ГО ОДЗЕМА ЗДИВОТ+

Динамика и ефикасност при возење BMW Серија 4 Coupé.

ГО ОДЗЕМА ЗДИВОТ+

Динамика и ефикасност при возење BMW Серија 4 Coupé.

ГО ОДЗЕМА ЗДИВОТ+Динамика и ефикасност при возење BMW Серија 4 Coupé.

И на прв поглед јасно е со колку спортски дух се одликува BMW Серија 4 Coupé. Може да почувствувате колку е динамичен штом го притиснете педалот за гас. Придвижуван од избрани мотори со високи перформанси, со погон на задните тркала или погон на сите тркала и со совршена распределба на оптоварувањето на оската. Секоја брзина е уживање. Секој свиок носи очекување на следниот. И секој километар е фасцинирачко искуство.

 

 

BMW 440i Coupé:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 7.7-7.4
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 179-172

 

Податоците за потрошувачката на гориво се определени во согласност со ECE циклусот на возење, во зависност од димензиите на избраните тркала и гуми. Прикажаните модели вклучуваат опционална опрема:

Read more

ЧИСТА ДИНАМИКА.

Полн со спортски дух и совршени перформанси. Со опциското адаптивно М потпирање, варијабилното спортско управување и опцискиот 8-степен Steptronic менувач, BMW Серија 4 Coupé ја пренесува импресивната динамика на ефикасната движечка снага целосно на патот. Доживејте неограничено задоволство при возење со BMW Серија 4 Coupé.

МОЌНИ МОТОРИ.

BMW TwinPower турбо линиски 6-цилиндричен бензински мотор.

Доминантна снага, непречена работа и возбудлив звук се карактеристиките на BMW TwinPower турбо линискиот 6-цилиндричен бензински мотор од најновата генерација модели на мотори BMW EfficientDynamics. Со Double-VANOS, Valvetronic, високопрецизното вбризгување и TwinScroll турбо полначот, тој генерира 240 kW (326 hp) и има просечна комбинирана стапка на потрошувачка на гориво од 7.9 to 7.4 литри на 100 км.
Read more

BMW TwinPower турбо 4-цилиндричен бензински мотор.

Најновата генерација BMW TwinPower турбо 2.0-литарски 4-цилиндричен бензински мотор гарантира максимално задоволство во возењето. Познат е по својата агилна испорака на снага, како и по исклучителните реакции и при ниски вртежи, а истовремено познат е по исклучителната штедливост на гориво и ниските емисии.
Read more

BMW TwinPower турбо линиски 6-цилиндричен дизел мотор.

Новата генерација BMW TwinPower турбо линискиот 6-цилиндричен дизел мотор нуди импресивна испорака на снага во комбинација со извонредни вредности на потрошувачка, како резултат на високоиновативната технологија како турбо полнач со варијабилна турбинска геометрија и директно вбризгување со заеднички вод. Моторот испорачува 190 kW (258 PS) до 230 kW (313 PS) и импресивен максимален вртежен момент од 560 до 630 Nm.
Read more

BMW TwinPower турбо 4-цилиндричен дизел мотор.

BMW TwinPower турбо 2.0-литарските 4-цилиндрични дизел мотори од најновата генерација покажуваат агилна и моќна испорака на снага како и одлична реакција, дури и на ниски вртежи на моторот.Технологијата на турбо полнач со варијабилна турбинска геометрија и директното вбризгување со заеднички вод обезбедува овие мотори да бидат исклучително штедливи и со ниски емисии.
Read more

8-СТЕПЕН STEPTRONIC ПРЕНОС.

Опцискиот 8-степен спортски автоматски менувач обезбедува максимални нивоа на динамика, ефикасност и удобност при возење. Краткото време на пренос ги подобрува вредностите на забрзување додека малото растојание на осумте брзини овозможува одвај забележливо менување степени на пренос. Истовремено, моторот се одржува на идеално ниво на вртежи за оптимален развој на снага, додека нивото на бучава се намалува. Осмиот степен на пренос ги намалува вртежите на моторот при високи брзини и со тоа и потрошувачката на гориво и CO2 емисиите.

СПОРТСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗЕЊЕ.

Добро расположение на допир на копче? Тоа е она што BMW серија 4 Coupé нуди со Контролата на доживување при возење. Со селектирање SPORT или опциски SPORT+ се активира поставка за потврди амортизери со што возилото реагира уште подиректно. Моторот реагира поспонтано. Ова е идеално за поагилно управување во текот на динамичниот стил на возење. Тоа е особено видливо во комбинација со опциското адаптивно М потпирање кое се приспособува на стилот на возење и состојбата на патиштата преку електронската контрола.

  • Распределба на оптоварувањето на оската 50:50

    Идеалната распределба на оптоварувањето на оската 50:50 обезбедува извонредно одржување на насоката при возење, агилно управување и прецизна реакција на управувачот. Истовремено, нискиот центар на тежиште и пократките издадени делови уште повеќе ги подобруваат карактеристиките на возење.

  • Адаптивно М потпирање

    Адаптивното М потпирање во секое време може електронски да се приспособи во согласност со условите на патот и на возењето. Исто така, возачот може да ги приспособи карактеристиките на потпирање преку Контролата на доживување при возење за да се овозможи во секое време префериран стил на возење, од удобно до исклучително спортско со забележително агилно управување.

  • Варијабилнен спортски управувач

    Варијабилниот спортски управувач со Servotronic создава директна и агилна реакција на управувачот и обезбедува помал физички напор од потребниот за да се сврти управувачот. Тој реагира на аголот на управувачот со различни степени на управување. Со ова се подобрува ракувањето при подинамичното возење и го намалува напорот потребен за управување при паркирање и скршнување. Опцискиот SPORT+ режим е дополнителна карактеристика на овој пакет.

ДИНАМИКА НА МОДЕЛОТ НА СЕМЕЈСТВОТО BMW СЕРИЈА 4.

ДИНАМИКА НА МОДЕЛОТ НА СЕМЕЈСТВОТО BMW СЕРИЈА 4.

BMW EFFICIENT DYNAMICS.

Помала потрошувачка на гориво, поголемо задоволство во возење: Тоа е BMW Efficient Dynamics. Вклучени се цела низа различни технологии кои делуваат на системот на возење, управувањето со енергија и концептот на возилото. Резултатот е помала потрошувачка на гориво и пониски CO2 емисии, а истовремено поголема динамика и задоволство во возењето. Стандардна карактеристика кај секоj BMW автомобил, и секако кај BMW Серија 4 Coupé.

Read more

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

  • Податоците за потрошувачката на гориво се определуваат во согласност со ECE циклусот на возење и зависат од димензиите на избраните тркала и гуми. Прикажаните модели вклучуваат опционална опрема.

    Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany и на http://www.dat.de/en/offers/publications/guideline-for-fuel-consumption.html.

    Бројките не се однесуваат на поединечно возило и не претставуваат дел од понудата, тие се наменети само како основа за споредување различни типови возила. Во согласност со директивата 1999/94/EC, емисиите на CO2 што настануваат во текот на производството и снабдувањето на гориво или други извори на енергија не се земаат предвид при одредување на CO2 емисиите.