BMW M850i xDrive Gran Coupé, дизајн, инспирирај се

THE 8

BMW M850i xDRIVE GRAN COUPÉ

THE 8BMW M850i xDRIVE GRAN COUPÉ

Вродено спортски карактер: BMW M850i xDrive Gran Coupé ги разоткрива своите тркачки гени уште пред да се придвижи. Впечатливата естетика со импресивните размери на спортски автомобил и М специфичниот дизајн посочува на безкомпромисната динамика и укажува на потенцијалот на овој луксузен спортски автомобил со четири врати. А ова е навистина импресивно: моќниот BMW TwinPower Turbo 8-цилиндричен мотор е полн со карактеристики од автомобилскиот спорт и овозможува четири патници непогрешно да ја искусат нескротената сила. Со инспиративен перформанс на патот – гаранција за зголемен пулс.

BMW M850i xDrive Gran Coupé:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана): x.x–x.x
Емисија на CO2 во g/km (комбинирана): xxx–xxx

Read more

АДРЕНАЛИН ПОМНОЖЕН СО ЧЕТИРИ

ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА BMW M850i xDRIVE

BMW M850i xDrive Gran Coupé, специфичен М дизајн

СПОРТСКИ КАРАКТЕР - НАГЛАСЕН

BMW M850i xDrive Gran Coupé, М спортски издувен систем

НОВ ЗВУК ДО САМИТЕ ГРАНИЦИ

BMW M850i xDrive Gran Coupé, адаптивна М Professional суспензија

СОВРШЕНО ВОЗЕЊЕ ПРИ СВИОЦИ

BMW M850i xDrive Gran Coupé, BMW TwinPower Turbo 8 цилиндричен бензински мотор

ЗАБРЗУВАЧ НА ПУЛСОТ

BMW M850i xDrive Gran Coupé, специфичен М дизајн

СПОРТСКИ КАРАКТЕР - НАГЛАСЕН

М СПЕЦИФИЧЕН ДИЗАЈН НА M850i xDRIVE GRAN COUPÉ

Дизајнот што одзема здив на BMW M850i xDrive Gran Coupé е дополнително зајакнат со ексклузивните стилски детали од серија М. Карактеристичните особини како рамката на бубрежната решетка во Cerium Grey боја и големите отвори за воздух на предниот капак посочуваат на импресивните перформанси на луксузното спортско купе. Дифузерот во Dark Shadow металик боја и работ на издувната цевка во Cerium Grey боја на задниот дел јасно го издвојуваат како член на BMW М семејството.

BMW M850i xDrive Gran Coupé, М спортски издувен систем

НОВ ЗВУК ДО САМИТЕ ГРАНИЦИ

МОЌЕН 8-ЦИЛИНДРИЧЕН ЗВУК СО СПОРТСКИ ИЗДУВЕН СИСТЕМ

Издувниот звук на BMW M850i Gran Coupé господари со сите октави на клавијатурата – од пијано до фортисимо. Интегрираната технологија на издувни перки во спортскиот издувен систем овозможува прилагодување на карактеристиките на звукот. Во режимот COMFORT, се јавува дискретен спортски тон додека пак при избор на режимите SPORT и SPORT+ се произведува сеопфатен звук во класичниот и препознатлив тон на BMW M.

BMW M850i xDrive Gran Coupé, BMW TwinPower Turbo 8 цилиндричен бензински мотор

ЗАБРЗУВАЧ НА ПУЛСОТ

M TWINPOWER TURBO 8-ЦИЛИНДРИЧЕН БЕНЗИНСКИ МОТОР

Со зафатнина од 4,4 литри и моќност од 390 kW (530 КС), BMW TwinPower Turbo 8-цилиндричниот бензински мотор го издива и бројачот и пулсот на возачот до исти височини. Моќниот двоен турбо мотор го забрзува BMW M850i xDrive Gran Coupé од 0 до 100 km/h за 3,9 секунди со обртен момент од 750 Nm. Ова е категорично нагласено и со сеопфатниот звук на 8-цилиндричниот мотор што дополнително предизвикува морници.

ИНСПИРАТИВНА ЕСТЕТИКА

НАДВОРЕШНОСТ И ВНАТРЕШНОСТ НА BMW M850i xDRIVE GRAN COUPÉ

Возбудлив спортски автомобил за четири лица: дизајнот на BMW M850i xDrive Gran Coupé е безкомпромисно спортски и динамичен. Дури и кога стои во место, не остава сомнеж за тоа за какви перформанси е способно ова исклучително возило. Опремен со четири врати и долга оска, раскошното спортско купе има пропорции на вистински спортски автомобил и истовремено нуди неверојатно дарежлива пространост за сите патници – во ексклузивен амбиен на BMW луксузната класа.
BMW M850i xDrive Gran Coupé, дизајн, бубрежна решетка
BMW M850i xDrive Gran Coupé, дизајн, кокпит
BMW M850i xDrive Gran Coupé, дизајн, силуета
BMW M850i xDrive Gran Coupé, дизајн, заден дел со free-form завршна обработка на издувна цевка
BMW M850i xDrive Gran Coupé, дизајн, внатрешност, седишта
BMW M850i xDrive Gran Coupé, дизајн, надворешност, панорамски стаклен покрив
BMW M850i xDrive Gran Coupé, дизајн, силуета

СПОРТСКА КУПЕ СИЛУЕТА

Заоблените контури на BMW M850i xDrive Gran Coupé целосно испирираат со својата скулптурирана интеракција на разни површини. Благо накосената линија на покривот, непрекинатата силуета на купето која води кон спортскиот заден дел со карактеристично широки лакови на тркалата. Постојано зрачи со статус и присуство – како и експресивните леснометални фелни од 20 инча.

BMW M850i xDrive Gran Coupé, дизајн, бубрежна решетка

М СПЕЦИФИЧНИ ДЕТАЛИ

BMW M850i xDrive Gran Coupé е дополнително нагласен со ексклузивните М специфични детали. Тука се опфатени впечатливите детали на надворешноста како рамката и прачките на бубрежната решетка како и лежиштата на ретровизорите, Air Breather и трапезоидниот раб на издувната цевка – сите во галванизирана Cerium Grey боја со висок квалитет.

BMW M850i xDrive Gran Coupé, дизајн, заден дел со free-form завршна обработка на издувна цевка

КАРАКТЕРИСТИЧЕН ЗАДЕН ДЕЛ

Карактеристичниот заден дел со широката оска е знак на сила и присуство. Задниот прозорец е сместен меѓу две перки, што се спојуваат кај багажникот. Подобрената аеродинамика е гарантирана со интегрираниот заден спојлер што ја нагласува моќната аспирација на BMW M850i xDrive Gran Coupé – како и free-form издувните цевки интегрирани во дифузерот.

BMW M850i xDrive Gran Coupé, дизајн, кокпит

СПОРТСКИ И ЕЛЕГАНТЕН КОКПИТ

Кокпитот на BMW M850i xDrive Gran Coupé е доследно осмислен така што ќе биде ориентиран кон возачот. Ултра модерниот оперативен концепт и М кожниот управувач со педали за промена на брзините осигурува дека возачот има сѐ под контрола. Врвно удобните мултифункционални седишта од најфина кожа, елегантните завршни ленти во внатрешноста и висококвалитетните детали како опционалните стаклени детали ‘CraftedClarity’ на менувачот ѝ даваат на внатрешноста една луксузна привлечност.

BMW M850i xDrive Gran Coupé, дизајн, внатрешност, седишта

ПРОСТРАНА ВНАТРЕШНОСТ

BMW M850i Gran Coupé импресионира благодарејќи на долгата оска меѓу тркалата со дарежливите пропорции и удобното место за глава и нозе во задниот дел. Дури и на долги патувања, двајца возразни можат да уживаат најудобно од луксузните кожни седишта во спортски стил и карактер на индивидуални седишта, надополнети, на пример, со BMW Individual целосна ‘Merino’ кожна навлака во две бои Ivory White/Night Blue со елегантни контрастни шевови.

BMW M850i xDrive Gran Coupé, дизајн, надворешност, панорамски стаклен покрив

АМБИЕНТ ВЛАДЕЕН ОД СВЕТЛИНА

Опционалниот панорамски стаклен покрив во BMW 8 Series Gran Coupé гарантира уникатен впечаток и ексклузивен амбиент преполн со светлина. Им нуди на патниците светла и пријатна атмосфера и уште полуксузно чувство на пространост покрај дополнителните опции за внатрешна вентилација. А при интензивна сончева светлина, завесата за задниот прозорец може дополнително да се затвори со помош на варијабилната електрична контрола.

Млада жена наспроти тиркизна заднина

ИСКУСЕТЕ МОДЕРЕН ЛУКСУЗ

BMW ЛУКСУЗНА КЛАСА

ИСКУСЕТЕ МОДЕРЕН ЛУКСУЗ

BMW ЛУКСУЗНА КЛАСА

Потрошувачка на гориво и емисии на CO2.

BMW M850i xDrive Gran Coupé:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана): 10.0–9.9
Емисија на CO2 во g/km (комбинирана): 229–226

Податоците за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2 и потрошувачката на енергија се одредени во согласност со пропишаната постапка на мерење VO (EU) 715/2007 во верзијата што се применува во моментот на одобрување на типот. Податоците се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија, а прикажаниот досег ја зема предвид опционалната опрема и различните големини на тркалата и гумите на избраниот модел.

Дополнителни податоци околу официјалната потрошувачка на гориво и официјалните конкретни емисии на CO2 за новите патнички автомобили можат да се најдат во „Водичот за економичноста на потрошувачката на гориво и емисии на CO2“ што е достапен бесплатно на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany и на https://www.dat.de/co2.

Вредностите веќе се темелат на новата WLTP регулатива и се преведени назад во NEDC-еквивалентни вредности за да се осигури споредба меѓу возилата. За даноците поврзани со возилото или други трошоци врз основа на (барем меѓу другото) емисиите на CO2, вредностите на CO2 можат да се разликуваат од вредностите наведени тука.

Read more