BMW M850i xDrive Gran Coupé, информирај се, опрема, технички податоци

THE 8

BMW M850i xDRIVE GRAN COUPÉ

THE 8BMW M850i xDRIVE GRAN COUPÉ

Покрај прогресивниот дизајн и неверојатните перформанси, BMW M850i xDrive Gran Coupé истовремено нуди голем и убедлив опсег на привлечни карактеристики и технички иновации. Восхитете се на првокласните системи за помош на возачот и функциите за поврзување што нудат врвна и удобна мобилност на највисоко можно ниво во спортска и луксузна атмосфера.

Дознајте повеќе

ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ ВО ТОП ФОРМА

ДИЗАЈН И ВОЗНА ДИНАМИКА НА BMW M850i xDRIVE GRAN COUPÉ

Дизајнот на BMW M850i xDrive Gran Coupé е дефиниранод врвни естетски стандарди и инспирира од секој агол. Оваа инспирација продолжува зад управувачот. Прво тоа се должи на спорската и луксузна внатрешност што ги задоволува дури и најексклузивните потреби. А второ, благодарејќи на импресивниот спортски карактер заснован на погонскиот склоп и елементите од шасијата преземени од тркачките автомобили што се способни за максимални перформанси и гарантираат неспоредливо ниво на чисто задоволство во возењето.

BMW M850i xDrive Gran Coupé, дизајн, возна динамика, опрема
BMW M850i xDrive Gran Coupé, панорамски стаклен покрив

Панорамски стаклен покрив

Кога е отворен, електричниот панорамски стаклен покрив со функции на лизгање и подигање обезбедува големо количество на свеж воздух, додека пак создава светла, јасна атмосфера во внатрешноста кога е затворен. Може да се отвори и затвори со допир на копче или со клучот од возилото. Опремен е со заштитник од сончеви зраци и дефлектор на ветер. Истовремено нуди непрекинат стаклен изглед од предниот до задниот прозорец.
BMW M850i xDrive Gran Coupé, M Carbon надворешен пакет

M Carbon надворешен пакет

M Carbon надворешниот пакет ги нагласува спортските особини на возилото. Страничните детали на спојлерот на предниот браник, едната перка на средината од решетката за воздух, надворешните лежишта на ретровизорите и едноделниот раб околу издувната цевка се направени од карбон пластика (CFRP). Пакетот е заокружен со дифузер на задниот дел што овозможува специфична геометрија.
BMW M850i xDrive Gran Coupé, М Aerodynamics пакет

M Aerodynamics пакет

М Aerodynamics пакетот го нагласува спортскиот карактер на возилото и го модифицира протокот на воздух. Ова го опфаќа предниот капак со големи отвори за воздух, уникатните странични рабови и задниот капак со дифузер во Dark Shadow металик боја.
BMW M850i xDrive Gran Coupé, М Sport седишта

M Sport седишта за возачот и сопатникот на предното седиште

Прилагодливите M Sport седишта со карактер на индивидуално седиште и делумно интегриран наслон обезбедуваат одлична странична поддршка за вас и патникот на предното седиште. Згора на тоа, ширината на наслонот може засебно да се приспособи. Нивниот посебен дизајн со осветлените детали и логото М ги нагласуваат атлетските способности на возилото.
BMW M850i xDrive Gran Coupé, BMW Individual целосни ‘Merino’ кожни рабови.

BMW Individual целосни 'Merino' кожни рабови

BMW Individual целосните ‘Merino’ кожни навлаки се достапни во многубројни естетски бои и нијанси и комбинации при што импресионираат со својот ексклузивен квалитет на кожата за да ги задоволат и најпребирливите барања. Без исклучок се употребуваат високо квалитетни видови кожа која се преработува за да се добие супер фина, стабилна природна кожа без вештачки елементи и завршна површинска обработка. Кожата е особено пространа, мека и дише и е исклучително украсена со ексклузивни декоративни рабови и префинети шевови.
BMW M850i xDrive Gran Coupé, M кожен управувач

М кожен управувач

М кожниот управувач опфаќа повеќе функции и М лого каде што е застапен спортскиот дизајн со три краци. Работ на управувачот е преслечен во кожа ‘Walknappa’ во црна боја и контурни места за палците со што се обезбедува директно, спортско искуство при управувањето.
BMW M850i xDrive Gran Coupé, BMW TwinPower Turbo 8 цилиндричен бензински мотор

BMW TwinPower Turbo 8 цилиндричен бензински мотор

BMW TwinPower Turbo 8 цилиндричен бензински мотор комбинира два турбо полначи со Valvetronic целосна варијабилна контрола на вентили и директно вбризгување на бензинот High-Precision Injection. Максималната моќност изнесува 390 kW (530 КС) со максимален обртен момент од 750 Nm. Двата турбо полначи се компактно сместени меѓу лежиштата на цилиндрите.
BMW M850i xDrive Gran Coupé, адаптивна М Professional суспензија

Адаптивна М Professional суспензија

Адаптивна М Professional суспензија додава активна стабилизација на адаптивната М суспензија и интегрално активно управување. Резултатот: врвни перформанси во возна стабилност и динамика.
BMW M850i xDrive Gran Coupé, М спортски диференцијал

М спортски диференцијал

М спортскиот диференцијал ја оптимизира тракцијата и возната стабилност при промена на сообраќајни ленти или намалување брзини кај свиоци при големи брзини или на различни површини. Тракцијата се оптимизира со помош на електронски управуван апарат што ја намалува разликата во брзината на револуции меѓу задните тркала.
BMW M850i xDrive Gran Coupé, M спортска сопирачка

М спортска сопирачка

М спортската сопирачка има четири клипни фиксирани калипери напред и едно клипни нефиксирани калипери одзади во сина боја со М ознака и опфаќа големи дискови за сопирање за да се осигури неверојатен перформанс.
BMW M850i xDrive Gran Coupé, спортски издувен систем

Спортски издувен систем

Стандардниот спортски издувен систем нуди моќен и спортски звук што може да се адаптира на ситуацијата во која се вози и на желбите на возачот. Ова го претвора возењето во емотивно искуство за ушите, особено при спортско возење.
BMW M850i xDrive Gran Coupé, BMW xDrive

BMW xDrive

Интелигентниот BMW xDrive погонски систем на четири тркала лесно и варијабилно ја распределува погонската сила на предните и задните тркала за максимална тракција, возна динамика и безбедност во секоја ситуација. Иновативното вмрежување со сите контролни функции на странична динамика на возилото овозможуваат премостување од ориентација кон тракција до максимална спортска возна динамика.

ИСКУСЕТЕ ЈА ИДНИНАТА СО СЕКОЈ КИЛОМЕТАР

ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО BMW M850i xDRIVE GRAN COUPÉ

Додека уживате во импресивното искуство на спортско возење во BMW M850i xDrive Gran Coupé, поддржани сте од многубројни иновативни технологии. Ова е убедливо покажано од оперативниот концепт на најновата генерација со разновидни опции за контрола преку говор, гестови, екрани на допир или iDrive Controller.

BMW M850i xDrive Gran Coupé,технологии, опрема
BMW M850i xDrive Gran Coupé, BMW Live Cockpit Professional

BMW Live Cockpit Professional

BMW Live Cockpit Professional со навигациска функција опфаќа високо квалитетна мрежа на екрани што се состои од контролен екран со висока резолуција од 10.25 инча кој работи на допир и целосно дигитален екран на интрумент таблата од 12.3 инча.
BMW M850i xDrive Gran Coupé, Driving Assistant Professional

Driving Assistant Professional

Driving Assistant Professional нуди оптимална удобност и максимална безбедност во текот на многу критични или монотони ситуации во текот на возењето со помошните системи при управувањето и оние за возење во рамки на сообраќајната лента како и поддршка за тесни места, запирање во итни случаи, предупредување за локални непогоди, помошник за возење во својата сообраќајна лента и активна заштита од страничен удар како и други безбедносни функции.
BMW 8 Series Gran Coupé, Parking Assistant Plus

Parking Assistant Plus

Parking Assistant Plus го олеснува паркирањето и маневрирањето со возилото. Меѓу другото нуди Surround View систем со поглед одозгора, панорамски поглед, 3Д поглед од далечина како и помош при странично паркирање, активна контрола на паркирање од далечина, функција за итно запирање, помош при паркирање со линеарен водич и помош при возење наназад.
BMW M850i xDrive Gran Coupé технички податоци

BMW M850i GRAN COUPÉ ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

Потрошувачка на гориво и емисии на CO2

BMW M850i xDrive Gran Coupé:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана):10.0–9.9
Емисија на CO2 во g/km (комбинирана): 229–226

Податоците за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2 и потрошувачката на енергија се одредени во согласност со пропишаната постапка на мерење VO (EU) 715/2007 во верзијата што се применува во моментот на одобрување на типот. Податоците се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија, а прикажаниот досег ја зема предвид опционалната опрема и различните големини на тркалата и гумите на избраниот модел.

Дополнителни податоци околу официјалната потрошувачка на гориво и официјалните конкретни емисии на CO2 за новите патнички автомобили можат да се најдат во „Водичот за економичноста на потрошувачката на гориво и емисии на CO2“ што е достапен бесплатно на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany и на https://www.dat.de/co2.

Вредностите веќе се темелат на новата WLTP регулатива и се преведени назад во NEDC-еквивалентни вредности за да се осигури споредба меѓу возилата. За даноците поврзани со возилото или други трошоци врз основа на (барем меѓу другото) емисиите на CO2, вредностите на CO2 можат да се разликуваат од вредностите наведени тука.


Дознајте повеќе