • Инструмент табла со брзиномер и мерач на вртежи со мерни скали и црвен контрастен прстен
    • Клима уред и уред за радио контрола со хромирани детали
    • Рамка на централна конзола во црна боја со висок сјај
    • Алуминиумски декоративни лајсни Hexagon со сини мат детали, како алтернатива внатрешни декоративни лајсни од алуминиум брусени надолжно со црн акцент, ексклузивниот акцент се протега до вратите и задниот дел, достапни и други украсни лајсни
    • Пократка рачка на менувачот со лого М
    • Driving Experience контрола со дополнителен СПОРТ+ режим
    • Портокалова или бела променлива амбиент светлина
    • Клуч со сини детали

     

    Моделот М Спорт ја вклучува опремата модел Advantage:

    •  Контрола на брзината со функција на сопирање
    • Пакет прегради за складирање

МОДЕЛ SPORT LINE.

  

  • Надворешна опрема
    • BMW полукружна маска со девет ексклузивно дизајнирани вертикални лајсни со преден дел во црна боја со висок сјај
    • Преден браник со специфични дизајнерски елементи во црна боја со висок сјај
    • 18-инчни тркала од лесна легура со двојни краци тип 397 двобојни железно сиви, како алтернатива 19-инчни тркала од лесна легура со ѕвездести краци тип 407 двобојни со разни димензии на гуми, достапни и други типови тркала
    •  „Sport Line“ лого од страните на возилото
    • Куќишта на ретровизорите во црна боја со висок сјај, како алтернатива во боја на каросерија
    • Отвор за воздух во црна боја со висок сјај, како алтернатива во боја на каросерија
    • Рамки на страничните прозорци и на вдлабнатините во прозорците во црна мат боја
    • Заден браник со специфични дизајнерски елементи во црна боја со висок сјај
    • Хромиран завршеток на издувната цевка во црна боја

     

    Моделот Sport Line ја вклучува опремата модел Advantage:

    • Контрола на паркирање на задниот дел (PDC)
  • Опрема во внатрешноста
    • Алуминиумски газишта на праговите со „BMW“ натпис
    • Спортски седишта во платно „Corner“ антрацит со црвен или сив акцент, како алтернатива спортски седишта во кожа „Dakota“ во корално црвена боја со црни детали, достапни и друг вид тапацир
    • Спортски кожен управувач со контрастна црвена опшивка, како алтернатива опшивката може да биде во црна боја
    • Клуч со црвени детали
    • Инструмент табла со брзиномер и мерач на вртежи со мерни скали и црвен контрастен прстен
    • Клима уред и радио уред со хромирани детали
    • Централна конзола во црна боја со висок сјај
    • Декоративни внатрешни лајсни во црна боја со висок сјај со акцент во корално црвена мат боја, како алтернатива внатрешни декоративни лајсни од алуминиум, брусени по должина со акцент во црна боја со висок сјај, ексклузивниот акцент се протега до вратите и задниот дел, достапни и други украсни лајсни
    • Портокалова или бела амбиент светлина
    • Пакет осветлување
    • Driving Experience контрола со дополнителен СПОРТ+ режим
    • Автоматски клима уред во две зони со проширени карактеристики

     

    Моделот Sport Line ја вклучува опремата модел Advantage:

    • Контрола на брзината со функција на сопирање
    • Пакет прегради за складирање

МОДЕЛ LUXURY LINE.

  

  • Надворешна опрема
    • BMW полукружна маска со единаесет ексклузивно дизајнирани хромирани вертикални лајсни со висок сјај
    • Преден браник со специфични хромирани дизајнерски елементи со висок сјај
    • 18-инчни тркала од лесни легури со повеќе краци тип 416, како алтернатива 19-инчни тркала од лесни легури со повеќе краци тип 399 со разни димензии на гуми, достапни и други типови тркала
    • „Luxury Line“ лого од страните на возилото
    • Отвор за воздух хромиран со висок сјај, како алтернатива во боја на каросерија
    • Хромирани рамки на страничните прозорци и вдлабнатините во прозорците со висок сјај
    • Заден браник со специфични хромирани дизајнерски елементи со висок сјај
    • Хромиран завршеток на издувната цевка со висок сјај

     

    Моделот Luxury Line ја вклучува опремата модел Advantage:

    • Контрола на паркирање на задниот дел (PDC)
  • Опрема во внатрешноста
    • Алуминиумски газишта на праговите со „BMW“ натпис
    • Спортски кожни седишта „Dakota“ Saddle кафени со ексклузивна опшивка, како алтернатива спортски седишта во кожа „Dakota“ Veneto беж боја со ексклузивна опшивка, достапен и друг вид тапацир
    • Клуч со бисерно хромирани детали
    • Клима уред и радио уред со бисерно хромирани детали
    • Централна конзола во црна боја со висок сјај со бисерно хромирани детали
    • Декоративни внатрешни лајсни од чисто дрво „Fineline“ антрацит со акцент во бисерна хромирана боја, како алтернатива внатрешни декоративни лајсни од чисто орев дрво со бисерно хромиран акцент, ексклузивниот акцент се протега до вратите и задниот дел, достапни и други украсни лајсни
    • Портокалова или бела амбиент светлина
    • Пакет осветлување
    • Клима уред со две зони со продолжени карактеристики
    • Греење на седиштето на возачот и патникот на предното седиште

     

    Моделот Luxury Line ја вклучува опремата модел Advantage:

    • Контрола на брзината со функција на сопирање
    • Пакет прегради за складирање

МОДЕЛ ADVANTAGE.

Надворешна опрема на моделот Advantage:

 

  • Контрола на паркирање на задниот дел (PDC)

 

Внатрешна опрема на моделот Advantage:

 

  • Контрола на брзината со функција на сопирање
  • Пакет прегради за складирање

КОЛЕКЦИЈА BMW INDIVIDUAL.

Посебен начин за да ја изразите својата личност, BMW Individual работилницата ги задоволува сите желби на единствен начин со BMW Individual колекцијата. Во рамките на програмата се користи најквалитетно дрво, најквалитетна кожа и фасцинирачки бои како дел од посебните ексклузивни опции за да го направи вашето возило апсолутно забележливо. Дизајнирајте го вашето BMW Серија 4 Coupé возило специјално за себе.

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ ЗА BMW СЕРИЈА 4 COUPÉ.

Доколку сакате да му дадете на своето спортско купе дополнителен спортски акцент или да ја зголемите неговата секојдневна искористеност, дизајнирајте го своето BMW Серија 4 Coupé со оригиналните BMW додатоци, и тоа потполно според вашите желби. На располагање имате голем асортиман практични производи со висок квалитет, од посебните тркала, преку елегантните подни прекривки до ергономичниот дизајн на детското седиште.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

  • Податоците за потрошувачката на гориво се определуваат во согласност со ECE циклусот на возење и зависат од димензиите на избраните тркала и гуми. Прикажаните модели вклучуваат опционална опрема:

    Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany и на http://www.dat.de/en/offers/publications/guideline-for-fuel-consumption.html.

    Бројките не се однесуваат на поединечно возило и не претставуваат дел од понудата, тие се наменети само како основа за споредување различни типови возила. Во согласност со директивата 1999/94/EC, емисиите на CO2 што настануваат во текот на производството и снабдувањето на гориво или други извори на енергија не се земаат предвид при одредување на CO2 емисиите.