BMW M8 Competition кабриолет F91 LCI Facelift 2022 BMW Individual Brass металик тричетвртински поглед од страна стои пред ѕид
ПерформанскиДо 625 КС (460 kW)
Тип на мотори и горивоБензин

ТHE M8

BMW M8 Competition кабриолет F91 LCI Facelift 2022 BMW Individual Brass металик тричетвртински поглед од страна стои пред ѕид

НОВИТЕ BMW СЕРИЈА 8 KAБРИОЛЕТ М АВТОМОБИЛИ: МОТОРИ И ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

ПерформанскиДо 625 КС (460 kW)
Тип на мотори и горивоБензин
ТHE M8НОВИТЕ BMW СЕРИЈА 8 KAБРИОЛЕТ М АВТОМОБИЛИ: МОТОРИ И ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

Новиот BMW M8 Competition кабриолет, BMW M8 кабриолет и BMW M850i xDrive кабриолет.

Доживејте спортско уживање на највисоко ниво во текот на возењето – со импресивно моќната нова BMW Серија 8 кабриолет M автомобили:

 

  • Новиот BMW M8 Competition кабриолет и BMW M8 кабриолет ги комбинираат чистите M гени со врвната ексклузивност– за авантури полни со спортски дух и луксуз.
  • Новиот BMW M850i xDrive кабриолет импресионира со единствената синтеза на удобност, перформанси и ефикасност.

BMW M8 Competition кабриолет:
Потрошувачка на гориво л/100 км (комбинирано): 11,6–11,2
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 264–255

BMW M8 кабриолет:
Потрошувачка на гориво л/100 км (комбинирано): 11,6–11,2
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 264–255

BMW M850i xDrive кабриолет:
Потрошувачка на гориво л/100 км (комбинирано): 11,0–10,7
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 249–243

Дознајте повеќе

СПОРЕДБА НА НОВИТЕ BMW СЕРИЈА 8 КАБРИОЛЕТ М АВТОМОБИЛИ.

Резимирани факти за спортските карактеристики.

BMW M8 COMPETITION КАБРИОЛЕТ

Максимална возна динамика и ексклузивност.
  • 625 КС (460 kW) M TwinPower Turbo реден 8-цилиндричен бензински мотор
  • M xDrive со активен M диференцијал и 8-степен M Steptronic менувач Drivelogic
  • Ексклузивни дизајнерски елементи и опрема
  • 460 kW/625 КС, 750 Nm, 0-100 км/ч за 3,3 сек
BMW M8 Competition кабриолет F91 LCI Facelift 2022 BMW Individual Brass металик, тричетвртински поглед однапред

BMW M8 КАБРИОЛЕТ

Возна динамика и луксуз на врвно ниво.
  • 600 КС (441 kW) M TwinPower Turbo реден 8-цилиндричен бензински мотор
  • M xDrive со активен M диференцијал
  • 8-степен M Steptronic менувач со Drivelogic
  • 441 kW/600 КС, 750 Nm, 0-100 км/ч за 3,4 сек
BMW M8 кабриолет F91 LCI Facelift 2022 BMW Individual Tanzanite сина металик боја, тричетвртински поглед однапред

BMW M850i xDRIVE КАБРИОЛЕТ

Моќни перформанси со луксузен шмек.
  • 530 КС (390 kW) M TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор
  • 8-степен Steptronic Sport менувач
  • BMW xDrive со M Sport диференцијал
  • 390 kW/530 КС, 750 Nm, 0-100 км/ч за 4,1 сек
BMW M850i xDrive кабриолет G14 LCI Facelift BMW Individual Frozen Pure Grey металик боја, тричетвртински поглед однапред
  • BMW M8 COMPETITION КАБРИОЛЕТ
  • BMW M8 КАБРИОЛЕТ
  • BMW M850i xDRIVE КАБРИОЛЕТ

НОВИОТ BMW M8 COMPETITION КАБРИОЛЕТ – КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРОИЗВОДОТ.

Возна динамика и карактеристики на дизајнот на новиот BMW M8 Competition кабриолет.

Новиот BMW M8 Competition кабриолет ја отелотворува врвната ознака на перформансите на BMW Серија 8та кабриолет M автомобили.

  • Иконичниот стил воспоставува нов дизајнерски јазик за луксузните спортски кабриолети и зборува за динамичните перформанси, како и за впечатливото присуство. Во кабината, смелите M карактеристики и луксузните детали создаваат спортска и ексклузивна атмосфера.
BMW M8 Competition кабриолет F91 LCI Facelift 2022 BMW Individual Brass металик боја, тричетвртински поглед однапред, снимен од низок агол
BMW M8 Competition кабриолет F91 LCI Facelift 2022 M TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор, поглед одблизу

625 КС M TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор со високи перформанси.

Најновата верзија на M TwinPower Turbo 8-цилиндричниот бензински мотор гарантира перформанси во согласност со најновите стандарди. Единицата со високи вртежи развива моќност од 460 kW (625 КС). Двата турбополначи се издвојуваат благодарение на нивниот вкрстен цилиндричен издувен колектор со оптимални карактеристики на одговор. Моторот V8 е дизајниран и за екстремни оптоварувања на тркачката патека.

BMW M8 Competition кабриолет F91 LCI Facelift 2022 внатрешност, централната конзола, 8-степен M Steptronic менувач со Drivelogic

8-степен M Steptronic Sport менувач со Drivelogic.

8-степениот M Steptronic Sport менувач со Drivelogic нуди многубројни опции за менување брзини: од екстремно динамичен до изразено конфорен и економичен.Брзините можете да ги менувате рачно со помош на палката на менувачот или преку лопатките за менување на управувачот, односно можете да го ставите возилото во автоматски режим и да му препуштите на менувачот да ја врши работата наместо вас.

BMW M8 Competition кабриолет F91 LCI Facelift 2022 со M карбонски керамички сопирачки

М карбонски керамички сопирачки.

М карбонско-керамичките сопирачки испорачуваат уште подиректна сила на сопирање. Сопирачката не е корозивна и поднесува поголема топлина. Импресионира со исклучително минималното трошење и придонесува за помала маса на возилото, што позитивно влијае врз агилноста, динамиката и забрзувањето. Посебната техничка опрема е видлива преку шепата во златна мат боја со М логотип од надворешната страна.

Поради специфичните својства на материјалот, вообичаено е повисоко ниво на бучава при сопирањето, на пример, при долго сопирање, поголемо оптоварување или за време на дожд и тоа непосредно пред целосно запирање. Бучавата поврзана со дизајнот може да се избегне со лесно сушење на сопирачките во случај на дожд или во случај на продолжено и отежнато сопирање при оптоварување. Влијанието на влажноста и солта на патиштата, на пример, по автопералница, при роса во текот на ноќта, возење за време на дожд итн., ефектот на сопирање може да одговара на оној на конвенционалниот систем за сопирање. Намалувањето на сопирачката сила може да се компензира со поголем притисок на педалот. Бучавата што се појавува при работата не влијае врз перформансите, оперативната безбедност и стабилноста на сопирачките.

BMW M8 Competition кабриолет F91 LCI Facelift 2022 BMW Individual Brass металик капак на ретровизорот во црна боја со висок сјај, поглед одблизу

Ексклузивни дизајнерски елементи во црна боја со висок сјај

Капачињата за ретровизорите, М отворите за воздух и за задниот спојлер во црна боја со висок сјај, му даваат уште подинамичен изглед на новиот BMW M8 Competition кабриолет. Заедно со опциониот М Carbon надворешен пакет, сите елементи се изработени од пластика, зацврстени со карбонски влакна (CFRP).

BMW M8 Competition кабриолет F91 LCI Facelift 2022 BMW Individual Brass металик 20" M тркала од лесна легура со ѕвездест дизајн 813 M Bicolor, поглед одблизу

20" M тркала од лесна легура со ѕвездест дизајн 813 M Bicolour.

20" M тркала од лесна легура со ѕвездест дизајн 813 M Bicolour Jet Black со разни пневматици, висок сјај, големина на предните тркала 9,5J x 20 со 275/35 R20 пневматици, големина на задните тркала 10,5J x 20 со 285/35 R20 пневматици.

BMW M8 Competition кабриолет F91 LCI Facelift 2022 M спортски седишта, внатрешност

M спортски седишта.

Повеќекратно приспособливите М спортски седишта – кадички со делумно интегриран потпирач за главата, ви нудат извонредна странична поткрепа вам и на вашиот совозач. Дополнително, ширината на потпирачот на седиштето може посебно да се нагодува. Нивниот посебен дизајн со осветлениот М логотип ги нагласува атлетските можности на возилото.

НОВИОТ BMW M8 КАБРИОЛЕТ – КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРОИЗВОДОТ.

Динамичност при возењето и карактеристики на дизајнот на новиот BMW M8 кабриолет.

Новиот BMW M8 кабриолет со M xDrive ја покажува својата мотоспортска ДНК до најситен детаљ.
 
  • Впечатливите М хромирани елементи во дизајнот и бојата на каросеријата поставуваат непогрешлив акцент во ентериерот, додека екстравагантните детали во елегантната внатрешност го нагласуваат ексклузивниот спортски карактер.

BMW M8 кабриолет F91 LCI Facelift 2022 BMW Individual танзанит сина металик боја, тричетвртински поглед одназад
BMW M8 кабриолет F91 LCI Facelift 2022 M TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор, поглед одблизу

600 КС M TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор со високи перформанси.

Најновата верзија на бензински мотор, M TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор, гарантира перформанси во согласност со најновите стандарди. Единицата со голем број вртежи развива сила од 441 kW (600 КС). Двата турбополначи се истакнуваат благодарение на издувниот разделник со накрсни цилиндри со максимални карактеристики на одговор. Моторот V8 исто така е дизајниран за екстремно оптоварување на тркачка патека.

BMW M8 кабриолет F91 LCI Facelift 2022 M xDrive со транспарентна каросерија

M xDrive.

M xDrive со активен М диференцијал гарантира максимална влечна сила и возна динамика во секојдневното возење и на тркачката патека. Спефицичната М технологија ја комбинира типичната подвижност на задниот погон и контролата на погонот на сите четири тркала. Можете да изберете некоја од варијантите за возење: 4WD, 4 WD Sport и со исклучен DSC – 2WD.  

BMW M8 кабриолет F91 LCI Facelift 2022 BMW Individual танзанит сина металик боја со M Sport издувен систем, поглед одназад

M Sport издувен систем.

М спортскиот издувен систем испорачува динамичен звук што може да се промени со помош на интегрираниот механизам на издувниот вентил. Програмите SPORT и SPORT+ кои можат да се изберат преку тастер за возна динамика, се нагласени со уште поинтензивен звук на моторот, а ако сакате подискретна акустика на моторот и потивок звук, можете да ја изберете програмата – comfort oriented.

BMW M8 кабриолет F91 LCI Facelift 2022 BMW Individual Tanzanite сина металик боја, М бубрежна маска со висок сјај во хромирана рамка

M бубрежна маска висок сјај и хромирана рамка.

Хромираната рамка на BMW бубрежната решетка со висок сјај и соодветното лого M8 ја потенцираат динамиката на предната секција, давајќи му на возилото уште поспортски изглед.

BMW M8 кабриолет F91 LCI Facelift 2022 BMW Individual Tanzanite сина металик боја, M хромирани отвори од страните со висок сјај

M хромирани отвори на страните со висок сјај.

М отворите од страните на предниот дел и вграденото копче со ознака M8 се хромирани со висок сјај и им додаваат спортски, ексклузивни детали на страните на возилото.

BMW M8 кабриолет F91 LCI Facelift 2022 BMW Individual Tanzanite сина металик боја, М Shadow Line фарови

M Shadow Line фарови.

M Shadow Line фаровите вклучуваат црна рамка над фаровите, што на возилото му обезбедува спортски изглед.

НОВИОТ BMW M850i xDRIVE КАБРИОЛЕТ – КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРОИЗВОДОТ.

Возна динамика и карактеристики на дизајнот на новиот BMW M850i xDrive кабриолет.

Новиот BMW M850i xDrive кабриолет импресионира со единствена синтеза на удобност, перформанси и ефикасност.
 
  • Прогресивниот надворешен дизајн на новиот BMW M850i xDrive кабриолет фасцинира со карактеристични елементи на дизајнот во црна боја со висок сјај.
  • Ексклузивниот ентериер нуди спортски амбиент кој ги задоволува највисоките стандарди на луксузот.
BMW M850i xDrive кабриолет G14 LCI Facelift 2022 BMW Individual мразно чиста сива металик боја, тричетвртински поглед одназад, на паркинг
BMW M850i xDrive кабриолет G14 LCI Facelift 2022 M TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор, поглед одблизу

530 КС M TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор.

Врвен спортист што нуди чисто задоволство во текот на возењето: M TwinPower Turbo 8-цилиндричниот бензински мотор се карактеризира со супериорна сила и убав, карактеристичен звук на М моторот. Двата турбо полначи, целосно варијабилната контрола на вентилот Valvetronic и директното вбризгување на бензинот со висока прецизност обезбедуваат извонредни перформанси.

BMW M850i xDrive кабриолет G14 LCI Facelift 2022 BMW Individual Frozen Pure Grey металик боја, поглед одназад, со поглед одблизу на xDrive значката

BMW xDrive.

Интелигентниот систем на погонот на BMW xDrive, лесно и променливо ја распоредува погонската сила на предните и на задните тркала и обезбедува дополнително влечење, динамичност и сигурност во секоја ситуација. За уште подобра подвижност, електронската контрола на дистрибуција на силата, се грижи во кривините да не се случи нагло или недоволно вртење.

BMW M850i xDrive кабриолет G14 LCI Facelift 2022 BMW Individual мразно чиста сива металик боја, со интегрирано активно управување, тричетвртински поглед одназад

Интегрирано активно управување.

Интегрираното активно управување комбинира поддршка која варира во зависност од аголот на управување на предната осовина, при што задните тркала исто така придонесуваат во управувањето. При помали брзини нуди поголема управливост и агилност на движењето на задните тркала, наспроти предните тркала. Почнувајќи од 60 до 80 км/ч, задните тркала се движат паралелно со предните тркала, со што би се зголемила стабилноста и удобноста во возењето.

BMW M850i xDrive кабриолет G14 LCI Facelift 2022 BMW Individual мразно чиста сива металик боја, со М бубрежна решетка и М надворешни ретровизори

M бубрежна решетка и M надворешни ретровизори.

И М бубрежната решетка и М надворешните ретровизори се стандардно завршени во црна боја со висок сјај. Со опциониот Carbon Exterior пакет, двата дела се направени од пластика зајакната со карбонски влакна (CFRP) и на тој начин се полесни од стандардните сериски верзии.

BMW M850i xDrive кабриолет G14 LCI Facelift 2022 со M кожен управувач, поглед во внатрешноста

M кожен управувач со М шевови во боја.

Стандардниот М кожен управувач со повеќенаменски тастери, М ознака и интегрирано воздушно перниче за возачот, е претставен во тристран дизајн. Со зацврстен раб на управувачот обложен со црна кожа "Walknappa" со ексклузивни шевови и М бои и обликувани потпирачи за палците, осигурува спортско и директно чувство при управувањето – не само благодарение на интегрираните рачки на управувачот.

BMW M850i xDrive кабриолет G14 LCI Facelift 2022 BMW Individual мразно чиста сива металик боја, со висококвалитетен темносин мек покрив

BMW Individual мек покрив во морско-сина боја.

BMW Individual мек покрив во морско-сина боја, складно се вклопува со динамичната линија на возилото и може да се нарача преку BMW Individual Manufaktur. Едно од исклучителните својства на овој висококвалитетен мек покрив е неговата одлична изолација од бучава.

НОВАТА BMW СЕРИЈА 8 КАБРИОЛЕТ M АВТОМОБИЛИ: КОКПИТ НА ВОЗАЧОТ И ТЕХНОЛОГИИ.

M специфичните инструменти, концепт на ракување, дигиталните услуги и системи за асистенција на возачот на новата BMW Серија 8 кабриолет М автомобили.

Новата BMW Серија 8 кабриолет М автомобили поддржуваат низа иновативни технологии.

  • М специфичната табла со инструменти* и М специфичниот Head-Up дисплеј* осигуруваат максимална јасност.
  • Поединечно нагодувачките М1/М2 копчиња на управувачот*, црвеното старт/стоп копче* и централната конзола со M MODE* и SETUP* копчиња обезбедуваат дополнително чувство на мото-трка.

* Достапно за BMW 8 Competition кабриолет и BMW M8 кабриолет.

BMW M8 Competition кабриолет F91 LCI Facelift 2022 кокпит, контролен дисплеј
BMW Серија 8 кабриолет M автомобили F91 LCI Facelift 2022 M специфична табла со инструменти

M специфична табла со инструменти.

М специфичната табла со инструменти прикажува дополнителни информации посебно за спортско возење. Ако сте избрале TRACK режим за возење на тркачка патека, на таблата со инструменти можете да го видите притисокот на турбината, на гумите и температурата, како и G-силата на страничното и надолжното забрзување.

* TRACK режимот на возење е исклучиво достапен кај моделите М Competition кабриолет. 

BMW Серија 8 кабриолет M автомобили F91 LCI Facelift 2022 M Setup контролен дисплеј

M Setup.

M Setup* овозможува конфигурирање на различни параметри на динамиката на возење, како што се карактеристиките на моторот, рачниот менувач и управувањето, поставки за амортизерот, интензитетот на контролата на динамичката стабилност (DSC) или распределбата на силата на M xDrive системот за погон на сите тркала, секогаш во склад со вашите индивидуални потреби.

* Достапно само за BMW M8 Competition кабриолет и BMW M8 кабриолет.

BMW Серија 8 кабриолет M автомобили F91 F91 LCI Facelift 2022 BMW Head-Up дисплеј

M специфичен Head-up дисплеј.

М специфичниот Head-up дисплеј* со нагодувачка содржина прикажува информации релевантни за спортско возење, како што се бројач на вртежи со опсег на пред-предупредување и светлосни индикатори за рачниот менувач, како и индикатори за степенот на пренос.

* Достапно за BMW M8 Competition кабриолет и BMW M8 кабриолет.

BMW Серија 8 кабриолет M автомобили F91 LCI Facelift 2022 Driving Assistant Professional контролен дисплеј

Driving Assistant Professional.

Driving Assistant Professional во текот на возењето се грижи за вашата удобност и безбедност во сите критични и монотони ситуации. Покрај функција за асистенција при возењето, вклучува и асистенција при управувањето и контрола на возната лента со проширени функции, асистенција за итно застанување и асистенција за задржување на лентата со активна заштита од страничен судир.

BMW Серија 8 кабриолет M автомобили F91 LCI Facelift 2022 Parking Assistant Plus на контролен дисплеј

Parking Assistant Plus.

Parking Assistant Plus го олеснува паркирањето и маневрирањето со возилото. Меѓу другото, содржи и систем Surround View, вклучувајќи и поглед озгора, панорамски поглед, далечински 3Д приказ, како и помош при странично паркирање, функција за итно сопирање Active Park Distance Control, BMW снимач на возењето, асистенција при паркирање со надолжно и странично наведување и асистенција за паркирање наназад.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА НОВИТЕ BMW СЕРИЈА 8 КАБРИОЛЕТ M АВТОМОБИЛИ.

Новиот BMW M8 Competition кабриолет и други модели.

Моќност на моторот во kW (КС) при 1/мин.:

460 (625)/6.000

Макс. момент во Nm при 1/мин.:

750/1.800-5.860

Забрзување 0-100 км/ч во сек.:

3,3

Просечна потрошувачка на гориво во л/100 км:

11,6-11,2

BMW M8 Competition кабриолет F91 LCI Facelift 2022 BMW Individual Brass металик, поглед отстрана на сцена, технички податоци
BMW M8 кабриолет F91 LCI Facelift 2022 BMW Individual боја на каросеријата

BMW INDIVIDUAL ЗА НОВАТА BMW СЕРИЈА 8 КАБРИОЛЕТ M АВТОМОБИЛИ.

Ексклузивните опции за опремата BMW Individual ви овозможуваат дополнително да го нагласите единствениот карактер на новиот BMW M8 кабриолет. Во понудата имате голем број единствени завршни бои кои брилијантно ја отсликуваат ексклузивноста на овој луксузен спортски автомобил. 

НОВАТА BMW СЕРИЈА 8 КАБРИОЛЕТ М АВТОМОБИЛИ: BMW M PERFORMANCE ДЕЛОВИ

Екстра-спортска опрема за новите модели BMW M8 Competition кабриолет и BMW M8 кабриолет.

20" M Performance ковани тркала во форма на Y-краци 863 M Ferric Grey мат боја кај M Performance делови на BMW M8 кабриолет F91 LCI Facelift 2022

20" M Performance ковани тркала со Y-краци 863 M.

Квалитетните 20'' М Performance ковани тркала со Y-краци 863 М се дизајнирани во сива металик боја со М логотип во боја и му обезбедуваат на возилото исклучително спортски изглед.

Кон производот
M Performance покривач за возилото M Performance делови на BMW M8 кабриолет F91 LCI Facelift 2022

M Performance покривач за возилото.

Еластично и прозрачно: M Performance покривачот за возилото ефикасно го штити од нечистотија, гребнатини и надворешни фактори.

Кон производот
M Performance pro управувач M Performance делови на BMW M8 кабриолет F91 LCI Facelift 2022

M Performance pro управувач.

Со впечатлив облик и со препознатливи делови за држење обложени со кожа алкантара, управувачот осигурува непогрешлива атмосфера на мотоспорт во кабината.

Кон производот
BMW Серија 8 кабриолет 2022 G14 LCI Facelift BMW Individual Frozen Pure Grey металик боја, тричетвртински поглед одназад

THE NEW 8

Новиот BMW Серија 8 кабриолет е луксузен и моќен спортски автомобил кој може да се пофали со извонредни динамички и возни карактеристики благодарение на најсовремените технологии. Искусете нова димензија на самоодлучно и отворено уживање во возењето.

УСЛУГИ И АСИСТЕНЦИЈА ЗА НОВATA BMW СЕРИЈА 8 КАБРИОЛЕТ М АВТОМОБИЛИ.

Вработен во BMW советува клиент

ДАЛИ САКАТЕ ЛИЧНА КОНСУЛТАЦИЈА?

Ако имате какви било прашања, ви требаат дополнителни информации или сакате конкретни понуди за новите возила BMW M8 Competition кабриолет, BMW M8 кабриолет или BMW M850i xDrive кабриолет, ве молиме контактирајте со BMW партнер во вашата област. Нашите искусни BMW консултанти со задоволство ќе ви дадат индивидуален совет по телефон или директно на самото место.

Потрошувачка на гориво и емисија на CO2 на новата BMW Серија 8 кабриолет М автомобили.

  • BMW M8 Competition кабриолет:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 11,6-11,2
    Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 264-255

    BMW M8 кабриолет:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 11,6-11,2
    Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 264-255

    BMW M850i xDrive кабриолет:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 11,0-10,7
    Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 249-243

    Официјалните податоци за потрошувачката на гориво, емисијата на CO2, потрошувачката на електрична енергија се одредени со прописите за мерење и во согласност со регулативата (EU) 715/2007 која се применува при хомологација на возилото. WLTP бројките (според тестот за Светска хомологација на лесни возила) ги земаат во предвид секоја дополнителна опрема. За ново одобрените возила од 01.01.2021, официјалните спецификации се достапни само согласно WLTP. Дополнителни информации за NEDC и WLTP методите на мерење можете да побарате на www.bmw.de/wltp

    За повеќе информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични емисии на CO2 на новите патнички автомобили, видете го „Водичот за потрошувачка на гориво, емисии на CO2 и потрошувачка на електрична енергија на новите патнички автомобили“, кој е достапен бесплатно во сите продажни места, од Deutsche AutomobilTreuhand GmbH (DAT), Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern- Scharnhausen, и на https://www.dat.de/co2/