BMW серија 8 Gran Coupé, страничен приказ во движење, инспирирај се

THE 8

ПРВИОТ BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ

THE 8ПРВИОТ BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ

Кога динамиката ќе се сретне со луксузот, резултатот е нешто уникатно: BMW Серија 8 Gran Coupe е неверојатен спортски автомобил со четири врати што одзема здив со неверојатното чувство на пространост. Неговиот дизајн е естетика во својот највозбудлив облик. Воспоставува потполно нов дизајнерски јазик за луксузни спортски автомобили, што пренесува нескротлива сила и импресивна агилност. BMW серија 8 Gran Coupé го исполнува ова бескомпромисно спортско ветување на секој метар од асфалтот со своите моќни мотори. Во сите четири седишта – во неодоливо ексклузивен и истовремено импресивно спортски амбиент.

BMW M850i xDrive Gran Coupé:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана): 10.0–9.9
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана): 229–226
 

Дознајте повеќе

СПОРТСКИ КАРАКТЕР ВО НОВ ВРВЕН ОБЛИК

ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ

BMW серија 8 Gran Coupé, дизајн на спортски автомобил

СПОРТСКИ БЕЗ КОМПРОМИСИ

BMW серија 8 Gran Coupé, возна динамика

МОЌНА АГИЛНОСТ

BMW серија 8 Gran Coupé, дизајн на внатрешна опрема.

ЧИСТО ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО ПОМНОЖЕНО СО ЧЕТИРИ

BMW серија 8 Gran Coupé, панорамски стаклен покрив

ВЕЛИКОДУШНО ПРОПОРЦИОНАЛЕН АМБИЕНТ

BMW серија 8 Gran Coupé, дизајн на спортски автомобил

СПОРТСКИ БЕЗ КОМПРОМИСИ

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН НА BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ

Динамично спортско купе со карактер: дизајнерскиот јазик на BMW серија 8 Gran Coupé со својата фасцинантна естетика е ново толкување на луксузниот спортски автомобил. Од атлетскиот преден дел преку непрекинатата силуета на купе до карактеристично дизајниран заден дел: овој прекрасен дизајн што одзема здив со своите прецизни контури и моќни пропорции предизвикува возбуди уште од првиот момент.

BMW серија 8 Gran Coupé, возна динамика

МОЌНА АГИЛНОСТ

ПЕРФОРМАНСИ НА СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ КАЈ BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ

Ефикасните BMW TwinPower Turbo бензински мотори на BMW серија 8 Gran Coupé и совршено координираниот погонски склоп и шасијата гарантираат незаборавни возни искуства. Впрочем, овој спортски автомобил е брз, силен и исклучително агилен, реагира со апсолутен авторитет во секоја моторна ситуација, а сепак има резерви. Без разлика дали станува збор за градски сообраќај, на автопат или преговарање на кривулест пат: BMW серија 8 Gran Coupé има одговор за сѐ – и тоа онаков што гарантира максимално уживање во возењето.

BMW серија 8 Gran Coupé, дизајн на внатрешна опрема.

ЧИСТО ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО ПОМНОЖЕНО СО ЧЕТИРИ

СПОРТСКО ВОЗЕЊЕ ЗА ЧЕТИРИ ПАТНИЦИ ВО BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ

Во BMW серија 8 Gran Coupé, четири патници уживаат максимално во возењето. Ова се должи на тоа што двајца патници во исклучително пространиот заден дел имаат неверојатно удобни кожни седишта со карактер на индивидуални, засебни седишта. Нудат пријатно окружување на телото и неверојатна странична поддршка дури и при динамично возење и кај тесни свиоци – и го одржуваат пулсот на високо ниво за сите четири патници.

BMW серија 8 Gran Coupé, панорамски стаклен покрив

ВЕЛИКОДУШНО ПРОПОРЦИОНАЛЕН АМБИЕНТ

ПРОСТРАНОСТА НА BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ

На задните седишта на BMW серија 8 Gran Coupé, двајца возрасни уживаат во импресивниот простор за глава и нозе и великодушното чувство на пространост. Дури и на долги патувања се гарантира врвна удобност и совршена релаксација. Опционалниот панорамски стаклен покрив дополнително го зајакнува ова доживување на пространост и чувството на слобода нудејќи уникатни погледи и амбиент преплавен во светлина.

BMW серија 8 Gran Coupé ја отелотворува фасцинацијата на автомобилот во својата најексклузивна и најспортска манифестација. Тука извонредната динамика се сплотува со модерниот луксуз.
Домагој Дукец, управник на BMW одделот за дизајн
BMW серија 8 Gran Coupé, дизајн на луксузен спортски автомобил

ВОЗБУДЛИВА ЕСТЕТИКА ПОМНОЖЕНА СО ЧЕТИРИ

BMW серија 8 Gran Coupé, дизајн на луксузен спортски автомобил

ВОЗБУДЛИВА ЕСТЕТИКА ПОМНОЖЕНА СО ЧЕТИРИ

BMW серија 8 Gran Coupé е импресивен спортски автомобил со четири врати што го револуционеризира дизајнерскиот јазик во оваа класа. Мускулестите и прецизни контури на капакот на моторот посочуваат на импресивниот потенцијал што се крие одозолу. До ист степен инспирираат и скулптурираното меѓусебно дејство на површините на страничните делови и доследната силуета на купе. Оваа силуета претекува во карактеристичен заден дел со мускулести странични делови што укажува на нескротлива сила дури и кога стои во место. Задниот прозорец е сместен меѓу две перки што се спојуваат на вратата од багажникот – ексклузивен детал што е обично присутен само кај рачно изработените возила.
BMW серија 8 Gran Coupé, простор одзади.

АПСОЛУТНА СЛОБОДА НА ДВИЖЕЊЕ

BMW серија 8 Gran Coupé, простор одзади.

АПСОЛУТНА СЛОБОДА НА ДВИЖЕЊЕ

BMW серија 8 Gran Coupé нуди изненадувачки голем простор во задниот патнички простор, што обично не се очекува кај спортските автомобили. Долгото растојание меѓу оските и подигнатиот покрив создаваат многу простор за да се обезбеди исклучително удобно место за главата и нозете на патниците на задните седишта. Патувањето во луксузно спортско купе не може да биде поудобно.
BMW серија 8 Gran Coupé, карактер на спортски автомобил во задниот дел.

ПРВОКЛАСНА РАСПРЕДЕЛБА НА СЕДИШТА

BMW серија 8 Gran Coupé, карактер на спортски автомобил во задниот дел.

ПРВОКЛАСНА РАСПРЕДЕЛБА НА СЕДИШТА

Патниците на задните седишта во BMW серија 8 Gran Coupé уживаат во првокласна навлаки на неверојатно удобни кожни седишта со спортски стил и карактер на индивидуални седишта. На патниците им нудат пријатно, затворено чувство кога седат и со тоа нудат одлична странична поддршка дури и при динамично возење. Го претвора секое патување на задните седишта во импресивно автомобилско уживање.
BMW серија 8 Gran Coupé, панорамски стаклен покрив со големи стаклени површини.

СВЕТЛИНА. ВОЗДУХ. ЛУКСУЗ.

BMW серија 8 Gran Coupé, панорамски стаклен покрив со големи стаклени површини.

СВЕТЛИНА. ВОЗДУХ. ЛУКСУЗ.

Опционалниот панорамски стаклен покрив на BMW серија 8 Gran Coupé нуди свеж воздух кога е отворен, а дури и затворен создава атмосфера преплавена со светлина и уште полуксузно чувство на пространост. Се отвора и затвора целосно автоматски, а опремен е и со функција на лизгање и накосување. При интензивна сончева светлина може да се затвори интегрираниот штитник за сонце преку варијабилно електрично управување.

ИНДИВИДУАЛЕН ЛУКСУЗ СО СПОРТСКИ КАРАКТЕР

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВНАТРЕШНОСТ НА BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ

Дизајнот на внатрешноста на BMW серија 8 Gran Coupé зрачи со индивидуален луксуз со секој свој фин детал, а истовремено дава јасна изјава за амбициозните спортски карактеристики. Висококвалитетните кожни навлаки се особено ексклузивни, сите материјали се од врвен квалитет и се надополнети со совршена завршна обработка. Во комбинација со мајсторската изработка, BMW серија 8 Gran Coupé нуди модерна и првокласна внатрешност со врвна удобност и исклучително великодушна пространост.
BMW серија 8 Gran Coupé, стаклени Crafted Clarity детали
BMW серија 8 Gran Coupé, внатрешност, кокпит.
BMW серија 8 Gran Coupé, внатрешност, навлаки
BMW серија 8 Gran Coupé, внатрешност, заден дел
BMW серија 8 Gran Coupé, внатрешност, навлаки

ЕКСКЛУЗИВНИ СЕДИШТА

Опционалните мултифункционални седишта во BMW серија 8 Gran Coupé можат да се изменат со активно подесување на наслонот, варијабилната поддршка за лумбалниот дел и рачната контрола за длабочината на седиштето за да одговараат идеално на личните желби. Седиштата се прекриени со најексклузивна кожа, како BMW Individual ‘Merino’ навлака од фино зрно во Ivory White/Night Bluе боја со елегантни контрастни шевови.

BMW серија 8 Gran Coupé, стаклени Crafted Clarity детали

НАЈФИНИ ДЕТАЛИ

Висококвалитетните детали како BMW Individual внатрешните ленти во пијано изведба со црна боја, ексклузивните прошиени и галвански детали на контролите ѝ даваат луксузен шарм на внатрешноста. Опционалните рачно изработени стаклени Crafted Clarity детали го красат менувачот, iDrive контролорот и копчето Start/Stop. Оваа особина ја дарува висококвалитетната внатрешност со исклучителна привлечност – како и осветлената бројка 8 на менувачот.

BMW серија 8 Gran Coupé, внатрешност, заден дел

ИНДИВИДУАЛНА СЛОБОДА

Средишната конзола со полна должина во BMW серија 8 Gran Coupé е исто така прекриена со ексклузивна кожа и продолжува да се протега до задното седиште. Го зајакнува индивидуалниот карактер на седиштата одзади и им нуди на патниците можност да создадат своја пријатна клима. Благодарејќи на интегрираната контрола, автоматската климатизација и греењето на седиштата можат индивидуално да се подесат за секој патник.

BMW серија 8 Gran Coupé, внатрешност, кокпит.

СПОРТСКИ И ЛУКУЗЕН АМБИЕНТ

Спортскиот кокпит на BMW серија 8 Gran Coupé зрачи со уникатна елеганција и е целосно ориентиран кон возачот. Со интуиривниот оперативен концепт од најновата генерација, ќе ги имате на располагање релевантните податоци во секој момент, додека пак М кожниот управувач со педали за промена на брзината е ви овозможи да имате сѐ под контрола. Сите површини, копчиња и контроли имаат првокласно чувство од прстите и стилски го надополнуваат луксузниот амбиент.

BMW серија 8 Gran Coupé, возна динамика xDrive

БЕЗКОМПРОМИСНО ВОЗНО ИСКУСТВО

BMW серија 8 Gran Coupé, возна динамика xDrive

БЕЗКОМПРОМИСНО ВОЗНО ИСКУСТВО

Prescheduled thrills: thanks to innovative drivetrain and chassis components, the BMW 8 Series Gran Coupé offers a supreme level of sportiness. The 8-speed Steptronic Sport transmission allows especially sporty gear changes, while the Adaptive M suspension ensures self-assured dynamics on every surface. The Integral Active Steering with rear wheels also contributes to reducing the steering effort and raises driving stability and comfort, especially during fast cornering. In addition, the intelligent all-wheel drive system xDrive offers maximum traction and tracking stability. The low centre of gravity and the high basic rigidity of the body furthermore ensure real driving pleasure.
BMW серија 8 Gran Coupé. BMW TwinPower Turbo 8-цилиндричен мотор

ЗАБРЗУВАЧ НА ПУЛСОТ

BMW серија 8 Gran Coupé. BMW TwinPower Turbo 8-цилиндричен мотор

ЗАБРЗУВАЧ НА ПУЛСОТ

Со капацитетот од 4,4 литри и 390 kW (530 КС), BMW TwinPower Turbo 8-цилиндричниот бензински мотор го издига и бројот на вртежи и пулсот на возачот до исти височини. Моќниот би-турбо мотор го забрзува BMW серија 8 Gran Coupé од 0 до 100 km/h за 3,9 секунди со обртен момент од 750 Nm. Тоа се бројки што се обично резервирани за тркачки автомобили. Причината се крие во бројните елементи што потекнуваат од мотоспортови. Двата Twin-Scroll турбополначи на издувни асови, на пример, ја оптимизираат излезната сила и нудат импресивни перформанси. Исклучително нагласен е полнокрвниот звук на 8-цилиндричниот мотор што дополнително ќе ве наежи.
BMW серија 8 Gran Coupé, BMW TwinPower Turbo 6-цилиндричен мотор

ИМПРЕСИВНА СИЛА

BMW серија 8 Gran Coupé, BMW TwinPower Turbo 6-цилиндричен мотор

ИМПРЕСИВНА СИЛА

Новоразвиениот BMW TwinPower Turbo 6-цилиндричен бензински мотор со капацитет од 3,0 литри и 250 kW (340 КС) обезбедува импресивна сила и висока ефикасност со мала тежина. Благодарејќи на обртниот момент од 500 Nm, погонската единица во BMW 840i нуди максимално задоволство во возењето со забрзување од 0 до 100 km/h за 5,2 секунди. И на рамно и при кривулести свиоци. Благодарејќи на свиленкасто мазните карактеристики на возење, моторот нуди и самодоверливо искуство во возењето од суперлативна класа на долги патувања – секогаш проследено со инспиративниот звук на 6-цилиндричниот баритон и умерената потрошувачка на гориво.
BMW серија 8 Gran Coupé, BMW Individual, тричетвртински приказ однапред
BMW серија 8 Gran Coupé, BMW Individual, тричетвртински приказ одзади
BMW серија 8 Gran Coupé, BMW Individual кокпит
BMW серија 8 Gran Coupé, BMW Individual навлака на покрив
BMW серија 8 Gran Coupé, BMW Individual внатрешна опрема

BMW INDIVIDUAL - ИЗРАЗ НА ИНДИВИДУАЛНИОТ СТИЛ

Искажете го својот посебен карактер кај BMW серија 8 Gran Coupé. Ексклузивните опции на опрема од BMW Individual нудат голем број на уникатни бои на каросерија со спектакуларни ефекти на прелевање или сјаење – како Tanzanite Blue сина металик боја – за да му дадете уникатен изглед на луксузниот спортски автомобил. Најфините кожни навлаки од врвен квалитет, со целосно рачно шиени седишта, дополнително ја красат благородната внатрешност со многубројни нијанси на бои и фини контрасти на шиење – еден пример е BMW Individual со фино зрно, целосна ‘Merino’ кожна навлака во Ivory White бела боја со детали во Tartufo боја. Спортскиот и луксузен амбиент го заокружуваат ексклузивните BMW Individual внатрешни завршни ленти во црна боја со висок сјај и Individual навлака на таванот во Alcantara боја.

BMW серија 8 Gran Coupé, дизајн, поглед од птичја перспектива

BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ ОПЦИИ НА ОПРЕМА

Млада жена наспроти тиркизна заднина

ИСКУСЕТЕ МОДЕРЕН ЛУКСУЗ

BMW ЛУКСУЗНА КЛАСА

ИСКУСЕТЕ МОДЕРЕН ЛУКСУЗ

BMW ЛУКСУЗНА КЛАСА

Потрошувачка на гориво и емисии на CO2.

BMW M850i xDrive Gran Coupé:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана): 10.0–9.9
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана): 229–226

Податоците за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2 и потрошувачката на енергија се одредени во согласност со пропишаната постапка на мерење VO (EU) 715/2007 во верзијата што се применува во моментот на одобрување на типот. Податоците се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија, а прикажаниот досег ја зема предвид опционалната опрема и различните големини на тркалата и гумите на избраниот модел.

Дополнителни податоци околу официјалната потрошувачка на гориво и официјалните конкретни емисии на CO2 за новите патнички автомобили можат да се најдат во „Водичот за економичноста на потрошувачката на гориво и емисии на CO2“ што е достапен бесплатно на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany и на https://www.dat.de/co2.

Вредностите веќе се темелат на новата WLTP регулатива и се преведени назад во NEDC-еквивалентни вредности за да се осигури споредба меѓу возилата. За даноците поврзани со возилото или други трошоци врз основа на (барем меѓу другото) емисиите на CO2, вредностите на CO2 можат да се разликуваат од вредностите наведени тука.

Дознајте повеќе