Тричетвртински преден замрзнат кадар на  BMW  Серија 8 Coupé во урбана средина.

BMW 8

BMW 8

BMW 8
Тричетвртински заден кадар на BMW  Серија 8 Coupé ноќе пред урбана средина

БЕСКОМПРОМИСНА МОЌ. СОВРШЕН ЏЕНТЛМЕН.

Дизајн.

Тричетвртински заден кадар на BMW  Серија 8 Coupé ноќе пред урбана средина

Го забрзува пулсот, скроен по мерка. Новиот BMW Серија 8 Coupé го спојува карактерот на спортски автомобил со духот на BMW луксузен автомобил – и создава сосема нов стандард за естетика.
Замрзнат страничен кадар на  BMW  Серија 8 Coupé во урбана средина

НАДВОРЕШНОСТ.

Замрзнат страничен кадар на  BMW  Серија 8 Coupé во урбана средина

BMW Серија 8 Coupé воведува нова доба во дизајнот на BMW што е препознатлив на прв поглед, псобено поради тесните предни светла. Спортската надворешност е одбележана со невообичаената интеракција на остри линии што се протегаат по целата страна на возилото и ги нагласуваат конкавните површини и мускулните рамена. Во комбинација со рамната линија на покривот, резултатот е посебно остра форма на купе што поставува сосема нови стандарди.
Крупен кадар на ласерско светло на предниот дел на  BMW  Серија 8 Coupé

ЛАСЕРСКИ СВЕТЛА.

Крупен кадар на ласерско светло на предниот дел на  BMW  Серија 8 Coupé

Во режим на ласерски долги светла, BMW Laserlight осветлува опсег до 600 m, речиси двапати подалеку од конвенционалните светла. Подобрата видливост во мракот значително ја подобрува безбедноста. Сините акценти и шрифтот „BMW Laserlight“ на предните светла исто така ги истакнуваат технолошките стандарди и спортскиот амбиент на возилото.
Внатрешност на  BMW  Серија 8 Coupé

ВНАТРЕШНОСТ.

Внатрешност на  BMW  Серија 8 Coupé

Спортскиот автомобил со луксузен сегмент – модерната, пуристичка внатрешност на новиот BMW Серија 8 Coupé докажува дека спротивностите можат совршено да се надополнуваат. Висококвалитетните материјали, иновативните технологии и бројните варијанти на боја и опрема обезбедуваат луксузна атмосфера и висококвалитетн изглед и покрај впечатливиот карактер на спортски автомобил. И елегантните работни елементи и јасните линии на дизајнот водат само во една насока: напред. Ова ја нагласува максимизираната ориентација на возачот и ѝ дава дополнителна динамика на внатрешноста. Совршени услови за чисто задоволство во возењето.
Крупен кадар на  BMW  Серија 8 Coupé мултифункционално седиште во Merino кожа.

„МЕРИНО“ КОЖА.

Крупен кадар на  BMW  Серија 8 Coupé мултифункционално седиште во Merino кожа

По нешто за чиј вкус. BMW Individual кожните елементи со најфината Merino кожа ѝ даваат префинетост на внатрешноста и единствен раскош. Имате избор од неколку ексклузивни варијанти на боја од црна и коњак до бела во нијанса на слонова коска. А со атрактивните контрасти на новиот двобоен тапацир, има по нешто за секој тркач – и за секој џентлмен.
Крупен кадар на апликациите од стакло во внатрешноста на  BMW  Серија 8 Coupé.

АПЛИКАЦИЈА ОД СТАКЛО „CRAFTED CLARITY“.

Крупен кадар на апликациите од стакло во внатрешноста на  BMW  Серија 8 Coupé.

Сѐ понеодолив со секој детаљ: Елегантната апликација од стакло „CraftedClarity“ ѝ дава на спортската внатрешност сјаен изглед благодарение на праволинискиот засек и сината нијанса. Таа ги украсува додатокот на избирачот на брзини, како и централниот контролен елемент, копчето за аудио контрола и копчето за старт/стоп. Резултатот е игра од спортски раскош и ексклузивен дизајн што ги комбинира атлетизмот и елегантноста како никогаш до сега.
Крупен кадар на карбонскиот покрив на  BMW  Серија 8 Coupé.

ДЕЛОВИ ОД М КАРБОН.

Крупен кадар на карбонскиот покрив на  BMW  Серија 8 Coupé.

Динамизам во секој детаљ: BMW Серија 8 Купе комбинира врвни перформанси и висок квалитет под карбонски покрив што го нагласува посебниот тркачки карактер на автомобилот. М карбон пакетот* за надворешност му дава на М спортскиот пакет дополнителни динамични акценти, како што се визуелно изострени линии на дифузерот и завршетоците на издувната цевка обрабени со карбонски декоративен елемент. Целокупниот изглед – со вистински карбонски заден спојлер, обвивки на доводот за воздух и ретровизори – ве движи дури и кога стоите. * M карбон пакетот за надворешност ќе биде достапен за M850i xDrive во 10/2018 а за 840d xDrive во 11/2018 година.
Поглед одзади на  BMW Серија 8 Coupé ноќе во урбана средина

ЧИСТА МОЌ. СОВРШЕНА ПРЕЦИЗНОСТ.

Динамика на возење.

Поглед одзади на  BMW Серија 8 Coupé ноќе во урбана средина

Чиста динамика, чисто забрзување, чиста возбуда – со TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор со зафатнина од 4,4 литри и 390 kW (530 hp), BMW Серија 8 Coupé ги доведува и мерачот на вртежи и пулсот на возачот до границата во рекордно време. Едно е неспорно: Колку позаоблен е, толку позабавно е да се вози. Луксузниот спортски автомобил ги доведува моќта и прецизноста до следното ниво со неговите ексклузивни тркачки особини. Со беспрекорната работа на TwinPower Turbo 6-цилиндричниот линиски дизел мотор можете да изберете и 235 kW (320 hp) спортски дизел мотор.
Крупен кадар на хаубата на  BMW Серија 8 Coupé од птичја перспектива

TWIN POWER ТУРБО 8-ЦИЛИНДРИЧЕН БЕНЗИНСКИ МОТОР.

Крупен кадар на хаубата на  BMW Серија 8 Coupé од птичја перспектива

Екстремната моќност се среќава со внатрешниот мир: со BMW TwinPower Turbo 8-цилиндричниот бензински мотор со зафатнина од 4,4 литри и 390 kW (530 hp), BMW Серија 8 Coupé создава уникатен спој од максимална динамика и ефикасност. Со вртежен момент од 750 Nm, моторот овозможува максимално задоволство во возењето во секое патување. Два променливи турбополначи и притисок на вбризгување од максимални 350 бари дополнително ја оптимизираат моќноста и истовремено ја зголемуваат ефикасноста. А благодарение на активниот дизајн на звук, звучи исто толку моќно како и што се однесува.
Тричетвртински кадар одзади на  BMW Серија 8 Coupé од птичја перспектива

ИСКЛУЧИТЕЛНО ДИНАМИЧЕН.

Тричетвртински кадар одзади на  BMW Серија 8 Coupé од птичја перспектива

BMW Серија 8 Coupé е доследно дизајниран за динамика на возење и спортско чувство. Интелигентниот BMW xDrive систем со погон на сите тркала со вртење ориентирано на задните тркала, во комбинација си M Sport диференцијалните и стандардните мешани гуми, овозможува оптимално прилепување и стабилност во возењето. На ова се додадени и намаленото растојание од површината, високата крутост на целата каросерија и адаптивната М шасија – идеални услови за вистински спортски автомобил. Опционалната електромеханичка рол-стабилизација исто така го намалува подоцнежното навалување при вртењето и со тоа овозможува изненадувачки големи брзини при вртењето.
Крупен кадар на возачката кабина на  BMW Серија 8 Coupé

ВРВОТ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА.

Иновации.

Крупен кадар на возачката кабина на  BMW Серија 8 Coupé

Секогаш чекор пред напредокот: без оглед дали станува збор за системи за безбедност или помош – со иновативните технологии на новиот BMW Серија 8 Coupé, секогаш сте во чекор со технологијата. А благодарение на пионерскиот BMW оперативен систем 7.0, навигацијата и интеракцијата со неговите опции за комуникација е полесна и поиндивидуална од кога и да било порано.
Внатрешост на  BMW Серија 8 Coupé со контролен дисплеј и  BMW Live Cockpit Professional

BMW LIVE COCKPIT PROFESSIONAL.

Внатрешост на  BMW Серија 8 Coupé со контролен дисплеј и  BMW Live Cockpit Professional

BMW Live Cockpit Professional со функција на навигација вклучува висококвалитетна дисплеј мрежа составена од 10,25" Info Display со 10,25" екран на допир со висока резолуција и целосно дигитална инструмент табла од 12,3".
Крупен кадар на  внатрешноста на BMW Серија 8 Coupé со фокус врз средната конзола

СИСТЕМ ЗА ИНФОЗАБАВА.

Крупен кадар на  внатрешноста на BMW Серија 8 Coupé со фокус врз средната конзола

Нема потреба да се спомене дека BMW Серија 8 Coupé воведува и нова ера на конективност. Иновациите се наречени BMW Live Cockpit Professional: Висококвалитетна дисплеј мрежа составена од екран на допир, инструмент дисплеј од 10.25” со висока резолуција и целосно дигитален инструмент дисплеј. И иновативниот BMW Operating System 7.0 оперативен концепт: Со интуитивно управување преку гестови, гласовна контрола и контрола на допир и бројни опции за индивидуализирање на сите дисплеи.
Крупен кадар на внатрешноста на BMW Серија 8 Coupé со фокус врз воланот

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Крупен кадар на внатрешноста на BMW Серија 8 Coupé со фокус врз воланот

Врвниот перформанс бара неверојатна грациозност. Затоа новиот BMW Серија 8 Coupé е достапен и со иновативниот Driving Assistant Professional. Тој им дава поддршка на џентлмените во одржувањето на соодветното растојание и брзина, истовремено помагајќи им да останат во својата лента и да избегнат несреќи. Може да даде и прдупредување за претстојни претекнувања, удари одзади или луѓе на патот, а дури и да обезбеди помош во итни случаи.
Замрзнат кадар на  BMW Серија 8 Coupé странично наспроти бела заднина.

ДЕТАЛИ НА СОВРШЕНСТВОТО.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ.

ДЕТАЛИ НА СОВРШЕНСТВОТО.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ.

Замрзнат кадар на BMW Серија 8  Coupé и M8 GTE во урбана средина ноќе.

BMW M8 GTE.

Мотоспорт ДНК.

Страничен замрзнат кадар на  BMW Серија 8 Coupé со BMW Individual опрема ноќе во урбана средина.

УНИКАТЕН НА СЕКОЈ НАЧИН.

BMW Individual.

Страничен замрзнат кадар на  BMW Серија 8 Coupé со BMW Individual опрема ноќе во урбана средина.

Уникатен меѓу индивидуалисти: BMW Individual опремата го збогатува изгледот на новиот BMW Серија 8 Coupé со ексклузивни завршни бои, кожни елементи и елегантни внатрешни прагови.
Преден замрзнат кадар на  BMW Серија 8 Coupé со BMW Individual опрема ноќе во урбана средина.

НАДВОРЕШНОСТ.

Преден замрзнат кадар на  BMW Серија 8 Coupé со BMW Individual опрема ноќе во урбана средина.

Џентлмен или тркач? Вие одлучувате. Со новите BMW Individual метални завршни бои можете да изберете од цел опсег, како што се Dravit Grey, Aventurine Red*, Almandine Brown* и Tanzanite Blue*. Во комбинација со ексклузивни тркала од лесна легура, ништо не стои меѓу вас и спектакуларната појава. *Достапни од март 2019 година.
Внатрешноста на  BMW Серија 8 Coupé со  BMW Individual опрема.

ВНАТРЕШНОСТ.

Внатрешноста на  BMW Серија 8 Coupé со  BMW Individual опрема.

Ексклузивен, многу спортски или неверојатно елегантен: Вие ја дизајнирате внатрешноста според вашите потреби. Внатрешните елементи од префинето дрво се достапни во Piano Black. BMW Individual елементите целосно изработени од кожа* со најфината Merino кожа нудат широк опсег на бои од црна до коњак и бела во нијанса на слонова коска. Исто така, за првпат можете да изберете двобојни опции на тапацир, како што се Tartufo, Fiona Red или Night Blue во комбинација со моќна црна боја. *Достапни од март 2019 година.

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ЏЕНТЛМЕНСКИОТ ТРКАЧ.

Контакт.

Сакате ли да го доживеете новиот BMW Серија 8 Coupé одблизу? Вашиот локален BMW дистрибутер ги има сите информации и услуги што ви се потребни.

Read more
Млада жена наспроти тиркизна заднина.

ПРОГРЕСИВЕН ЛУКСУЗ.

BMW ЛУКСУЗНА КЛАСА.

ПРОГРЕСИВЕН ЛУКСУЗ.

BMW ЛУКСУЗНА КЛАСА.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

BMW 840d xDrive (2)(3):
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 6,2–5,9
CO2 емисии во g/km (комбинирано): 164–154

BMW M850i xDrive (2)(3):
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 10,5–10,0
CO2 емисии во g/km (комбинирано): 240-228

Вредностите за потрошувачката на гориво, CO2 емисиите и потрошувачката на енергија прикажани овде се определени во согласност со Европската регулатива (EC) 715/2007 во верзијата применлива во моментот на одобрување на типот. Вредностите се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија и прикажаниот опсег зема предвид различни димензии на избрани тркала и гуми достапни за избраниот модел.

Вредностите за возилата означени со (2), се прелиминарни.

Спецификациите за CO2 ефикасноста се определуваат според Директивата 1999/94/EC и европската регулатива во нејзината моментална достапна верзија. Вредностите се базирани врз потрошувачката на гориво, CO2 емисиите и потрошувачката на енергија според NEDC циклусот за класификација.

Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во „Прирачник за потрошувачка на гориво, CO2 емисии и потрошувачка на енергија кај нови патнички возила“ што бесплатно е достапен на сите продажни места и на https://www.dat.de/angebote/verlagsprodukte/leitfaden-kraftstoffverbrauch.html

Read more